КАФЕ ПАУЗА

Tag: череп

  • Најпознатата оптичка илузија: Што прво ќе видите на неа може многу да каже за вашиот карактер

    Најпознатата оптичка илузија: Што прво ќе видите на неа може многу да каже за вашиот карактер

    Цртежот насловен „All is Vanity“ од 1892 година на илустраторот Чарлс Алан Гилберт, кој го нацртал кога имал само 18 години, многумина го сметаат за најдобрата оптичка илузија на сите времиња. Репродукциите на оваа оптичка илузија се популарни и денес, речиси 100 години откако овој цртеж за прв пат се појавил. Не размислувајте. Оддалечете се малку од екранот и погледнете. Што прво забележавте?rnrnНајпознатата оптичка илузија: Што прво ќе видите многу кажува за вашиот карактерrnrnНа прв поглед се забележува еден голем череп. Но, ако повнимателно се прегледа цртежот се открива една млада девојка која гледа во својот одраз на огледалото. Симболизмот на сликата укажува на човечката суета и гордост, а во уметноста, суетноста често се претставува како жена која е презафатена со својата минлива убавина. Па, што прво забележавте вие?rn

    1. Череп

    rnВие сте бунтовник, личност која слободно размислува. Страствена и силна. Черепот е еден од најстарите и најмоќните симболи, а за вас го симболизира она по кое копнеете: заштита, сила, моќ, бестрашност, мудрост, лидерство, преживување во тешките мигови и бесмртност. Вие сте свесни за непроценливата вредност на времето и нашето привремено постоење во овој физички свет. Ова за вас не е ништо негативно и депресивно, туку ја прикажува свеста за важноста на живеењето во моментот, искрата за живот и духовниот развој. Вие сте езотерична личност, помалку волк самотник, ја сакате осаменоста и рефлектирањето. Се чувствувате како да сте ги откриле сите тајни во светот. Сакате да бидете во друштво со „подлабоки“ луѓе. Черепот како да ве повикува да го зграпчите денот.rn

    2. Девојка која гледа во огледало

    rnВие сте горди и суетни само на прв поглед, а во душата сте романтичар и сонувач. Понекогаш патите од недостаток на самодоверба. Секогаш ги помните критиките, а ги заборавате пофалбите. Дури и ако 1.000 луѓе ве пофалат, а еден ве критикува, вие ќе размислувате само за таа една критика и ќе верувате само во неа. Уживате во убавината, имагинацијата, планирањето и помалку сте перфекционист. Често живеете во свој свет. Вие сте креативни, педантни, имате смисла за уметност и естетика, но и не го познавате грдото туку во него гледате потенцијална убавина. Огледалото за вас не е само симбол на телесната, туку и на духовната рефлексија. Често сте уморни од светот и од својата аналитичка природа, па бегството во фантазиите, плановите и поубавите светови не ви е непознато.rnrnИмајќи го ова на ум, вие имате и една темна страна. Онаа која ја криете од другите, а испливува на површина само кога сте сами. Понекогаш премногу ве мачат мислите за самите себе, за смислата на животот, чувствувате нецелосност и егзистенцијална тежина и сакате да се доживувате онака како што се трудите другите да ве доживуваат.

  • Коски и черепи за послатко утринско кафенце

    Коски и черепи за послатко утринско кафенце

    Овие шеќерчиња одлично се надополнуваат со турската поговорка:кафето треба да е црно како пекол, јако како смрт и слатко како љубов“. 🙂 Наместо стандардните коцки, тие се изработени во облик на коски и черепи. Замислете додека се расонувате со вашето утринско кафе, да ве изненади минијатурен човечки череп. Ќе се расоните со првата голтка. 😉(1) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (2) Коски и черепи за послатко утринско кафенцеИдејата и дизајнот се на „Snow Violent“, а прв ги изработил DR.HC. Покрај кул изгледот, овие шеќерчиња се и еден вид предупредување за прекумерното внесување на овој производ во организмот… За „финта“, можете да ги купите преку etsy. 😉(3) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (4) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (5) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (6) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (7) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (8) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (9) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (10) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (11) Коски и черепи за послатко утринско кафенце (12) Коски и черепи за послатко утринско кафенце
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необична промоција на скејт-продавница

    Необична промоција на скејт-продавница

    Дизајнерот Бето Јанц, за потребите на една бразилска скејт-продавница, смислил одличен начин како да придобие повеќе заинтересираност од купувачите.Необична промоција на скејт-продавницаОд неупотребливите и искршени скејт-даски, тој прави черепи и потоа ги остава насекаде низ градот за секој да може да ги најде и да ги задржи за себе како сувенир. На нивната опачина има налепници со брендот и локацијата на продавниците, па така уникатните черепи имаат функција на рекламен флаер.Необична промоција на скејт-продавницаНеобична промоција на скејт-продавницаНеобична промоција на скејт-продавницаНеобична промоција на скејт-продавницаrn