КАФЕ ПАУЗА

Tag: блуз

  • Македонски хип хоп зачинет со примеси на блуз, џез и алтернативен рок

    Македонски хип хоп зачинет со примеси на блуз, џез и алтернативен рок

    Групата „Скопски метеж“ се состои од двајца членови, gog0 и s.u.k.93, како што се претставуваат Горан Матески и Глигорије Глигоров, а постои околу 4 години. Тие неодамна го објавија својот прв видезапис за песната Духот на градот заедно со Тања Б.rnrnrnrnНивната музика е многу уникатна мешавина од хип хоп, блуз, џез и алтернативен рок. Тие досега имаат реализирано бројни настапи и еден албум, а веќе работат на нов и на снимање уште 3 видеоспотови.rnrnМакедонски хип хоп зачинет со примеси на блуз, џез и алтернативен рок
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џенис Џоплин – моќен глас и брилијантен ум

    Џенис Џоплин – моќен глас и брилијантен ум

    Со нејзиниот моќен глас и бунтовен карактер, кралицата на блузот Џенис Лин Џоплин за само четири години кариера остави длабока трага во историјата на музиката. Џоплин важи за еден од најдобрите женски вокали на сите времиња. Тексашкиот бунтовник прерано ја заврши својата музичка кариера и не успеа докрај да му ги наметне своите прогресивни ставови на општеството. Алкохолот и дрогата брзо го згаснаа нејзиниот живот. Во историјата замина на 27 години, кусо по смртта на легендарниот Џими Хендрикс.rnrnЏенис Џоплин – моќен глас и брилијантен ум
    rnrn

    „Би ја менувала иднината за вчера.“

    rn

    „Не компромитирај се себеси, ти си сè што имаш.“

    rn

    „Јас сум само една од оние обични, чудни луѓе.“

    rn

    „Мораш да го зграбиш, додека можеш.“

    rn

    „На сцената, водам љубов со 25.000 различни луѓе, а потоа заминувам сама дома.“

    rnrn
    rn

    „Да се биде интелектуалец, значи создавање многу прашања, без одговори. Можеш да го преполниш животот со безброј идеи, а сепак, да одиш сам дома. Сè што навистина имаш, и е важно се чувствата. Тоа е музиката за мене.“

    rn
    rn

    „Грижејќи се за иднината, можеш да ја уништиш сегашноста.“

    rn

    „Секогаш сакав да бидам уметник, што и да значи тоа, како што другите девојки сакаа да станат стјуардеси. Читав. Цртав. Мислев.“

    rn

    „Не можам да зборувам за мојата музика, јас сум внатре во неа. Како можете да опишете нешто однадвор, кога сте внатре во него?“

    rn

    „Слободата е само уште еден збор за тоа дека нема што да загубиш…“

    rnrn
    rn

    „Сега, кога сум тука, каде сум?“

    rn

    „Ниту еден маж не направил да се чувствувам толку добро, како што тоа го прави публиката.“

    rn

    „Знаете ли зошто сме заглавени со митот дека само обоените луѓе имаат душа? Затоа што белите луѓе не им се препуштаат на чувствата.“

    rn

    „Кога пеам се чувствувам како кога првпат се вљубив. Тоа е повеќе од секс.“

    rn

    „Публиката сака и очекува блуз-пејачите да бидат очајни и мизерни.“

    rnrn
    rn

    rn

    „Како што откривме во возот, утре всушност никогаш не се случува. Секој нареден ден е ист како претходниот.“

    rn

    rn

    rn

    „Зошто треба да се враќам наназад и да звучам медиокритетски, само за да можам да звучам исто и по 20 години.“

    rn

    rn

    rn

    „Глупости, животна средина!?“

    rn

    rn

    rn

    „Бидејќи тие не се тоа што го нарекуваме ритам.“

    rn

    rn

    rn

    „Ќе биде долго и тешко патување, но ќе успееме.“

    rn

    rnrn
    rn

    rn

    „Мислам, премногу мислам, затоа пијам.“

    rn

    rn

    rn

    „Жива закопана во блуз.“

    rn

    rn

    rn

    „Требаше да бидам на насловната страница на ‘Newsweek’, но почина претседателот Ајзенхауер. Четиринаесет срцеви удари, а мораше да умре баш во мојата недела.“

    rn

    rn

    rn

    „Татко ми никогаш не би ни купил телевизор, тој не би дозволил да има телевизор во куќата.“

    rn

    rn

    rn

    „Уморна сум од сите овие хипи-глупости.“

    rn

    rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn

  • Блуз и три коцки мраз

    Блуз и три коцки мраз

    Автор: Анаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnКој би рекол дека таа умее така прекрасно да танцува? Старото радивце беше вклучено и насекаде низ станот се разлеваа звуци на блуз… Како тој да ги пиеше нејзините грациозни движења со своите жедни очи, желни за уште и уште. Ја гледаше неуморно додека цигарата му гореше меѓу прстите, а вискито стоеше на масата. Таа се насмевна заводливо и во меѓувреме ја виде желбата во неговите очи и реши…Блуз и три коцки мраз.rn

    „Ќе танцувам цела вечер, сè додека тој сака, сè додека тој не ме замоли да престанам. А потоа ќе се препуштам на ноќта, ќе ù дозволам таа да се погрижи за останатото…“

    rnКако да стана неподносливо жешко во премалиот стан, што од нескротливата желба, а што од страста што гореше секаде околу нив. Тој со брзо и отсечно движење посегна кон масата и си стави три коцки мраз во вискито. Испи две-три голтки и повторно ја врати чашата на старото место. Таа бавно се приближуваше кон него, а потта се слеваше насекаде по нејзиното тело. Очите ù беа како дијаманти кои сјаеја непрестајно во бескрајната ноќ…rnrnСе гледаше дека и обајцата гореа од желба да бидат заедно, да се спојат во едно и никогаш да не се разделат. Нивните погледи го покажуваа тоа, а и говорот на нивните тела. Сè уште се слушаше стариот блуз од радивцето, но девојката престана да танцува. Ја подотвори устата со цел да изусти нешто, нешто што одамна требаше да биде кажано, а остана скриено, како тајна во нивните срца што чукаа едно за друго.rn.rn

    „Ах, драга моја, нема потреба од зборови. Ти си тука, а јас сум до тебе. Зар можеме да посакаме нешто друго?!“ – ù се обрати тој нежно покривајќи ù ги усните со неговата рака.

    rn

    „Не, остави ме да го кажам она што одамна го чувам недокажано… Знаеш ли колку долго ја чекав оваа ноќ кога повторно ќе бидеме заедно, колку ноќи го сонував истиот сон… Загаснати светла, твојот стан и тивки звуци на блуз. Ти, потпрен на старата фотелја, виски во раката, а во него – три коцки мраз. rnrnПотоа доаѓам јас и танцувам, танцувам сè додека не паднам на нозеве од умор и сè додека зората не ме разбуди. И иако можеби не те познавам толку долго време и имам поминато само една ноќ со тебе (можеби безвредна за другите, но проклето вредна за мене), јас сепак мечтаев за уште една таква ноќ кога повторно ќе ти се предадам не размислувајќи… зошто и како.“

    rnВо моментот кога и последните зборови излетаа од нејзината уста, тој почна страсно да ја бакнува, насекаде и без престан. Не можеше да се воздржи, тој толку многу ја посакуваше, а и таа него… А и мислата дека можеби веќе никогаш нема да ја види и да го почувствува оној мирис на ванила на нејзината кожа, го тераше сè повеќе да се препушти на моментот и да ужива во него… Зашто истиот можеше да му е последен.rnrnСе зазори, веќе стана утро. Тој само што се разбуди, а таа не беше веќе крај него. Другата страна на креветот беше празна. Тој како да се насмевна, можеби со надеж дека повторно ќе ја сретне „неговата газела на ноќта“, која како да ја имаше моќта да ги направи и најневозможните работи – возможни… Мирисот на кафе и свежо лиснато тесто допираа до него од кујната. Кафето беше сè уште топло… Изгледа таа си заминала пред малку, но не сакала да го разбуди. Имаше и порака на масата.rn.rn

    „Ти направив кафе и ти купив лиснато тесто, пред да заминам… Шприцнав и неколку капки од мојот омилен парфем од ванила во твојата соба, со надеж дека ќе се задржи што подолго и ќе те потсетува на мене… Ти благодарам на прекрасната ноќ за која имам преголема желба да се повтори, а и ти го знаеш тоа… А, ако веќе никогаш не се вратам, сепак, чувај ја оваа порака и секогаш кога ќе ти недостасувам – посегни по неа и ќе ме најдеш мене во неа. rnrnСè најдобро, твојата ноќна газела.“

    rnTој само воздивна и промрморе…rn

    „Ах, драга, да знаеш дека ќе те чекам, вечно ќе те чекам да се вратиш… и да останеш со мене.“rn

    rnИ така, ноќта си замина, трите коцки мраз беа одамна стопени, а вискито испиено. Звуците на блузот повеќе не допираа до него, тие како да беа изгубени во ноќта која пребргу си замина и ја однесе грациозната танчерка со неа… Сега, кога веќе не постоеше ништо како остаток од таа прекрасна вечер, остана нивната љубов, да живее засекогаш.rnrnА, таа никогаш не се врати. Само остана да живее во неговото срце, како бескраен спомен кој никогаш нема да се избрише…rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.