КАФЕ ПАУЗА

Tag: чуда

  • Незаборавни цитати од незаменливата Одри Хепберн

    Незаборавни цитати од незаменливата Одри Хепберн

    Одри Хепберн (4 мај 1929 – 10 јануари 1993) беше британска актерка и хуманитарка. И покрај тоа што била многу скромна за своите актерски способности, таа се смета за една од најголемите легенди на филмското платно на сите времиња. Хепберн во светот е најпозната како актерка и модна икона на 20-от век, која со својот стил му дала ново значење на зборот гламур и поради тоа сè уште се наоѓа на интернационалната листа на најдобро облечени.rnrnНезаборавни цитати од незаменливата Одри ХепбернrnrnПокрај својата слава на големите екрани и во модната индустрија, многу луѓе долго ќе ја паметат и по нејзините незаборавни цитати. Таа на многу духовит и интересен начин совршено доловува секојдневни и несекојдневни ситуации од животот. Еве еден мал дел од нив во кој сигурно ќе се пронајдете и вие:rn

    „Запомнете, ако некогаш ви е потребна ‘дланка’ за помош, таа се наоѓа на крајот од вашата рака. Како што ќе стареете, не заборавајте дека имате уште една рака. Првата ви е за да си помогнете на себе, втората да им помогнете на другите.“

    rnНема нешто што не можеме да го постигнеме сами. Всушност, кога тоа ќе го направиме на наш начин, без никаква помош – ние се чувствуваме најуспешно и најисполнето. Секако, истото чувство се појавува и кога ќе им помогнеме на другите. Поради тоа трудете се колку што можете повеќе сами да си помагате на себе, но и да бидете несебични кога ќе треба да помогнете на некој друг.rn

    „Мојот живот е многу повеќе од бајка. Имав и потешкотии, но секогаш кога ќе ги надминев, на крајот добивав награда.“

    rnХепберн со овој цитат индиректно ви вели никогаш да не се откажувате. Пробајте животот да го гледате како нешто прекрасно, со голема доза на оптимизам и на тој начин полесно ќе се справувате со проблемите. И не заборавајте дека со секое нивно надминување, ве очекува пријатно и позитивно изненадување.rn

    „Сè што научив во животот – го научив од филмовите.“

    rnНикогаш не потценувајте ја моќта на филмовите и ТВ сериите. Можеби токму последниот филм кој сте го гледале, ви помогнал да сфатите голема животна лекција. Или пак, можеби поради него сте го положиле најтешкиот испит…rnrnНезаборавни цитати од незаменливата Одри Хепбернrn

    „За прекрасни очи – гледајте го доброто кај другите, за прекрасни усни – зборувајте само добри зборови, а за достоинство – движете се знаејќи дека никогаш не сте сами.“

    rnСо овој неверојатен цитат, Хепберн вели дека добрите луѓе се прекрасни луѓе. Понекогаш навистина сè што ви е потребно во моментот и на вас и на оние околу вас е да ги забележите нивните добри особини или пак, да ги пофалите за нешто што направиле… На тој начин со сигурност ќе им го разубавите денот. И секако, никогаш не заборавајте дека некој постојано мисли на вас и дека доколку ви е потребен, доволно е само да му/ѝ кажете.rn

    „Верувам во маникирот. Верувам во дотерување. Верувам во препуштање на задоволството и носење кармин. Верувам во розово. Верувам во бакнување, во многу бакнување. Верувам дека може да се остане силен и во најтешките мигови. Верувам дека среќните девојки се најубави. Верувам дека утре е само уште еден ден и… Верувам во чуда.“

    rnСекој си има свои верувања. Некои се посекојдневни, некои се сосема необични. Но, можеби најважното од сите верувања е верувањето во чудата. Секако, Хепберн не сака да ви каже дека вие не треба ништо да преземете и дека тие „ќе ви паднат од небо“ – туку дека доволно е само да верувате во нив и тие ќе ви помогнат кога ќе ви бидат најпотребни.rn

    „Решив, уште многу одамна, да го прифатам животот безусловно. Никогаш не очекував да направи нешто посебно за мене, но сепак постигнав многу повеќе отколку што се надевав. Скоро секогаш тоа се случуваше кога воопшто не барав.“

    rnПостои едно непишано правило – колку ни се пониски очекувањата, толку повеќе ќе ги надминуваме. Но, тоа не значи дека не треба воопшто да ги имате. На тој начин едноставно нема за што да се борите. Пробајте да бидете умерени во своите планови за иднината и не барајте многу од животот – само така ќе бидете навистина среќни.rnrnНезаборавни цитати од незаменливата Одри Хепбернrn

    „Обожавам луѓе кои ме смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.“

    rnОвој цитат е и научно потврден. Има многу придобивки од смеењето, и на здравствено ниво и на психолошко ниво. Понекогаш доволна ни е само мала насмевка за да ни „тргне“ денот на подобро. Исто така таа е и најдобриот моден додаток, не ја заборавајте во ниеден момент…rn

    „Јас бев среќна. Можностите не доаѓаат многу често. Затоа кога ќе дојдат, грабнете ги.“

    rnОвој цитат на Хепберн одлично ни го покажува нејзиниот „рецепт“ за успех. Точно е дека можностите не нè следат во секој чекор. Но и кога ќе се отворат, големи се шансите случајно да ги пропуштиме. Поради тоа мора да знаеме како да ги препознаеме. Секогаш држете ги очите широко отворени, бидејќи никогаш не се знае што може да ви донесе животот на наредниот свиок.rn

    „Ако треба да бидам искрена, ќе ви кажам дека сè уште читам бајки. И ги сакам повеќе од сè останато.“

    rnСекој човек треба да гледа на животот барем малку како на бајка. Всушност тоа е на некој начин многу оптимистичен поглед кон светот… И во никој случај не може да биде негативен, баш напротив. Но, немојте да претерувате многу со овој вид оптимизам, бидејќи така може да не забележите многу лоши работи кои можат да ви наштетат.

  • Новите 7 светски чуда на природата

    Новите 7 светски чуда на природата

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnПо пат на телефонско гласање организирано од страна на швајцарската фондација „New7Wonders“, на 11 ноември 2011 година беа изгласани потенцијалните кандидати како нови светски чуда на природата. Некои од овие природни убавини се веќе официјално избрани (водопадите Игуасу, заливот Ха Лонг, островот Јеју и подземната река Пуерто Принсеса), додека за останатите се чека да бидат потврдени. rnrnГласањето за новите светски чуда на природата е организирано со цел да ја подигне свеста на општеството за најубавите природни реткости во светот. По започнувањето на кампањата од 2007 година до денес, како најубави светски чуда во природата беа избрани следниве дестинации.rn
    rn

    1. Водопадите Игуасу (Iguazu Falls)

    rnОвие водопади се достапни и можете да ги видите од 3 земји: Бразил, Аргентина и Парагвај. Тие воодушевуваат со своите природни карактеристики и моќта која ја поседуваат. Реката Игуасу со пад од 80 метри височина, ги формира овие прекрасни водопади точно на границата помеѓу Бразил и Аргентина. За настанувањето на овие водопади постои интересна легенда.Новите 7 светски чуда на природатаrn

    2. Заливот Ха Лонг (Ha Long Bay)

    rnХа Лонг се наоѓа во северен Виетнам, во заливот Тонкин. Распослан на површина од 1500 метри квадратни, ова ново светско чудо е карактеристично по малите карпести островчиња кои се со различни големини и форми. Овој залив од 1994 година се наоѓа под заштита од УНЕСКО. Уникатната природна вегетација и живиот свет кој живее овде, го прави ова место да биде едно од светските чуда на природата кое мора да се посети.Новите 7 светски чуда на природатаrn

    3. Островот Јеју (Jeju Island)

    rnЈеју е најмалата провинција во Јужна Кореја. Како вулкански остров, ова светско чудо е значајно по прекрасните тунелски пештери, низ кои претходно течела лава. Пронајдените фосили од животни и школки на овој остров, предизвикуваат особен интерес кај научниците.Новите 7 светски чуда на природатаrn

    4. Амазонските тропски дождовни шуми (Amazon Rain Forest)

    rnСо својата големина од 7 милиони квадратни метри, Амазонските шуми се распослани на 9 држави. Тие се формирани околу реката Амазон, која со својот басен е најголемата река на планетата Земја. Високите температури карактеристични за овие шуми, овозможуваат развој на многуброен растителен и животински свет, кој може да се види единствено овде.Новите 7 светски чуда на природатаrn

    5. Подземната река Пуерто Принcесa (Puerto Princesa Subterranean River)

    rnНајголемата и најубава подземна река во светот е Пуерто Принсеса, која се наоѓа на Филипините. Околината покрај реката создава прекрасен национален парк, кој со право го носи епитетот светско чудо. Во оваа област живеат 800 видови растенија и 95 видови птици од кои 15 ендемски. Погледнете ги убавините на оваа река.Новите 7 светски чуда на природатаrn

    6. Планината Тејбл (Table Mountain)

    rnОваа планина претставува вистинска туристичка атракција во Јужна Африка. Планината Тејбл е интересна поради тоа што нема врвови, туку на нивно место се наоѓа рамна површина која се формирала со текот на годините. Поради своите карактеристики го добила и името Тејбл.Новите 7 светски чуда на природатаrn

    7. Националниот парк Комодо (Komodo National Park)

    rnПаркот Комодо е формиран пред сè да го заштити најголемиот светски гуштер, змејот Комодо, за кој се верува дека е потомок на диносаурусите. Овој остров е вулкански остров кој се наоѓа во Индонезија. Се проценува дека на островот има околу 2.000 жители, кои претежно се занимаваат со риболов.Новите 7 светски чуда на природата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудата на архитектурата кои нè оставаат без здив

    Чудата на архитектурата кои нè оставаат без здив

    Автор: Цветанка АрнаудоваrnrnrnБогородичната црква или Нотрдам е катедралата на Париз и седиште на архиепископот во градот. Нејзиното име значи „Нашата Госпоѓа“ (Дева Марија) и се смета за најубав пример на француската готска архитектура. Архиепископот Морис де Сити го посветил својот живот и богатство на изградбата на катедралата. Се градела во периодот од 1163 до 1345 година. На нејзината изградба работеле многу архитекти, што е видливо по различните стилови и висини на западниот дел и кулите.rnrnЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивrnrnНајмногу воодушевува изгледот на предната фасада со тројниот портал над кој е поставена галерија од 28 статуи, елегантната розета како фасаден централен елемент и издигнатите кули по кои катедралата е особено препознатлива. Нејзината внатрешност освојува со разнобојните розети низ кои поминува светлина и како шарен цвет се пресликува на дел од подот. Специфичен елемент на Богородичната црква е едното од петте ѕвона наречено Емануел, сместено во јужната кула.rnrnЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивrnrnКатедралата во Келн е неизбежна за споменување, па и повеќе кога станува збор за чудата на архитектурата. Посветена е на Св. Петар и на Св. Богородица. Келнската катедрала, која е седиште на надбискупот на Келн, се градела во периодот од 1248 до 1880 год., кога е целосно завршена. Поради нејзините високи  куполи по кои е особено впечатлива, ја има најголемата фасада на една црква во светот. Фасада со украсени портали, запчести триаголни ниши распоредени во четири зони и елементи како четирилисни детелини и цветови кои се совршено вклопени…rnrnЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивrnrnНесомнено, едно од најчудесните архитектонски дела е црквата Саграда Фамилија во Барселона, Шпанија. Нејзиното име значи „Црква на Светото Семејство“. Се смета за дело на големиот архитект Антонио Гауди кој во 1882 год. добил задача да ја заврши. Таа веќе била во изградба како структура на готска преродба од архитектот Франциско де Вилар.rnrnЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивrnrnУникатна е поради декорацијата која изобилува со биолошки орнаменти и апстрактни форми. Нејзината внатрешност не е ништо помалку необична. Се карактеризира со најразлични цветни форми, дел од нив исполнети со разнобоен витраж.rnrnЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивrnrnФирентиската катедрала или Санта Марија дел Фиоре е украс на Фиренца, како особено значаен дел од италијанската архитектура. Изградбата е започната во 1296 год. по проектот на Арнофло ди Камбио и комплетно завршена во 1436 со куполата конструирана од Филипо Брунелески. Катедралниот комплекс ги вклучува и крстилницата и камбанаријата. Има навистина богато декорирана фасада карактеризирана со трите портали со насликани тимпанони, три розети, од кои две помали и една поголема централно поставена, како и галерија на скулптури.rnrnЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здивЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здив

  • Фантастичните летечки книги на господин Морис Лесмор

    Фантастичните летечки книги на господин Морис Лесмор

    Морис Лесмор e главниот јунак во овој краток анимиран филм. Тој е човек чија најголема страст се книгите, а по една голема бура ќе одлета во земја на чудата каде што тие се живи суштества кои можат да комуницираат со него. Иако тој не го разбира новиот свет во кој живее, сепак ужива помеѓу книгите, а ништо повеќе и не му е потребно.rnrnФантастичните летечки книги на господин Морис ЛесморrnrnФилмот е дело на Вилијам Џојс и Брендон Олденбург. Тој е еден од петте филмови номинирани за Оскар во категоријата Најдобар краток анимиран филм.rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 помалку познати светски чуда

    7 помалку познати светски чуда

    Сите ние сме запознаени со големите чуда на светот, било да се остатоци од антички времиња или модерни структури. Кога ќе се спомне поимот светско чудо прво што ни паѓа на памет се пирамидите во Гиза, Таџ Махал во Индија и големиот кањон на Колорадо. Но зборот чудо, кога се работи за светските чуда, не мора да се употреби само за најголемите светски чуда. Има места во светот што се волшебни и пленат со нивната убавина, а се помалку познати. Еве листа на 7 од нив.rn.rn

    1. Манастирите Метеора во Грција

    rnВосхитувачки, манастирите Метора се уште познати како „висечки карпи“ и претставуваат голем и значаен комплекс на православни манастири во Грција. Шест објекти, изградени на врвот на природните варовнички карпи, прават прекрасна глетка. Овие манастири се изградени меѓу планината Пинд во централна Грција и очигледно биле наменети да бидат дефанзивни објекти, бидејќи пристапот до нив е многу тежок. За да стигнете до нив потребни ви се скали или влечни лифтови. Секако во денешно време сето тоа се изведува многу полесно.7 помалку познати светски чуда rn

    2. Оризови тераси во Филипини

    rnНа површина од преку 4.000 квадратни милји и на надморска висина од 1524 метри во планините на Ифуаго, ќе најдете нешто што локалното население го нарекува осмо светско чудо: оризови полиња во форма на слоеви, кои биле изработени рачно и ненамерно. На нив се одгледува ориз најмалку 2.000 години. Античките народи што живееле на Филипините ги изработувале овие тераси постепено, во текот на бројни генерации. Водата за наводнување се пренесува преку систем за наводнување, а се добива од локалните дождовни шуми кои се наоѓаат над нив. Луѓето денес, на нив одгледуваат и бројни земјоделски култури, а се верува дека ако може сите тераси да се подредат во една линија ќе може да се заобиколи целиот свет. Навистина неверојатно.7 помалку познати светски чудаrn

    3. Камената тврдина Сигирија во Шри Ланка

    rnИзградена преку 1.500 години, за време на владеењето на кралот Касапа (477-495), Сигирија уште позната како „карпата на лавот“ е древна тврдина која е сместена на островот Шри Ланка. Таа е голема туристичка атракција, која е опкружена со огромни градини и ливади. Сигирија е една од седумте светски наследства на островот вреднувана по своите фрески, слични на овие во пештерите на Ајанта во Индија. Многу историски записи укажуваат на тоа дека Сигирија функционирала како карпест манастир од 5 век п.н.е.7 помалку познати светски чудаrn

    4. Кулата на Херкулес во Шпанија

    rnОваа кула се верува дека постоела од 2 век па наваму. Се претпоставува дека е изградена од римскиот инженер Севиус Лупус. Светилникот е висок 180 метри и гледа на север на атланскиот брег на Шпанија. Во 1788 година кралот Карлос VI направил фасада на кулата, која е задржана и до денешен ден. Кулата е најстариот функционален објект изграден од Римјаните.7 помалку познати светски чудаrn

    5. Пештерите Ајанта во Махараштра, Индија

    rnПредходно споменати во описот за Сиригија, овие пештери имаат големо религиозно и културно значење. Овие прекрасни пештери се засолниште на извонредни детални слики и мозаици што припаѓаат на Будистичката верска уметност. Пештерите биле окупирани во 2 век, а 300 години подоцна биле напуштени. Така напуштени без никакво присуство на човек стоеле 1.000 години, се додека во 1819 година еден британски офицер од армијата Мадрас не ги пронашол и тоа сосема ненадејно, додека ловел. Овој офицер Смит, со откривањето на овие пештери оставил огромно наследство за идните генерации.7 помалку познати светски чудаrn

    6. Торун – стариот град во Полска

    rnТорун е средновековен град, родното место на Никола Коперник. Археолозите го пресметале точното населување на овој град и тоа се случило во околу 11оо година п.н.е, додека од 7-13 век луѓето се населувале покрај течението на реката. Во 1231 година, тевтонските витези изградиле преубав замок, во близина на градот, а 30 години подоцна него го населиле францискијански монаси. Во 1280 година, градот се приклучува кон Хазанската трговска лига, со што станува важен средновековен трговски центар.7 помалку познати светски чудаrn

    7. Баган – антички град во Бурма

    rnМандалај е дел од полуостровот Бурма и во него се наоѓа волшебниот антички град Баган. Тој бил антички центар на повеќе царства. Баган претставува единственото светско чудо што не припаѓа кон листата на светски наследства, бидејќи локалитетот не бил реставриран во согласност со верните архитектонски стилови. Наместо тоа биле користени модерни материјали кои не изгледале баш убаво, во целост. Како и да е, ова е помалку познато светско чудо, но вреди да се посети.7 помалку познати светски чудаrn
    rn


    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Седумте Светски чуда – старите наспроти новите

    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите

    Сите знаеме дека Кеопсовата пирамида во Египет спаѓа во седумте светски чуда. Но дали некој од нас може да ги наброи останатите? Иако секое од нив фасцинира, сепак светот не стои во место и многу брзо се развива. Направена е нова класификација на светските чуда во две листи во кои се внесени старите (древните) и новите светски чуда. Интересно и поучно.rn.rn

    Старите седум светски чуда

    rn

    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Кеопсовата пирамида
    rnrn
    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Висечките градини во Вавилон
    rnrn
    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Статуата на Зевз во Олимпија
    rnrn
    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Храмот на Артемида во Ефес
    rnrn
    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Мавзолејот на Мавзолос во Халикарнас
    rnrn
    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Колосот од Родос
    rnrn
    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Светилникот во Александрија
    rnrn rnrnОд нив, постои само уште Кеопсовата пирамида во Египет. Сите останати не постојат, поради некоја елементарна непогода која ги зафатила краиштата каде што се наоѓале.rn.rn

    Нови седум светски чуда

    rn rnrn

    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Кинескиот Ѕид во Кина
    rnrn
    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Древниот град Петра во Јордан
    rnrn
    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Спасителот Исус Христос во Рио де Жанеиро, Бразил
    rnrn
    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Мачу Пикчу во Куско, Перу
    rnrn
    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Чичен Ица во Јукатан, Мексико
    rnrn
    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Колосеумот во Рим, Италија
    rnrn
    Седумте Светски чуда – старите наспроти новите
    Таџ Махал во Агра, Индија
    rnrn rnrn