КАФЕ ПАУЗА

Tag: Блејк Лајвли

  • Познатите на својата матурска вечер

    Познатите на својата матурска вечер

    Матурската вечер е многу важен настан за сите тинејџери. Тоа е прослава кога сите девојки се обидуваат да изгледаат како принцези во своите фустани, а момчињата како вистински мажи во кошули и одела. Но, поради преголемиот труд околу оваа вечер, неколку години подоцна, разгледувајќи ги старите фотографии, речиси секој се кае за модниот избор којшто го направил. Дури ни познатите не се имуни на овој мал, личен кошмар. Засрамувачките матурски фотографии се чуваат вечно, но радувајте се што барем вашите не се расфрлани по целиот интернет. :)rnrn

    Познатите на својата матурска вечер
    Блејк Лајвли
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Бред Пит
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Бритни Спирс
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Бруно Марс
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Џенифер Анистон
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Џесика Алба
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Џорџ Клуни
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Ештон Качер
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Ферги
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Лејди Гага
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Мишел Обама
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Натали Портман
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Ријана
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Рис Витерспун
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Сандра Булок
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Телјор Свифт
    rnrn
    Познатите на својата матурска вечер
    Ашер

  • Филм: Дивјаци (Savages)

    Филм: Дивјаци (Savages)

    Филм за борбата на едно пријателство против бруталните мексикански нарко-картелиrnrnФилм: Дивјаци (Savages)Режија: Оливер СтоунrnrnУлоги: Тејлор Кич, Арон Тејлор-Џонсон, Блејк Лајвли, Бенисио Дел Торо, Селма Хајек, Џон ТраволтаrnrnВреметраење: 131 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 6 јули 2012rnrnЖанр: криминалистички трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn

    Од информативните емисии веројатно знаете колку се брутални мексиканските нарко-картели кога некој им се спротивставува. Има киднапирања, убиства, отсечени глави и сите останати грозоморни дела кои можете да ги замислите. Никој не е амнестиран. Жртвите варираат од обични препродавачи на дрога, па сè до полицајци, судии, јавни обвинители и политичари. Овој филм раскажува приказна во која двајца луѓе ќе застанат против ваквата смртоносна машинерија во име на едно пријателство.Филм: Дивјаци (Savages)Филм: Дивјаци (Savages)Чон (Тејлор Кич) и Бен (Арон Тејлор-Џонсон) се двајца одгледувачи на многу квалитетна марихуана кои од заработката живеат комотен живот на брегот на Калифорнија. Покривот го делат со нивната најдобра пријателка и заедничка девојка Офелија (Белјк Лајвли). Додека си го живеат идиличниот живот, ќе добијат видео клип со луѓе на кои некој им ги сече главите. Тоа е испратено од Ладо (Бенисио Дел Торо), главниот извршител на еден мексикански картел кој сака бизнисот да го шири преку границата. Тие ќе бидат повикани кај раководителите на картелот кои сакаат партнерство со нив, но знаејќи како работат тие, Бен и Чон ќе одбијат.Филм: Дивјаци (Savages)Свесни дека Мексиканците нема да застанат овде и ќе тргнат по нив да ги убијат, двајцата прават планови за бегство во Азија. Ќе ѝ кажат на Офелија дека планираат да ја земат со себе без да ѝ ги кажат причините за заминувањето. Но, пред самото заминување таа ќе биде киднапирана од картелот. Бен и Чон ќе добијат видео повик од водачот на картелот Елена Санчез (Селма Хајек), која ќе ги извести дека Офелија ќе остане во заложништво една година, период во кој тие двајца треба да работат за нив, а во спротивно таа ќе биде убиена. Тие двајца немаат избор освен да ги слушаат наредбите на Санчез, но во исто време ќе коваат планови за ослободување на Офелија. Оттука почнува битката на Давид против Голијат, двајцата најдобри пријатели против дивјаците од моќниот мексикански нарко-картел.Филм: Дивјаци (Savages)На „Дивјаци“ (Savages) не му недостигаат сцени кои ја отсликуваат нечовечноста во светот на бизнисот со дрога. Ова особено се чувствува во оние сцени каде што се појавува Ладо, ликот на Бенисио Дел Торо кој во овој филм дава перформанс за паметење.Филм: Дивјаци (Savages)Дејството е полно со пресврти. Тоа може да го задржи вашето внимание повеќе од два часа, при тоа не можејќи да претпоставите каков ќе биде крајот. Дефинитивно еден од највозбудливите кои се појавија во 2012 година, ова е филм кој не би требало да го пропуштите.Филм: Дивјаци (Savages)


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најпопуларни фризури на сите времиња

    10 најпопуларни фризури на сите времиња

    Автор: Теодора Трповска

    rn

    Не е никаква тајна дека повеќето од нас честопати „крадат“ совети за убавина од познатите. Кога станува збор за фризурите, и на момците и на девојките им се случува да отидат на фризер со фотографија од нивните омилени актери и да побараат од фризерот да им направи токму таква фризура.

    rn

    Погледнете ги десетте најинспиративни фризури на познатите, на сите времиња.

    rnrnrn

    10 најпопуларни фризури на сите времиња
    Фара Фосит
    rnrn
    10 најпопуларни фризури на сите времиња
    Џенифер Анистон во улогата на Рејчел Грин
    rnrn
    10 најпопуларни фризури на сите времиња
    Принцезата Дијана
    rnrn
    10 најпопуларни фризури на сите времиња
    Викторија Бекам
    rnrn
    10 најпопуларни фризури на сите времиња
    Мишел Обама
    rnrn
    10 најпопуларни фризури на сите времиња
    Миа Фероу
    rnrn
    10 најпопуларни фризури на сите времиња
    Мег Рајан
    rnrn
    10 најпопуларни фризури на сите времиња
    Мерлин Монро
    rnrn
    10 најпопуларни фризури на сите времиња
    Блејк Лајвли
    rnrn
    10 најпопуларни фризури на сите времиња
    Дани Миног
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.