КАФЕ ПАУЗА

Tag: цар

  • Поучна приказна: Децата на Неговото Величество

    Поучна приказна: Децата на Неговото Величество

    Царскиот учител, подучувал мечување и духовно учење.rnrnНеговиот дом бил секогаш отворен за бездомници. Тој имал само една наметка, бидејќи поради бездомниците секогаш бил сиромашен.rnrn1-pouchan-prikazna-decata-na-negovoto-velichestvo-kafepauza.mkrnrnГледајќи ги неговите изветвени алишта, Царот му дал пари на учителот да си купи нови. Но, следниот пат кога се сретнале, учителот повторно си ги носел старите.rnrn„До каде е работата со новите алишта, учителу?“ – прашал Царот.rnrn„Со парите набавив алишта за децата на Вашето Величество“ – одговорил учителот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поучна приказна: Царот и бунарот

    Поучна приказна: Царот и бунарот

    Некој моќен волшебник, кој сакал да уништи едно царство, истурил волшебна течност во бунарот од кој пиеле вода сите поданици. Секој што ќе ја пробал, полудувал.rnrnПоучна приказна: царот и бунаротrnrnДо утредента сите жители на царството се напиле вода и полуделе, освен царот и неговото семејство, кои имале посебен бунар само за нив и до кој волшебникот не успеал да стигне. Загрижен, царот се обидел да го држи населението под контрола, воведувајќи цела низа безбедносни и хигиенски мерки; меѓутоа, и жандармите и надзорниците пиеле од затруената вода, па затоа им се чинело дека царевите одлуки немаат никаква смисла и решиле да не ги спроведуваат.rnrnКога жителите на царството дознале за новите закони, помислиле дека полудел нивниот владетел и почнал да издава бесмислени наредби. Разбеснета толпа го опколила дворецот и побарала од царот да се откаже од круната.rnrnЦарот, очаен, бил готов да се откаже од тронот, но кралицата го спречила со зборовите: „Ајде и ние сега веднаш да појдеме до бунарот и да се напиеме вода. Така ќе станеме исти како нив.“rnrnТака и направиле: царот и царицата се напиле од водата на лудоста и веднаш почнале да зборуваат бесмислици. Нивните поданици в мигот се покајале: сега, кога царот зборува толку мудро, зошто да не го остават и натаму да управува со земјата?rnrnИ така царството продолжило да живее во мир, иако неговите жители се однесувале сосем поинаку од своите соседи, а царот управувал со земјата сè до крајот на својот живот.rnrn(Извадок од „Вероника реши да умре“ од Пауло Коелјо)rnrnПоука: Никој не е луд и сите се луди. Лудите се секогаш во малцинство. Мнозинството ги смета за луди оние што размислуваат поинаку, мислејќи дека тие се нормални само затоа што сите размислуваат и прават на ист начин. Во моментот кога лудиот ќе ја прифати филозофијата на мнозинството и ќе се претвори во просечен човек, тогаш тој станува нормален.rnrnПрочитајте „Што е нормално денес“ според Коелјо, извадок од неговиот роман „Победникот останува сам“. Нека ве инспирира да ја преиспитате својата лудост и нормалност.

  • Скапоцените јајцa Фаберже

    Скапоцените јајцa Фаберже

    Историјата на Фаберже започнува со идејата на рускиот цар Александар III, на својата сопруга Марија Фјодоровна да ù подари скапоцено јајце за Велигден. На негово барање, во 1885 година, Петар Карл Фаберже го изработил првиот ваков производ. Со тоа започнала традицијата на царското семејство, за големиот христијански празник да си подаруваат скапоцени јајца. Секое од нив е уникатно, покриенo со дијаманти и со други драгоцени камења.rnrnВо периодот од 1885 година до 1917 година, се изработени вкупно 68 производи во форма на велигденски јајца, наменети за руските цареви и за приватните колекционери. 54 од нив завршиле во рацете на Александар III и на неговиот син Николај II. Секое јајце отсликувало некој настан од руската историја.Скапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаНајскапото јајце Фаберже е таканареченото „Зимско јајце“ (Winter egg), изработено во 1913 година, како подарок за царицата Марија. Тоа е високо 10,2 сантиметри. Направено е од проѕирен кристален камен, покриен со дијаманти, брилијанти и лунарни камења по должината на резбите. Во внатрешноста се наоѓа минијатурна корпа со цвеќе, изработена од платина, злато, бел кварц, жад и од демантоид.Скапоцените Фаберже јајцаСо падот на царското семејство за време на Руската револуција во 1917 година, производството на јајцата Фаберже влегува во криза. Карл Фаберже бил принуден да ја напушти земјата, по што неговата компанија била национализирана, а царската палата ограбена. По грабежот, болшевиците ги распродале уникатните јајца на приватни колекционери. Во тоа хаотично доба, многу од нив биле и изгубени. Во моментов, дел од зачуваните оригинали можат да се видат во музеите, а дел кај приватните колекционери.rnrnОвие скапоцени производи и ден денеска се произведуваат од страна на правниот наследник на Фаберже, истоименета њујоршка компанија, чиј главен мајстор е Виктор Мајер…Скапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајца
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.