КАФЕ ПАУЗА

Tag: чиста

  • Шокантни факти за водата

    Шокантни факти за водата

    Додека светот се расправа поради баналности од типот на националност и религија, постојат некои многу поголеми проблеми за кои не се дига премногу врева во медиумите. Недостатокот на чиста вода за пиење е еден од тие проблеми, а овие факти ќе ви покажат зошто.rnrnШокантни факти за водатаrn

      rn

        rn011

      • Повеќе од 1,5 милијарди луѓе немаат пристап до чиста вода која е безбедна за пиење.
      • rn011

      • Речиси 4 милиони луѓе умираат секоја година поради болести поврзани со чистата вода за пиење.
      • rn011

      • Една веце-шолја користи речиси 8 литри чиста вода при едно пуштање.
      • rn011

      • Во секое време, речиси половина од сиромашните луѓе во светот се борат со некоја болест предизвикана од лоша хигиена или нечиста вода.
      • rn011

      • Потребни се 11.000 литри вода за да се произведе еден килограм кафе.
      • rn011

      • Дури половина од училиштата во светот немаат пристап до чиста вода, ниту располагаат со адекватни санитарни услови.
      • rn011

      • Потребни се 300 литри вода за да се испечати еден неделен магазин.
      • rn

      rn

    rnШокантни факти за водатаrn

      rn

        rn011

      • 70% од водата која се употребува оди за земјоделски цели, а индустријата користи 22%.
      • rn011

      • Сите деца заедно губат 443 милиони училишни денови поради болести поврзани со нечиста вода.
      • rn011

      • Жените во некои подрачја од Африка и Азија пешачат во просек по 6 километри секој ден за да набават чиста вода за пиење.
      • rn011

      • Машината за миење садови во просек користи 100 литри за едно миење.
      • rn011

      • Потребни се неверојатни 5.000 литри вода за да се произведе еден килограм ориз.
      • rn011

      • Дури 80% од сите болести во неразвиениот свет доаѓаат од причини поврзани со водата.
      • rn011

      • За ископување на нов извор на чиста вода се потребни од неколку стотини до околу 20.000 евра.
      • rn011

      • Преку 2,6 милијарди луѓе во светот не живеат во достојни хигиенски услови.
      • rn011

      • Просечен Американец користи повеќе вода за едно туширање отколку човек од неразвиениот свет во текот на целиот ден.
      • rn011

      • Една третина од луѓето кои немаат пристап до чиста вода живеат со помалку од еден долар (45 денари) на ден. Две третини од нив живеат со помалку од два долари дневно.
      • rn

      rn

    rnШокантни факти за водатаrn

      rn011

    • Просечно американско домаќинство троши осум пати повеќе вода во споредба со просечно индиско домаќинство.
    • rn011

    • Индиското стопанство губи работници поради боледувања поврзани со водата во вкупен збир од 73 милиони денови годишно.
    • rn011

    • Децата во субсахарска Африка имаат 500 пати поголеми шанси да умрат од дијареја во споредба со децата кои живеат во Европа.
    • rn011

    • Дури 2,6 милијарди луѓе во светот немаат пристап до адекватни санитарни објекти. 1,2 милијарди немаат пристап до никаков санитарен објект.
    • rn011

    • Вообичаено, бројот на смртни случаи во Африка предизвикани од дијареја е за 5-10 пати поголем од оние кои животот го загубиле во војна.
    • rn011

    • Само едно миење на рацете го намалува ризикот од дијареја за 35%.
    • rn011

    • Компаниите кои продаваат флаширана вода заработуваат помеѓу 60 и 80 милијарди долари годишно.
    • rn011

    • На секои 15 секунди умира по едно дете поради болест поврзана со нечиста вода. Тоа се околу 12 деца откако почнавте да го читате овој текст. До утре ова време уште 2.500 деца ќе умрат.
    • rn011

    • Само еден долар е доволен за да се обезбеди чиста вода за пиење за едно дете од неразвиениот свет за цела година.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со промени во исхраната до почиста кожа

    Со промени во исхраната до почиста кожа

    Сте се запрашале ли некогаш зошто одредени денови вашата кожа знае да биде многу почиста од други, без да употребувате никакви креми и лосиони кои се наменети за проблеми со мозолчиња и митесери? Според неколку истражувања храната може многу да влијае врз воспаленијата на нашата кожа. Сигурно веќе знаете дека потребно е да пиете многу вода во текот на денот бидејќи дехидрацијата е број 1 непријател на кожата. Но, покрај водата постојат и неколку видови храна кои можат да ви помогнат да имате почиста кожа за многу брзо време…rnrnСо промена на исхрана до почиста кожаrnrnПриродни зрна – Кога станува збор за воспаление на кожата кое предизвикува акни, природните зрна делуваат како магија. Тие во себе носат многу антиоксиданти, го стабилизираат шеќерот во крвта и го спречуваат наглото надоаѓање на инсулинот. Бидете внимателни при изборот во продавниците, некои продукти како леб или кутија со макарони може да ви изгледаат како одличен избор, но реално во нив да има само мал процент природни зрна.rnrnСо промена на исхрана до почиста кожаrnrnРиба – Веќе знаеме дека таа е основниот извор на омега-3 киселини кои се борат против воспаленијата на кожата. Диетата која е специјално дизајнирана за оваа намена вклучува риби како скуша, лосос и сардини кои според истражувањата најмногу ѝ помагаат на кожата.rnrnСо промена на исхрана до почиста кожаrnrnЗелен зеленчук – Со помош на многуте хранливи материи и антиоксидантите кои ги содржат, најзелените ливчести зеленчуци го намалуваат шеќерот во крвта по оброкот и на тој начин ѝ помагаат на вашата кожа да остане почиста.rnrnСо промена на исхрана до почиста кожаrnrnПортокалова и црвена храна – Според специјалната диета за чиста кожа, онаа храна која содржи високи нивоа на антиоксиданти помага при одржување на протокот на крвта до кожата. Во оваа категорија спаѓаат калинките, морковите, темното грозје, како и цвеклото.rnrnСо промена на исхрана до почиста кожаrnrnЗелен чај – Покрај големите здравствени придобивки од овој чај, тој исто така помага и при спречувањето на појавата на мозолчињата. Тој е преполн со антиоксидантот „EGCG“ и доколку редовно го пиете многу ќе ви помогне при одржување на чистината на вашата кожа.rnrnСо промена на исхрана до почиста кожаrn

    Храна која треба да ја избегнувате:

    rn

      rn011

    • Преработени зрна – кои се сретнуваат во поголемиот број житарици, леб и други производи кои се базирани на брашно.
    • rn011

    • Преработен шеќер – бонбони, газирани сокови, колачиња и други видови слатки кои го зголемуваат шеќерот во крвта и ги блокираат порите.
    • rn011

    • Млеко – содржи голем број хормони кои во комбинација со високото ниво на калциум е главен причинител на акни.
    • rn011

    • Масло од зеленчук – пченкарно, сончогледово, шафраниково и масло од сусам содржат омега-6 маснотии кои предизвикуваат различни видови воспаленија на кожата.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Брод кој магично лебди над површината на водата

    Брод кој магично лебди над површината на водата

    Уште веднаш да ви кажеме дека оваа фотографија не е „фотошопирана“. Но, што всушност се случува на неа? Дали бродот навистина лебди над водата? Дали станува збор за некакво волшепство?Брод кој магично лебди над површината на водатаПовторно илузијата прави трик со нашиот мозок. Ако подобро се загледате во фотографијата ќе забележите дека водата всушност е толку перфектно чиста и бистра, што прави бродот да изгледа како да лебди. Не сме сигурни каде точно се наоѓа ова магично место, но според еден коментатор на сервисот за споделување фотографии „Imgur“, станува збор за местото One House Bay, на грчкиот остров Атокос.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 причини зошто секогаш да бидете убаво облечени

    10 причини зошто секогаш да бидете убаво облечени

    Автор: Боро МирческиrnrnПрвиот впечаток кој може да го оставиме било да станува збор за средба со пријател, девојка или момче или пак со потенцијален работодавец е од особена важност. Пристојното облекување може да ви отвори многу врати, а со тоа да ве направи да се чувствувате посамоуверено, погордо и секако посреќно.rnrnКога говориме за убаво облекување, не говориме дека облеката на вас мора да чини неколку илјадници денари. Токму спротивното! Под убаво или пристојно облекување се подразбира да бидете облечени соодветно за пригодата на која присуствувате, во чиста и убаво испеглана облека и најважно од сè, во облека која вам најпригодно ви одговара.rnrnПостојат низа причини зошто е препорачливо секогаш да сте убаво и пристојно облечени, а ние ви одвојуваме 10 проверени, кои и тоа како ви одат во прилог.rnrn10 предности зошто секогаш да бидете убаво облечениrnrn1. Убаво облечените луѓе може многу полесно да добијат зголемување на платата од 5 до 10 проценти. Според истражувањето „Убавината и пазарот на труд“ објавено од Националното биро за економски истражувања во САД, луѓето кои се привлечни и притоа соодветно облечени на работното место, уживаат премија на својата плата од најмногу 10 проценти, за разлика од нивните колеги кои се помалку убаво облечени за време на работата.rnrn2. Ако сте тргнале на интервју за работа и притоа сте убаво облечени, бидете сигурни дека ќе бидете издвоени од „морето“ на пријавени кандидати за вашата омилена работна позиција. Личниот впечаток кој го оставате кај потенцијалниот работодавец е од особена важност за премин од првиот круг во вториот.rnrn3. Ако се вработувате во некоја компанија и притоа сте убаво облечени, имате за 20% поголема шанса за повисока стартна плата од некој кој претендира за истото работно место, а се облекува несоодветно.rnrn4. Доколку треба да држите говор или презентација, бидете убедени дека е задолжително да бидете убаво облечени. Тоа е доказ дека ќе ја зголемите вашата убедливост во тоа што го кажувате, а на слушателите ќе им биде подраго истовремено да ве слушаат, но и да ве гледаат.rnrn5. Соодветната облека и тоа како може да ви го зголеми личниот кредибилитет без разлика дали станува збор за деловно или приватно поле.rnrn10 предности зошто секогаш да бидете убаво облечениrnrn6. Секако дека облеката не е никаков доказ дека подобро облечените луѓе имаат подобар деловен или личен перформанс. Сепак, и пристојната облека и атрактивноста носат и некои негативни последици. Некои американски истражувања покажуваат дека луѓето имаат поголеми очекувања за одредени работи од убаво облечените и атрактивни индивидуи, отколку од оние кои се помалку атрактивни и понесоодветно облечени.rnrn7. Пристојното облекување е причина за зголемување на личната самодоверба.rnrn8. Убавата облека која вам најугодно ви прилега може и да ве направи посреќни. Потсетете се колку пати сте се насмеале кога наутро сте се погледнале во огледало и сте си се допаднале како изгледате.rnrn9. Убаво облечените луѓе оставаат многу подобар впечаток кај спротивниот пол.rnrn10. Доколку изгледате пристојно, многу е поголема веројатноста да имате и поголем број познаници и пријатели.rn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.