Чарли Чаплин, ѕвездата на немиот филм и човекот кој успеа да ги насмее луѓето ширум светот без да каже ниту збор. Познато е дека Џорџ Бернард Шо го нарекол Чаплин „единствениот гениј во филмската индустрија“. Во продолжение прочитајте ги неговите цитати за љубовта, животот, смеата и болката.rnrnrn
„Животот може да биде прекрасен ако не се плашите од него. Сè што ви е потребно е малку храброст, имагинација…. и малку тесто.“
rn
„Ништо не вечно во овој зол свет, дури ни нашите неволји.“
rn
„Претпоставувам дека една од ирониите во животот е да се прави погрешната работа во вистинскиот момент.“
rn
„Помислете на себе барем еднаш во животот, во спротивно ќе ја пропуштите најдобрата комедија на светот.“
rn
„Ви треба моќ само доколку сакате да им наштетите на другите, во спротивно љубовта ви е доволна за да ги постигнете сите цели.“
rn
„Размислуваме премногу, а чувствуваме премалку.“
rn
„Огледалото е мојот најдобар пријател бидејќи никогаш не се смее кога плачам.“
rn
„Мојата болка може да биде причината за нечија смеа. Но, мојата смеа никогаш не смее да биде причината за нечија болка.“
rn
„Мојот живот е полн со тешкотии и проблеми. Но, моите усни не го знаат тоа. Тие секогаш се смеат.“
rn
„Животот е претстава без реприза. Затоа пејте, плачете, танцувајте, смејте се и живејте го максимално животот пред да се спушти завесата и пред да заврши претставата без аплауз.“
rn
„Откако почнав да се сакам себеси престанав да копнеам за поинаков живот и можев да сфатам дека сè што ме опкружуваше ми даваше сила да растам. Денес тоа за мене претставува ЗРЕЛОСТ.“
rn
„Откако почнав да се сакам себеси престанав да го трошам сопственото време и престанав да размислувам за огромни проекти во иднина. Денес го правам само она што ми носи радост и среќа, работи кои сакам да ги правам и кои ми го развеселуваат срцето, а ги правам на свој начин и со свој ритам. Денес тоа за мене претставува ЕДНОСТАВНОСТ.“
rn
„Откако почнав да се сакам себеси сфатив дека без оглед на околностите, јас сум на вистинското место во вистинското време и дека сè се случува во вистинскиот момент. Денес тоа за мене претставува САМОДОВЕРБА.“
rn
„Откако почнав да се сакам себеси се ослободив од сè што не е добро за моето здравје – храна, луѓе, нешта, ситуации и сето она кое се коси со мојата природа. Најпрвин го нареков овој став здрав егоизам. Денес тоа за мене претставува ЉУБОВ КОН СЕБЕ.“
Кога ќе ви го спомнат Чарли Чаплин, сигурно ви текнува на неговите неми филмови. Но дали знаевте дека неговата најдобра изведба како актер содржи еден од најубавите говори од светската кинематографија? Прочитајте го говорот од филмот „Големиот диктатор“ (The Great Dictator) кој веќе 70 години ни кажува дека сите сакаме нешто исто, но не можеме да го постигнеме.rnrnrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnСите ние сакаме да си помагаме. Луѓето се такви. Сакаме да живееме со среќата на другите, не со нивната мизерија. Не сакаме да се мразиме еден со друг. Во овој свет има место за секого. Земјата е богата и може да произведе доволно за сите. На овој начин животот може да биде слободен и убав, но ние сме го изгубиле нашиот пат…rnrnАлчноста ја труе душата на човекот, го опкружи светот со омраза, ни носи мизерија и крвопролевање. Развивме брзина, но се затворивме во себе. Машините кои ни даваат изобилство, нè оставија со барања. Нашето знаење нè направи цинични, нашиот памет – цврсти и лоши.rnrnНие мислиме премногу, а чувствуваме премалку! Повеќе од машините, нам ни е потребно човештво. Повеќе од памет, нам ни се потребни добрина и нежност. Без овие квалитети, животот ќе остане насилен, а волјата ќе се изгуби. Авионот и радиото нè зближија. Самата природа на овие изуми вика за добрината на човекот, вика за универзалното братство, за единството на сите.rnrnДури и сега моите зборови имаат способност да допрат милијарди луѓе низ светот, милијарди очајни мажи, жени и мали деца, жртви на систем кој го тера човекот да мачи и да затвора невини луѓе.rnrnНа оние кои го читаат ова им велам „Не очајувајте!“rnrnМизеријата која нè опкружува е поминувањето на алчноста, горчината на оние кои се плашат од човечкиот напредок. Омразата ќе помине, диктаторите ќе умрат, а моќта која им ја зеле на луѓето ќе се врати. И сè додека луѓето умираат, слободата нема да постои.rnrnВојници! Не се продавајте на насилници, на оние кои ве поробуваат, кои ги одредуваат вашите животи и ви кажуваат што да правите и да чувствувате. Оние кои ве третираат полошо од добиток и ве користат само како оружје! Не им се давајте на овие неприродни луѓе – луѓе машини со машински умови и срца. Вие не сте машини! Вие не сте добиток! Вие сте луѓе. Вие имате љубов кон човештвото во вашите срца! Вие не мразите! Само оние кои не се сакани мразат. Војници! Немојте да се борите! Залагајте се за слобода!rnrnИднината на човештвото е во рацете на сите луѓе, не на еден или на група луѓе. Во сите луѓе! Во тебе! Вие, луѓето, ја имате моќта, моќта да создадете среќа. Вие, луѓето, ја имате моќта да го направите овој живот слободен и убав, да го направите овој живот прекрасна авантура.rnrnДа се обединиме!rnrnДа создадеме нов свет, свет кој ќе му даде шанса на човекот да работи за вредна идеја, која ќе ѝ даде на младината иднина и безбедна старост. Со ветувањето на овие работи, насилниците ја добиле моќта. Но тие лажат! Тие никогаш не ги исполнуваат ветувањата! И никогаш нема да ги исполнат!rnrnДиктаторите се ослободуваат, но ги поробуваат луѓето!rnrnДа застанеме заедно и да го исполниме тоа ветување! Да застанеме заедно за слободен свет! Да ги отстраниме националните пречки! Да ги отстраниме алчноста, омразата и нетолеранцијата!rnrnДа се обединиме за свет на логика и разбирање, свет каде што науката и напредокот ќе водат кон среќата на секој човек.rnrnЛуѓе, во името на мирот и слободата, да се обединиме!rnrnНикој нема да го направи тоа за нас. Ако сакаме мир, секој од нас треба да го создаде и да го одржува. Не ни се потребни власти да ни даваат дозвола и помош. Ова е идеја и сè што е потребно за нејзино остварување е заедничко работење на луѓето. Не сакам да бидам император. Тоа не е моја работа. Не сакам да владеам или да победам кој било. Сакам да има помогнам на сите ако е тоа возможно.rnrnМи имаат кажувано дека е невозможно… Ним им велам „Сè било невозможно, сè додека некој не се обидел да го проба.“ Постои град во Индија кој се вика Ауровил. Ауровил го направил невозможното и постои од 1960-тите.rnrnКој вели дека Ауровил е границата на она што можеме да го постигнеме?rnrn[/message_box]
Проверете ги и подобрете ги вашите мемориски вештини со помош на легендата на немиот филм. ;)rnrnВо првата игра, ваша задача е да пронајдете по две исти фотографии со Чарли Чаплин, користејќи што е можно помалку кликови.rnrnrnrnДоколку успешно ја завршивте првата игра, пробајте ја и напредната верзија, во која треба да погодите која фотографија на кој филмски наслов одговара.rnrnrnrn
Дознајте нешто повеќе за легендарниот комичар Чарли Чаплин, за кого досега имавте прилика да прочитате што ја советувал ќерката Жералдин, како се почувствувал на својот 70-ти роденден или по кои зборови останал запаметен. Следуваат интересни факти за Чарли и неговиот бурен живот.rnrnrnrn1. Чарли Чаплин е роден на 16 април, 1889 година, во Валворт, Лондон, само 4 дена пред германскиот диктатор, Адолф Хитлер. Фирерот му завидувал на огромната популарност која тогаш ја уживал Чарли, па решил да израсне мустаќи како неговите, за да биде подобро прифатен од луѓето.rnrn2. Во 1925 година, тој станал првиот актер кој се појавил на насловната страница на списанието „Time“.rnrn3. Чарли се пријавил на натпревар за човек кој најмногу личи на него и замислете освоил трето место.rnrn4. Отпечатоците од неговите стапала и дланки биле отстранети од Булеварот на славните во Холивуд, поради сомнежите дека е комунист. Подоцна истите биле изгубени.rnrn5. Украински астроном именувал астероид во чест на големиот актер. Го нарекол „3623 Чаплин“. Се наоѓа меѓу планетите Јупитер и Марс.rnrn6. Во 1985 година, неговиот лик за прв пат се појавил на поштенска марка во Англија. Девет години подоцна и американската пошта започнала да печати поштенски марки со неговата карикатура. Во Вотервил, Ирска пак е поставена бронзена статуетка со неговиот лик, а во музејот Мадам Тисо, Чаплин доби восочна фигура.rnrn7. Британските медиуми често го критикувале, бидејќи не се пријавил во војска за време на Првата светска војна. Вистината е дека Чарли се обидел да стане војник, но го одбиле со облазложение дека е премногу слаб и ситен.rnrnrnrn8. Заслужен е за едни од најпрофитабилните филмови во ерата на немиот филм. Класикот „Златната треска“ (The Gold Rush, 1925) е на петтото место, со заработка од 4,25 милиони долари, а „Циркус“ (The Circus, 1928) на седмото, со 3,8 милиони.rnrn9. Компонирал преку 500 мелодии за своите филмови, а последниот филм што го гледал е „Роки“, во 1976 година.rnrn10. Неговиот ривал на професионално поле, американскиот комичар и режисер, Бастер Китон, во своите мемоари напишал дека Чаплин е најголемиот комичар кој некогаш се родил и најдобриот режисер на комедии.rnrn11. Тој се женел 4 пати во својот живот, а од браковите има вкупно 11 деца. Неговата ќерка Жералдин се појави на филмското платно во биографијата „Чаплин“ (Chaplin, 1992), во улога на мајката на легендарниот комичар, односно нејзината баба, Хана. По стапките на Чарли тргнале и ќерката Џозефин и синовите Ерл и Мајкл. И тие, исто така се актери. Ќерката Викторија пак, е циркузант.rnrn12. Во 1975 година, кралицата Елизабета Втора го одликувала со титулата витез.rnrn13. Чарли бил протеран од САД во 1953 година, откако одбил да земе американско државјанство. Живеел во Швајцарија сè до смртта. Починал во сон, на 88-годишна возраст, на 25 декември, 1977 година.rnrn14. Посмртните останки на Чарли Чаплин биле украдени во 1978 година, од страна на швајцарски механичари. Тие два месеци го уценувале неговото семејство. Барале откуп од 600 илјади долари. Но, набрзо биле уапсени, а неговите посмртни останки биле пројандени на 20 километри од гробиштата, закопани во ливада. Ги пронашол селанец, единаесет недели по кражбата. После овој инцидент, тие биле забетонирани два метри под земјата, со цел да се спречат нови обиди за кражба.rnrn15. Еден од неговите бастуни е продаден за 150 илјади долари, на аукција во 1987 година.rnrn rnrn
Можете ли да ја замислите Линдзи Лохан во улогата на Елизабет Тејлор или Ештон Кучер во улогата на Стив Џобс? А дали знаевте дека ликот на Боб Дилан ќе го толкува актерката Кејт Бланшет?rnrnЏулијан Мур како Сара ПејлинrnrnВал Килмер како Џим МорисонrnrnЛеонардо ди Каприо како Едгар ХуверrnrnЕнтони Хопкинс како Алфред ХичкокrnrnЛиндзи Лохан како Елизабет ТејлорrnrnМишел Вилијамс како Мерлин МонроrnrnРоберт Дауни Џуниор како Чарли ЧаплинrnrnГери Олдман како Сид ВишосrnrnХилари Свонк како Амелија ЕрхартrnrnВиго Мортенсен како Зигмунд ФројдrnrnМерил Стрип како Џулија ЧајлдrnrnДаниел де Луис и Бенџамин Вокер како Абрахам ЛинколнrnrnЏаред Лето како Марк Дејвид ЧепманrnrnАндре 3000 како Џими ХендриксrnrnМерил Стрип како Маргарет ТачерrnrnЕштон Кучер како Стив ЏобсrnrnФилип Симор Хофман како Труман КапотеrnrnЧарлиз Терон како Ејлин ВорносrnrnДензел Вашингтон како Малколм ИксrnrnКејт Бланшет како Боб Диланrnrn rnrn
„Прошетајте“ низ Холивуд и откријте што се случувало зад филмското платно, како легендарните актери ги снимале познатите сцени, односно што сè се крие зад беспрекорниот филмски свет. Можеби ќе прочитате и по некој факт за вашиот култен филм, на кој досега не сте налетале…1. Прв холивудски филм е „Во старата Калифорнија“ (In Old California, 1910), на режисерот Д. В Грифит. Станува збор за биографска мелодрама за млада шпанска девојка (Мерион Леонард), која има вонбрачен син со идниот гувернер на Калифорнија. Филмот е снимен за само два дена.rnrn2. Кога Хорас и Дајида Вилкокс во 1887 година го основале Холивуд се надевале дека тој ќе прерасне во религиозна заедница. Го искористиле времето на прохибицијата, кога со забраната на алкохолот, властите почнале да нудат бесплатно земјиште за оние што ќе изградат религиозни објекти.rnrn3. За снимање акции со коњи, на почетокот бил користен ефектот „Running W“, односно сопнување со жица. Начинот се покажал како нехуман, бидејќи голем број од животните завршувале со скршеници. Тоа е веќе одамна забрането.rnrn4. Најфилмуван автор е Вилијам Шекспир, со најголем број филмски верзии и адаптации на неговите дела.rnrn5. Најчесто портретиран лик во хорор филмовите е грофот Дракула, создаден од ирскиот писател, Брам Стокер (1847-1912).6. Најстариот познат американски порнографски филм е „Free Ride“, снимен во 1915 година.rnrn7. Првиот Афроамериканец кој добил главна улога во игран филм е Сем Лукас (1850-1916), во „Колибата на чичко Том“ (1914). Првиот Афроамериканец пак, кој направил богата кариера во филмската индустрија е Нобл Џонсон (1881-1978).rnrn8. Холивудска ѕвезда со најмногу главни улоги во играни филмови е Џон Вејн. Се појавил во 153 филмски остварувања. Актер пак, со најмногу појавувања на филм, без разлика на улогата, е Џон Кередин (1907-1979). Добил дури 230 улоги.rnrn9. Во познатата филмска сцена од „Кум“ (1972), врисокот на актерот Џек Волц е спонтан, бидејќи тој не знаел за отсечената коњска глава во неговиот кревет, која пак била вистинска. Главата од животното била позјамена од страна на компанија за производство на кучешка храна. Ваквата пракса за потребите на филмот, во тој период била легална.rnrn10. Анет Келермен (1887-1975) е првата актерка која се појавила гола во филм. Станува збор за филмот „Ќерка на боговите“ (A Daughter of the Gods, 1916).11. Во 1923 година е поставен првиот знак „HOLLYWOODLAND“ (подоцна скратен само во „HOLLYWOOD“). Знакот чинел 21.000 американски долари.rnrn12. Во филмот „Денот на мртвите“ (Day of the Dead), снимен во 1985 година, зомбијата всушност јадат мисиркини нозе на скара, специјално направени да изгледаат како човечко месо.rnrn13. Тројцата главни актери во „Бунтовник без причина“ (Rebel Without a Cause, 1955) починале прерано. Џејмс Дин загинал во сообраќајна несреќа, Натали Вуд се удавила, а Сал Минео бил избоден до смрт.rnrn14. Првите слики во движење ги направил Томас Едисон. Тој првично се противел на нивното прикажување на големото платно, бидејќи сметал дека гледањето „еден на еден“ би било многу попрофитабилно.rnrn15. Првата Афроамериканка – добитник на Oскар е Хејти Мекданиел, наградена во 1939 година, за најдобра споредна женска улога во филмот „Однесено од виорот“ (Gone with the Wind).16. Првиот филм со заработка од над 100 милиони долари е „Ајкула“ (Jaws, 1975).rnrn17. По тешка битка со цензурата, „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ (1966) станал првиот филм со забрана за публика под 18 години.rnrn18. Во „Птици“ (The Birds, 1963) на Хичкок, истренирани птици биле фрлани директно во актерката Типи Хедрен. За секвенца, неколку од птиците биле врзани за неа со најлонски врвки за да не одлетаат. Снимањето било неколку пати прекинувано за да ù насликаат крв на нејзиното тело и да ù ја искинат облеката.rnrn19. Најпознатата сцена во „Егзорцист“ (The Exorcist, 1937), кога Реган (Линда Блер) ја врти главата за 180 степени, е снимена со кукла. Звукот на кршење на вратот бил произведен со виткање на стар кожен паричник околу микрофон.rnrn20. Адолф Хитлер на неговата „листа за истребување“ го ставил и Џек Ворнер (еден од директорите на студиото „Ворнер брадерс“), заради филмот „Исповеди на еден нацистички шпион“ (Confessions of a Nazi Spy, 1939).21. „Планетата на мајмуните“ (Planet of the Apes, 1968) е филм со најголем буџет за филмска шминка. Изнесува дури 1 милион долари и претставува речиси 17% од вкупните трошоци.rnrn22. Филмот „Светлата на градот“ (City Lights, 1931) во режија на Чарли Чаплин, содржи најмногу, односно 324 филмски кадри во една сцена, со што засега го држи рекордот.rnrn23. Најдолгата филмска сцена е во „Blue Movie“ (1996) на Енди Ворхол, која содржи 35-минути непрекинато водење љубов меѓу Вива и Луис Валдон.rnrn24. Во „Рој“ (The Swarm, 1978) е собрана досега најголемата филмска екипа. Станува збор за 22 милиони пчели „вработени“ од страна на Ирвин Ален.rnrn25. Најскапиот црно-бел филм е „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ (Who’s Afraid of Virginia Woolf, 1966). Вкупните трошоци за него изнесуваат 7.500.000 долари. Причина за тоа биле високите хонорари на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.26. „Викинг“ (Viking, 1931) е филм со најмногу жртви во историјата на Холивуд. При неговото снимање загинале 27 лица, вклучувајќи ги режисерот и кинематографот. Несреќата се случила кога бродот на кој снимале, експлодирал од силен удар во глечер, во близина на Њуфаундленд.rnrn27. Во филмот „Волшебникот од Оз“ (The Wizard of Oz, 1939) биле ангажирани 124 џуџиња. Едно од нив пропаднало во тоалетот на студиото и таму било заробено сè до моментот кога го забележале неговото отсуство.rnrn28. Планетата Вулкан во „Ѕвездени патеки“ (1979) е всушност националниот парк „Јелоустоун“.rnrn29. Сага на самракот: Нова месечина (The Twilight Saga: New Moon, 2009) е филм кој најбрзо стигнал до заработка од 100 милиони долари.rnrn30. Оригиналниот наслов на филмот „Истерувачи на духови“ (Ghost Busters, 1984) бил „Судир со духовите“ (Ghost Smashers).rnrn
Се претпоставува дека поемата „Кога почнав да се сакам себеси“, Чарли Чаплин ја напишал на својот 70-ти роденден, на 16 април 1959 година.rnrnrnrnКога почнав да се сакам себеси,rnсфатив дека секогаш и во секоја приликаrnсум на вистинското место, во вистинското време,rnи дека сè што се случува е така како што треба да биде.rnОттогаш можам да бидам спокоен.rnДенеска знам: тоа се нарекува ВЕРБА.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnсфатив колку може да биде навредливо за некојrnкога се обидувам да му ги наметнам моите желби,rnиако знам дека моментот не е вистински и дека таа личност не е подготвена за тоа,rnпа дури и тогаш кога таа личност сум јас.rnДенеска знам: тоа се нарекува ПОЧИТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnможев да препознаам дека емотивната болка и страдањетоrnсе предупредување да не живеам против сопствената вистина.rnДенеска знам: тоа се нарекува АВТЕНТИЧНОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпрестанав да копнеам за друг животrnи можев да видам дека сè околу мене беше повик за растење.rnДенеска знам: тоа се нарекува ЗРЕЛОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпрестанав да се лишувам од моето слободно време,rnпрестанав да планирам грандиозни проекти за иднината.rnДенеска го правам само она што ми причинува задоволство и радост,rnона што го сакам и заради кое моето срце се смее.rnГо правам на мој начин, со мое темпо.rnДенеска знам: тоа се нарекува ИСКРЕНОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпобегнав од сè што не е здраво за мене,rnод јадења, луѓе, работи, ситуации…,rnод сè што ме влечеше надолу и ме оттргнуваше од самиот себе.rnНа почетокот тоа го нарекував „здрав егоизам“,rnно денеска знам: тоа е ЉУБОВ КОН САМИОТ СЕБЕ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnпрестанав да сакам секогаш да сум во право,rnа на тој начин помалку грешев.rnДенеска знам: тоа се нарекува СКРОМНОСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnодбив да живеам во минатотоrnи да се грижам за мојата иднина.rnЖивеам овде и сега.rnДенеска знам: тоа се нарекува СВЕСТ.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnвидов дека моите мислиrnможат да ме направат мизерен и болен.rnНо, кога моите мисли побараа сила од срцето,rnмојот ум доби важен партнер.rnДенеска знам: тоа се нарекува МУДРОСТ НА СРЦЕТО.rnrnКога почнав да се сакам себеси,rnсфатив дека нема потреба да се плашиме од дискусии, конфликти и проблеми,rnбидејќи дури и ѕвездите понекогаш се судираат,rnно потоа создаваат нов свет.rnДенеска знам: тоа се нарекува ЖИВОТ.rnrn rnrn
Сè уште постојат дилеми, дали ова писмо е навистина напишано од Чарли Чаплин и адресирано до неговата ќерка. Некои велат дека тоа е дело на новинарско перо. Тврдат дека пред 30 години го напишал ирански новинар по име Farajollah Saba и го објавил во весникот во кој пишувал, под наслов „Фантазија“. Но, поголемиот дел се убедени во спротивното.rnrnБез разлика кој од нив е во право, писмото испраќа силна порака, која верувајте, вреди да се прочита…rnrnЧарли Чаплин во филмот „Детето“rnrnМоја девојко,rnrnСега е ноќ, една Божиќна ноќ. Сите невооружени воини во мојата мала тврдина заспаа. Не се будни ниту брат ти, ниту сестра ти. Дури и мајка ти веќе спие. Додека стигнав до оваа полуосветлена соба, за малку ќе ги разбудев заспаните птички.rnrnТолку сум далеку од тебе! Но, нека ослепам, ако твојата слика не е секогаш пред моите очи. Твојата фотографија е овде на масата, блиску до моето срце. Но, каде си ти? Таму во бајката наречена Париз, танцуваш на величенствената театарска сцена на Шанзелизе. Го знам тоа многу добро, но ми се чини дека во тишината на ноќта слушам чекори, ги гледам твоите очи што сјаат како ѕвезди во зимското небо. Слушнав дека твојата улога во овој празничен спектакал е Персиската убавица, заробена од Тартар Кан. Биди убава и танцувај! Биди ѕвезда и блескај! Но, ако ентузијазмот и благодарноста од публиката те опива, ако аромата на цвеќињата те зашеметува, седни во некој агол и прочитај го моето писмо, слушај го гласот на твоето срце.rnrnЈас сум твојот татко, Жералдин!rnrnЈас сум Чарли, Чарли Чаплин!rnrnДали знаеш колку многу ноќи седев до твојот кревет додека беше бебе, раскажувајќи ти приказни за „Заспаната убавица“, „Будниот змеј“…? А кога сонот ќе ми натежнеше на очите, му се смеев и му велев: „Оди си! Јас спијам со мечтите на мојата ќерка!“ Ги видов твоите соништа, Жералдин, ја видов твојата иднина, твојата сегашност. Видов девојка која игра на сцената, самовила која танцува во небото. Слушнав како зборува толпата: „Ја гледате ли оваа девојка? Таа е ќерка на една стара будала. Се сеќавате? Неговото име е Чарли.“ Да, јас сум Чарли! И да, јас сум стара будала!rnrnДенеска е твојот ред. Танцувај! Јас танцував во големи, искинати панталони, а ти танцуваш во свилено фустанче на принцеза. Танците и звукот на аплаузот понекогаш ќе те вивнат до небото. Летај! Полетај таму! Но, врати се на Земјата! Треба да видиш како живеат обичните луѓе, како живеат уличните танчери, кои танцуваат тресејќи се од студ и од глад. Јас бев како нив, Жералдин! Во текот на ноќите, оние магични ноќи кога паѓаше во сон од моите приказни, јас бев буден. Гледав во твоето лице, го слушав отчукувањето на твоето срце и се прашував: „Чарли, дали ова маченце, некогаш ќе те познава?“ Ти не ме познаваш, Жералдин. Сум ти раскажал многу приказни во тие ноќи, но мојата приказна – никогаш. Таа е исто така, многу интересна. Зборува за гладен кловн, кој пее и танцува во сиромашните квартови на Лондон, а потоа собира милостиња… Тоа е мојата приказна! Јас сум го вкусил гладот, знам што значи да бидеш без покрив над главата. И повеќе од тоа, сум ја искусил понижувачката болка на кловнот-скитник, кој во неговите гради имаше бурен океан од гордост, болно повредена од оние кои му фрлаа парички. Но, сè уште сум жив, па ајде да го оставиме тоа.rnrnПодобро да зборуваме за тебе!rnrnЖералдинrnrnПосле твоето име, Жералдин, доаѓа моето – Чаплин. Со ова име, повеќе од 40 години сум ги засмејувал луѓето насекаде. Но, јас повеќе плачев, отколку што тие се смееја! Жералдин, во светот во којшто живееш, не постојат само танцување и музика! На полноќ, кога ќе излезеш од огромната сала, можеш да ги заборавиш богатите фанови, но не заборавај да го прашаш таксистот, кој ќе те однесе дома, за неговата сопруга. И ако таа е бремена, а немаат пари за пелени за идното новороденче, стави му малку пари во џебот. И кажав на банката да ги покрие овие трошоци. За сите останати, плаќај исклучиво на сметка. Од време на време користи го метрото или автобус, оди пеш и истражувај го градот. Гледај во луѓето! Погледни ги вдовиците и сирачињата! И барем еднаш кажи си на себе: „Јас сум иста како нив!“ Да, ти си една од нив, моја девојко. Згора на сѐ! Уметноста, пред да му даде крилја на човекот, најпрво му ги крши нозете. И ако некогаш се почувствуваш многу поважно од твојата публика, напушти ја сцената. Качи се на првото такси и посети го соседството во Париз. Јас го познавам многу добро. Таму ќе видиш многу танчери исти како тебе, дури и многу подобри, пограциозни и со повеќе гордост од тебе. Заслепувачкиот сјај на твојот театар нема да биде таму. Месечината е нивниот рефлектор. Погледни! Гледај внимателно! Зарем не танцуваат подобро од тебе? Признај го тоа, моја девојко! Секогаш ќе постои некој, кој танцува подобро од тебе, кој игра подобро од тебе! И запамети, во семејството на Чарли никој не бил толку груб и дрзок за да се потсмева со таксист или да се поигрува со просјак седнат покрај Сена.rnrnЈас ќе умрам, но ти ќе живееш…Сакам никогаш да не дознаеш што значи сиромаштијата! Заедно со ова писмо ти испраќам и еден празен чек, за да можеш да трошиш колку ќе посакаш. Но, кога ќе потрошиш два франци, не заборавај да се потсетиш дека третата монета не е твоја. Таа мора да му припаѓа на некој странец, на кого навистина му е потребна. А него лесно можеш да го најдеш. Треба само да посакаш да ги видиш тие кутри и сиромашни туѓинци, и ќе ги најдеш насекаде.rnrnТи зборувам за пари, бидејќи имав можност да ја запознаам нивната ѓаволска моќ. Знаеш дека поминав долго време во циркусот и секогаш бев многу загрижен за акробатите (кои се движеа по тенко јаже). Морам да ти кажам дека луѓето полесно и почесто паѓаат кога стојат цврсто на земја, отколку акробатите од нестабилното јаже. Можеби некоја вечер блесокот на најскапиот дијамант ќе те измами. Во истата вечер тој дијамант ќе биде твоето нестабилно јаже, од кое со сигурност ќе паднеш. Можеби убавото лице на некој принц ќе те измами. Во истиот ден ти ќе бидеш неискусен акробат, а неискусните акробати секогаш паѓаат. Не си го продавај срцето за злато и накит, бидејќи најголемиот дијамант е Сонцето. За среќа, тој блеска на лицето на секој човек. И кога ќе дојде времето и ти ќе се вљубиш, сакај со целото свое срце. Ѝ кажав на мајка ти да ти пишува за тоа. Таа ја разбира љубовта повеќе од мене и затоа е подобро таа да зборува со тебе, за неа.rnrnТвојата работа е многу комплицирана. Го знам тоа. Твоето тело е покриено само со мало парче свила. Во име на уметноста, на сцената може да се појавиш дури и гол, но оттаму треба да се вратиш не само облечен, туку и почист. Но, никој и ништо на овој свет не заслужува да ги види дури ни ноктите од стапалата на една девојка. Голотијата е болест на нашето време.rnrnЈас сум стар и моите зборови можеби звучат смешно, но според мене, твоето голо тело би требало да му припаѓа на оној што ќе се вљуби во твојата гола душа. Не плаши се ако твоето убедување на оваа тема е од пред десет години, од времето кое заминува. Не грижи се! Тие десет години нема да те направат постара. Но, како и да е, сакам да бидеш последниот човек, кој ќе стане поданик на островот на голите! Знам дека татковците и децата се во вечна борба! Војувај со моите мисли, моја девојко! Јас не сакам послушни деца.rnrnВо моите очи нема солзи додека го пишувам ова писмо, сакам да верувам дека оваа Божиќна вечер, ќе биде ноќ на чудата. Посакувам да се случи чудо и навистина да разбереш сè што сакам да ти кажам.rnrnЧарли е веќе постар, Жералдин! Порано или подоцна, наместо бела свила на сцената, ќе треба да се облечеш во црно за да дојдеш на мојот гроб. Сега не сакам да те вознемирувам. Само од време на време, погледни во огледалото. Таму ќе ги видиш моите карактеристики. Дури и кога крвта во моите вени ќе се излади, не сакам да го заборавиш твојот татко, Чарли. Јас не сум ангел, но секогаш се стремев да бидам човек. Обиди се и ти.rnrnТе бакнувам, Жералдин.rnrnТвојот, Чарлиrnrn
Чарли Чаплин (Сер Чарлс Спенсер) е меѓу највлијателните луѓе во ерата на немиот филм. Контроверзен и мистичен, тој е легенда на визуелната комедија, мимиката и на фарсата. Бил актер, комичар, режисер, композитор и продуцент. Неговата најпозната улога е „Скитникот“ (The Trump), која на почетокот ја играл во „Kid Auto Races At Venice“.rnrnЗа Чаплин може многу да се зборува, но ние одлучивме акцентот да го ставиме на неговите мудрости и малку да ве потсетиме на неговиот „страшен“ хумор. Како за човек од добата на немиот филм, тој има кажано прилично многу. :-)rnrnПрочитајте дел од цитатите на неповторливиот комичар и погледнете неколку од неговите најпопуларни видеа…rnrnrn
„Погледнете во небото. Никогаш нема да го видите виножитото ако гледате надолу.“
rn
„Сакам да шетам по дожд. Тогаш никој не може да ме види како плачам.“
rn
„Вистинскиот карактер на мажот излегува на виделина кога тој е под дејство на алкохол.“
rn
„Неуспехот е неважен. Потребна е храброст за да направите будала од себе.“
rn
„Нема да се приклучам во ниту еден клуб, кој ќе ме прифати за негов член.“
rnrn
rnrn
„Сè што ми треба за да направам една комедија се парк, полицаец и убава девојка.“
rn
„Ден без смеење е залудно потрошен ден.“
rn
„Ништо не е трајно во овој подмолен свет, па ни проблемите.“
rn
„Претпоставувам дека една од ирониите во животот е правењето погрешна работа во прав момент.“rn
rn
„За да се смеете од срце, треба да сте способни да ја поднесете сопствената болка и да си играте со неа.“
rnrn
rnrn
„Огледалото е мојот најдобар пријател, затоа што кога плачам тоа никогаш не ми се смее.“rn
rn
„Животот може да биде прекрасен ако не се плашите од него. Сè што ви треба се храброст, имагинација и малку пари.“
rn
„Проблемот со светот е тоа што самите себе се презираме.“
rn
„Најтажната работа што можам да ја замислам е да се навикнам на луксуз.“rn
rn
„Очајот е како наркотик. Го води умот во рамнодушност.“
rnrn
rnrn
„Зборовите се евтини. Најголемата работа којашто можете да ја кажете е слон.“
rn
„Човекот е голем, колку што му се големи мечтите.“
rn
„Мојата болка може да биде причина за нечија насмевка. Но, мојата насмевка никогаш не смееда биде причина за нечија болка.“
rn
„Сепак, тешко ми е за немото кино. Убаво беше да се види како жената ја отвора устата, а глас не ù се слуша.“ :-)rn
rn
„Аматери. Тоа сме сите ние. Не живееме доволно долго за да станеме нешто друго.“
rnrnПрвиот тонски филм на Чарли Чаплин е „Големиот диктатор“ (The Great Dictator). Слушнете го неговиот говор во филмот, еден од најдобрите во историјата.rnrn
rnrn
„Јас сум во мир со Бога. Мојот конфликт е со човекот.“
rn
„Мене ми аплаудираат, бидејќи сите ме разбираат. Вам ви аплаудираат, бидејќи никој не ве разбира.“ (адресирано до Алберт Ајнштајн)
rn
„Премногу мислиме, а премалку чувствуваме.“ (Големиот диктатор)
rn
„Мразам театар. Ја мразам и глетката на крв, но таа тече во моите вени.“