КАФЕ ПАУЗА

Tag: бомба

  • Нема да верувате што преживеало ова бонсаи дрвце

    Нема да верувате што преживеало ова бонсаи дрвце

    Доколку дрвата би можеле да зборуваат, ова бонсаи дрвце познато како „Hiroshima Survivor“, ќе имаше многу приказни да раскаже. Ова јапонско растение, старо неверојатни 388 години, преживеало разни настани, лоши и добри. Веројатно највпечатлив е фактот што тоа ја преживеало атомската бомба на Американците која го уништила јапонскиот град Хирошима, во 1945 година.Нема да верувате што преживеало ова бонсаи дрвцеЛоцирано кај фамилијата Јамаки, на само 3 км оддалеченост од местото каде што експлодирала бомбата, белиот бор бил зачудувачки спасен, со оглед на тоа што парчиња стакло летале кон имотот, како резултат на експлозијата. За среќа, семејството Јамаки поминало без трајни повреди, a дрвцето останало неоштетено. Од бомбата во Хирошима умреле околу 80.000 луѓе и најмалку уште 50.000 умреле истата година, како резултат на радијацијата. Три дена подоцна уште една бомба била фрлена во Нагасаки, но ова дрвце било посилно од сè!Нема да верувате што преживеало ова бонсаи дрвцеОва дрвце првпат било засадено во далечната 1625 година, а потекнува од јапонскиот остров Мијаџима и има голема вредност, со оглед на тоа што е многу ретко. Во 1976 година, експертот за бонсаи, Масару Јамаки, го подарил ова орнаментално дрвце на Американците, по повод 200-годишнината од независноста на САД од Велика Британија. До оваа година Јапонците и Американците живееле во мир и добри односи, веќе три декади.Нема да верувате што преживеало ова бонсаи дрвцеДенес „Hiroshima Survivor“ е редовен жител на Јапонската колекција на бонсаи, во музејот „National Bonsai & Penjing“, во Вашингтон. Со својата богата историја и преживување низа настани, ова бонсаи дрвце, кое е најстаро во колекцијата, привлекува многу посетители во својот нов дом во Америка.Нема да верувате што преживеало ова бонсаи дрвце
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Опасни и секси: „убиствени“ девојки од филмското платно

    Опасни и секси: „убиствени“ девојки од филмското платно

    Забавно е да го гледате Џејсон Стејтам како крши вилици во „Транспортер“ или како Џет Ли сам против сите врти мечеви во „Херој“, но момците од Холивуд дефинитивно се надминаа себеси кога во акцијата воведоа и убавина. Па наместо да го гледаме пионерот на хемијата Ван Дам или момчето со репот, на екраните пред нас ги имаме опасните нимфи кои дури и да нè истепаат, не би приговарале. На овој начин секој маж ги добива двете омилени работи кои ги бара од филмовите: насилство и секс, на едно место.rn
    rn

    Фокси Браун  – Пам Гриер во „Фокси Браун“

    rnХоливудските постери често се хиперполизирани. Но, одвреме-навреме знаат баш да ги погодат. Таков е случајот со постерот на „Фокси Браун“ кој ја прикажува оваа опасна жена во нејзините вистински бои. Фокси е паметна, дрска, независна, феминистка, да те фати глава колку е секси, а истовремено и јака и смртно опасна со пиштол во рака. Или со зборовите на Тарантино: „Таа е кралица на сите кралици. Суперлоша!“Опасни и СексиОпасни и Сексиrn

    Сара Конор – Линда Хамилтон во „Терминатор“

    rnСара Конор е една од најугледните филмски хероини. Нејзината генијалност лесно можеме да ја видиме во сцените каде што бега од лудница само со спајалица која ја чува во уста и користи луѓе како штит кога ќе се најде во тесно. И колку и да паѓам на оскудно облечени жени со големи гради и перфектна коса, како и секој друг тестостеронски поединец, го обожавам фактот што Сара Конор не ја интересира ништо друго освен уништување роботи и спасување на човештвото. Нема тука место за романтики, само оружје доволно за една пристојна револуција, неколку штеки цигари и многу пцуње. Мора да ја сакате!Опасни и СексиОпасни и Сексиrn

    Фокс – Анџелина Џоли во „Баран“

    rnВкусно тетовирана, опасна со пиштол како никој пред неа, со коса која изгледа како штотуку да излегла од салон, Анџелина Џоли е опасна бомба играјќи ја улогата на Фокс во „Баран“.  Една од нејзините најжешки улоги дефинитивно, во која веројатно единственото нешто што е поопасно од нејзиниот „закривен куршум“ е нејзиниот поглед. Фокс поседува каскадерски вештини позади воланот и бестрашна способност да пука од автомобил во движење со леснотија и јога-флексибилност. За сите оние кои го гледале филмот или барем трејлерот, кадарот во кој го гледаме голиот тетовиран грб на Џоли како сјае е оној кој горе-долу ја дефинира сликата за тоа како треба да изгледа една „бед ес женска“.Опасни и СексиОпасни и Сексиrn

    Тринити – Кери-Ен Мос во „Матрикс“

    rnАко Нео е избраниот, тогаш Тринити е дефинитивно „неговата девојка за сè“. Кратка коса, темни очила, тесно црно латекс-одело и многу часови поминати со тренинг-програмите на Матрицата. Нејзината виртуелна моќ не познава граници, а карактерот и љубовта кон Нео ја прават бескомпромисна и незапирлива. Да сме начисто, без неа патот на Нео ќе беше многу, многу потежок.Опасни и СексиОпасни и Сексиrn

    Беатрикс Кидо – Ума Турман во „Убиј го Бил“

    rnБеатрикс Кидо („Невестата“) е безмилосна убица која ги елиминира своите мети со смртна прецизност. Нејзината катана е практично човечки блендер, кога ќе ја извади од својата футрола, скоро сигурно ќе видите гејзери од крв, раце и нозе без сопственици и по некој исплескан гaз.rnrnБеатрикс ја прави својата листа и не запира додека сите имиња на неа не се пречкртани. Борба со нож со експертка за сечила? Проверено! Крвав маскембал со 88 лудаци со самурајски мечеви? Проверено! Тепачка во камп-приколка со отровна змија и нејзината сопственичка? Проверено! И на крај, секако финалната пресметка со Бил лично. Без разлика колку насилни и садистички стануваат нејзините пориви, до самиот крај ние сме на нејзина страна. Плус, тесни фармерки или „игра на смртта“ моторџиско одело, едно мора да се признае. Невестата се одмаздува со стил. Многу е тешко да ѝ одолеете…Опасни и СексиОпасни и Секси
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што сè имаме научено од филмовите

    Што сè имаме научено од филмовите

    Скоро сите луѓе уживаат во добар филм. Различните жанрови ни овозможуваат, зависно од расположението, секогаш да го одбереме оној кој во дадениот момент најмногу ни одговара. Но, колку и да изгледаат реално и вистинито, многу работи во филмовите всушност се смешни доколку малку помислиме на нив. Сепак, скоро секогаш ги прифаќаме како такви. Ова се само мал дел од нив.rnrnШто сè имаме научено од филмовитеrn

      rn011

    • Чесните и работливи полицајци секогаш загинуваат три дена пред да одат во пензија.
    • rn011

    • Колку и да е гужва во барот, секогаш има празно место пред шанкерот, кој цело време брише чаши и чека некој да нарача пијачка.
    • rn011

    • 1 милион долари во кеш секогаш пополнуваат точно една актовка.
    • rn011

    • Мајките секое утро приготвуваат јајца, сланина и свежо цеден сок од портокал, но мажот и децата секогаш имаат време да се напијат само по една голтка од сокот.
    • rn011

    • Кога некој се вози со такси, не ни погледнува колку откуцал таксиметарот, туку веднаш посегнува по првата банкнота која се наоѓа во паричникот и плаќа, притоа не чекајќи го ни кусурот.
    • rn011

    • Доколку доволно добро се потрудите, можете со трчање да избегате од експлозија.
    • rn011

    • Со едно фрлено шкорче на земја, може да се запали цела зграда голема колку стадионот „Вембли“.
    • rn011

    • Секогаш можете да се паркирате пред зградата кон која сте се упатиле.
    • rn011

    • Детективот секогаш го решава случајот кога е суспендиран од страна на својот претпоставен.
    • rn011

    • Ајфеловата кула се гледа од кој било прозорец во Париз.
    • rn011

    • Машките никогаш не чувствуваат болка, дури и кога се наоѓаат во најстрашната тепачка, но не можат да издржат и врескаат кога некој им ги чисти раните.
    • rn011

    • Секогаш кога некој во рацете има ќеса со намирници, во неа мора да има барем еден француски багет.
    • rn011

    • Автомобилите и камионите кои ќе се удрат некаде, скоро секогаш експлодираат.
    • rn011

    • Еден човек сам има поголеми шанси да утепа 20 луѓе кои пукаат кон него.
    • rn011

    • Вентилацијата во зградите се секогаш перфектно чисти, само може да налетате на некој стаорец.
    • rn011

    • Преку кој било компјутер можете да го пробиете системот на американската тајна служба.
    • rn011

    • Со каква било шнола можете да се ослободите од полициски лисици.
    • rn011

    • Бомбите секогаш се деактивираат пред истекот на последната секунда.
    • rn011

    • Колку силно и да трчате низ шумата, убиецот секогаш ќе успее да се најде пред вас.
    • rn011

    • На жените кои се наоѓаат сами во куќа, а надвор има невреме, најчесто нешто лошо ќе им се случи.
    • rn011

    • Можете да обиете врата со помош на кредитна картичка.
    • rn011

    • Кога две лица од спротивен пол, од самиот старт не можат да се поднесат, на крајот на филмот ќе завршат среќно заљубени.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.