КАФЕ ПАУЗА

Tag: Бритни Спирс

  • Препеви на познати песни кои ќе ви ги разбудат емоциите

    Препеви на познати песни кои ќе ви ги разбудат емоциите

    Обожавате да слушате акустична поп рок музика? Ако одговорот е да, а вие сè уште не сте слушнале за бендот Бојс Авенју, тогаш дефинитивно ова е вашиот среќен ден. Покрај нивната авторска музика, талентираните момци од овој бенд, фантастично препејуваат многу светски хитови, во кои успеваат да зазвучат и подобро, или во најмала рака, посекси од оригиналните изведувачи.rnrnБојс Авенју е бенд од Флорида, познат по својата акустична основа и мелодичен алтернативен поп рок звук. Составен е од тројца браќа Алехандро, Фабијан и Даниел Манцано. Името на бендот е конструирано од комбинација на имиња на две улици, на кои браќата живееле додека биле деца.rnrnБраќата за првпат се соединиле како бенд во 2004 година откако Алехандро (водечки вокал, гитарист и пијанист), Фабијан (гитарист и вокал) и нивниот постар брат Даниел (бас, вокал и ударни инструменти) ги постигнале своите поединечни цели за образование. И покрај тоа што музиката била секогаш дел од нивните животи, а и нивна колективна цел, сепак стекнување високо образование било исто така важно за браќата. Откако дипломирал право на Харвард, најстариот брат Даниел се преселил во Флорида кај неговите браќа Фабијан и Алехандро, кои тогаш посетувале настава на Универзитетот во Флорида. Тогаш, браќата продолжиле да создаваат музика и да одржуваат локални „тезги“, со што ги направиле првите чекори кон постанување вистински бенд.Препеви на познати песни, кои ќе ви ги разбудат емоциитеВо 2007, со цел да ја споделат нивната музика и идеи со светот, Бојс Авенју започнаа да снимаат и постираат музички видеа на Јутјуб  од нивните песни, како и препеви на денешни и постари хитови од други изведувачи. Некои од првите видеа кои тие ги постираа, вклучително и акустични препеви на Џастин Тимберлејк – Лавстоунд, Ријана – Амбрела и Колдплеј – Вива ла Вида, веднаш беа кликани од посетители на Јутјуб.rnrnВо периодот од 2007 до 2008 година, песните на Бојс Авенју беа погледнати милиони пати, а на нивниот Јутјуб канал собраа 100.000 следачи. Денес, бендот има вкупно над 310.560.748 гледања на Јутјуб, а бројот на следачи на нивниот канал изнесува над 649.000, што го прави светски популарен Јутјуб-канал. Во текот на овој период бендот продолжи да создава оригинална музика, која прерасна во деби албум издаден во 2008, а насловен „All You’re Meant To Be“. Нивниот втор албум насловен „All We Have Left“, излезе на 15 јуни 2010.rnrnОвој бенд се прослави со препевите на познати песни од Колдплеј, Ријана, Бруно Марс, Ју ту, Џастин Тимберлејк, Леона Левис, Лејди Гага, Бритни Спирс, Пинк, Кети Пери, Трејси Чепман, Мајкл Џексон и други. Сега тие одржуваат турнеи низ државите на САД и Европа.rnrnУживајте во нашата селекција препеви од Бојс Авенју:rn
    rn

    Perfect – Pink

    rn

    rn

    Only Girl in the World – Rihanna

    rn

    rn

    Lovestoned – Justin Timberlake

    rn

    rn

    Teenage Dream – Katy Perry

    rn

    rn

    Just Can’t Get Enough – Black Eyed Peas

    rn

    rn

    Grenade – Bruno Mars

    rn

    rn

    Дуети

    rn
    rn

    With Or Without You – U2 (Boyce Avenue & Kina Grannis)

    rn

    rn

    Airplanes – BoB & Hayley Williams (Boyce Avenue & DeStorm)

    rn

    rn

    Мешавина од две песни

    rn
    rn

    What Goes Around/Rehab – Justin Timberlake/Rihanna

    rn

    rn

    Circus / Just Dance – Britney Spears/Lady Gaga

    rn

    rnДоколку сакате да ги слушнете оригиналните песни на Бојс Авенју, како и други нивни препеви, посетете го нивниот популарен Јутјуб-канал и почувствувајте ја музиката со вашето срце.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Новата вила на Бритни Спирс

    Новата вила на Бритни Спирс

    Американската пејачка, Бритни Спирс живее во областа Калабасас, Лос Анџелес или поточно во вила која е проценета на 8,9 милиони американски долари. Но очигледно на богатата пејачка и било претесно во неа, па дала учество за купување нова, уште поголема куќа, која чини 20 милиони долари, а се наоѓа на само неколку километри од старата. Во оваа приватна населба, соседи на Бритни ќе и бидат Џенифер Лопез, Озборнови и семејството Кардашијан.rnНовата вила на Бритни СпирсНовата вила на Бритни СпирсНовиот имот се наоѓа на простор од 3 ара, а куќата е распослана на 1.860 метри квадратни. Вилата има 10 спални соби, 13 купатила, а во сите има дрвен под. Една од детските соби е обоена розово, па Бритни ќе мора да се погрижи да ги задоволи вкусовите на нејзините 2 сина кои во новата куќа ќе добијат и цела соба за забава и играње.rnНовата вила на Бритни СпирсНовата вила на Бритни СпирсНовата вила на Бритни СпирсНовата вила на Бритни СпирсНовата вила на Бритни СпирсНовата вила на Бритни СпирсВо дворот има тениски терен, неколку џакузија, прекрасна градина и базен со пештери и водопад.Новата вила на Бритни СпирсНовата вила на Бритни Спирс