КАФЕ ПАУЗА

Tag: Барни Стинсон

  • Легендарни факти за серијата „Како ја запознав мајка ви“

    Легендарни факти за серијата „Како ја запознав мајка ви“

    Популарната ТВ серија „Како ја запознав мајка ви“ доаѓа при својот крај. Сѐ уште е неизвесно дали по крајот на осмата сезона, ќе продолжи да се снима или пак конечно ќе дознаеме која е мајката на децата на Тед. Без разлика на сѐ, серијата ќе биде запаметена како една од најгледаните и најинтересните, иако и таа одвреме-навреме си имаше свои падови. Досега сте имале прилика да прочитате интересни занимливости поврзани со оваа серија, но вреди да се прочитаат и овие легендарни факти.rnrnЛегендарни факти за серијата „Како ја запознав мајка ви“rnrn1. Најгледана епизода е „Pineapple Incident“ од првата сезона со 12,5 милиони гледачи на премиерата во САД, додека најмалку гледана е епизодата „Landmarks“ од шестата сезона со околу 6,5 милиони гледачи.rnrn2. Телевизискиот канал „Lifetime“ за прикажување на серијата плаќа по 750.000 американски долари по епизода.rnrn3. Нил Патрик Харис (Барни) заработува 210.000 американски долари по епизода, додека останатите главни ликови по 120.000 американски долари.rnrn4. Во серијата Лили, Тед и Маршал се на иста возраст, но во реалноста Алисон Хениган (38) и Џош Реднер (38) се 5 години постари од Џејсон Сигал (33).rnrn5. Книгите поврзани со шоуто, како „The Bro Code“ и „The Playbook“, се вистински издадени.rnrn6. Барни е навистина креатор на „The Bro Code“. Според пребарувањата на Гугл, пред 2008 година фразата не ни постоела.rnrn7. Околу 20 веб-сајтови кои се спомнуваат во шоуто, навистина се направени. Помеѓу нив се и познатите www.notafathersday.com, slapcountdown.org и puzzlesthebar.com.rnrn8. Во шоуто се направени вкупно 13 „Interventions“ (помагање на пријател).rnrn9. Барни ја носи легендарната вратоврска со патки 11 епизоди.rnrn10. Коби Смолдерс, актерката која ја игра улогата на Робин, е навистина Канаѓанка.rnrn11. Сите познати фрази на Барни ги има во првата епизода.rn

      rn011

    • „Have you met Ted?“
    • rn011

    • „What up!“
    • rn011

    • „Wait for it“
    • rn011

    • „Suit up!“
    • rn

    rn12. Во шоуто Барни има костум за секоја пригода, па дури и во вид на пижами за спиење. Само во 12 прилики во сите сезони, тој не носи костум.rnrn13. За време на сите сезони Тед излегува со околу 29 девојки кои не се мајката на неговите деца.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериите

    7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериите

    Од „Пријатели“, до „Озборувачка“ и сè помеѓу нив, постојат илјадници ТВ серии кои се обидуваат да го доловат животот во Њујорк Сити. Но, како што знаете, не сè што гледате на телевизија соодветно го отсликува вистинскиот живот и ТВ сериите во кои дејството се одвива во Њујорк не се исклучок од ова правило. Погледнете ги наредниве неколку факти кои укажуваат на тоа колку нереално е прикажан животот во Големото Јаболко на малите екрани.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Налетување на луѓето кои ги познавате

    rnВо ТВ сериите како „Пријатели“, „Како ја запознав мајка ви“, „Озборувачка“ и „Сексот и градот“ ликовите на улиците и во продавниците постојано налетуваат на некој од минатото. Животот во Њујорк воопшто не е таков. Освен ако не се наоѓате во област каде што некој ваш познат живее или работи, шансите да го видите случајно на улица не се воопшто поголеми од оние да видите некој познат во друг голем град. Моментално таму живеат 8.244.910 луѓе и апсурдно е да се помисли дека секојдневно можете да налетувате на личности од вашето минато.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Место кое е резервирано за вас

    rnВо ТВ сериите, ликовите постојано имаат нивно „место“ каде што секојдневно се собираат и пијат кафе или јадат. „Пријатели“ го имаа каучот во кафуле, „Како ја запознав мајка ви“ имаат сепаре во бар, „Сеинфилд“ имаа место во ресторан – но, во реалниот живот никогаш не можете да го добиете истото место секој пат кога ќе отидете до вашето омилено кафуле, бар или ресторан. Понекогаш после работните часови во Менхетен не може воопшто ни да се најде слободно место за еден, а уште помалку за цела група од 5-6 луѓе.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Апартман со совршена големина

    rnТВ серијата „Пријатели“ започна така што група пријатели заедно бараа работа, љубов и начин на средување на својот живот во Њујорк. Но, Рејчел, Рос и останатите од групата живееа во премногу удобни апартмани во однос на тоа колку време поминуваа пиејќи кафе во Централ Перк. Во просек, доколку работите поеќе од 40 часа неделно, би имале доволно за 1/3 од големината на нивниот стан на Менхетен.rnrnДури и апартманот кој Тед и Маршал го изнајмуваа во „Како ја запознав мајка ви“ е нереално голем за локацијата на која се наоѓа и со оглед на фактот дека на почетокот Маршал беше невработен студент по право. Да не почнеме воопшто да зборуваме за животот во Горната источна страна на Кери од „Сексот и градот“… Доколку немате високо платена работа, вашиот апартман во центарот на Њујорк би имал големина на кутија за чевли.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Пијачки после работа

    rnФактот дека после цел работен ден, ликовите од „Како ја запознав мајка ви“ секогаш имаат енергија да ја поминат вечерта во лудо пиење е малку нереално. Размислете, колку енергија имате вие вечерта кога ќе се вратите од работа? И што прво ви паѓа на памет во моментот кога ќе влезете низ вратата од вашиот дом? Дури и да соберете сила да излезете со вашите пријатели, неколку пива во бар на Менхетен би ве чинеле околу 30 долари. Ако сакате нешто пожестоко ќе мора да потрошите голем дел од она што сте го заработиле тој ден.rnrnВо реалноста пријателите обично „се загреваат“ во домашна атмосфера, а потоа излегуваат во барови и клубови со цел да запознаат нови луѓе и тоа најчесто се случува само за време на викендот.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Гламурозната Горна источна страна

    rnГорната источна страна повеќе не е олицетворение на гламурот и раскошот како што е претставена во „Озборувачка“. Всушност, доколку продолжите да се движете источно од Централ Парк, ќе налетате на една од најевтините населби за живеење во моментов во Менхетен. Исто така, богатите барови и клубови кои се наоѓаат таму, многу ретко се посетувани од помлади, а уште поретко од богати тинејџери. Помладите обично го посетуваат Вилиџ и градскиот центар за забави во вечерните часови. Всушност постојат многу поелитни места кои можете да ги најдете во центарот на Менхетен, така што правилото на девојките од оваа ТВ серија за неизлегување подалеку од 59-тата улица е нелогично.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    Постојаното запознавање на кул личности

    rnСите оние пати кога Тед Мозби и неговите пријатели од „Како ја запознав мајка ви“ запознаа паметни, прекрасни и забавни луѓе во нивното маало се граничи со невозможно. Всушност, во реалноста шансите да налатете на неверојатни луѓе во текот на вечерта не се ништо подобри отколку во кој било друг голем град. Можеби тие се дури и полоши, имајќи предвид дека повеќето од оние кои ги запознавате во баровите на Менхетен ќе бидат пијани или ќе имаат цел да ве однесат во кревет во текот на наредните неколку часови.rnrnНо, мора да се признае дека ликот на Барни Стинсон совршено отсликува дел од мажите на кои можете да налетате во вечерните часови на Менхетен… Исто така, ликовите од „Пријатели“ многу лесно успеваа да договорат состаноци, додека пак во реалниот живот тоа оди малку поспоро. Сепак таму живеат преку 8.000.000 луѓе и потребно е повеќе време да ги издвоите „дијамантите“ од обичните „камења“.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrn

    На девојките многу ретко им се додворуваат

    rnАко решите да се дотерате и да облечете високи потпетици за излегување, големи се шансите дека цела вечер околу вас ќе се вртат голем број мажи зборувајќи ви вулгарни работи кои воопшто не би сакале да ги слушнете. Исто така одејќи по улица постојано ќе ви потсвирнуваат и ќе ви упатуваат несоодветни коментари. И покрај тоа што девојките постојано се средени (посебно во „Озборувачка“) ова воопшто не се случува во ТВ сериите.rnrn7 начини на кој Њујорк е поразличен од ТВ сериитеrnrnЕдинствениот начин целосно да го искусите животот во Њујорк е да живеете таму. Тогаш ќе можете да видите од прва рака колку е тешко да сретнете познати луѓе, колку многу енергија би ви била потребна да правите едноставни и секојдневни работи како одењето до продавница и колку мали можат да бидат апартманите. Но, и покрај сè ова, животот во Њујорк е неверојатна авантура каде што дури и во метрото може да ви се случи нешто незаборавно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Блогот на Барни: Стинсоновиот календар

    Блогот на Барни: Стинсоновиот календар

    Сите ние многу добро го познаваме ликот на Барни Стинсон од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“. Во текот на досегашните 8 сезони имавме можеби и повеќе од доволно шанси да видиме како тој размислува, кои се неговите техники за запознавање девојки и како поточно изгледаат најпознатите американски празници во неговите очи. Во наредниов извадок од неговиот познат блог ќе можете подетално да ги запознаете најдобрите денови во годината за наоѓање девојки…rn
    rn

    Календар за 37 П.Б (после Барни) 2012

    rnБлогот на Барни: Стинсоновиот Календар
    rn

    „Само што додадов нов празник во мојата календарска година: Бангтоберфест! Сè до овој момент имаше долг сушен период помеѓу Ин-да-пен-денс Деј и Слатовин. Три долги месеци без некоја посебна причина да пронајдете девојки… секако освен обичните причини како: гради, навистина големи гради и ако-ги-подзатворите-очите-таа-некако-ве-потсетува-на-вашата-учителка-од-трето-одделение. Но, не повеќе! Сега Бангтоберфест ја пополнува оваа празнина (како и празнинните на многу среќни девојки во иднина).“

    rnDesperation Day – 13 февруариrnrnrnДенот на очајот е почетокот на Стинсоновата година. Тоа е еден ден пред денот на вљубените и според досегашните истражувања токму на овој ден можете најлесно да најдете девојка за секс за една вечер.rnrnMardi Bra – 22 февруариrnrnТоа е утрото по „Марди Гра“. Благодарение на авантурите од претходната вечер, многу девојки по будењето сфаќаат дека нивниот градник (bra) не е на своето место. Според статистиките, ова е најдобриот ден да уловите малку проѕирна акција на женските гради. Вистинска приказна.rnrnMay Day – 1 мајrnrnДенот кога секоја девојка мора да одговори на кое било прашање со „Да, ти можеш“ (Yes, you may). Повелете и друг пат господа.rnrnMy Father Doesn’t Love Me Day – 17 јуниrnrnПовеќе познат како „Денот на таткото“ за граѓаните, тоа е најдобриот ден да забележите девојка која има желба да го прослави празникот заедно со вас во одделот за честитки во вашиот локален маркет. Тоа е таа која плаче додека чита „лигави“ честитки на кои пишува како таткото треба „секогаш да биде тука за вас“ или како тој „секогаш треба да сака да ве прегрне“ или пак, дека треба „секогаш да ве расположи кога сте тажни, како тогаш кога ја заборавил вашата матура и покрај тоа што ви ветил дека за вас ќе се отрезни и ќе дојде“.rnrnIn-da-peen-dence Day – 4 јулиrnrnПоставете го вашето „тајно оружје“ во густа шума и чекајте го огнометот на „Денот на независноста“!rnrnBangtoberfest – 8 октомвриrnrnДенот кога се оддава почит на враќањето на Барни кој е сингл. Се слави со пиење скоч, носење вратоврска со еден Виндсор чвор и имање секс со самохрана мајка во единечен кревет.rnrnSlutoween – Најблиската сабота до 31 октомвриrnrnОва е вашата единствена можност во текот на една година да запознаете „жешки“ девојки од сите краеви кои под влијание на „Halloween“ успеваат секоја маска да ја направат во секси издание.rnrnThanks-giving-it-up – 22 ноемвриrnrnВреме е да сетите колку е важна благодарноста. Излезете и пронајдете девојка која е „4-ка“.rnrnXXXmas, Ha-nookie, Kwanzaa-come-back-to-my-place – во текот на цел декемвриrnrnОдберете еден од овие добри празници или пак, славете ги сите три. Најважното нешто што треба да го запомните е дека без разлика дали станува збор само за една вечер или пак за седум, вие ќе најдете посебни девојки кои доброволно ќе сакаат да го отпакуваат вашиот пакет.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти за „Како ја запознав мајка ви“

    Интересни факти за „Како ја запознав мајка ви“

    Како ја запознав мајка ви“ (How I Met Your Mother) е мега популарна ТВ серија која не може да не ве расположи, насмее до солзи и да ви го направи денот поубав. Сценариото е фантастичен склоп од едноставен но, уникатен и ултра смешен пристап кон секојдневните (но и оние поретките) ситуации во животот.rnrnЕдноставно кажано, ако сè уште не сте ја гледале, направете го тоа веднаш! Друштвото составено од Тед Моузби (Џош Реднер), Робин Шербатски (Коби Смолдерс), Маршал Ериксен (Џејсон Сигал), Лили Алдрин (Алисон Хениган) и Барни Стинсон (Ниел Патрик Херис) и нивните секојдневни комични ситуации, со сигурност ќе ви го продолжат животот. Сите оние кои со нетрпение ја очекувате наредната епизода од 6 сезона, во меѓувреме прочитајте 10 интересни факти за серијата и глумците во неа.rnИнтересни факти за ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

      rn011

    • Барни и Тед во серијата првпат се сретнаа во машкиот тоалет.
    • rn

    rn

      rn011

    • Интересно е тоа што во серијата никој никогаш не ја дознава работната позиција на Барни во банката во која што работи. Секогаш кога друштвото ќе го праша што всушност му е работа, тој саркастично одговара „Ве молам!
    • rn

    rnИнтересни факти за ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

      rn011

    • Во текот на една епизода, Робин се вознемирува во ресторан кога и пристига чаша со шампањско во која на дното има веренички прстен, мислејќи дека Тед ќе ја побара за жена. Во моментот кога Тед и кажува „не е мој“, друг џентлмен станува од масата зад нив и вели „мој е“ и се враќа на неговата маса каде запросува една жена. Брачната понуда не е дел од сценариото, туку реална ситуација. Господинот ја испланирал целата сцена со продуцентите на ТВ серијата и и кажал на неговата девојка дека добиле награда на некој натпревар да учествуваат кратко во епизода од „Како ја запознав мајка ви“. Така тој ја побара девојката да биде негова сопруга и таа понуда за брак ќе „живее засекогаш“ снимена како дел од епизодата на популарната серија.
    • rn

    rn

      rn011

    • Алисон Хениган била бремена во текот на снимањето на многу епизоди од четвртата сезона, но извршните продуценти не биле заинтересирани и Лили да биде прикажана трудна. Во повеќето епизоди се користени разни ТВ трикови за да се сокрие бременоста на глумицата – носела вреќести блузи и огромни чанти. Сепак во епизодата „The Possimpible“ прикажано е трудното меше на Лили, каде што таа победува на натпревар во јадење хот-дог и е комично подуена потоа.
    • rn

    rn

      rn011

    • Откако Алисон Хениган (Лили) им кажала на продуцентите дека е трудна, Коби Смолдерс (Робин) открила дека е трудна исто така. Ниту Лили ниту Робин, не беа трудни во серијата, па костимографите имале доста работа да ја сокријат бременоста на двете главни женски улоги во серијата.
    • rn

    rnИнтересни факти за ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

      rn011

    • Пред да започне снимањето на „Како ја запознав мајка ви“ во 2005 година, Ниел Патрик Херис (Барни) и Џош Реднер (Тед) веќе имале глумено заедно во филмот „Писмото од Париз“ (The Paris Letter) и тоа како љубовници.
    • rn

    rn

      rn011

    • Претходниот факт е интересен бидејќи Барни, непоправливиот женкар и срцекршач, е хомосексуалец во вистинскиот живот. На Ниел Патрик Херис и неговиот долгогодишен љубовен партнер Дејвид Буртка во октомври 2010, им се родија 2 близначиња, едно машко и едно женско, од сурогат мајка.
    • rn

    rnИнтересни факти за ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

    rnИнтересни факти за ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

      rn011

    • Ко- креаторот на серијата Картер Бејс вели дека сцените во лимузина биле едни од најкомплицираните за снимање, бидејќи за да се сними дејствието внатре, потребно било да се расклопи лимузината.
    • rn

    rn

      rn011

    • Џош Реднер (Тед), Џејсон Сигал (Маршал) и Ниел Патрик Херис (Барни) се сите високи над 180 цм, а тоа ги прави највисоките главни машки улоги во хумористична серија.
    • rn

    rnИнтересни факти за ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“rn

      rn011

    • Во станот на Барни, на ѕидот е закачен врамен постер од насловната страна од новелата „Картер го победува ѓаволот“ од Глен Дејвид Голд. Во романот станува збор за магионичар од Сан Франциско, а дејствието се одвива во 1920-тите. Барни, е исто така талентиран магионичар во серијата, и во реалниот живот.
    • rn

    rn