КАФЕ ПАУЗА

Tag: бејзбол

  • 20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

    20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

    Како што се наближува крајот на 2014, мораме да ги пофалиме сите важни женски подвизи во текот на годината. Од Малала Јусафзаи, до познатите музички ѕвезди, ова се жените кои ја заслужуваат секоја пофалба за нивните феминистички подвизи. Еве за што сè феминистите можат да наздрават на крајот на оваа 2014.rn

    1. Малала Јусафзаи ја добива Нобеловата награда за мир


    rn

    „Верувам дека оружјето нема моќ, затоа што оружјето може само да убие. Но, пенкалото може да даде живот.“

    rn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rnrnЗа Малала се расчу во 2012 година и од тогаш таа инспирира многумина ширум светот давајќи им до знаење дека постојат толку многу работи кои еден човек може да ги направи во текот на својот живот. На само 11-годишна возраст, Малала тајно ги испраќала своите дневници до Би-би-си, кажувајќи им за насилството и неправдите кои секојдневно се случуваат во нејзината земја. Таа продолжила да пишува и да оди на училиште, иако се плашела од Талибанците. Малала била застрелана во глава во училишниот автобус кога се враќала од училиште. За среќа таа преживеала и била префрлена во Англија на лекување. По тој инцидент формирана е Фондацијата Малала, раководена од самата Малала, која се залага за образованието на девојките.rnrnНа 16 години Малала одржа драматичен говор во ОН, објави свој мемоар, и се здоби со многу награди и признанија, како Меѓународната детска награда за мир. На само 17-годишна возраст, Малала е добитник на Нобелова награда и икона за заштита на правата на луѓето. Воедно, Малала докажа дека, како што Бан-Ки-Мун кажа, екстремистите едноставно најмногу се плашат од девојка со книга.rn

    2. Феминистичкиот настап на Бијонсе на VMA

    rnБијонсе и оваа година покажа кој е на врвот на светската музичка индустрија. На самиот крај од 2013 објави визуелен албум без апсолутно никаква претходна најава, настапи на Греми наградите на почетокот на 2014 со неверојатната изведба на „Drunk in love“, поголемиот дел од годината го помина на заедничката турнеја со нејзиниот сопруг, „On the run“, и без да земе здив продолжи да го освојува светот.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rnrnВрв на сите нејзини достигнувања беше настапот на овогодишните МТВ видео музички награди, каде во 16-минутен настап склопи 14 песни од најновиот албум. Настапот достигна точка на вриење кога силуетата на Бијонсе стоеше пред огромниот екран каде пишуваше „ФЕМИНИСТ“, додека се слушаше делот од самата песна каде е вклопен говорот на познатата нигериска авторка Чимаманда Нгози Адичи, која ја кажува својата дефиниција за феминизам. На крајот од настапот, нејзиниот сопруг Џеј Зи заедно со Блу Ајви, ѝ ја врачи наградата Мајкл Џексон, најавувајќи ја својата сопруга како најголемиот забавувач во музичката индустрија. Исто така Бијонсе оваа година застана на врвот меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Тајм.rnrnБијонсе отворено се залага за феминизмот и еднаквоста на жената, истовремено давајќи им пример на сите млади девојки и жени за тоа како една жена може да има успешна кариера, но и да биде мајка и сопруга истовремено.rn

    3. Моне Дејвис победи во сериите од малата лига во бејзбол

    rnМоне Дејвис ги руши стереотипите од типот „фрлаш како девојче“, бидејќи таа фрла како многу талентирано девојче. 13-годишната Моне Дејвис се вбројува меѓу највлијателните тинејџери во светот. Таа е првата девојка која победила на овие турнири, и е една од 18-те девојки кои учествувале воопшто (иако вкупно се имаат натпреварувано 9.000 играчи). Спортскиот магазин „Sports Illustrated“, каде се најде на насловна страница, ја прогласи за дете-спортист на годината, а веднаш до нејзината слика стоеше напишано „Запомнете го нејзиното име“.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

    4. Марјам Мирзихани стана единствената жена со највисоката награда во полето на математиката

    rnМарјам Мирзихани е математичарка со иранско потекло која работи во САД. Од 1 септември 2008 таа работи како професор по математика на Универзитетот Стенфорд. Од оваа година Мирзихани стана првата жена наградена со Филдсовиот медал, најпрестижната награда во полето на математиката. При прифаќањето на наградата Мирзихани изјави: „Би била среќна ако ова ги инспирира младите жени научници и математичари“.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rn

    5. Жените отворено зборуваа за абортусот

    rnИако абортусот од одамна е контроверзна тема, оваа година повеќе од кога било жените јавно можеа да кажат „имам абортирано“. Иако релативно голем е бројот на жени кои некогаш абортирале, многу мал дел од нив зборувале за тоа јавно. Тоа повлече мислење дека абортусот не е толку честа појава и им дозволи на многу власти да донесат закони против него со што им се одзема правото на жените да имаат безбеден абортус. Политичарката од Тексас, Венди Дејвис, отворено ја раскажа својата приказна кога морала да ја прекине долго посакуваната бременост поради здравствени проблеми. Со свое признание во јавноста излезе и кандидатката за гувернер од Невада, Луси Флоренс, која прекинала бременост на 16-годишна возраст бидејќи не била спремна да биде мајка.rnrn20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014rnrnСе објавија и книги а се основаа и организации кои имаа за цел да ги охрабрат жените отворено да зборуваат за своите искуства и да не се почувствуваат осудено. Меѓу причините зошто жените се одлучиле на абортус, наведени се насилни партнери, тоа што веќе имале деца или се соочиле со проблеми во бременоста, а многу зборуваа за проблемите кои ги имале бидејќи не им бил дозволен абортус.rnrn

  • Познати и успешни Македонци низ светот #2

    Познати и успешни Македонци низ светот #2

    Од професионални безјбол играчи, сопственици на познати ресторани и професионалци во кревање тегови. Овие светски познати имиња се Македонци.rnrn

    Кевин Кузманов – професионален бејзбол играч

    rnrn

    Познати и успешни Македонци низ светот #2
    Кевин Кузманов на бејзбол теренот
    rnrnРоден е во Њупорт Бич, во Калифорнија, на 25 јули 1981 година, а израснал во Евергрин, Колорадо. Тој е еден од четворицата професионални играчи кои успеале да направат grand slam home run, односно home run при првото топче упатено кон нив во сезоната. Познат е под псевдонимот „Македонската машина“. Моментално игра за Оукленд Атлетикс, а кариерата ја започнал во Кливленд Индијанс. Тој припаѓа на третата генерација Кузманови, иселеници од Македонија, а неговиот прадедо бил бејзбол судија на почетокот од минатиот век.rnrn

    Џон Битов и фамилијата – бизнисмени

    rnrn

    Познати и успешни Македонци низ светот #2
    Десно (Џон Битов) и во средина (Џон Битов Јуниор)
    rnrnЏон Битов (Сениор) е роден во 1928 година во Торонто, Канада. Тој е еден од најуспешните канадски бизнисмени, чија сопственост се синџирот на ресторани „Big Boy“ и „Roy Rogers“, како и уште неколку други ресторани ширум земјата. Во 1982 година неговите компании ја добија лиценцата за кетеринг на канадскиот аеродром, а наредната година лиценцата за послужување пијалоци и храна на стадионот „Toronto’s SkyDome“, сегашен „Rogers Centre“. Со тоа корпорацијата Битов стана една од најголемите канадски компании кои работат со храна. Неговиот син Џон Битов Јуниор е роден во 1960 година, исто така во Торонто. Тој е сопственик на телекомуникациската компанија „Mobilicity“ и е акционер во Канадското сателитско радио. Основач е на НБА тимот „Toronto Raptors“ и е креаторот на спортскиот центар „Air Canada Centre“.rnrn

    Питер Џорџ – освојувач на златен олимписки медал во кревање тегови

    rnrn

    Познати и успешни Македонци низ светот #2
    Летни олимписки игри во Мелбурн, Австралија
    rnrnПитер Џорџ е роден на 29 јуни 1929 година во Акрон, Охајо, а неговите родители Трајан и Параскева биле доселеници од Македонија. Во 1948 година, на летните олимписки игри во Лондон, успеал да го освои сребрениот медал во кревање тегови во машка конкуренција до 75 килограми. На следните летни олимписки игри, во 1952 година во Хелсинки го освоил златниот медал во истата категорија. Четири години подоцна, на олимписките игри во Мелбурн го повторил успехот од Лондон. Тој исто така бил првиот кој успеал на само 15 години да крене тежина од 136 килограми, а во периодот од 1947 до 1952 освоил и 5 државни шампионски титули.rnrnПрочитајте го и првиот дел за познатите и успешни Македонци низ светот.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn