КАФЕ ПАУЗА

Tag: баркод

  • Првиот виртуелен супермаркет во светот

    Првиот виртуелен супермаркет во светот

    Можете ли да си замислите како влегувате во супермаркет да испазарите нешто и притоа не гледате ниту еден продукт на полиците? Епа токму ова им се случува на Јужнокорејците кога пазарат во нивната нова виртуелна продавница, чиишто продукти потоа реално ги користат.Отворен првиот виртуелен супермаркет во светотПрвиот виртуелен супермаркет во светот се отвори во Сеул, главниот град на Јужна Кореа. Тука можете да купувате продукти кои се прикажани на слики во метро станица, со едноставно скенирање на нивниот QR баркод со помош на вашиот паметен телефон. Отворен првиот виртуелен супермаркет во светотХоумплус“, вториот јужнокорејски синџир на маркети со дисконтирани цени, нуди 500 продукти во својата виртуелна продавница, меѓу кои има прехранбени производи, електроника и козметика за лична хигиена. Полиците со производи се „распослани“ на седум столба и шест електронски екрани. Не станува збор за вистински полици, туку за слики од продуктите кои се на продажба, подредени на големи постери, во нивната реална големина, како на пример слика од млеко, јаболка, училишни ранци, прашок за перење, а под нив се наоѓа QR кодот. Сè што треба да направат муштериите, е да ја преземат апликацијата на нивниот паметен телефон, а купувањето го извршуваат со скенирање на баркодот од посакуваниот производ.Отворен првиот виртуелен супермаркет во светот.rn

    „Правите нарачка на производи кога одите накај работа наутро, а кога ќе се вратите дома ќе ги видите во вашиот дом“ – вели пиарменот од „Хоумплус“.

    rnКупувачите не мораат да се наоѓаат во близина на виртуелната продавница доколку сакаат да го заменат купениот производ со друг. Така, доколку го имате шишето сок в раце и сакате да го замените со некој друг, сè што треба да направите е да го скенирате баркодот кој се наоѓа на него, користејќи ја апликацијата за паметни телефони на „Хоумплус“. Производот ќе ви биде испорачан во вашиот дом или канцеларија.Отворен првиот виртуелен супермаркет во светотВо моментов, само корисниците на Андроид имаат можност да ја користат оваа услуга, која што беше овозможена во текот на изминатата седмица. Не дека „Хоумплус“ немаат изработено апликација за Ајфон, но чекаат таа да биде одобрена од страна на „Епл“.rnrnЦената за испорака на продуктите од онлајн продавницата, ќе варира од 1000 до 4000 јужнокорејски вони или претворено во евра од 0,6 до 2,6 евра, во зависност од часот кога муштеријата сака да му бидат испорачани.Отворен првиот виртуелен супермаркет во светот.rnrn rn

    „Кога ја лансиравме апликацијата на Хоумплус во февруари, заработивме само 9 милиони вони (5.955 евра) од продажбата на продукти за една седмица“ – вели претставникот на „Хоумплус“, Ким Јин-хо. „Но, 650.000 луѓе ја преземаа апликацијата од месец јули и сега заработуваме по 30 милиони вони (19.850 евра) за една седмица.“

    rnПроизводите ќе бидат дистрибуирани од реалните продавници на „Хоумплус“ кои се наоѓаат најблизу до адресата на муштеријата. Секоја продавница, ќе врши дистрибуција до купувачите, на секои два часа, десет пати дневно.Отворен првиот виртуелен супермаркет во светотИзвршниот директор на „Хоумплус“ Ли Сунг-хан, вели дека маркетите мораат да се прилагодат на брзите промени во навиките и однесувањето на потрошувачите. Тој вели дека повеќето корисници на паметни телефони, најмногу ги користат додека се движат од една до друга секојдневна релација и ова е најдобриот период од денот за таргетирање на купувачи.rnrnСпоред корејската комисија за комуникации, бројот на корисниците на паметни телефони се очекува да порасне од 7,2 милиони во првата половина од оваа година, на 25 милиони во втората половина.rn

    rn Сметате ли дека на Македонија ù е потребна ваква виртуелна продавница?rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn