КАФЕ ПАУЗА

Tag: бел оцет

  • 5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како нови

    5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како нови

    Се разбира, белите патики се сечиј избор кога треба да излеземе на некоја пригода која од нас бара удобна и пријатна облека, особено во топлите периоди. Но, постои ли начин да направиме нашите бели патики да изгледаат како нови дури и по третиот ден на носење? Во продолжение следуваат неколку начини со кои ќе ги освежите вашите патики и ќе направите да изгледаат како тој ден да сте ги купиле.rn

    1. „Магична“ крпа или сунѓерче

    rn5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како новиrnrnСунѓерот е еден од најдобрите избори кога треба да ги исчистите патиките од површинските дамки и нечистотии од платното или кожата, но и од гумата. Само натопете го со малку вода и чистете го местото кое е извалкано.rn

    2. Прехранбен (бел) оцет

    rn5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како новиrnrnНатопете една чиста крпа со малку бел оцет и избришете ги сите дамки и гребнатини.rn

    3. Шампон

    rn5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како новиrnrnШампонот е најдобар избор кога на патиките има тврдокорни дамки кои тешко можат да се исчистат, како што се дамките од масло или нафта. Земете една чиста крпа или стара четка за заби и ставете малку шампон. Користете топла вода и нежно тријте го делот додека не стане пенест. Ќе забележите дека дамката полека ќе започне да исчезнува. За блескаво бели патики, додадете и малку сода бикарбона.rn

    4. Сменете ги врвците

    rn5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како новиrnrnВрвците се секогаш повалкани и ја губат својата белина многу побрзо од самите патики. Тоа е така бидејќи често можат да се влечат по земјата и поради маслата на нашите раце. Затоа, обидете се да најдете исти или слични врвци и заменете ги.rn

    5. Лак за нокти

    rn5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како новиrnrnКако последен избор, кога веќе сте испробале сѐ од горенаведеното и не сте успеале, тогаш белиот лак за нокти е одличен за да се прикријат малите дамки кои никако не можат да исчистат.

  • Закиселени печени компирчиња

    Закиселени печени компирчиња

    Интензивен, но специфично интересен вкус

    rnzakiseleni-pecheni-kompirchinja-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • ½ кг поситни компири, исечени на тенки парчиња по должина
    • rn011

    • 500 мл бел оцет (или 250 мл оцет со 250 мл вода за не толку јак вкус)
    • rn011

    • Маслиново масло (екстра девствено)
    • rn011

    • Сол
    • rn011

    • Бибер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Во тенџерче ставете ги парчињата компири и оцетот. Зовријте ги, потоа намалете ја температурата и пржете ги додека не станат меки кога ќе ги прободете со виљушка, околу 8 минути. Оставете ги да се оладат околу 30 минути. Потоа исцедете ги впијте го вишокот со кујнска хартија.
    2. rn011

    3. Загрејте ја рерната на средно висока температура. Наредете ги компирите на обложено тавче во еден ред, ставете повеќе маслиново масло, сол и бибер и пикнете ги да се печат. Печете додека не добијат кафена боја одозгора, односно околу 7 минути, а потоа превртете ги парчињата и печете ги од другата страна уште 5 минути. Сервирајте ги топли.
    4. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 домаќински трикови за блескав дом

    15 домаќински трикови за блескав дом

    Навистина е тешко да се одржува еден дом беспрекорно чист и уреден. Уште потешко е ако не сте домаќин/ка и не знаете да се справите со извалканиот килим, замачканите прозорци, дрвениот мебел кој нема сјај и што ли уште не. Следуваат 15 совети кои ќе ви го олеснат домаќинскиот живот.rn
    rn

    Како да ги исчистите жолтите дирки на вашето пијано?

    rnМожеби ќе ви звучи чудно, но ако ставите малку мајонез на дирките и оставите така да постојат 2-3 минути, а потоа ги исполирате со мека и чиста ткаенина, тие повторно ќе ја добијат својата природна бела боја.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како едноставно да го кренете јајцето кое ви паднало на подот?

    rnАко не сакајќи ви падне живо јајце на кујнскиот под и не знаете како да се справите со нередот – не грижете се, имаме решение за вас! Истурете сол врз јајцето на око кое требаше да биде ваш оброк и оставете така да стои 20-тина минути. Потоа лесно ќе можете да го исчистите.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги отстраните дамките од црвено вино?

    rnНа секој може да му се случи да му се истури црвено вино на тепихот. И тогаш сите ги фаќа паника дека дамката нема никогаш да се исчисти. Нема потреба од тоа. Најпрво со некое памучно крпче впијте го вишокот вино. Потоа врз црвената дамка истурете сол, оставете да делува 5 минути и на крајот исплакнете со студена вода. Ако е потребно, повторете ја постапката додека не се исчисти дамката.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги дезинфицирате детските играчки?

    rnДецата си играат буквално низ секое ќоше од домот и нивните играчки се полнат со безброј бактерии. За да го заштитите вашето дете, внуче, братче или сестриче од разни инфекции, измешајте 4 супени лажици сода бикарбона во 950 мл вода и со добиениот раствор избришете ги играчките.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го спречите капењето восок од свеќите?

    rnСите сакаме за некоја посебна пригода да ставиме елегантна свеќа на трпезата која ќе создаде убава атмосфера за присутните гости, меѓутоа домаќинот воопшто не е среќен кога ќе ги види восочните капки врз омилениот чаршав. За да го спречите ова, ставете ги свеќите да седат во солена вода  неколку часа и оставете ги целосно да се исушат пред да ги запалите.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Со што да го чистите вашиот мебел за да блеска?

    rnПромешајте зејтин и лимонов сок во однос 2:1 и со добиената течност исполирајте го вашиот дрвен мебел и тој ќе свети.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да отстраните лепенки и етикети со цена?

    rnПотопете крпа во оцет и притиснете ја на налепницата неколку секунди. Тргнете ја крпата и етикетата би требало да се отстрани со лесно повлекување.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го вратите сјајот на вашите бакарни садови?

    rnБакарот потемнува и потоа не изгледа добро, а со следниве трикови ќе успеете да му ја вратите свежината. Наполнете шише со прскалка од пола литар со раствор од загреан бел оцет и 3 супени лажици сол и испрскајте ги бакарните предмети. Оставете го растворот кратко да делува и потоа избришете.15 домаќински трикови за блескав домЗа да блескаат вашите бакарни садови, на една памучна крпа сипете кечап, премачкајте ги и оставете ги така една минута, а потоа исполирајте ги и исплакнете ги со вода. Киселината која ја содржи кечапот ќе помогне да ги отстраните дамките и да го вратите бронзениот сјај.rn
    rn

    Како да ја отстраните рѓата од славината на чешмата?

    rnПотопете крпа или тоалетна хартија во бел оцет, замотајте ја чешмата со неа и оставете ја да делува 25 минути. Отстранете ја крпата, избришете ја чешмата и рѓата ќе исчезне.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го отстраните бигорот кој се насобрал на вашиот туш?

    rnВодата содржи бигор и често се случува да се затнат дупчињата на тушот, кој притоа нема да испушта силен млаз. За да го исчистите вашиот туш, во поголемо тенџере загрејте бел оцет (не треба да зоврие) и ставете го тушот во него да седи 1 час. Потоа исплакнете и мисијата е завршена.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Со што најубаво ќе ги исчистите вашите прозорци?

    rnИзмешајте еднакви количества вода и бел оцет во шише со прскалка и со подготвениот раствор испрскајте ги прозорите. Со крпа која не испушта влакненца или уште подобро со весник, избришете ги прозорите и тие ќе бидат идеално блескави.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го вратите сјајот на алуминиумските садови?

    rnЗапочнете со тоа што ќе излупите две јаболка. Ставете ги лушпите во алуминиумскиот сад кој сакате да го исчистите и во него сипете вода за да се покријат. Варете ја водата со лушпите неколку минути, сè додека не забележите дека нечистотијата од дното на садот почне да се вади. Тргнете го садот од рингла и оставете водата да се олади. Потоа измијте го садот, избришете го и ќе можете да се огледувате во него. 🙂15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги отстраните масните дамки?

    rnИмате мрсна дамка на вашиот омилен килим? Еве совет кој можеби ќе ви помогне да ја исчистите: во 70% алкохол ставете сол во сооднос 4:1. Со подготвената смеса бришете ја дамката во насока на влакната на тепихот. Оставете да се исуши и со правосмукалка вшмукајте ја солта која ќе остане на тепихот.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го неутрализирате чудниот мирис во машината за миење садови?

    rnНајпрво извадете ги сите садови од машината. Потоа наполнете ја фиоката за детергент со сода бикарбона и пуштете ја машината да работи на празно. Непријатниот мирис ќе исчезне.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги заштитите вашите балконски столици од напукнување?

    rnАко столиците во вашиот двор се направени од ратан или од уште послаб мебел, на едно меко чисто крпче сипете растително масло и премачкајте ги за да бидат блескави и еластични.rn15 домаќински трикови за блескав дом
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn