КАФЕ ПАУЗА

Tag: бегство

  • 10-те најпознати женски бегства од затвор

    10-те најпознати женски бегства од затвор

    Сигурно имате слушнато приказни за неверојатните бегства од затвор, но најчесто главниот лик во овие приказни се мажи. Сепак, постојат и многу жени кои успеале во овој подвиг. Нивните методи и мотивации се различни, како и причината поради која се нашле зад решетки. Погледнете ги најпознатите жени кои успеале да избегаат од затвор.rn

    1. Дебора Гавин

    rn10-те најпознати женски бегства од затворrnrnВо 1974 година, Дебора Гавин избегала од женскиот затвор во Џорџија. Била осудена поради вооружен грабеж. Неколку пати успешно бегала од затворот, но секогаш ја наоѓале, сè до 1974-та година. Откако избегала, се преселила во Тексас, се венчала, имала 2 деца и работела како медицинска сестра. Го користела името Дебора Марфи. 33 години по бегството, властите ја пронашле и ја уапсиле. Дебора тврдела дека избегала бидејќи затвореничките биле сексуално вознемирувани и силувани од страна на чуварите. Затворот станал центар на секс скандал во 1990-тите и се соочил со многу тужби. Во 1993-та година сите жени биле преместени, а затворот бил претворен во машки.rn

    2. Маргарет Б. Смит

    rn10-те најпознати женски бегства од затворrnrnМаргарет била осудена во 1974-та година бидејќи напишала лажни чекови во вредност од над 200 евра. Била осудена на 4 години во женскиот затвор во Северна Каролина, но била преместена последните неколку месеци. Маргарет тврдела дека нејзината 7-годишна ќерка ѝ донела вознемирувачки вести и морала да избега за да го заштити семејството. Сè уште нема кажано што всушност ѝ рекла ќерка ѝ. По бегството се преселила во Флорида, а потоа се вратила кај нејзиното семејство. Во 2015-та година повторно била затворена.rn

    3. Сквики Фром

    rn10-те најпознати женски бегства од затворrnrnЛинет „Сквики“ Фром била една од најверните придружници на Чарлс Менсон. Менсон и неговото семејство се познати по неколкуте убиства во 1969-та година, но Линет не присуствувала на овие убиства, па не била уапсена. Таа го подржувала Менсон за време на неговото судење. Во 1975-та година таа му вперила наполнет пиштол на претседателот Џералд Форд во Сакраменто. Била осудена за обид за убиство и добила доживотна казна. Во 1987-ма успешно избегала од затворот бидејќи сакала да го види Чарлс Менсон, кому му бил дијагностициран рак. По некое време повторно била фатена и останала во затвор до 2009-та година.rn

    4. 5-те затворенички од Ниантик

    rn10-те најпознати женски бегства од затворrnrnВо 1984-та година, 5 жени успеале да избегаат од затворот Ниантик во Конектикат. Жените успеале да поминат низ челичните решетки на прозорецот во најстрого чуваниот дел од затворот. Жените успеале да избегаат иако решетките била на растојание од само 19,7 центиметри, а биле високи 38 центиметри. Сепак, нивното бегство траело кратко. 2 од нив биле фатени следниот ден, а други 2 биле фатено по само 2 дена. Последната осомничена била пронајдена по 1 недела.rn

    5. Џуди Лин Хејман

    rn10-те најпознати женски бегства од затворrnrnЏуди имала 23 години кога избегала од женскиот затвор во Мичиген. Веќе имала отслужено половина од 16-месечната затворска казна кога избегала во 1977-ма година. Била осудена бидејќи се обидела да украде облека од продавница во Детроит. Полицијата ја фатила 37 години подоцна. Во 1983-та година го променила своето име и била позната како Џејми Луис. Нејзиниот адвокат изјавил дека им се предала на властите во 1982-ра година. Судијата ја ослободил.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Патека за бегство: Едноставна психолошка техника за ослободување од стресот

    Патека за бегство: Едноставна психолошка техника за ослободување од стресот

    Кога сме изложени на стресни ситуации ни опаѓа продуктивноста, нè мачат несоници, дишеме забрзано и плитко и се чувствуваме непријатно во сопствената кожа. Една техника којашто може да ви помогне успешно да се справите со секојдневните ситуации е наречена „Патека за бегство“. Овој метод на ослободување и релаксирање го препорачуваат и објаснуваат психологот Џесами Хиберд и новинарката Џо Асмар во книгата „Смиреност – како да ја постигнете“. Станува збор за техника која всушност е одличен начин да создадете свое место во кое што ќе се заштитите од стресот.rnrn(1) Техника „патека за бегство“: Едноставен рецепт за смиреност позитивно расположениеrn

    Бори се или бегај е автоматска примитивна реакција на стресот. Кога ќе научите да го сведете нејзиното дејство на минимум, ќе бидете посмирени“, велат д-р Биберд и Асмар.

    rnОсновната замисла на оваа техника е во мислите да си создадете место кое ве релаксира. Како да го сторите тоа? Опуштете се и обидете се да го визуализирате секој предмет и објект. Почувствувајте ги мирисите, уживајте во боите коишто ве опкружуваат, допирајте, слушајте. Можеби на почетокот нема да ви биде едноставно, но со малку труд, повторувања и повикување на сеќавањата, ќе можете со леснотија да се пренесете во својата оаза на позитивно расположение и смиреност.rnrnЗа да дојдете полесно до спокојното место преку вашата патека за бегство, обидете се да ги опуштите мускулите во оној дел од телото каде што чувствувате напнатост. Секогаш со вас носете некој мирис којшто ве потсетува на убави моменти од минатото и којшто ќе ви разбуди прекрасни сеќавања. Но тоа не мора да биде мирис, може да најдете одреден мал предмет, музика или вкус, што во вас ќе буди сигурност и ќе ве упатува на патеката за бегство до вашата оаза на мирот.rnrn(2) Техника „патека за бегство“: Едноставен рецепт за смиреност позитивно расположениеrnrnШтом почувствувате непријатност, згрченост и вознемиреност, најдете мирно и тивко место, каде што ќе можете удобно да се сместите. Дишете длабоко, во подолги интервали, а со секое издишување замислете си дека ги исфрлате лошите мисли коишто го заземале вашиот ум и тело.rn

    Замислете си дека одите по широка ливада или низ шума. Топло е, сонцето силно свети, а небото има совршено сина боја. Шетајќи наидувате на река, се доближувате до неа, а на нејзините брегови има високи дрвја чиишто сенки ја прошаруваат земјата. Седнувате на брегот и ги ставате нозете во ладната вода која мирно тече. Потоа легнувате на тревата и длабоко го вдишувате чистиот воздух. Го слушате жуборкањето на реката и ја чувствувате свежината којашто извира од нејзината вода. Меките и бели облаци, кои наликуваат на перничиња, го прошаруваат синилото на небото над вашата глава. Го чувствувате измешаниот мирис на земјата и на тревата врз коишто лежите. Никогаш не сте биле толку релаксирани и смирени. Длабоко дишете и издишете. Одмарајте колку што сакате, сето време е ваше. Кога ќе се почувствувате подготвени, полека свртете го вниманието кон собата или кон отвореното место каде што медитиравте“ – извадок од книгата „Смиреност – како да ja постигне“.

    rnПронајдете го својот начин на опуштање, исфрлете ги рамената со цел да го почувствувате автоматското намалување на телото и тргнете во вашата сопствена патека за бегство…rnrn(3) Техника „патека за бегство“: Едноставен рецепт за смиреност позитивно расположение

  • Залив на слободата: Самоодржлив остров целосно изграден од страна на еден брачен пар

    Залив на слободата: Самоодржлив остров целосно изграден од страна на еден брачен пар

    Овој остров кој плута е најдоброто место за живеење на планетата доколку сакате да избегате од цивилизацијата. Вејн Адамс, 66, и Кетрин Кинг, 59, почнале да го градат ова место во 1992 година и оттогаш постојано го надградуваат.rnrn(1) Залив на слободата: Самоодржлив остров целосно изграден од страна на еден брачен парrnrnНивниот дом, кои тие соодветно го именувале „Залив на слободата“, се состои од 12 платформи кои лебдат над водата. Тие содржат танцов подиум, уметничка галерија, гостински светилник, студио и 5 стакларници. Целиот објект се протега на површина од 2.000 метри квадратни. Овој пар за време на летото се снабдува со вода од блискиот водопад, додека пак, преку зима собираат од дождовите. Објектот добивал струја од 14 соларни панели, но неодамна се префрлиле на генератор откако тие се расипале. Погледнете како изгледа нивниот живот на следниве неколку фотографии…rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 5 мантри кои ќе ви помогнат да станете личноста која сакате да бидете

    5 мантри кои ќе ви помогнат да станете личноста која сакате да бидете

    Често, луѓето имаат тенденција да го одберат полесниот пат. Тоа го прават од разни причини, но меѓу оние најчестите е фактот дека потешкиот пат бара од нив тие да се соочат со нешто или некој, а не сакаат. Втора многу честа причина, за жал, е мрзата. Ретко кој сака да си го расипе комодитетот, па е многу полесно да се избере поедноставното решение отколку да се даде малку повеќе од себе. Но факт е дека никогаш нема да бидеме навистина среќни доколку не го дадеме максимумот од себе во што и да е она на што го посветуваме нашето внимание.rnrnКоја и да е причината поради која замижуваме пред она што навистина нè влече и исполнува, мора да најдеме начин да се соочиме со неа, да се соочиме со себе и да бидеме најдобри што можеме. Бидејќи сѐ што правиме се одразува на нашето однесување и на луѓето околу нас, следниве мантри се помошен водич кон станување на своја и автентична личност.rnrn(1)-5-mantri-koi-kje-vi-pomognat-da-stanete-lichnosta-koja-sakate-da-bidete-kafepauza.mkrn

    1. Ќе престанам да размислувам за она што би требало да го правам и ќе се посветам на она што сакам да го правам

    rnДа, реткост е на денешницава да го работиме тоа што навистина го сакаме, но дури и таму е потребно да најдеме нешто што ќе нè мотивира бидејќи во спротивно никогаш нема да ја завршиме работата како што треба или уште полошо, ќе ја замразиме. Но што е со слободното време кое го имаме? Тоа е драгоцено време кога е потребно да правите нешто само за себе, нешто што ве исполнува, нешто што ќе ве мотивира.rn

    2. Ќе си купам џебен дневник и ќе си нацртам себеси ѕвезда секој пат кога ќе направам нешто што ме разведрува

    rnБидејќи никој друг нема да ве награди или потапка по рамо кога ќе направите нешто убаво и добро, направете го тоа вие самите. Дајте си себеси награда за тоа што конечно сте направиле нешто што ве радува и инспирира да продолжите така. Запомнете го чувството бидејќи прави да се чувствувате дека ништо не е невозможно. Нели е прекрасно?rn

    3. Ќе одвојам време да сонувам

    rnСонувањето е од витална важност за секој човек. Реалноста знае да биде премногу сурова за да не сакаме нешто повеќе од животот. Па така, дајте си себеси барем еден час бегство од реалното гледање на работите и опуштете се со малку сонување.rn

    4. Ќе си дозволам целосно да го посакувам тоа што го сакам

    rnНиту еден избор не е погрешен сѐ додека правејќи го не им наштетувате на другите. Ако ја имате таа шанса да го изберете тоа што го сакате, направете го тоа. Бидејќи што и да е, вас ви е потребно да го сакате отворено без да имате потреба да се преправате. Само на овој начин ќе може да ја извлечете целата позитивна енергија од тоа.rn

    5. Ќе го следам она што ме интересира

    rnВелат дека оној кој вели дека нема време за нешто, всушност не сака вистински да го направи тоа. Кога нешто ве влече, секогаш постои начин да најдете време да го направите. Кога нешто ве интересира и примамува, не се плашете да го следите и да видите на кои сѐ места ќе ве одведе. Дури и да дојдете на слепа улица, искуството е она што ќе ви вреди. А ако сепак излезе нешто добро од тоа, чувството на среќа и исполнетост ќе биде неизмерливо.rnrnСтравот е единствената работа која го кочи секој човек да оди понатаму и да истражува надвор од своите граници. Но она што е навистина интригантно е дали се плашиме дека нема да успееме и ќе завршиме разочарани или, пак, токму спротивното: ќе успееме и нема да знаеме што понатаму? Истото ова се однесува и на работите кои знаеме дека нè исполнуваат и нè прават среќни. Не е лесно да бидете искрени со себе, да бидете целосно свои и постојано, но дефинитивно се исплаќа.

  • Избегајте во Париз преку 10 филма

    Избегајте во Париз преку 10 филма

    Љубители сте на Париз, сте немале можност досега да го посетите, или пак токму сега се подготвувате за посета на градот на светлината? Без разлика, овие 10 филмови ви ги препорачуваме за да се запознаете, припремите, за да ги освежите сеќавањата или пак едноставно за да побегнете во Париз со мислите. Уживајте во уметноста!rnrn0-izbegajte-vo-pariz-preku-10-filma-kafepauza.mkrn

    1. Два дена во Париз

    rnМерион и Џек се обидуваат повторно да воспостават поблиски односи со посета на домот на родителите на Мерион во Париз. Но, по сретнувањето на неколку од нејзините поранешни момчиња, најромантичниот град во светот Париз претставува завршување на една романтична врска.rnrnrn

    2. Американец во Париз

    rnЏери Мулиген е поранешен американски војник, кој останува во повоена Франција, Париз за да постане сликар, и притоа се заљубува во невообичаениот шарм на Лиза Бувие. Во меѓувреме неговите слики ќе го привлечат вниманието на Мило Робертс, богата американска наследничка, која е заинтересирана повеќе отколку само уметноста.rnrnrn

    3. Ле Развод

    rnГи претставува француските наспроти американските обичаи и култура. Тие се претставени во приказната за една американка која е во посета на Франција, по повод свадбата на нејзината сестра со нејзиниот маж Француз.rnrnrn

    4. Пред зајдисонце

    rnОвој филм е продолжение на „Пред изгрејсонце“. Во ова продолжение Џеси патува низ Европа каде што ја промовира својата книга чија содржина е поминатата ноќ со Селин во Виена. По промоцијата во Париз, налетува на него и го поминува последниот ден заедно, сè до нејзиниот лет. Иако и двајцата имаат партери и Џеси има син и по девет години тие сепак имаат длабоки чувства еден за друг.rnrnrn

    5. Шарада

    rnРомантика и неизвесност во Париз. Реџина Ламперт за време на нејзиниот престој во Париз дознава дека сопругот ѝ е убиен. Таа се сомнева во неколку мажи, па покренува потрага за да го најде човекот кој ја посакувал среќата на нејзиниот покоен сопруг. Но, на кого може да му верува?rnrnrn

    6. Последното танго во Париз

    rnПо самоубиството на неговата жена, американскиот хотелиер не може, а да не ја забележи младата и убава Французинка. Оваа жена го сретнува американецот во подоцнежни години и основаат врска која се заснова само на сексуални односи, а тој настојува тоа така и да остане.rnrnrn

    7. Полноќ во Париз

    rnГил Пиндер е сценарист и аспириран романсиер. Одморот во Париз кој требаше да го помине со неговата свршеница го поминува сам, шетајќи во градот. Во една таква ноќна прошетка на полноќ, налетува на чудни луѓе кои го пренесуваат назад во времето и го оставаат самиот да се движи низ времепловот. Така во текот на престојот во Париз секоја вечер ја минува со културните херои на минатото. Колку повеќе е присутен во минатото толку е понезадоволен од сегашноста.rnrnrn

    8. Рататуи

    rnРеми, жител на Париз, цени добра храна и има доста софистициран вкус. Тој би сакал да стане готвач, па да може самиот да си создаде и да ужива во кулинарскитe ремек-дела. Единствениот проблем е што Реми е стаорец. Кога тој завршува во канализацијата под еден од најдобрите ресторани во Париз, тогаш неговиот сон е на половина пат за да се оствари.rnrnrn

    9. Амели

    rn„Амели“ е шармантна романтична комична фикција за една млада наивна жена која водена од чувството за правда ненамерно ги диригира животите на луѓето околу неа, креирајќи го светот исклучиво по сопствени одлуки.rnrnrn

    10. Монте Карло

    rnТри млади пријателки тргнуваат на летна авантура во Париз, но конците се замрсуваат кога понесени од славата на лажното претставување ќе се најдат во Монте Карло. Што ќе се случи откако ќе се појават вистинските личностите во чие име се претставија трите пријателки ?rnrn

  • Неверојатни пејзажи за кратко бегство од реалноста

    Неверојатни пејзажи за кратко бегство од реалноста

    Се чувствувате ли понекогаш како да ви е очајно потребно бегство надвор од градот, далеку од сè? Имате ли премногу обврски на факултет или на работа или пак, едноставно не можете да постигнете со сè она што сте го замислиле периодов? Доколку одговорот на овие прашања е позитивен, тогаш можеби навистина ви е потребно кратко бегство од секојдневието.rnrnНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаНеверојатни пејсажи за кратко бегство од реалностаrnrnНо, бидејќи ретко кој може да си дозволи да остави сè и да го фати првиот воз за каде било, погледнете го ова видео со неверојатни пејзажи кои малку ќе ве оттргнат од секојдневните проблеми.rnrnrnrnДоколку ви се допадна ова видео, погледнете ги и постарите проекти од колекцијата „Landscapes“ на Дастин Фарел:rnrnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мажи во црно 3 (Men in black 3)

    Мажи во црно 3 (Men in black 3)

    Агентот Џеј мора да се врати во далечните 60-ти за да го спречи убиството на својот партнер КејrnrnМажи во црно 3 (Men in black 3)Режија: Бери СоненфелдrnrnУлоги: Вил Смит, Томи Ли Џоунс, Џош Броулин, Џмеин КлементrnrnВреметраење: 106 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 мај 2012rnrnЖанр: акција, комедија, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]
    rnrn


    По бегството од затвор со највисоко обезбедување на месечината, Борис Животното решава да се врати во минатото и да го елиминира оној кој го уапсил – Агентот Кеј. Кога ќе го стори тоа, Агентот Џеј е единствениот што се сеќава на својот партнер и решава да се врати во минатото, на 15 јули 1969 година, еден ден пред наводното убиство на Агентот Кеј и да го врати текот на времето во нормала.



    rn

    rn

    Приказна: Се започнува кога девојката на Борис Животното (Никол Шерцингер) ќе отиде во затвор за да го посети. Таа му подготвила торта со која сака да го изненади. И покрај тоа што од обезбедувањето темелно ја проверија, тие наоѓаат причина за да не ја пуштат кај него. Но, како и секогаш, криминалниот ум го надитрува обезбедувањето со уникатен и неочекуван план за бегство. Во меѓувреме агентот Џеј (Вил Смит) и неговиот партнер, агентот Кеј (Томи Ли Џоунс) средуваат некои секојдневни проблеми со вонземјани на Земјата и како и секогаш, голем број очевидци се принудени да „заборават“ доколку виделе нешто што не треба.Мажи во црно 3 (Men in black 3)За време на последната истрага агентот Кеј препознава неколку ситници кои ќе го наведат да помисли дека Борис Животното избегал од затвор. И покрај тоа што не се појавуваат многу емоции на неговото лице, агентот Џеј ќе забележи дека нешто не е во ред. Бидејќи неговиот партнер како и секогаш нема да сака да ја сподели загриженоста со него, Џеј решава да направи негова сопствена истрага за тоа што се случило пред многу години. Но, многу брзо дознава дека неговото овластување воопшто нема да му биде од корист овој пат и згора на сè, агентот Оу (Ема Томпсон) ќе му забрани да продолжи со своето истражување.Мажи во црно 3 (Men in black 3)Мажи во црно 3 (Men in black 3)Наредното утро, како и секогаш, агентот Џеј оди до станот на својот партнер и тропнува на вратата. Но, од другата страна на вратата воопшто не се наоѓа тоа што тој го очекуваше. Непозната жена тврди дека тоа е нејзиниот дом веќе подолго време и дека не знае ништо за човек со име Кеј. Збунет, но убеден дека станува збор за шала, тој набрзина оди во агенцијата и почнува да го бара својот партнер. Потрагата завршува кога агентот Оу ќе му каже дека Кеј е мртов повеќе од 40 години.Мажи во црно 3 (Men in black 3)Мажи во црно 3 (Men in black 3)По краток разговор тие сфаќаат дека нешто не е во ред со временската линија и останува на Џеј, кој е единствениот што го памети својот партнер, да се врати во времето и да го спречи неговото убиство. Таму го очекува многу интересно изненадување – треба да соработува со својот партнер (Џош Броулин) кога бил многу млад…Мажи во црно 3 (Men in black 3)Мажи во црно 3 (Men in black 3)Кога и како да го гледате: Овој многу забавен и лесен филм за гледање е одличен избор за филмска вечер со вашите најблиски. Интересните пресврти и вообичаените шеги на Вил Смит, како и секогаш, ќе ве насмеат до солзи, а приказната за патувањето низ времето и менувањето на текот на историјата по нејзиното завршување, со сигурност ќе ве предизвика на една несекојдневна дебата со пријателите.


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Игра на неделата: Бегство од затвор

    Игра на неделата: Бегство од затвор

    Оваа игра е инспирирана од истоимената серија која постигна огромен успех на ТВ екраните. Едноставна и лесна за играње, ќе ви го исполни времето и ќе ве зарази. Движете се на стрелките и скокајте на „Space“. Со држење на копчето „Shift“ и една од стрелките, почнувате да трчате брзо во правецот кој сте го одбрале.rnИгра на неделата: Бегство од затворАјде да видиме кој може да побегне од затворот, а да не биде откриен од стражарите.

    rn

    rnrn

  • Приказна за играчките 3 (Toy story 3)

    Приказна за играчките 3 (Toy story 3)

    Возбудлива, комична авантура за единството и пријателството

    rnПриказна за играчките 3 (Toy story 3)Режија: Ли УнкричrnrnГласови: Том Хенкс, Тим Ален, Џоан Кјузак, Нед Бити, Дон Риклс, Мајкл КитонrnrnВреметраење: 103 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 12 јуни 2010rnrnЖанр: анимиран филм, комедија, авантура, фантазијаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    ————————————————————————————————————————————————rnПо повеќе од една деценија од прикажувањето на „Приказна за играчките 2“ (1999), студиото  Pixar повторно не почести со уште едно продолжение од феноменалната приказна за авантурите на играчките на момчето Енди. И овој пат, приказната изобилува со моменти исполнети со драма, возбуда и пред сè, комични ситуации, а феноменално смисленото сценарио е реализирано со извонредна анимација. Важноста на пријателството и единството е главната порака што се пренесува преку овој анимиран филм, а за тоа кој уживал повеќе во него, можеби ќе се случи и расправија помеѓу децата и возрасните. Филмот заслужено ги доби и Oскарите за најдобар анимиран филм и за најдобра оригинална песна за оваа година, а неговата заработка и пофалните зборови од светските критичари, го ставаат ова продолжение на пиедесталот од трилогијата.rn————————————————————————————————————————————————

    rnrn

    rnПриказна за играчките 3 (Toy story 3)Приказна: Каубојот Вуди, заедно со неговиот пријател, вселенскиот ренџер Баз и дружината, повторно се во фокусот на приказната. Овој пат, тие посакуваат нивниот најдраг сопственик Енди за последен пат, пред да замине на колеџ, да си поигра со нив како во старите добри времиња. Енди, кој е веќе 17 годишно момче, пакувајќи се за да замине од куќата на неговите родители, решава да ги собере неговите пријатели од детството и да ги чува на таванот.rnПриказна за играчките 3 (Toy story 3)Но, по сугестија на неговата мајка, тие ќе бидат дадени како донација во еден детски дневен престој, каде ќе запознаат нови пријатели играчки, но и ќе ја откријат тиранијата на навидум милото и неодоливо плишано мече Лотсо. Заплетот започнува тука, а кулминацијата доаѓа со плановите за бегство од центарот и враќање кај нивниот Енди. Во овој дел се запознаваат и многу нови ликови, меѓу кои се Барби и Кен.rn.rn

    Кен: Абе не сум јас женска играчка… Не сум!

    rn

    Приказна за играчките 3 (Toy story 3)Приказна за играчките 3 (Toy story 3)Анимација и музика: Самиот факт што филмот ги доби токму овие два Oскари, говори за беспрекорноста во неговата изработка. Незаборавната песна „You’ve got a friend in me“ е дел и од ова продолжение на „Приказна за играчките“, но овој пат филмот го доби Oскарот за песната „We Belong Together“. Во 1995 година, кога Пиксар го прикажа првиот дел, целиот свет беше воодушевен од неговата анимација. Но „Приказна за играчките 3“ ги турна границите на анимацијата и ги достигна недопрените височини, а студиото, со перфектно нацртаниот и реално анимираниот производ, го извади својот најдобар филм досега. Филмот е достапен и во 3Д технологија.Приказна за играчките 3 (Toy story 3).

    rnrn

    г. Компир: Никој не смее да и ја вади устата на мојата жена, освен јас!

    rnКога и како да го гледате: Анимацијата, музиката и приказната се толку моќни и ефектни, така што без разлика кога и каде ќе го гледате овој филм, нема да направите грешка. Доколку можете да го начекате во кино салите низ земјава, таа опција е одлична, но сепак и во домашни услови, заедно со вашите најблиски ќе биде совршено, особено доколку имате мали деца или внучиња. Без никакво двоумење, гледајте го филмот, кој навистина го заслужува вашето внимание. За загревање, претходно пуштете си го краткиот филм „Ден и ноќ“ кој излезе на премиерата на „Приказна за играчките 3“.Приказна за играчките 3 (Toy story 3)Слични филмови:Како да издресираш змеј“, „Кунг-фу Панда“ „Автомобили“