КАФЕ ПАУЗА

Tag: бизнисмен

  • Заљубени сте во бизнисмен? Еве со кои работи ќе морате да се соочите!

    Заљубени сте во бизнисмен? Еве со кои работи ќе морате да се соочите!

    Сакате да се состанувате со бизнисмен? Ова може да биде проблем доколку и самите не сте впуштени во тие води, затоа што морате да бидете свесни за нивниот посебен начин на живот, нивната брзина, одговорност, навики и друго. Еве со што ќе се соочите доколку вашиот избраник е некој бизнисмен.rnrnЗаљубени сте во бизнисмен? Еве со кои работи ќе морате да се соочите!rnrn1. Никогаш нема целосно да биде ваш. Морате да сфатите дека кога некој ги вложува своите години, пари и сета своја енергија во одредена работа, тој на истата гледа како на свое дете. Работата и парите ги опседнуваат луѓето, па исто како и со децата, така и на нив треба постојано да се внимава.rnrn2. Тие читаат многу за бизнисот и личниот развој. Бизнисмените ретко доаѓаат до точка каде што се целосно задоволни со својот прогрес. Тие секогаш сакаат да напредуваат сѐ повеќе и повеќе. Нивните полици им се преполни со инспиративни и иновативни книги, а телефонот им е преполн со такви текстови и документи.rnrn3. Понекогаш им е многу тешко да се оттргнат од работата. Кога поседуваат сопствен бизнис, за овие луѓе не важи правилото дека работата останува за на работното место. Тие постојано имаат нешто да направат, а тешко е да им се објасни дека треба да остават сѐ барем накратко и да се одморат.rnrn4. Тие речиси за сѐ се прашуваат дали е вредно за нивното време. Тие никогаш немаат време, нивната агенда постојано е полна и многу им е важно залудно да не го трошат нивното време. Така, доколку поминуваат време со вас, тоа значи дека навистина им значите.rnrn5. Тие немаат точно определено работно време. Така, на нивното слободно време не можете да гледате како на нешто постојано. Нив ретко ќе ги видите без лаптоп, а многу често дома се враќаат дури доцна во ноќта.rnrn6. Нивните емоции варираат. Тие се задоволуваат единствено со успех, а незадоволни се со сѐ што има бавен напредок. Поради постојаната напорна работа, можно е нивните емоции постојано да варираат.rnrn7. Поставуваат многу прашања. Тие никогаш не завршуваат со своето учење, а и многу се љубопитни – токму поради оваа карактеристика и стигнале до таа позиција. Нив ги интересира сѐ и тие се премногу богати со информации.rnrnЗаљубени сте во бизнисмен? Еве со кои работи ќе морате да се соочите!rnrn8. Не сакаат да трошат време со мрзливи луѓе. Бизнисмените сакаат да бидат опкружени со инспиративни и способни луѓе. Мрзливите им ја одземаат енергијата и се премногу бавни за нив, при што тие меѓусебно не се разбираат.rnrn9. Изгледаат дека се добри во сѐ. Тие се многу информирани и образовани, имаат здрава логика и мислат брзо. Покрај нив понекогаш можете да се чувствувате инфериорно, бидејќи изгледа како тие да се најдобри во сѐ. Но, тоа не треба да ве заплашува. Обидете се само да ја разберете нивната желба за натпреварување, која им е нормално секојдневно опкружување.rnrn10. Стрес. Нервоза, повици во средина на ноќта и постојани кризни ситуации се само дел од секојдневната рутина.rnrn11. Живеат за успех. За успех од секаков вид и на секое поле, но првенствено во нивниот бизнис. Доколку согледа дека вашата врска не остварува успех, многу е важно дека ќе си заминат од вас, затоа бидете внимателни.rnrn12. Одлични се во изненадувањата. Спонтаноста е многу карактеристична за нив. Тие постојано купуваат нешто, така што изненадувањата како цвеќиња и чоколади доаѓаат во совршено време.rnrn13. Тешко е да објасните со што се занимава вашиот партнер. На семејството, пријателите и роднините тешко им е да објасните што работи вашиот партнер, затоа што пред сѐ и вие самите прво треба да разберете, а подоцна да им објасните на другите дека тој нема едноставна работа.rnrn14. Ним им треба партнер кој е фокусиран на нив, што ги чува и за кои се грижат. Бидејќи тие имаат премногу зафатен распоред и несреден приватен живот, ним им треба партнер со кој ќе може да уживаат, кој ќе ги разбере и ќе нема големи барања.rnrn15. Тој ве сака и мисли на вас многу повеќе отколку што покажува. Тие само немаат време и начини да ви го покажат тоа. Најчесто се опкружени со бројки и тешко им е да се префрлат на романтика. Вашата љубов и посветеност им значи многу повеќе отколку што можете да замислите.rnrnЗаљубени сте во бизнисмен? Еве со кои работи ќе морате да се соочите!

  • 13 интересни детали од животот на Бил Гејтс

    13 интересни детали од животот на Бил Гејтс

    Бил Гејтс е познат како еден од најбогатите луѓе на светот и голем филантроп. Овие факти за него се помалку познати.rnrn13 интересни детали од животот на Бил Гејтсrnrn1. Својата прва компјутерска програма ја напишал во раните тинејџерски години. Тоа била верзија на играта ХО.rnrn2. Кога раководството на неговото училиште видело колку е надарен, му доделило задача да изработи програма која ќе ги распореди учениците по класови. Се разбира, тој „случајно“ се паднал во клас со многу девојки.rnrn3. Се запишал на престижниот Харвард, но во 1975 година ги напуштил студиите со цел да се посвети на неговата новоотворена фирма Мајкрософт.rnrn4. Две години подоцна бил уапсен во Мексико затоа што возел без возачка дозвола и поминал на црвено светло.rnrn5. До 1997 година изнајмувал авиони, а оттогаш има свој приватен авион.rnrn6. Тој поседува дел од списите на Леонардо Да Винчи. Ги купил на аукција во 1994 година за нешто над 30 милиони долари.rnrn7. Иако има богатство од 80 милијарди долари, тој вели дека на секое од децата ќе му остави само по 10 милиони „за да не ги расипе“. Истовремено тој донира милијарди низ цел свет преку својата хуманитарна фондација.rnrn8. Тој не зборува ниту еден странски јазик. Вели дека жали за тоа.rnrn9. На САТ тестот, кој е нешто како матурата кај нас, од можните 1.600 поени тој извадил 1.590.rnrn10. Покрај со хуманитарната работа, Бил Гејтс и понатаму се бави со истражувања. Во моментов е окупиран со „Личниот агент“, програма која би требало сè да памети и да им помага на луѓето.rnrn11. Вели дека и да му пропаднел Мајкрософт на почетокот, тој сепак би се бавел со истата работа.rnrn12. Ја сака и ја истражува вештачката интелигенција, но ја смета и за потенцијална закана за човештвото во иднина.rnrn13. Негови омилени бендови се Визер и У2.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интересни факти за милијардерот Карлос Слим

    10 интересни факти за милијардерот Карлос Слим

    Мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим веќе неколку години по ред важи за најбогатиот човек на светот според листата што ја изготвува магазинот Форбс. Неговото богатство и покрај загубите во економската криза останува над 70 милијарди американски долари, а го стекнал кревајќи ги од дното компаниите кои ги купил додека пропаѓале. Ова се 10 интересни факти поврзани со него.10 интересни факти за милијардерот Карлос Слим1. Роден е во Мексико Сити на 28 јануари 1940 година во семејство на Либански емигранти. Неговиот татко емигрирал сам во средноамериканската држава уште додека имал 14 години, а по некое време почнал да се занимава со разни бизниси од кои заработил големо богатство.rnrn2. Карлос Слим исто така започнал со малку пари кои ги добил од татко му, а империјата ја создал со инвестициите во енергетскиот, телекомуникацискиот и градежниот сектор. Првата инвестиција ја направил на 11 години во банкарскиот сектор.10 интересни факти за милијардерот Карлос Слим3. Неговото богатство е толку големо што изнесува цели седум проценти од бруто националниот доход на Мексико. Кога би го поседувал истиот процент во САД, тоа би изнесувало повеќе од 900 милијарди долари.rnrn4. Тој е првиот бизнисмен од земја во развој којшто стигнал на врвот на листата на најбогати луѓе на светот.rnrn5. Слим и неговата сопруга Сумаја имаат шест деца, а неговите тројца синови се поставени на битни позиции во неговите компании. Неговата сопруга почина во 1999 година, а била вклучена во бројни филантропски проекти поддржани од Слим.rnrn6. Тој е неверојатно скромен. За разлика од многу други богаташи, тој практикува доста едноставен живот. Сè уште сам се вози на работа, а неговото обезбедување е незабележливо.10 интересни факти за милијардерот Карлос Слим7. Карлос Слим живее во истата куќа во која живеел и пред триесет години. Не поседува куќа надвор од Мексико, ниту пак јахта.rnrn8. По професија е градежен инженер. Дипломирал на Националниот автономен универзитет во Мексико Сити и до ден денес е верен навивач на школскиот фудбалски тим Пумас.rnrn9. Карлос Слим е страстен колекционер на уметнички дела. Се претпоставува дека поседува најголем број скулптури од Огист Роден надвор од Франција. Тие се изложени во музеј во Мексико Сити, крстен според сопругата на Карлос, Сумаја.rnrn10. Тој е голем филантроп. Неговите донации најчесто завршуваат во областа на медицинските истражувања, трансплантацијата на човечки органи и изградбата на спортски центри во сиромашните краишта.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Познати и успешни Македонци низ светот #2

    Познати и успешни Македонци низ светот #2

    Од професионални безјбол играчи, сопственици на познати ресторани и професионалци во кревање тегови. Овие светски познати имиња се Македонци.rnrn

    Кевин Кузманов – професионален бејзбол играч

    rnrn

    Познати и успешни Македонци низ светот #2
    Кевин Кузманов на бејзбол теренот
    rnrnРоден е во Њупорт Бич, во Калифорнија, на 25 јули 1981 година, а израснал во Евергрин, Колорадо. Тој е еден од четворицата професионални играчи кои успеале да направат grand slam home run, односно home run при првото топче упатено кон нив во сезоната. Познат е под псевдонимот „Македонската машина“. Моментално игра за Оукленд Атлетикс, а кариерата ја започнал во Кливленд Индијанс. Тој припаѓа на третата генерација Кузманови, иселеници од Македонија, а неговиот прадедо бил бејзбол судија на почетокот од минатиот век.rnrn

    Џон Битов и фамилијата – бизнисмени

    rnrn

    Познати и успешни Македонци низ светот #2
    Десно (Џон Битов) и во средина (Џон Битов Јуниор)
    rnrnЏон Битов (Сениор) е роден во 1928 година во Торонто, Канада. Тој е еден од најуспешните канадски бизнисмени, чија сопственост се синџирот на ресторани „Big Boy“ и „Roy Rogers“, како и уште неколку други ресторани ширум земјата. Во 1982 година неговите компании ја добија лиценцата за кетеринг на канадскиот аеродром, а наредната година лиценцата за послужување пијалоци и храна на стадионот „Toronto’s SkyDome“, сегашен „Rogers Centre“. Со тоа корпорацијата Битов стана една од најголемите канадски компании кои работат со храна. Неговиот син Џон Битов Јуниор е роден во 1960 година, исто така во Торонто. Тој е сопственик на телекомуникациската компанија „Mobilicity“ и е акционер во Канадското сателитско радио. Основач е на НБА тимот „Toronto Raptors“ и е креаторот на спортскиот центар „Air Canada Centre“.rnrn

    Питер Џорџ – освојувач на златен олимписки медал во кревање тегови

    rnrn

    Познати и успешни Македонци низ светот #2
    Летни олимписки игри во Мелбурн, Австралија
    rnrnПитер Џорџ е роден на 29 јуни 1929 година во Акрон, Охајо, а неговите родители Трајан и Параскева биле доселеници од Македонија. Во 1948 година, на летните олимписки игри во Лондон, успеал да го освои сребрениот медал во кревање тегови во машка конкуренција до 75 килограми. На следните летни олимписки игри, во 1952 година во Хелсинки го освоил златниот медал во истата категорија. Четири години подоцна, на олимписките игри во Мелбурн го повторил успехот од Лондон. Тој исто така бил првиот кој успеал на само 15 години да крене тежина од 136 килограми, а во периодот од 1947 до 1952 освоил и 5 државни шампионски титули.rnrnПрочитајте го и првиот дел за познатите и успешни Македонци низ светот.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Познати и успешни Македонци низ светот #1

    Познати и успешни Македонци низ светот #1

    Премиер, успешен бизнисмен и професионален хокеист… во овие светски познати имиња се крие македонско потекло.rnrn

    Ѓорги Маленков – поранешен водач и премиер на Советскиот Сојуз

    rnrnПознати и успешни Македонци низ светот #1rnrnВерувале или не, Македонец го предводел Советскиот Сојуз по смртта на Јозеф Сталин, во периодот од март до септември, 1953 година, а истиот човек потоа станал премиер и оваа функција ја извршувал до март 1955 година. Неговото име е Ѓорги Маленков. Роден е во Оренбург, Русија, а неговите родители биле чисти Македонци. Починал на 14 јануари 1988 година, на 86-годишна возраст од природна смрт.rnrn

    Мајк Илич – милијардер и успешен бизнисмен во САД

    rnrnПознати и успешни Македонци низ светот #1rnrnМожеби едно од најактуелните и најпознати имиња на оваа листа, токму поради фактот што пред неколку дена го купи НБА тимот Detroit Pistons. Мајк Илич, роден како Мајкл Илиевски во 1929 година, се наоѓа на 655-то место на листата на најбогати луѓе во светот според Форбс. Тој е сопственик и на бејзбол тимот Detroit Tigers и на хокеј клубот Detroit Red Wings, но главниот извор на неговата финансиска моќ доаѓа од синџирот на пица ресторани Little Caesars Pizza. Овој синџир е четврти по големина во САД, со 2000 ресторани низ државата.rnrn

    Ед Јовановски – професионален хокеј играч во Канада

    rnrnПознати и успешни Македонци низ светот #1rnrnЕд Јовановски е роден во Виндзор, Онтарио, Канада. Неговите родители се доселеници од Македонија, а пред да се преселат, неговиот татко Костадин, бил професионален фудбалер во Југославија. Кариерата ја започнал во Florida Panthers каде што бил драфтуван како прв пик во 1994 година. Моментално настапува за Phoenix Coyotes, а заедно со канадската репрезентација имаат освоено златен медал на зимските олимписки игри во Солт Лејк Сити во 2002 година и 2 сребрени медали во 2005 и 2008 година на светските првенства во Австрија и на домашен терен.rnrnПрочитајте и за други познати Македонци низ светот.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn