КАФЕ ПАУЗА

Tag: чекор по чекор

  • 6 начини на врзување шал за мажи

    6 начини на врзување шал за мажи

    Покрај топлото палто и капчето, задолжително парче во постудените денови е шалот. Не само што ќе ве заштити од студот, шалот е и одличен моден детаљ. Зависно од тоа како го носите, тој ќе му даде шарм и карактер на вашиот изглед. Овие илустрации ќе ви ги покажат шесте најпознати начини за врзување шал и ќе ви ја прикажат постапката чекор по чекор.rnrn6 начини на врзување шал за мажи 6 начини на врзување шал за мажи 6 начини на врзување шал за мажи 6 начини на врзување шал за мажи 6 начини на врзување шал за мажи 6 начини на врзување шал за мажи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до одлични организациски вештини?

    Како до одлични организациски вештини?

    Кога ќе одлучите да започнете со нешто ново, секогаш ќе постојат низа на препреки кои мора да ги поминете за на крајот да можете да бидете успешни. Кога ќе решите да започнете со вашата кариера, треба да бидете подготвени за соочување со различни видови на предизвици, но и да знаете да ги идентификувате способностите кои ќе ви бидат потребни за напредок. Една од тие способности кои ќе треба да ги развиете, се и организациските вештини. Тие понекогаш можат да бидат малку потешки за стекнување, но со тек на време преку следење на неколку едноставни совети, ќе можете и вие да ги совладате.Како до одлични организациски вештиниПроценете ги вашите сегашни стратегии – Размислете добро како се справувате со вашите секојдневни обврски. Дали веднаш ги одредувате вашите приоритети и започнувате со работа, или пак оставате на „судбината“ да одлучи за вас? Оценете ја вашата моментална работа и притоа обидете се да бидете малку подисциплинирани од вообичаено.rnrnКако до одлични организациски вештиниЗапочнете полека – Откако целосно ќе го запознаете вашиот начин на работа, треба да започнете полека да го менувате кон подобро. Со развивање на вашите организациски вештини таа цел многу полесно ќе ја постигнете. Секако мора да започнете со полесни задачи, бидејќи ако започнете со нешто преголемо и притоа не успеете – големи се шансите дека ќе се обесхрабрите и ќе се откажете. Одредете си неколку едноставни дневни задачи и обидете се да ги завршувате на време.Како до одлични организациски вештиниНаправете повеќе слободно место во работниот простор – Редовното расчистување на просторот во кој работите, е прв знак дека сте на добар пат кон стекнување одлични организациски способности. Тргнете ги непотребните работи и наредете ги оние кои ви се потребни така што ќе ви бидат на дофат. На овој начин ќе можете побрзо да ја завршувате вашата работа и дефинитивно нема да имате потреба да барате нешто обично како пенкало цел час пред да започнете со вашите работни обврски…Како до одлични организациски вештиниРаботете чекор по чекор – Направете кратка шема каде што ќе ја поделите вашата работа во неколку чекори и потоа обидете се да ја следите. На овој начин ќе си ја олесните работата, но и ќе си помогнете така што на крај кога ќе ги проверувате добиените резултати, ќе можете побрзо да пронајдете грешки и неправилности.Како до одлични организациски вештиниИмајте самодисциплина – Таа е клучна доколку сакате да бидете поорганизирани. Започнете така што ќе си направите листа на работи кои мора да ги завршите во текот на денот на денот. На пример, организирајте ги вашите документи, исчистете ја темелно областа во која работите… Ова ќе биде почетокот при формирањето на вашата самодисциплина. Можете да се обидете и со техниката наречена „не крши го синџирот“ која може многу да им помогне на вашите новостекнати навики да ви доаѓаат природно.Како до одлични организациски вештиниНаучете како да ја распределувате работата според важноста – Многу е важно да научите да проценувате кои задачи се поважни од останатите, за кои ќе ви биде потребно повеќе време да ги завршите или пак кои бараат повеќе внимание од вас. Не заборавајте дека без оваа способност нема да можете никогаш во целост да ги развиете вашите организациски способности.Како до одлични организациски вештиниОдредете ги целите и придобивките – Понекогаш поефективно ќе работите ако се мотивирате од „наградата“ која ве следува на крајот. Кажувајте си постојано на себеси што ќе добиете откако ќе завршите со тешката работа. На пример, ветете си нови обувки, книга или облека доколку завршите сè на време (или предвреме). Поставувањето цел која сакате да ја постигнете, може да ви помогне да останете организирани во текот на работата, како и побрзо и поквалитетно да ја завршите вашата работа.Како до одлични организациски вештиниНаучете да категоризирате – За почеток, означете ги сите документи, така што ќе употребите различни бои за различни категории. Нешто слично направете и со компјутерските податоци. За многу брзо време ќе научите што каде припаѓа и нема да имате потреба понатаму да означувате. Категоризирањето и организациските вештини одат „рака под рака“ така што доколку едното го совладате, нема да имате потешкотии при совладување и на другото.Како до одлични организациски вештини
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: интересен украс за вашиот дом

    Направете сами: интересен украс за вашиот дом

    Автор: Александар НиневскиrnrnДоколку имате слободно време и сакате малку да го разубавите вашиот дом, еве еден интересен предлог како да го направите тоа. Сигурно како мали сте правеле хартиени авиончиња, така што верувам дека ова ќе ви биде интересно.Направете сами: интересен украс за вашиот домЌе ви биде потребно:rn

      rn011

    • стари мапи (или стар атлас како што користевме порано на училиште)
    • rn011

    • гранки од дрво
    • rn011

    • украсна лента во боја
    • rn011

    • жица
    • rn011

    • конец
    • rn011

    • селотејп
    • rn011

    • ножички
    • rn011

    • линијар
    • rn011

    • молив
    • rn

    rnНаправете сами: интересен украс за вашиот домНакратко ќе опишеме чекор по чекор како да го направите.rnrn1. Земете ја мапата, измерете и исечете 10 до 15 правоаголници со димензии 4х6 и 5х7 см.rn2. Превиткајте го секој правоаголник во авионче, како кога бевте мали ;)rn3. Исечете 10 до 15 кончиња со различна должина. Залепете го со лепило едниот крај од конецот со средината на секој авион. Потрудете се да бидете внимателни и да не се гледа лепилото за да изгледа поубаво.rnНаправете сами: интересен украс за вашиот домНаправете сами: интересен украс за вашиот дом4. Соберете ги сите гранки со скоро иста големина на куп како снегулка или ѕвезда и врзете ги со жицата, сè додека не почувствувате дека конструкцијата е стабилна.rn5. За да се додаде малку боја, врзете ги украсните ленти во боја на средината на гранките и оставете ги така да висат.rn6. Сега останува само да ги прикачите авиончињата како новогодишни лампиони и со помош на жица можете да го обесите овој украс во вашиот дом.Направете сами: интересен украс за вашиот домНаправете сами: интересен украс за вашиот домНаправете сами: интересен украс за вашиот домНаправете сами: интересен украс за вашиот дом
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.