КАФЕ ПАУЗА

Tag: чад

  • Како веднаш да се ослободите од мирисот на тутун во вашиот дом?

    Како веднаш да се ослободите од мирисот на тутун во вашиот дом?

    Ако не сте пушач и ви смета мирисот на тутун во вашиот дом имаме неколку корисни трикови како веднаш да се ослободите од непријатниот мирис на цигари.rnrnКако веднаш да се ослободите од мирисот на тутун во вашиот дом?rnrnНепријатниот мирис на чад од цигари кој го исполнува вашиот дом и ви предизвика лошо расположение може да го отстраните на целосно природен начин. Еве неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат да дишете со полни гради. Но, најпрво отворете ги прозорците за добро да проветрите.rn

    Бел вински оцет

    rnБелиот вински оцет е секако еден од најдобрите неутрализатори на чадот од цигари. Подгответе мешавина од бел вински оцет и топла вода, а потоа со крпа избришете ги сите површини. Избришете ги столовите, орманите, полиците и другите делови од мебелот. Исто така може да ги избришете вратите и прозорците. Ако мирисот е премногу силен може да ставите чаша со оцет да стои во собата во текот на ноќта. Доколку не го сакате мирисот на оцет, тогаш помогнете си со следните трикови.rn

    Сода бикарбона

    rnДури и сестраната сода бикарбона може да ве спаси од непријатните мириси. Ставете ја содата во сад и однесете ја во собата каде се пуши. Исто така може да ставите сода по подот од просторијата во која се пушело и да ја оставите да дејствува 24 часа. Потоа едноставно соберете ја со правосмукалка. На овој начин може да се ослободите и од мирисот на цигари на гарнитурата, тепихот или фотелјите.rn

    Заводливиот мирис на цитрусните плодови

    rnБрзо, ефикасно и природно ќе се ослободите од мирисот на тутун и со помош на лимон или портокал. Излупете ги, поделете ги на парчиња и распоредете ги во неколку чинии. Ставете ги во просторијата каде се пушело или низ целиот стан, додека не се исушат. Наскоро просторијата ќе се исполни со пријатен мирис.rnrnАко сакате да одите чекор понатаму, истражете ги и овие природни начини за откажување од пушењето цигари.

  • Овој артист создава неверојатни уметнички дела со помош на оган и чад

    Овој артист создава неверојатни уметнички дела со помош на оган и чад

    Кога станува збор за уметност, можностите се бескрајни. Овој артист од Канада е познат по своите интригантни цртежи направени само од оган и чад, со помош на техниката наречена фумаж. Во видеото кое го објавил на Јутјуб, Стивен Спазук ја покажува својата способност да создаде неверојатни уметнички дела преку различни алатки, вклучувајќи ги и традиционалните четки, пердуви, оган, па дури и скалпели. Со самото гледање на овој процес вие ќе бидете целосно маѓепсани.rnrnrnrnДоколку ви се допаѓа неговата неверојатна работа, погледнете го неговиот портрет, како и дел од неговите најпопуларни дела досега кои вклучуваат различни сцени со птици во кои комплетно ќе се изгубите…rnrn(1) Овој артист создава неверојатни уметнички дела со помош на оган и чадrnrn

  • Моќни возови патуваат низ прекрасни предели

    Моќни возови патуваат низ прекрасни предели

    Моќни парни мотори испуштаат огромни облаци од чад во воздухот, додека патуваат низ неверојатни области ширум светот. Инженерот и фотограф, Метју Малкиевич обожава да патува, но и да ги документира своите искуства од патувањата. Токму затоа тој прави одлични фотографии од возови додека тие се движат по пругата. Во секоја магична сцена, артистот ги повикува гледачите на авантура низ сончевите, снежните или грубите предели со цел да уживаат во патот и да не се грижат за дестинацијата. Погледнете дел од неговата фасцинантна работа…rnrnМоќни возови патуваат низ прекрасни пределиrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативно дизајнирани коверти кои лесно се отвораат

    Креативно дизајнирани коверти кои лесно се отвораат

    Паметните креативци од јапонската компанија „D-BROS“ ги направиле овие кул коверти кои многу лесно се отвораат.Креативно дизајнирани коверти кои лесно се отвораат Навидум личат на стандардни коверти во боја, со мало авионче, автомобил или воз во едниот ќош, но штом го повлечете отвореното јазиче покрај сликичката, ковертот се отвора, правејќи трага од авион, чад од ауспух од автомобил или пареа од локомотива. Отворањето на коверти наеднаш станува забавно и возбудливо. Одлична идеја.Креативно дизајнирани коверти кои лесно се отвораат Креативно дизајнирани коверти кои лесно се отвораат Креативно дизајнирани коверти кои лесно се отвораат Креативно дизајнирани коверти кои лесно се отвораат Креативно дизајнирани коверти кои лесно се отвораат Креативно дизајнирани коверти кои лесно се отвораат
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Распламтените фотографии на Станислав Аристов

    Распламтените фотографии на Станислав Аристов

    Користејќи чкорчиња, оган и чад, рускиот фотограф Станислав Аристов, повеќе познат како Пол Тергејст (Pol Tergejst), ги создава овие магични фотографии полни со детали и дејство, додека истовремено задржувајќи ја нивната едноставност. Цвеќиња, пеперутки, риби, сијалици, па и новогодишни елки се дел од распламтените скулптури на Аристов, кои се производ на многу трпение и умешно чкрапнување на фотоапаратот во вистинскиот момент. За да ги направи фотографиите, тој користи макро леќи, а отпосле и Фотошоп. Сепак, она што е производ на неговото трпение, дисциплина и креативност, е несомнено уметност која одзема здив.Распламтените фотографии на Станислав АристовНа идејата дошол сосема случајно, додека размислувал со каква фотографија да се пријави на претстојниот натпревар.rn
    rn

    „Додека гледав едно чкорче, почнав да размислувам како тоа го претставува животот. Тука е изгорениот дел кој го претставува минатото, чадот кој ги претставува сеќавањата и недопрениот дел од чкорчето – иднината. Огнот е животот. Чкорчињата се многу обични работи, но изгледа дека можат да бидат презентирани на многу необични начини.“

    rn

    Распламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав АристовРаспламтените фотографии на Станислав Аристов


    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Непалските ловци на див мед

    Непалските ловци на див мед

    Собирањето див мед е дел од древните култури на повеќе цивилизации. Дел од научниците тврдат дека тоа било практикувано 13.000 години пред нашата ера. Тврдењата ги поткрепуваат преку бројни цртежи пронајдени на карпите. Во Непал, со собирање див мед луѓето се занимаваат илјадници години наназад. Тоа претставува многу важен дел од непалската култура.Непалските ловци на див медНепалските ловци на див медНекои од локалните жители зависат исклучително од слаткиот улов, односно тој е нивното единствено егзистенцијално решение. Непал е дом на Apis laboriosa, најголемата пчела на планетата. Овој инсект ги гради своите кошници на карпи високи од 2.500 до 3.000 метри. За да стигнат до нив, собирачите на дивиот мед применуваат неколку техники, како плетење скали од јажиња и палење оган…Непалските ловци на див медРитуалот обично започнува со молитва, а како жртва Непалците принесуваат плодови, цвеќиња и ориз. Потоа во основата на карпата се пали огнот чиј чад ги брка пчелите далеку од кошницата и им го олеснува пристапот до слатките пити. Дури тогаш ловците се спуштаат по скалите од јажиња, „вооружени“ со стап и со дрвена корпа, која пак е закачена на друго јаже, чие движење го контролираат останатите ловци на мед во групата. Така оние кои се спуштаат низ карпите, можат да се бранат од пчелите, додека ги кршат парчињата пити со мед.rnНепалските ловци на див медСобирањето на медената реколта се врши два пати во годината, кога ловците организирано тргнуваат кон внатрешноста на Хималаите. Собирањето мед од една колонија им одзема од два до три часа, во зависност од местоположбата на кошницата и од нејзината големина. Едно гнездо може да содржи повеќе од 60 кг мед.Непалските ловци на див медПостојат голем број тур оператори, кои нудат патувања во кои е вклучено набљудување на целата процедура. Маршутите до пчелните кошници и назад се навистина возбудливи, посетителите добиваат можност да допрат до убавината на непалската дива природа. Најпопуларни дестинации се: Bhujung, Nai Chi, Pasgaon, Naya Gaun, Ludhi и Dare.rnНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медСекој кој ќе се осмели да се впушти во оваа авантура, ќе биде воодушевен од брзината и смелоста на ловците, коишто висат од карпите за да заработат за живот. Не е помал ниту восхитот од древните техники, кои до ден денеска се дел од богатата непалска култура.rnНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див мед
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Наргилето полошо отколку 100 испушени цигари

    Наргилето полошо отколку 100 испушени цигари

    Британските експерти предупредуваат дека, наргилето може да биде многу поопасно отколку цигарите. Помеѓу младите луѓе наргилето е особено популарно, меѓутоа Светската здравствена организација предупредува дека една „сеанса“ пушење наргиле може да биде полоша и од 100 испушени цигари.Наргилето полошо отколку 100 испушени цигариСпоред нивното истражување, еден пушач од една цигара во просек вдишува 12 пати, додека во едночасовно пушење наргиле околу 200 пати. Само бидејќи чадот од наргилето мириса многу поубаво од оној на цигарите, не значи дека не ги содржи истите штетни материи. Всушност, наргилето ги содржи истите токсини кои предизвикуваат појава на рак или на некое срцево заболување.rn
    rn

    „Чадот од тутунот содржи голем број канцерогени супстанци кои ги оштетуваат клетките. Само една оштетена клетка може да се подели и размножи неконтролирано, па потоа брзо да доведе до појава на голем тумор. Ова обично се случува при појавата на рак на белите дробови“ – објаснува професорот Роберт Вест, кој ја предводи катедрата за истражување на влијанијата од тутунот на Универзитетот во Лондон.

    rnЕнтузијастите тврдат дека чадот кој проаѓа преку водата е ослободен од многу хемикалии, но сè уште не постојат докази за ваквите тврдења. Исто така, постојат други ризици при пушењето наргиле. Од едно наргиле најчесто пушат повеќе луѓе, при што може да се пренесат и многу други болести, како на пример туберкулоза или хепатитис.Наргилето полошо отколку 100 испушени цигариНаргилето пред многу векови почнало да се користи во Африка, Азија и на Блискиот Исток. Често се продава како сувенир на многу туристички локации, па токму затоа го има насекаде низ светот.rnrnВодата во наргилето го лади чадот и го прави помалку остар, поради што луѓето подлабоко вдишуваат, одошто кога пушат цигара. Исто така, чадот од наргилето е сладок, бидејќи е ароматизиран со некој вкус на овошје, па затоа не го прифаќаме како нешто лошо за здравјето.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Виножито на чад од дувната свеќа

    Виножито на чад од дувната свеќа

    Секој човек е пријатно изненаден кога ќе види виножито на небото после дожд. Но, дали некогаш сте виделе ваков шарен ефект да произлезе од чадот од свеќата која тукушто сте ја дувнале? Фотографот Гровер Скрајер ги направил овие спектакуларни фотографии од виножито кое се создава на врвот од чадот од свеќата, а на ваквото уметничко дело му дал вешто име „Rainbow Fringe“. Овој посветен и упорен фотограф 25 пати се обидувал да ја создаде ваквата фотографија и за него ова била една макотрпна задача, која бара многу прецизна припрема.rnrnВиножито на чад од дувната свеќа
    rn

    Тој ја објаснува сложеноста на оваа техника: „Најтешкиот дел беше да го фокусирам фотоапаратот на вистинскиот дел од чадот. Го ставав фокусот на фитиљот или на врвот од пламенот. Го задржував копчето од фотоапаратот притиснато до половина, ја дував свеќата и го чкрапнував моментот многу набрзина.“

    rnВиножито на чад од дувната свеќаrnrnЗа овие фотографии Гровер користел Fuji Finepix S8100fd камера со блиц и Raynox M-250 макро леќа.rn
    rn

    „Вградениот блиц ми овозможи директно осветлување на чадот, благодарение на што успеав да го уловам прекршувањето на светлосните зраци низ капките восок. Под ниеден друг агол на осветлување немаше да биде видлив ефектот на виножито“ – објаснува тој.


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 причини зошто е тешко да сакате пушач

    10 причини зошто е тешко да сакате пушач

    Пушењето е несомнено лоша навика. Покрај причините кои им се добро познати на сите, редовните пушачи стекнуваат навики кои го менуваат нивниот животен стил, што пак, се одразува на начинот на кој влијаат на другите луѓе, како и на нивното лично здравје и на хигиената. Еве 10 причини зошто е тешко да се сака пушач:rnrn10 причини зошто е тешко да сакате пушачrn

    Пасивно пушење

    rnЕдна од главните причини е пасивното пушење, односно доведувањето на сопственото здравје во опасност, кога сте во присуство на пушач, кој ќе запали цигара и ќе го дува чадот директно во вас. Докажано е дека пасивното пушење може да биде дури и поштетно од активното, па ова може да има огромни последици врз оние кои несвесно го вдишуваат чадот. Ако во вашето семејство или во друштвото имате пушач кој си има навика да запали цигара во присуство на останатите кои не пушат, терајте го да излегува надвор и да го прави тоа настрана од другите.rn

    Смрдливи алишта

    rnЧадот од цигарите има изразита и долготрајна миризба која тешко се ветрее од алиштата. Освежувачите за воздух понекогаш не можат да се изборат со презаситената миризба во просторијата каде што се пуши. По само неколку часа седење со пушачи, дури и ако вие не сте запалиле цигара, за други непушачи ќе делувате како да сте пушеле. Постојаната миризба што ја носат пушачите, може да биде предизвик за нивните партнери непушачи.rn

    Лош здив

    rnКолку и да ги мијат забите и да жабуркаат со течности за уста, пушачите сепак имаат лош здив. Кога се вели дека бакнувањето со пушач е како да бакнуваш пепелник, ова не е многу далеку од вистината. И не е само тоа. Забите на пушачите по некое време стануваат жолти и искривени, непцата се оштетуваат, а може да се појават и други дентални проблеми. Здивот на пушачот во вашата непосредна околина може да биде голем проблем доколку вие сте педантна личност која не поднесува непријатна миризба од устата.rnrn10 причини зошто е тешко да сакате пушачrn

    Скапа навика

    rn Пушењето е скапа навика, но колку скапа, зависи од тоа колку долго личноста пуши и по колку цигари на ден. Ако направите пресметка, може да сфатите дека за една година со тие пари би можеле да купите нов телевизор со најнова технологија. Ако сте во врска или во брак со пушач, редовно правете му пресметка од кои „скапоцени“ работи всушност тој се откажува заради својата навика и колку точно пари фрла во вода на годишно ниво.rn

    Ненадејно исчезнување

    rn Повеќето пушачи имаат неверојатен талент за исчезнување во секоја ситуација што ќе им се види згодна за да вовлечат неколку димчиња. Ова може да претставува проблем на работа, бидејќи колегата може да ви исчезне баш кога ќе ви треба за нешто. На ова се надоврзува и нивната честа потреба за цигара, па паузите на секој час се скоро задолжителни. Но, за среќа, лесно е да ги најдете пушачите. Тие секогаш се во дворот или на терасата каде уживаат во нивната цигара.rnrn10 причини зошто е тешко да сакате пушачrn

    Нерасположение

    rnСте имале прилика некогаш да бидете во присуство на пушач кој не запалил цигара одамна? Подобро би било да не сте го искусиле ова, бидејќи пушач кој не запалил цигара подолго време, станува нерасположен. Кога пушачот апстинира, нивото на никотин во крвта се намалува и тој почнува да копнее за никотин, додека истовремено чувствува главоболка и мачнина.rn

    Лошо однесување

    rnДури и кога пушачот ќе ја земе својата никотинска доза, тој може да има лошо однесување. Од вработениот кој прави пауза за цигара, а има итна задача, до тинејџерот кој сака да им врати на неговите напорни родители, пушачите често имаат инаетливо и песимистичко однесување. Не значи дека сите пушачи се вакви, но оние кои се, се потешки за сакање.rn

    Не сака да се откаже

    rnПушачите тешко се откажуваат од оваа навика. Веројатно зашто цигарите се застрашувачки зависни. Ако сакате да натерате некој близок да ги остави цигарите, голема е веројатноста дека ќе се разочарате. Пушењето е помеѓу навиките со највисок степен на враќање, така што вашиот обид да откажете некого од пушење цигари веројатно ќе заврши неплодно.rnrn10 причини зошто е тешко да сакате пушачrn

    Лошо здравје

    rnПушењето не е здрава навика. Не само што може да ги остави „без здив“ инаку здравите луѓе, туку може да има и многу посериозни последици. Луѓето кои им се блиски пријатели на пушачите го сакаат најдоброто за нив и сакаат тие да бидат здрави, но овие знаат да се инаетат во врска со откажувањето, па ова е уште една причина која го прави сакањето потешко.rn

    Замирисан автомобил

    rnИма нешто уникатно и препознатливо во возилото на пушачот. Миризбата секако. Како што чадот се впива во неговите алишта и во домот, таа изразита миризба е карактеристична и за автомобилот. Оваа карактеристика е уште полоша за непушачите. Влезете во автомобил на пушач. Штом запали цигара и го раздува чадот во затвореното возило, како непушач, веднаш ќе се почувствувате лошо, а од густиот чад кој нема доволно место за да се разбие низ просторот, ниту ќе можете да му го видите лицето на вашиот близок, а со оглед на неговата грда навика, веројатно нема ни да сакате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.