КАФЕ ПАУЗА

Tag: брза

  • Брз и едноставен колач за сите пригоди: Ролат од бисквити со кафе

    Брз и едноставен колач за сите пригоди: Ролат од бисквити со кафе

    Ова е колач којшто можете да го приготвите за секоја пригода, затоа што се подготвува брзо и едноставно.rnrnrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 250 грама мелени посни бисквити
    • rn011

    • 175 грама шеќер во прав
    • rn011

    • 200 грама чоколадо, изрендано
    • rn011

    • Свежо подготвено силно црно кафе
    • rn

    rn

    За филот:

    rn

      rn011

    • 60 грама растителен маргарин
    • rn011

    • 75 грама шеќер во прав
    • rn011

    • 1 кесичка ванилин шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДодајте го ренданото чоколадо во мелените бисквити и шеќерот во прав. Измешајте ги состојките и додајте кафе по потреба. Поставете ја смесата на алуминиумска фолија и поделете ја на три дела, а секој дел направете го како тесто со дебелина од 4 до 5 милиметри. Секој од трите дела премачкајте го со тенок фил, ставете ги слоевите еден врз друг и замотајте ги во ролат, па оставете го да се олади.rnrnНапомена: Можете секое ролатче да го замотате посебно, па двата да ги ставите еден до друг, а третиот над нив, на местото каде што се составуваат. Вака склопениот ролат, кога ќе се исече на парчиња, би изгледал како детелина со три листа.

  • Направете си гламурозна превртена пунџа за само 5 минути

    Направете си гламурозна превртена пунџа за само 5 минути

    Кога некој би ви рекол дека за само пет минути можете сами да си направите елегантна фризура, која одговара за секаква прилика, сигурно би биле воодушевени. Но, не станува збор за шега, туку за одличен трик, благодарение на кој со само едно ластиче за коса и шноли за прицврстување, можете да заблескате со оваа гламурозна превртена пунџа.rnrnНаправете си гламурозна превртена пунџа за само 5 минути rn

    Потребно ви е:

    rn

      rn011

    • 1 ластиче за коса
    • rn011

    • Неколку црни класични шноли за прицврстување
    • rn011

    • Лак за коса
    • rn

    rn

    Постапка:

    rnДоколку косата ви е миена истиот ден и е лизгава, напрскајте ја со лак за коса, за да добие тежина. Дигнете ја косата во коњско опавче и врзете ја со ластиче во иста боја како вашата коса. Држејќи го опавчето со едната рака, разлабавете го ластичето малку, повлекувајќи го околу 2-5 см од коренот. Во просторот помеѓу ластичето и главата, раздвојте ја косата, за да формирате „џепче“. Коњското опавче префрлете го преку ластичето и вметнете го во добиениот џеб, така што да се сокрие секое влакно од косата. Добиената пунџа притиснете ја со дланката спрема темето, а со шноличките прицврстете ги останатите непослушни влакна.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастично добра реклама за брза пошта

    Фантастично добра реклама за брза пошта

    Во денешно време клучот за успешна реклама се наоѓа во константното барање свежи методи за креативно претставување на некој продукт или бренд. Иако често, особено во нашава земја, таквите обиди завршуваат со иритирачка и безвкусна реклама, постојат исклучоци на кои треба да им се подаде рака за добро завршената работа.Фантастично добра реклама за брза пошта Една од овие супер интересни и забавувачки реклами е онаа на „FedEx Canada“. На оваа реклама е претставен процесот на испраќање пратка од Монтреал до Мајами, во домино стил.rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.