Секој кој нормално ги распознава боите би се согласил дека крвта има отприлика иста боја како јагодите, одредени ружи и планетата Марс. Тоа значи дека сите тие се црвени. Но, дали е можно тоа што вие го нарекувате „црвено“ за некој друг да значи „сино“?
„Ова прашање сите ние го поставуваме уште од основно училиште,“ вели Џеј Нитс, научник од Универзитетот во Вашингтон. Во минатото многу научници би одговориле така што ќе објаснеле дека секоја личност со нормален вид би требало да гледа исто на боите. Тие сметале дека нашите мозоци имаат стандарден начин за процесирање на светлината низ клетките во нашите очи и дека перцепцијата на бојата на светлината е поврзана со универзални емоционални одговори. Но, неодамна, нивниот одговор се променил.
rn„Можам слободно да кажам дека неодамнешните експерименти нè натераа да ја земеме предвид идејата дека ние навистина не ги гледаме истите бои,“ вели Нитс. Џозеф Керол од Медицинскиот Колеџ во Висконсин го одвел ова размислување еден чекор понапред тврдејќи дека луѓето навистина не ги гледаат боите на ист начин.rnrnrnЦрвената боја за една личност, може да е сина боја за некој друг, или обратно. Вие можеби ја гледате крвта во боја која некој друг ја нарекува сина, додека пак вашето небо за некој друг е црвено. Но, сепак нашите индивидуални перцепции не влијаат на начинот на кој бојата на крвта или пак, на небото нè прави да се чувствуваме.rnrn Одредени истражувања покажале дека не постои предодредена перцепција припишана за секоја бранова должина на боите. Способноста да се разликуваат одредени бранови должини буквално се појавува од никаде. На пример, со додавањето на нов ген во експериментите со мајмуни, нивниот мозок едноставно почнува да ги разбира новите информации и ги претвора во одредена перцепција за бои кои нивниот мозок не е способен да ги распознава. Кога ние се раѓаме, нашиот мозок го прави истото. Нашите неврони не се конфигурирани да реагираат на боите на единствен начин, па поради тоа секој од нас развива уникатна перцепција на бојата. „Доживувањето на боите е приватно чувство,“ вели Керол.rnrnДруги истражувања сугерираат дека разликите во начинот на кој ние ги перцепираме боите не го менуваат универзалниот одговор кој ние го имаме на нив. Без разлика која боја ја гледаме кога го набљудуваме небото, таа е со пократка бранова должина (сината) која има смирувачко дејство врз нас, додека пак оние со подолги бранови должини (жолта, портокалова и црвена) нè прават да бидеме повеќе на „штрек“. Овие одговори, кои не се присутни само кај луѓето, се смета дека еволуирале како начин за одредување на дневниот и ноќниот циклус на сите живи нешта.rnrnПоради начинот на кој атмосферата ја распрскува сончевата светлина во текот на денот, сината светлина доминира за време на ноќта, како и во средината на денот кога сите живи нешта мируваат, за да ја избегнат темнината или силната УВ светлина. Додека пак, жолтата светлина доминира за време на изгрејсонцето и зајдисонцето, кога животот на Земјата е најактивен.rnrnСè уште не може со сигурност да се потврди дали навистина некои луѓе различно ги гледаат боите, но сепак интересно е да се замисли каков би бил светот доколку боите не се онакви на кои ние сме навикнати. Пробајте да замислите како би изгледало зајдисонцето доколку е сино, или пак чистото попладневно небо да е црвено? Би ви се допаѓал ли тој свет?rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rnrn
rnrn
rnrn
rnrn

rnrnВо пресрет на Св. Трифун – заштитникот на винарите и лозјето, ви ги претставуваме осумте најпознати видови црвено вино.rnrn
rnrn
rnrn
Прекрасната вила „Рокси“ нуди феноменален поглед кон секогаш убавиот град Мајами, а ентериерот е целосно направен според спецификите на Лени. Низ целата куќа доминира белата боја, освен во музичката соба која е тотално црвена. Куќата е уредена благодарение на „BNO Design“, компанија за ентериерно уредување од Њујорк.











rnrn
Овие колачиња се направени од состојките потребни за тортата Red velvet, а посебни бидејќи се полнети со фил од крем-сирење. Ако сте во недоумица со што да ги изненадите гостите, пријателите или најблиските, овие колачиња се полн погодок.
Потоа, додајте ги шеќерот, какаото, содата и солта.
Додајте едно големо јајце и едно лажиче екстракт од ванила.
Додајте ги двете шолји брашно, постепено, една по друга, мешајќи со миксер на најслаба брзина.
Додајте 1/2 шолја матеница, исто како брашното, на два пати.
На крај ставете 30 мл црвена боја за готвење.
Со миксер измешајте ја целата смеса додека не добие црвена боја.
Тавчето обложете го со хартија за печење. Од филот направете тркалезни форми со помош на лажица.
Печете 7-9 минути (зависи од рерната). Кога краевите на колачињата ќе почнат да се одвојуваат, тогаш се готови. Почекајте да се оладат, пред да ги полните со филот.
Ставете ги во фрижидер и оставете ги да седат 3 дена. Извадете ги 15 минути пред сервирање.
rnrn
















