Приказна за единствената кинеска царица, најконтроверзната фигура во кинеската историја, која ќе ве одведе во дамнешни, далечни времиња и ќе ве маѓепса со едноставноста и длабочината.
Наша оценка: 6
rn
Ваша оценка: [ratings]
rnМагична, трогателна и храбра приказна за жената-воин, единствената кинеска царица, владетелка на небото и земјата. Овој роман е инспириран од историскиот лик на кинеската царица Ву, храбра, решителна, паметна и ексцентрична владетелка чија приказна ќе ве инспирира. Меѓу многуте историски ликови на жени кои освојувале царства се вбројува и протагонистот од овој роман на Шан Са, псевдоним на Јан Ни.rnrnОд дете на номади, од царска конкубина, од калуѓерка со ќелава глава, до небесна царица која става цела империја на колена пред неа. Полна со себе, секогаш самоуверена, сепак, колку и да се бори и колку и да има моќ на земскиот свет, може ли да се избори со стареењето, смртта и стравот од заборав?rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrn
„Јас бев Почеток, Извор на изворите. Бев идентитет, корен што ќе стане дрво на вековите што доаѓаат.“
rnПо смртта на нејзиниот почитуван татко, една скромна девојка од династијата Ву, со име Светлина на Празнината, заедно со својата мајка и своите сестри, живее во семејниот клан каде се изложени на непочитување, омраза и презир и се предмет на потсмев. Но, судбината е чудна работа, па така оваа девојка ќе стане дел од гинецеумот каде живеат 10 илјади жени во служба на царот, жедни да станат негови миленици и да се издигнат на посакуваните позиции. Така Светлина станува сведок на ужасни злосторства, мрачни интриги, итри сплетки и немилосрдни планови.rnrnКога стариот цар умира, на престолот застанува неговиот син. Млад, невин, исплашен од големата одговорност, тој крај себе ја сака Светлина на Празнината, која некогаш му беше како сестра. Чувствувајќи грижа на совест што ќе му стане жена на синот на поранешниот цар во чија служба била, Светлина заминува во манастир за да ја исчисти својата душа од гревови. По години минати како калуѓерка со избричена глава, младиот цар конечно ја има за своја жена и ја крунисува за царица. Не ѝ треба многу време за да се ослободи од другите две жени кои исто така имаат место во царевото срце и станува сè посмела, посилна, поиздржлива за на крај да стане незапирлива.rnrnПо смртта на царот, таа станува врховна царица која се бори со своите непријатели, оние кои се обидуваат да ѝ заријат нож во грб. Ги задушува востанијата и бунтовите против неа уште пред да почнат, ги спојува небото и земјата по своја наредба, ја спасува својата земја од глад и работи на важни прашања решавајќи ги успешно државните проблеми. Облеана во раскош и убавина, сепак никогаш не спие мирно знаејќи дека многумина лесно би се осмелиле да ѝ наштетат.rnrnИако се сметало дека мешањето на жената во политиката е скандалозно исто колку кокошка што кукурига наместо петел, оваа кинеска царица со својата тактичност и цврст карактер, ќе ги погази сите сомнежи.rnrn
rn
„Во забранетиот град сите жени се само миризлив прав, независно од тоа дали се убави или грди, интелигентни или глупави, префинети или прости. Сите, без разлика, ги однесува виорот на историјата.“
rnШан Са, доста смело создава свој свет и си дозволува толку интимно да навлезе во животот на единствената и голема кинеска царица, позајмувајќи ја нејзината улога и моќ. Напати едноставна, но истовремено и многу богата со детали, вкусови, мириси и текстури, оваа приказна ќе ве маѓепса со смело раскажување и отворена сексуалност, што за некои може да биде и премногу. Шан Са отворено ќе ви раскаже за авантурите на царицата со други жени и помлади мажи, но еротиката во литературата не е табу тема, напротив нешто што може да се издржи сè додека држи вода со убави и опитни нараторски средства.rnrnПрвиот дел од книгата е волшебен. Ќе седнете да видите за што се работи, да прочитате некоја страна, и пред да се свестите веќе сте прочитале 100 страници. Вториот дел на места е здодевен, што дава впечаток дека Шан Са чувствувала голем притисок, приморана да каже толку многу во еден роман. Па така, вториот дел од книгата во основа е нафрлање историски факти и имиња, сиромашно раскажување и со еден збор незадоволително за да се долови поентата – подоцнежниот период од животот на царицата.rnrn
„Јас сум божурот што се црвенее, дрвото што се ниша, ветрот што шумоли.rnrnЈас сум стрмниот пат што ги води поклониците накај небесната врата.rnrnЈас сум во зборовите, во повикувањата, во солзите.rnrnЈас сум изгореница што прочистува, болка што обликува.rnrnЈас минувам низ годишните времиња и блескам како ѕвезда.rnrnЈас сум меланхоличната насмевка на луѓето.rnrnЈас сум попустливата насмевка на Планината.rnrnЈас сум загадочна насмевка на Оној што го врти Тркалото на вечноста.“
rn
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk




Најскапото јајце Фаберже е таканареченото „Зимско јајце“ (Winter egg), изработено во 1913 година, како подарок за царицата Марија. Тоа е високо 10,2 сантиметри. Направено е од проѕирен кристален камен, покриен со дијаманти, брилијанти и лунарни камења по должината на резбите. Во внатрешноста се наоѓа минијатурна корпа со цвеќе, изработена од платина, злато, бел кварц, жад и од демантоид.
Со падот на царското семејство за време на Руската револуција во 1917 година, производството на јајцата Фаберже влегува во криза. Карл Фаберже бил принуден да ја напушти земјата, по што неговата компанија била национализирана, а царската палата ограбена. По грабежот, болшевиците ги распродале уникатните јајца на приватни колекционери. Во тоа хаотично доба, многу од нив биле и изгубени. Во моментов, дел од зачуваните оригинали можат да се видат во музеите, а дел кај приватните колекционери.rnrnОвие скапоцени производи и ден денеска се произведуваат од страна на правниот наследник на Фаберже, истоименета њујоршка компанија, чиј главен мајстор е Виктор Мајер…















rnrn