Луѓето со стара душа не се вклопуваат во рамките на типичните социјалните норми, па затоа и на многумина им делуваат како чудаци. Тие на некој начин лежерно се движат низ животот и воопшто не се заинтересирани за ситниците што можат да им ја црпат енергијата без посебна причина. Тие не се опседнати со материјални нешта бидејќи знаат дека сè е минливо. Луѓето со стара душа научиле важни лекции од претходните животи, но и до ден-денес се надградуваат.rnrn
rnrnТие воопшто нема да се потрудат да мачат со ситници на коишто за неколку недели нема да се сеќаваат. Тие се водени од својата интуиција, слушајќи го своето тело и добро проценувајќи ги луѓето околу нив. Најчесто се сами, само затоа што така се полнат со позитивна енергија. Ова е и причината зошто често се чувствуваат неприфатено од семејството и пријателите – тие се едноставно различни.rnrnДоволно е да кажат дека „претчувствуваат“ нешто и луѓето веднаш ги погледнуваат чудно. А ако им кажат на блиските дека имаат потреба да бидат сами со себе, тие веднаш помислуваат дека ги избегнуваат и дека не се грижат воопшто за нив. Но тоа не е вистина. Нив сè што им е потребно е само време да се регенерираат. Луѓето со стара душа најчесто можат да се најдат во мал круг луѓе, бидејќи толпите ги исцрпуваат. Тие попрво би молчеле отколку да зборуваат само колку да кажат нешто.rnrnДури и како деца, тие биле доживувани како чудни. Најверојатно биле трпеливи, сочувствителни, полни со разбирање и лесно простувале… Прашањата што излегувале од нивната уста уште во раните фази од животот ги зачудувале нивните родители и другите возрасни во близина. Старите души поседуваат сеќавања и способности кои ги имале во претходните животи, помагајќи им во овој. Затоа и понекогаш се многу успешни во нешто што никогаш дотогаш не го пробале.rnrnСтарите души, иако физички изгледаат како сосема обични луѓе, се многу драгоцени и секој кој ги има во своја близина треба да биде благодарен и да ги чува.rnrn5 знаци дека и вашето дете има стара душа.
Tag: чудаци
-

Отсекогаш ве гледале како чудаци? Најверојатно имате стара душа…
-

Токму чудаците и оние што целосно се издвојуваат ќе го променат овој ригиден свет
Ако сакате да го промените светот, грижете се помалку за начинот на кој се вклопувате и повеќе за тоа како се издвојувате. Вие не можете да влијаете никако ако бидете различни од тоа што навистина сте. И кршењето парчиња од себе за да почнете да припаѓате во свет што не ви одговара, само ќе ве раскрвави – вие повторно ќе останете на истото место, надвор од калапот.rnrn
rnrnНикогаш не заборавајте дека вашата убавина се крие во вашата чудност. Вие сте неверојатни затоа што сте уникатни и не можете да бидете категоризирани затоа што сте единствени. Мааните што ги поседувате ви се најпрекрасното оружје, а лудите идеи – нешто извлечено од самите легенди. Не грижете се ако луѓето ве исмејуваат или игнорирајте ги ако се детерминирани да ви најдат место во кое ќе одговарате, бидејќи со тоа само ве влечат надолу.rnrnРазмислете, во видео игрите знаете дека одите во вистинската насока кога ќе сретнете пречки и непријатели. Истото се случува и во денешниот свет. Погледнете ги само најуспешните луѓе – тие се избориле за да стигнат онаму каде што се сега. По пат биле исмејувани и малтретирани, биле предадени од луѓе што ветиле дека ќе ги сакаат и неретко се чувствувале разочарано. Тие ги изгубиле своите работи и допреле до дното, и тоа не било само еднаш, но и покрај сите препреки, си изградиле свое име и постигнале успех!rnrnВие не можете да стигнете до врвот ако сите ве сакаат и прифаќаат. Хероите и најинтелигентните луѓе имаат тенденција да бидат осамени суштества бидејќи одбиваат да се движат по текот на реката, па затоа и најчесто не се дел од вообичаената толпа. Дури и да успеете да бидете сакани од сите, и тоа не е добро – на тој начин никогаш не би си ги поместиле границите или не би избегале од удобната зона само колку да дознаете што можете да видите надвор од неа. Со тек на време може дури и да се изгубите во мислењето на другите и да ја изгубите способноста да станете нешто повеќе од тоа што сте.rnrnЕдинствениот начин да најдете мир во светот, и истиот притоа да го промените, е доколку продолжите да бидете оние што навистина сте. Без извинувања, без изговори. И со тек на време ќе го најдете вашето племе, ќе ја најдете вашата страст и ќе откриете точно што ја придвижува вашата душа.rnrnПрочитајте и за овие неколку видови чудаци кои со сигурност ќе ги сретнете на работното место. -

Неколку видови чудаци кои со сигурност ќе ги сретнете на работното место
Секој ужива во средината во која работи, кога своето работно време го дели со колегите кои веќе ги смета за пријатели. Синергијата и енергијата се позитивни, а расположението е секогаш високо, па извршувањето на работните обврски не претставува проблем. Но, секаде постојат луѓе кои покажуваат малку поразлично однесување од другите. Сепак, ќе беше ли животот толку интересен ако сите сме исти? Погледнете кои видови чудаци со сигурност ќе ги сретнете на работното место.rnrn
rn1. Ликот кој ги игнорира сите околу себе
rnСекогаш доцни на работа, максимално ги избегнува своите обврски, а секогаш добива унапредувања.rnrnКога е во ваша близина: Гледајте и учете – можеби овој лик поседува некои особини кои можете да ги присвоите за себе. Постои причина зошто сите шефови го трпат неговото однесување, па дури и го унапредуваат. Оставете го да си ја врши работата, а вие фокусирајте се на својата, за да добиете добри резултати.rn
2. Духот
rnОчајно ви треба неговата помош, но постои само еден мал проблем – никаде го нема.rnrnКога е во ваша близина: Со самото тоа што успеавте да го начекате, вие веќе постигнавте голем успех. Експертите велат дека разговорот во четири очи е многу поефикасен од разменувањето имејлови и пораки. Штом ваквиот лик ќе влезе во просторијата, приближете се до него и започнете разговор. Дајте му листа на работите околу кои ви е потребна помош, а потоа објаснете ја листата чекор по чекор и на крајот размислете за сѐ она што треба да се направи и до кој рок.rn
3. Стариот швалер
rnИако носи венчален прстен, овој лик ја користи секоја ситуација што е можно повеќе да се приближи до сите кои „му фатиле око“. Обожава да кажува двосмислени работи.rnrnКога е во ваша близина: Бидете искрени. Кажете му дека ни најмалку не се интересирате за него (освен ако навистина се интересирате), дека сакате да имате нормален професионален однос и дека би го ценеле повеќе кога ќе запре со ваквото однесување. Ако не го почитува вашето барање, разговарајте со надредените.rn
4. Радио Милева
rnОвој лик ги знае сите гласини за секого и мора гласно да ја каже секоја своја мисла. Многу гласно.rnrnКога е во ваша близина: Овие ликови се често анксиозни или еуфорични. Обидете се да сочувствувате или свртете ја целата ситуација на шега. Во секој случај, решете го ова што поскоро. Тоа може да биде напорно, но ситуацијата ќе биде уште полоша ако ги прикривате своите чувства сѐ додека не се претворат во пасивна агресија.rn
5. Самозадоволниот сексист
rnСекогаш мора нешто да прокоментира и да забележи, а овие негови забелешки често ги преминуваат сите граници на добриот вкус.rnrnКога е во ваша близина: Одлучно прекинете го и кажете му дека сфаќате што сака да каже, но дека имате многу работа која треба да ја сработите. Така ќе му дадете до знаење дека со вас нема шегување и ќе успеете да го држите на дистанца.rn
6. Вечниот мрчко
rnЈа мрази својата работа од дното на душата и има само една цел: Да ги претвори сите околу себе во еднакво безволни двојници.rnrnКога е ваша близина:rn
„Во новата работа, главната мотивација е надежта, па немојте да дозволите некој да ви ја одземе“, вели Рос МекКамон, автор на книгата „Работи добро со другите“.
rnИгнорирајте ги „суптилните“ пораки на овие ликови со едно обично извинување со кое ќе им кажете дека сте многу зафатени.
-

Доколку сте биле доволно среќни да најдете чудак, не дозволувајте тој или таа да ви избега од раце
Дали сте во врска со личност која е целосно надвор од својот ум? Дали сметате дека тој или таа е тотално луд/а? Доколку ве прашаме да го/ја објасните со само еден збор, дали тоа би било чудак? Ако одговорот на овие прашања е позитивен, тогаш вие сте многу посреќни отколку што мислите. Откријте зошто…rnrn
rnЧудакот никогаш нема да дозволи да има повеќе караници за ист проблем
rnИсто како и со другите партнери, така и со чудаците ќе налетате на недоразбирања. Тоа е сосема нормално во секоја врска. Но, за разлика од останатите луѓе, тие никогаш нема да ви дозволат да се навраќате на стари проблеми. Врската со чудаците изобилува со нови нешта, нови вкусови како и нови погледи кон животот.rn
Чудакот никогаш нема да има нереални очекувања од врската
rnВсушност, тие немаат никакви очекувања од вас или вашата врска. Чудаците гледаат на врските исто како на животот – постојано се движат напред, надевајќи се на најдоброто. Тие никогаш не започнуваат врска со детални планови за она што го очекуваат од неа бидејќи знаат дека таа е исто толку непредвидлива и непозната како и животот.rn
Чудакот ќе ве запознае со вашата луда страна
rnВие мислите дека се познавате целосно сè додека не сретнете личност која ќе ги предизвика сите делови од вашето постоење. Чудаците ве тераат да се замислите за животот, за вашите страсти како и за сите оние нешта кои ги правите. Под нивно влијание, вие преминувате од личноста која сте биле во онаа која би можеле и сакате да бидете.rn
Чудакот никогаш не може да биде заменет
rnВие знаете дека не смеете да ја пуштите оваа личност да си оди бидејќи никој во иднина нема да може да ги пополни неговите или нејзините чевли. Никој друг нема да може да ви покаже толку многу, да ве научи на толку нешта и да ве предизвикува на начинот на кој тоа го прават чудаците.rn
Чудакот без прашање ќе ве сфати доколку ви е потребно време за ваша авантура
rnНе само што тие ќе ве поддржуваат за вашите истражувања, туку и ќе ве поттикнуваат на истите. Тие не сакаат само да бидат покрај вас, туку и да ви го покажат патот. Чудаците веруваат во сите исто толку колку што веруваат во самите себеси и токму оваа поддршка е онаа која ќе ви го промени животот.rn
Чудакот ќе направи да заборавите на надворешниот свет
rnПред да ги запознаете чудаците, вие знаете само за еден свет – надворешниот. Вие воопшто можеби и не сте свесни за оној свет кој вие сте си го создале за самите вас. Но, откако тие ќе влезат во вашиот живот ќе сфатите како е да се живее во други светови без воопшто да треба да излезете надвор во општеството. Исто така чудаците ви покажуваат дека единствениот свет за кој треба да се грижите е вашиот.rn
Чудакот ќе ви помогне секоја ваша креативна идеја да ја претворите во реалност
rnБез разлика колку е чудна, апсурдна или луда вашата идеја, тие нема да ви дозволат да се откажете од неа. Баш напротив, ќе ви помогнат да ја обликувате и реализирате. Сите оние мали мисли на кои воопшто не сте им обрнувале внимание одеднаш ќе добијат големо внимание и вие ќе посакате сите да ги проширите и остварите. Сите оние мали соништа кои не сте си дозволувале да ги истражувате бидејќи сте сметале дека се премногу чудни се омилената тема за разговор на чудаците.rn
Чудакот никогаш нема да направи да се почувствувате непријатно за себе
rnТие сакаат да бидете чудни бидејќи тоа е нешто сосема нормално за нив. Чудаците копнеат за вие да им ја покажете онаа страна од себе која ја криете од светот. Тие се подготвени да ги истражат сите ваши внатрешни делови, па дури и најапсурдните агли. Токму затоа нема потреба ништо да криете од нив.rn
Чудакот е секогаш вреден за драмата
rnДа, точно е дека чудаците не се секогаш лесни за справување, но дефинитивно вредат за маката. Тие ќе донесат многу драма и интензитет со себе, но токму тоа и ќе го направи вашиот живот вреден за живеење. Откако во вашиот живот ќе влезе чудак, сите оние денови кои сте ги поминувале во монотона рутина за вас ќе се претворат во судбина полоша од смртта. Чудаците никогаш нема да дозволат да ви биде здодевно.rn
Чудакот ќе ве научи како да се смеете на сè
rnТие ќе ви покажат какво е чувството да не сфаќате ништо сериозно, па дури ни вас самите. Животот е премногу краток и чуден за да судите, па токму затоа нема потреба да бидете толку сериозни. Насмевката може да ве одведе многу подалеку отколку што некогаш сте замислувале.rn
Чудакот ќе ви го овозможи најдобриот секс кој некогаш сте го имале
rnЧудаците немаат цензура, па токму затоа и се слободни да прават сè што ќе почувствуваат во сексот. Тие не се нервозни или исплашени, баш напротив секогаш се расположени за пробување нешто ново. Тие сакат нивните животи меѓу чаршафите да бидат исто толку спонтани и луди како и оние надвор од нив. Тие не се плашат да ја покажат својата вистинска и гола слика за себе.
-

Пол (Paul)
Филм за тоа како понекогаш се покажува дека вечните „чудаци“ всушност биле во право и за средбите од трет вид кои можат да бидат и пријатно животно искуствоrnrn
Режија: Грег МотолаrnrnУлоги: Ник Фрост, Симон Пег, Кристен ВигrnrnВреметраење: 109 минутиrnrnЈазик: англиски, клингонскиrnrnПремиера: 18 март 2011rnrnЖанр: авантура, комедија, научна фантастикаrnrnВеб-сајтrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————rnИмаме пријателски настроен вонземјанин и трка за тој да избега од лошите момци и да се врати дома, на некоја друга планета. Од само една прочитана реченица, сигурно ви наликува дека пишувам за легендарниот филм на Стивен Спилберг E.T., но всушност тука се работи за новото кинематографско парче „Пол“. Да, основата е идентична, но кога наместо деца гледаме двајца „гикови“ и кога сето тоа ќе се измикса со специфичен хумор, сочни пцовки и по некоја разнесена кола, јасно е дека приказните, освен истата стартна точка, немаат ништо заедничко. rnrnИако замислен како комедија, сепак, не станува збор за луда американска сторија преполна со неверојатни ситуации. Тука хуморот е мирен и повеќе наративен отколку физички. Искрено, можеби нема да ве заболат стомачните од смеење, но ќе минете релаксиран час и половина.rn————————————————————————————————————————————————————————rnrnПриказна: Греам (Симон Пег) и Клајв (Ник Фрост) се Англичани кои доаѓаат во Америка на конференција за научна фантастика и планираат да направат тура низ некои од најпознатите есеф места во земјата. Се чини дека се на повеќе од 30 години, сите мислат дека се геј пар и генерално нивните интереси за возраста на која се, се малку чудни. Тие се возбудуваат кога ќе видат некој писател на научна фантастика, пијат кафе од филџани во облик на вонземска глава и си го тераат својот филм.rnrnНо, овој пат наместо да се сликаат на празни пустини и во ресторани декорирани како големи вселенски бродови, тие се наоѓаат „лице в лице“ со Пол, вонземјанин кој е на Земјата со децении, несебично делејќи ги своите знаења со луѓето. Но, откако станал непотребен за „големиот човек“, неговата судбина е сецирање во истражувачката лабораторија. Тогаш Пол решава да побегне.
Симон Пег и Ник Фрост веќе се имаат појавено како филмска двојка и во „Shaun of the death“ и „Hot fuzz“. Меѓу нив има убава и мирна енергија, преусилените комични скечови воопшто не се дел од нивниот стил. Уште поголем успех на овие двајца актери е што во најголем дел во сцените партнер им е Пол, кој пак е компјутерски изработен, поради што би можеле да претпоставиме дека играат на празно. А сепак, градат убаво заокружени ликови. Гласот на Пол го позајмува комичарот Сет Роген („Pineapple express“, „Knocked up“) кој е вистински избор за суштество од друга планета на кое секој втор збор му е пцовка.rnrnИнтересно е што можеби една од поголемите ѕвезди во филмот, Сигурни Вивер се јавува во последните пет минути од „Пол“, а претходно ја имаме на неколку наврати само како глас. Се чини дека таа во филмот повеќе има титуларна улога и е ангажирана само како своевиден трибјут заради нејзиниот придонес во научно-фантастичните филмови.
Кинематографија: Вонземјанинот Пол е сосема очекувано компјутерски изработен, а тука се и вселенскиот брод, по некоја експлозија… Сепак, филмот не е правен така што ќе ве здоболи глава од вештачкиот, компјутерски изглед, туку напротив, работеле на реалноста која и е достигната до таму до каде што се можело.
Кога и како да го гледате: Ако ги немаше сите тие пцовки, ова ќе беше семејно филмче. Сепак, откако го посочивме ова предупредување, имајте на ум дека се користи поостар јазик, па тргнете ги децата. За остатокот би рекле дека имате одврзани раце.
———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.