КАФЕ ПАУЗА

Tag: далечина

  • 10 причини зошто пријателствата на далечина се посебни

    10 причини зошто пријателствата на далечина се посебни

    Исто како и врските, пријателствата на далечина можат да бидат предизвици, но кога тоа пријателство е искрено, нема растојание што може да го наруши.rnrnПријателствата на далечина се навистина посебни, а подолу можете да прочитате 10 причини што ги прават уште попосебни.rn

    1. Знаете да го цените секој момент поминат заедно

    rnИ покрај тоа што животот помеѓу вас донесе стотици милји, па дури и мориња, океани, континенти, токму заради тоа растојание двајцата особено ќе го цените секој момент кога ќе го поминете заедно.rnrn10 причини зошто пријателствата на далечина се посебниrn

    2. Откривате креативни начини за да останете во контакт

    rnНајдобрите пријатели кои ги одвојуваат милји се особено креативни во осмислувањето начини да останат во контакт. Потребни се дополнителни напори за одржување контакт кога не можете редовно да се гледате, но ваквите предизвици можат да бидат забавни.rnrnПријателството на далечина вклучува еден куп забавни пораки, видео разговори кои можат да вклучуваат пиење џин и тоник или вино. Опциите се многу, и што е најважно, растојанието на крајот од денот не влијае на вашата поврзаност.rn

    3. Нови животни искуства

    rnКога живеете на различни локации, можете да го користите тоа растојание како можност за патување. Секогаш имате место до кое можете да патувате без премногу трошоци. Од друга страна, секогаш имате личност која едвај чекате да ја посетите, и тука е третата опција – состанок на половина пат и друга споделена авантура.rn

    4. Навистина се грижите за таа личност

    rnПонекогаш во животот имаме врски што преживуваат само поради блискост, но пријателството на далечина кое ги преживува сите предизвици е вистински доказ дека навистина се грижите за вашиот пријател и дека тоа е врска што вреди да се чува.rn

    5. Секогаш има нешто на кое можете да се радувате

    rnЖивотот е таков што не можете да знаете кога точно ќе видите некого, но сепак да имате пријател кој живее далеку од вас значи дека секогаш имате причина да се радувате и да се надевате на вашата следна средба.rn

    6. Имате личност која секогаш ве смее и ве утешува

    rnДури и ако вашиот пријател не живее во ваша близина, некои работи никогаш не се менуваат. Без оглед на локацијата, тоа е личност која секогаш ќе знае како да ве насмее и расположи кога работите не одат според планот.rn

    7. Моментот кога конечно ќе се видите

    rnСите знаеме колку е добро чувството кога конечно ќе добиеме нешто што го сакавме долго време, а чувството што се создава кога после долго време конечно ќе го видиме нашиот најдобар пријател е навистина предобро!rn

    8. Ретко се карате

    rnМоментите што ги поминувате заедно ви се драгоцени и нема да ги потрошите на кавги, па дури и кога ќе се случат кавги, ќе најдете начин брзо да ги решите затоа што не сакате да губите време на глупости.rn

    9. Чувство на стабилност

    rnЖивотот постојано се менува. Луѓето завршуваат училиште, стапуваат во брак, имаат деца, наоѓаат работа, менуваат работа, се селат во друг град, се разведуваат. Сепак, пријателството што трае со години, без оглед на далечината, секогаш ќе биде тука за да ви даде чувство на стабилност, без оглед на животните промени.rn

    10. Пријателство кое трае цел живот

    rnВрската која е полна со предизвици со години е врска за која речиси сигурно може да се каже дека ќе трае цел живот, и еден ден, кој знае, животот може да ве обедини на истата локација. Без разлика дали тоа ќе се случи или не, најдобриот пријател и вие секогаш ќе знаете како да го искористите најдоброто што може да го понуди животот.rnrnПрочитајте ги овие прекрасни цитати за пријателството што ќе ви го стопат срцето.

  • Кои се предностите на врските на далечина?

    Кои се предностите на врските на далечина?

    Иако малкумина веруваат во ова, врската на далечина може да успее. Овие врски дури имаат и свои предности, а тоа ќе ви го потврдат луѓето кои имале храброст, трпение и верба во нивната љубов.rnrnКои се предностите на врските на далечина?rnrn1. Бидејќи ретко се гледате, комуникацијата ја одржувате со зборови – разменувате пораки и користите видео и телефонски повици. Вашата комуникација е само вербална, па ќе научите да ги изразувате чувствата, да се слушате и да се разбирате. Ќе знаете кога треба да кажете нешто со цел да избегнете расправии, а кога ќе дојде до тоа ќе знаете како да се справите.rnrn2. Повеќе ќе го цените времето поминато заедно. Тоа ќе бидат моменти за нежност, зближување и радост и нема да го трошите на расправање. Свесни сте колку е драгоцено и колку брзо ќе помине. Кога ќе бидете заедно, ќе го давате најдоброто од себе.rnrn3. Нема да се нервирате и расправате за работите за коишто се расправаат паровите кои живеат заедно. Лошите навики нема да го нарушат вашиот однос, нема да бидете гневни поради недостатоците на партнерот или поради неговиот неред.rnrn4. Ќе откриете сè за сексот на далечина. Ќе можете да се гледате, да разговарате и да коментирате. На овој начин ќе научите да бидете слободни, да си верувате и ќе бидете многу поопуштени од другите парови.rnrn5. Преку комуникацијата на далечина брзо ќе научите да ја цените вредност на искреноста и на сè што ви е важно. Повеќе ќе се обидувате да го зачувате она што го имате. Нема да можете да манипулирате личност којашто не е пред вас. Можете само да ѝ верувате и да се држите до она што сте се договориле и она што сте го изградиле.rnrn6. Никогаш нема да се гушите еден со друг. И двајцата ќе имате ваш живот, ваше време, ваши обврски и пријатели. Ќе го немате најчестиот проблем на паровите, односно како да најдете рамнотежа помеѓу пријателите и другите обврски кога врската ви е приоритет. Ќе немате причина да бидете љубоморни на животот и друштвото на партнерот, ниту пак тој на вашето. Ќе ја чувате целата енергија за вашата наредна средба.rnrn7. Ако вашата врска сепак издржи на далечина, тоа е знак дека е стабилна и дека сте подготвени да одете чекор понатаму. Но кога ќе ѝ дојде крај на разделеноста и кога ќе почнете да живеете заедно, ќе се соочите со нови предизвици и повторно ќе ја тестирате вашата блискост.rnrnДознајте и како да ја одржите страста кога сте во врска на далечина.

  • Прекрасни и моќни цитати кои ни покажуваат дека љубовта не познава далечина

    Прекрасни и моќни цитати кои ни покажуваат дека љубовта не познава далечина

    Дури и кога не сте заедно, вие можете да бидете заедно. „Отсуството го прави срцето да биде помеко“, еднаш некој рекол. И оттогаш, оваа мисла станала мантра за љубовниците кои се во врска на далечина. Ние се согласуваме со нив. Просторот помеѓу физичката разделеност и емоционалната поврзаност за многу парови е еден вид мост кој ги спојува дури и кога се далеку еден од друг. А кој би можел подобро да ја објасни оваа ситуација од големите умови ширум светот?rnrn(1) Прекрасни и моќни цитати кои ни покажуваат дека љубовта не познава далечинаrn

    „Отсуството за љубовта е исто што и ветрот за огнот, таа ги гасне малите нешта, а ги пали големите.“ – Роџер де Рабутин

    rn

    „Си замислувам линија, бела линија, насликана на песокот и океанот, од мене до тебе.“ – Џонатан Сафран Фоер

    rn

    „Најстрашното нешто за далечината е што не знаете дали ќе им недостасувате или ќе ве заборават.“ – Николас Спаркс

    rn

    „Спротивно на мислењето на циниците, далечината не е за бестрашните – таа е за храбрите. Таа е за оние кои се подготвени да поминат многу време сами во замена за малку време со оние кои ги љубат.“ – Меган Даум

    rn

    „Твоето отсуство не ме научи како да бидам сам, туку ми покажа дека кога сме заедно имаме само една сенка на ѕидот.“ – Даг Фетерлинг

    rn

    „Го носам твоето срце со мене (го носам во моето срце).“ – Е. Е. Камингс

    rn

    „Каде што беше ти, сега има дупка во светот, и забележувам дека за време на денот постојано одам околу неа, а за време на ноќта паѓам во неа. Ми недостасуваш премногу.“ – Една Милеј

    rn

    „Ако внимателно го слушаш ветрот, ќе можеш да ме чуеш како ја шепотам мојата љубов за тебе.“ – Ендрју Дејвидсон

    rn

    „Верувам во немерливата моќ на љубовта, дека вистинската љубов може да ги издржи сите околности и да ја надмине секоја далечина.“ – Стив Мараболи

    rn(2) Прекрасни и моќни цитати кои ни покажуваат дека љубовта не познава далечинаrn

    „Нашите часови поминати во љубов имаат крилја, во отсуство – патерици.“ – Колеј Кибер

    rn

    „Љубовта ги смета часовите во месеци и деновите во години, а секое мало отсуство во ери.“ – Џон Драјден

    rn

    „Колку ли сум среќен што имам нешто што го прави збогувањето толку тешко?“ – А. А. Милн

    rn

    „Љубов е кога ви недостасува некој кога сте разделени, но сепак се чувствувате топло однатре бидејќи ви е блиску до срцето.“ – Кеј Надсен

    rn

    „Љубовта не препознава далечина, нема континенти, нејзините очи се за ѕвездите.“ – Гилберт Паркер

    rn

    „Во љубовта, дури и најмалата оддалеченост може да биде преголема, и најголемата оддалеченост може да биде поврзана со мост.“ – Хенри Нувен

    rn

    „Отсуството ја остри љубовта. Присуството ја зацврстува.“ – Томас Фулер

    rn

    „Не е далечината непријателот, туку бескрајното време кое треба да чекам за да те држам повторно во мојата прегратка.“ – Ливиус Бески

    rn

    „Нашата оддалеченост еден од друг е оптичка илузија на свесноста.“ – Алберт Ајнштајн

  • Пријателство на далечина: 6 начини да го зачувате и покрај километрите помеѓу вас

    Пријателство на далечина: 6 начини да го зачувате и покрај километрите помеѓу вас

    Во некоја етапа од животот, сите барем еднаш се одделуваме од најблиските. Без разлика дали станува збор за заминување поради школување или едноставно ни се укажала можност да заминеме, факт е дека збогувањата се една од најтешките работи со кои се соочуваме. Но, заминувањето во друг град/држава не значи и крај на пријателство. Токму во таквите моменти всушност гледаме колку пријателството е силно и вистинско. Ако вашето пријателство ги издржи ваквите моменти, тогаш вие сте спремни на сѐ. Затоа не очајувате и погледнете ги нашите 6 совети кои ќе ви помогнат да го пребродите ваквиот тежок период.rnrn0-prijatelstvo-na-dalecina-6-nacini-kako-da-go-zacuvate-i-pokraj-dalecinata-kafepauza.mkrn

    1. Прескокнете ги социјалните мрежи

    rnСите сме сведоци на преголемите изливи на љубов по социјалните мрежи и вистината е дека на сите ни е смачено од тоа. Еден пост до два на нивниот ѕид е сосема доволно, но повеќе од тоа е веќе смешно и апсурдно. Потпирањето на социјалните медиуми не е добра идеја ако сакате да го зачувате вашиот досегашен однос. Мора да се потрудите малку повеќе. Затоа, следниот пат кога ќе посакате да ретвитнете/објавите нешто од нив на социјалните мрежи, подобро пишете им порака или свретете им и потсетете се на вашите долги разговори.rn

    2. Патувајте заедно

    rnАко едната страна не е во можност да дојде во родниот град на другата, консултирајте се со мапата и роковникот за да видите кога сте слободни и испланирајте мало патување.rnrn1-prijatelstvo-na-dalecina-6-nacini-kako-da-go-zacuvate-i-pokraj-dalecinata-kafepauza.mkrn

    3. Праќајте им видеа

    rnИако телефонските повици се секогаш добра опција, искористете ги можностите кои ни ги нуди 21-от век – направете кратко видео во кое ќе им кажете сѐ што сакате да им кажете. Снимете го новото место на живеење или пак некоја слатка порака. Направете да се чувствуваат како да се сѐ уште дел од вашиот живот, иако не учествуваат активно во него. А, добра идеја се и редовните видео разговори преку Скајп.rn

    4. Направете да се чувствуваат дека ви се потребни

    rnАко не излегувате заедно и не се дружите како порано, многу лесно може да се почувствуваат дека не ви се потребни и дека можете целосно добро да функционирате и без нив. Избришете ја таквата можност така што ќе ги потсетите дека ништо не е променато. Сѐ уште прво јавувајте им ним кога ќе запознаете интересно/а момче/девојка, прашувајте ги за совет и обраќајте им се кога ви е лошо, кога ви е потребно тешење и рамо за плачење.rnrn2-prijatelstvo-na-dalecina-6-nacini-kako-da-go-zacuvate-i-pokraj-dalecinata-kafepauza.mkrn

    5. Изненадете ги

    rnИспратете им разгледница од новото место на живеење или рачно напишано писмо. Тоа сигурно позитивно ќе ги изненади. Замислете или потсетете се како изгледаат работите во врска на далечина. Исто како и љубовната врска, и на пријателите им е потребно внимание, љубов и поддршка. Покажете им дека сѐ уште ви значат.rn

    6. Размислете за имејл

    rnНекои луѓе едноставно не се луѓе кои веднаш ќе кренат слушалка и ќе речат „ми недостасуваш“. Затоа, ако на пример имате многу за кажување, одвојте се од ТВ екранот и напишете им имејл после напорниот работен/училиштен ден. Раскажете им за сѐ што ви се случува во животот, од работните/училишните обврски до тоа како се релаксирате. Дури, после ова, постои можност да бидете поблиски со нив од кога било порано.rnrn3-prijatelstvo-na-dalecina-6-nacini-kako-da-go-zacuvate-i-pokraj-dalecinata-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да опстане врската на далечина?

    Како да опстане врската на далечина?

    Вашиот партнер добил супер понуда за работа во друг град или држава. Многу го/ја сакате и сте решени да пробате со врска на далечина. Сите кои пробале, знаат колку може да биде тешка. Многупати ќе се прашувате каде е, што прави, дали му/ѝ недостигате и дали мисли на вас. Ако навистина го/ја сакате, немојте да дозволите далечината да ви ја уништи врската. Погледнете ги советите од оние кои успешно ја „преживеале“ врската на далечина.rnrnkako-da-opstane-vrskata-na-dalechina-kafepauza.mkrn

    1. Создадете основни правила

    rnРазговарајте за сè отворено и искрено. Однапред создадете неколку основни правила како: дали може да се гледате со други личности, колку често и кога ќе се слушате, во кои ситуации задолжително ќе се гледате.rn

    2. Комуницирајте

    rnВрската без меѓусебна комуникација не може да успее. Затоа, секојдневно разговарајте и кажувајте му/ѝ сè што ви се случило. Докажете му дека мислите на него/неа и дека ви недостига.rn

    3. Фотографирајте се

    rnБидејќи не можете физички да го минувате времето заедно, фотографирајте се додека сте на кафе со пријателите или во некоја друга ситуација, па потоа пратете му/ѝ ги фотографиите. Ова ќе го/ја расположи.rn

    4. Планирајте средби

    rnКолку и да е добра вашата комуникација, некогаш ќе биде потребно да го видите. Испланирајте кој кого ќе посети и држете се до ветувањето.rn

    5. Договорете се во исто време да гледате серија или филм

    rnОва е едноставен начин да се поврзете додека сте со километри разделени. Пуштете серија или филм кој ви се допаѓа, а потоа кога ќе заврши споделете си ги импресиите како кога би биле заедно.rn

    6. Прифатете ја несигурноста

    rnКога ќе бидете еден до друг, сè може да ви биде напнато и чудно како на почетокот на врската. Можеби ќе се запрашате дали сè уште го/ја сакате и дали оваа врска е вредна за вашиот труд. Овие мисли се нормални, но по неколку часа ќе се сетите на сите убави моменти кои сте ги поминале заедно.rn

    7. Изненадете го/ја

    rnЗамислите го изразот не неговото/нејзиното лице кога ќе чека повик од вас, но наместо тоа вие ќе се појавите на неговата врата! Изненадете го/ја, сигурно ќе биде пресреќен/на.

  • Совршена перница за заљубените парови кои не живеат заедно

    Совршена перница за заљубените парови кои не живеат заедно

    Без разлика дали имате врска на далечина или едноставно сè уште не живеете заедно со вашиот партнер, сигурно она што најмногу ви недостасува е да знаете кога тој/таа ќе си легне во кревет и ќе потоне во длабок сон. После сите завршени дневни обврски, едноставно би сакале да можете да се гушнете и заедно да заспиете, нели?! 🙂Совршена перница за заљубените парови кои не живеат заедно Со овој интересен концепт за перница, не само што ќе знаете точно кога вашиот партнер ја ставил главата врз перница, туку и ќе го слушате ритамот на неговото срце. Секој од партнерите има посебно дизајнирана перница и двајцата носат по еден безжичен прстен кој има сензор. Совршена перница за заљубените парови кои не живеат заедно Кога едната половина од парот ќе си легне во кревет, перницата кај другиот партнер почнува нежно да свети, што му дава знак дека е време да си легнат „заедно“. Кога и вториот партнер ќе си легне на осветлената перница, двајцата ќе почнат да го слушаат биењето на срцето на својот љубен/а во реално време и ќе се почувствуваат блиско, наспроти нивната физичка оддалеченост.rn

    rnКонцептот „Pillow Talk“ е развиен од страна на Џоана Монтгомери во 2010 година и таа оттогаш добила неколку награди за иновација, па поради големата популарност на производот, успеала да ги собере потребните финансиски средства преку сервисот за донации Kickstarter, за да може да ја отвори својата фирма „Little Riot“ и да започне со производство на прототипот на оваа перница. Би си ја купиле?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Дали врска на далечина може да успее?

    Дали врска на далечина може да успее?

    За некои луѓе врската на далечина може да биде многу тешка, па така многу парови кои пробале да ја одржат љубовта на овој начин не успеале во тоа. Истражувачите пак тврдат дека врската на далечина не е невозможна мисија. Клучот за опстанокот на ваквата врска лежи во начинот на кој размислувате. Наместо далечината да ја гледате како проблем, треба да ја гледате како предност. Еве неколку причини за тоа.rnrnДали врска на далечина може да успее?rnrnВаквата врска може да ве направи среќни. Во ваквата врска ќе имате многу повеќе време за да посветите на себе, во што спаѓа и здравиот начин на размислување и живеење. Ви се отвораат и портите за надградување на образованието и напредок во кариерата, што во иднина сигурно добро ќе ù дојде на вашата врска. Со други зборови, можете истовремено да се чувствувате среќно и исполнето, но истовремено и сакано, иако од далечина.rnrnВрската може да ви биде совршена. Оние луѓе кои се сингл често се плашат од љубовта бидејќи им е страв да се врзат и да чувствуваат одговорност, додека на оние кои веќе се во врска им недостасува слобода. Вие можете да ги имате и двете работи.rnrnДали врска на далечина може да успее?rnrnНикој не ве спречува во ништо. Често може да се чуе како некој кажува „Планирав да продолжам со образованието, но мојот партнер сакаше да основаме семејство“. За вашата врска ова нема да биде проблем, бидејќи можете слободно да продолжите да си го живеете сонот, без страв дека тој не е по плановите на партнерот.rnrnВрската може да ви стане посилна и поздрава. Незадоволството на еден партнер од која било причина, може да ја уништи врската.  Вие имате шанса сето ова да го избегнете, бидејќи вашата врска нема да го има притисокот од секојдневните стресови и проблеми, од кои често можат да произлезат кавгите.rnrnДвајцата ќе станете поинвентивни и пооригинални на љубовен план. Врската на далечина бара од двата партнери оригиналност во пронаоѓањето начин за искажување на љубовта. Токму затоа овие врски се посебни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и љубовните врски на далечина

    Астрологијата и љубовните врски на далечина

    Предизвикувачка, тешка за одржување, однапред осудена на пропаст… Доколку сте во љубовна врска на далечина, до сега сигурно сте ги слушнале сите можни негативни коментари во врска со тоа. Она што не сте го слушнале, е дека ваквите љубовни врски имаат исто толку шанси за успех, колку и оние во кои партнерите живеат во истата населба. Исто како и во сите други љубовни врски, така и врската на далечина си бара постоење доверба помеѓу партнерите, добра комуникација и многу вложен труд за нејзино правилно насочување. Можете да ги употребите моќите кои ги поседува вашиот хороскопски знак за да се справите со предизвиците кои ги поставува пред вас љубовната врска, која сакате да ја одржувате на илјадници километри од вашиот партнер.

    rn

    Астрологијата и љубовните врски на далечина

    rnrn

    Овен

    rnВие обожавате предизвици, така што најверојатно веднаш ќе се „загреете“ за идејата да имате врска на далечина. Но, дали ќе бидете истрајни во вложувањето напори за да ја одржите, е друг муабет. Доколку вашата цел е да ја одржувате таа љубов и покрај тоа што километри ве разделуваат од вашиот сакан/а, внимавајте да не го изгубите фокусот кон неа, поради следното возбудливо нешто кое ќе се појави во вашиот живот.rn

    Бик

    rnВашата јака страна во секоја љубовна врска која ја имате, е способноста да ја одржувате романтиката во живот. Вие сте надарени со талент да го задоволувате вашиот партнер со сензуални задоволства во кои и двајцата уживате. Кога нема да бидете блиску еден до друг, одржувајте го жарот во врската, така што ќе му праќате на вашиот партнер изненадувања кои ќе му бидат од големо значење, како на пример ароматизирана свеќа, која двајцата ве асоцира на романтики.rn

    Близнаци

    rnБла, бла, бла… комуницирањето на големи далечини вам ви е наједноставната работа, бидејќи сте многу зборлести по природа. Но, внимавајте на кој начин го поминувате времето зборувајќи на телефон или преку Скајп. Наместо да го арчите времето со вашите досетки и брборење за сè и сешто, информирајте го вашиот партнер за битните настани кои ви се случиле во животот и зборувајте му отворено за вашите најдлабоки чувства. Најдобриот начин да ја изградите довербата во вашата врска, е да бидете искрени.rn

    Рак

    rnВие можеби ќе се расправате за тоа дека партнерот е тој којшто секојпат треба да дојде да ве посети онаму каде што сте вие, но редно време е да бидете фер. Поделете го по пола стресот предизвикан од патувањето со авион со вашиот партнер, така што ќе понудите алтернативни локации за средба. Кога ќе се пакувате, одолејте му на вашиот нагон да го понесете со вас секое можно предметче кое ви создава чувство на удобност и домашна атмосфера.  Наместо тоа, охрабрете го вашиот партнер да инкорпорира нешто во неговиот дом, што вие ќе му го предложите.rn

    Лав

    rnКога разговарањето преку телефон, чет или имејл пораки се најчестите начини на кои комуницирате со вашиот партнер, не можете да се потпрете на вашата харизматична насмевка и шарм, како што можете во интеракциите лице в лице. Одбирајте ги вашите зборови внимателно, за да не се случи вашиот партнер погрешно да го интерпретира тонот на вашиот глас. Исто така, гледајте да ги одложувате потешките разговори за деновите кога ќе можете да се видите во живо.rnrnАстрологијата и љубовните врски на далечинаrn

    Девица

    rnВие обожавате да планирате, па затоа искористете ги вашите организациски способности за да креирате долгорочен план за вашата љубовна врска. Зборувајте со вашиот партнер за иднината и договорете се колку време ќе живеете оддалечени. Дискутирајте за тоа дали постои можност едниот од вас да се пресели кај другиот и доколку постигнете компромис, поставете краен рок до кога тоа мора да се случи. Прегледувајте ги вашите планови одвреме-навреме и имајте флексибилен однос со вашиот љубен/а.rn

    Вага

    rnДајте му на вашиот партнер на знаење кои се вашите очекувања од врската и колку сте спремни да вложите во неа. Ако тој или таа има различни идеи од вашите, употребете ја вашата способност за преговарање и обидете се да постигнете компромис кој ќе ви одговара на двајцата. Преземањето иницијатива и отворениот пристап, се одлични начини на создавање чувство на блискост во вашата врска.rn

    Скорпија

    rnНа сите парови кои функционираат на далечина најмногу им недостига физичката интимност која другите парови си ја зимаат здраво за готово. Очигледно е дека не можете секојдневно да ги победите илјадниците километри за да го бакнете вашиот љубовен партнер, но затоа можете да ја свртите веб-камерата кон вас. Употребете го жешкиот шарм кој го поседувате, за да го послужите вашиот љубовник со секси сајберстриптиз.rn

    Стрелец

    rnНастојувајте да пронајдете заеднички интереси помеѓу вас и вашиот партнер, па макар и со сила. Учете го истиот странски јазик кој го учи вашето најмило и вежбајте го во конверзација и преку праќање пораки на интернет. Како награда за вложениот труд, планирајте го вашиот заеднички одмор, на кој ќе можете да ги искористите вашите новостекнати јазични способности и да тестирате колку течно го зборувате јазикот. Заедничките интереси се одлични за зацврстувањето на вашата врска.rn

    Јарец

    rnНахранете ја вашата носталгична страна, така што ќе планирате настани кои ќе бидат базирани на убавите моменти кои сте ги поминале со вашиот партнер. Повторно посетување на романтичните места со вашиот партнер, секогаш „ги полни батериите“ на врската. Кога вашето злато ќе си дојде дома на посета, направете албум со фотографии од тие места и опис на романтичниот момент, кој ќе ве прошета низ убавите спомени секогаш кога ќе посакате да се присетите на нив. И се разбира, не заборавајте да направите две копии од албумот, за секој од вас да си понесе по еден дома кога ќе морате повторно да се разделите.rn

    Водолија

    rnВие всушност можеби ќе ја цените оддалеченоста помеѓу вас и вашиот партнер, бидејќи таа ќе ви дозволи да си ја одржувате индивидуалноста, која понекогаш може да исчезне поради тоа што партнерите поминуваат премногу време заедно. Во секој случај, внимавајте да не се оддалечите и емоционално од вашиот партнер.rn

    Риби

    rnВие сакате да ја искористите секоја прилика да избегате од реалноста за да можете да си ја регенерирате вашата креативна енергија. Поканете го вашиот партнер да ви се придружи во играњето некоја научно-фантастична видео игра преку интернет. Кога ќе бидете во можност да се видите во живо, создадете сцена како од фантазиите, за да продолжите да ја играте вашата имагинативна игра во реалноста. Тоа може да внесе нова искра во вашиот љубовен живот.rnrn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Далечински ТВ управувач од иднината

    Далечински ТВ управувач од иднината

    Некои далечински управувачи во домот се преголеми, со премногу копчиња, со незгодна форма, а други пак нудат совршено корисничко искуство. Иако, од вториве има помалку, еве еден поинаков модел со футуристички дизајн и функционалност која ја овозможуваат единствено гестикулациите на корисникот во просторот.Далечински ТВ управувач од иднинатаДалечински ТВ управувач од иднинатаДалечнискиот ТВ управувач Gesture Remote овозможува сурфање низ ТВ каналите и другите медиумски содржини само со едноставни гестикулации, без допири. Тој воопшто нема тастатура и е револуционерен токму поради тоа што нема ниту едно копче.rnrnНовата ера ги заматува границите помеѓу традиционалната телевизија и веб-базираните мултимедијални содржини, заради што нашиот однос со уредите кои ги користиме станува значително софистициран. Концептот за далечинскиот управувач Gesture Remote нуди сосема нов начин на интеракција помеѓу корисникот и ТВ приемникот во современиот дом. Гледањето телевизија со користење на Gesture Remote се претвора во  магично и интуитивно искуство.rnrnrnrnВиртуелни карактеристики на Gesture Remote:rnrn- овозможува  интеракција со телевизорот преку движење на палците и тоа за:rn

      rn011

    • лесно влечење и спуштање, позиционирање и селектирање на содржини, со помош на функционалноста на т.н. виртуелно глувче
    • rn011

    • лизгање, ротирање, зумирање, селектирање на канали и контрола на јачината на звукот благодарение на виртуелните лизгачи
    • rn

    rnGesture Remote ја користи технологијата GestIC од компанијата IDENT Technology за детектирање и следење на движењата на дланката, прстите или телото. Затоа е возможно контролирањето на уредите без потреба од допирање на екран, трекпед или тастатура.Далечински ТВ управувач од иднинатаДалечински ТВ управувач од иднинатаТехнологијата GestIC овозможува револуционерен кориснички интерфејс преку тридимензионално следење на позиционирањето и препознавање на гестикулациите. Тоа е уникатна технологија, не само заради тоа што може да ја одреди позиционираноста, туку и заради можноста за одредување на насоките и јачината на движењата во 3Д просторот.