КАФЕ ПАУЗА

Tag: банџи

  • 10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

    10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

    Проверете што сè може да се направи за едно деноноќие. Ако сте со авантуристички дух, повелете соборете ги следните рекорди. :)rn

    1. Да истрчате околу 446 километри

    rn10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часаrnrnУлтрамаратон е форма на маратон во кој учесниците се натпреваруваат кој повеќе ќе истрча во рок од 24 часа. Победникот на последниот ултрамаратон е Американецот Мајк Мортон. Тој истрчал над 446 километри.rn

    2. Да настапите на 8 концерти во 8 различни градови

    rn10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часаrnrnИзминатото лето, психоделичниот рок бенд „The Flaming Lips“ го собори рекордот на Џеј-Зи, одржувајќи 8 концерти во 8 различни градови, од Тенеси до Луизијана.rn

    3. Да направите 801 тетоважа

    rn10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часаrnrnВо 2008 година, тату-уметникот Холис Кантрел од Аризона за точно 24 часа изработил 801 тетоважа или двојно повеќе од претходно утврдениот рекорд.rn

    4. Да направите 46.001 склекови

    rn10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часаrnrnПред речиси една деценија, Чарлс Сервицио (Charles Servizio) направил 46.001 склекови за 24 часа.rn

    5. Да направите 6.176 форми од балони

    rn10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часаrnrnВо 2004 година, Тим Турмонд (Tim Thurmond) успеал да направи точно 6.176 форми од балони за добротворна организација. Нема информации колку балони му испукале во овој процес. :)rn

    6. Можете да изодите околу 48 километри со „месечевиот од“

    rn10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часаrnrnОва го постигнал Arulanantham Suresh Joachim. Мајкл Џексон сигурно би бил горд на него.rn

    7. Да решите 4.786 рубикови коцки

    rn10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часаrnrnТоа е околу 4.785 пати повеќе отколку што може да реши еден просечен човек.rn

    8. Да играте во секое казино во Лас Вегас

    rn10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часаrnrnЏек Фримен и неговиот син Џереми успеале да ги поминат сите казина во Вегас за помалку и од 24 часа. Им останале 5 неискористени часови.rn

    9. Да скокнете банџи 105 пати

    rn10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часаrnrnРедордот е поставен минатата година во Јужна Африка. Рекордерот скокал банџи на секои 14 минути.rn

    10. Да направите 14.607 пати „дај петка“?

    rn10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часаrnrnТоа е речиси двојно повеќе од рекордот со гушкање, кој пак, изнесува 8.709 пати.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најдобри локации за скокање со банџи

    10 најдобри локации за скокање со банџи

    Велат дека штом еднаш се изведе банџи скок, тоа мора кога-тогаш пак да се повтори. Самиот поглед од висока платформа надолу и скокот кон бездната кој завршува со растегнување на јажето се незаборавно искуство кое скокачот го тера да бара подобри места за овој екстремен спорт. Потрагата по спојување на катарзата од дивата природа со адреналинот од екстремниот скок, завршува на следните десет локации, најдобри во светот според повеќето скокачи.10 најдобри локации за скокање со банџиrn

    Викторија фолс бриџ, Зимбабве и Замбија

    rnНад спектакуларните Викториини водопади на реката Замбези е изграден мост кој ги поврзува Замбија и Зимбабве. Како да не е доволно возбудливо само да се гледаат водопадите, па постои можност дури и да се скокне со раширени раце кон нив од 152 метри високиот мост. Единствен проблем е тоа што мостот е на самата граница меѓу двете држави, па на скокачот му е потребен пасош и потпишана изјава дека пo скокот ќе се врати назад во земјата од каде што дошол.10 најдобри локации за скокање со банџиrn

    007 Банџи џампинг центар, Швајцарија

    rnБраната на езерото Вогорно во живописната Швајцарија служи како платформа за банџи скокање. И покрај тоа што е извонредна локација, не беше многу позната сè додека Џејмс Бонд не го изведе скокот од неа во „Залтното око“, по што практичните Швајцарци го задржаа името „007 Банџи џампинг центар“.10 најдобри локации за скокање со банџиrn

    Невис, Нов Зеланд

    rnНеколку работи го прават Невис една од највозбудливите банџи дестинации во светот. Платформата за скокање е сместена во кањон помеѓу два рида, кој при врвот е широк, но во долниот дел драматично се стеснува. До неа може да се стигне само со жичара од која скокачот ужива во неверојатната природа. Ако на тоа се додаде и возбудата од погледот кон 134 метри длабоката бездна додека се возите во кабината, оној кој патем не се откажал ќе има за што да раскажува.10 најдобри локации за скокање со банџиrn

    Пајплајн, Нов Зеланд

    rnЗа многумина е доволно застрашувачки дури и да се движат по долгиот мост без столбови Пајплајн, додека низ карпите под него дивее реката Шотовер. Оној кој ќе го издржи тоа, а уште ќе собере храброст и да скокне, речиси ќе се нурне во пенливите води на реката каде што ќе биде пречекан од екипаж со чамец пред да биде префрлен на безбедно.10 најдобри локации за скокање со банџиrn

    Блукранс, Јужна Африка

    rnМостот Блукранс е прекрасно архитектонско здание кое нуди извонредна глетка кон двата рида кои ги поврзува и уште една застрашувачка глетка надолу. Сепак, токму тоа е она што скокачите го бараат, а покрај тоа, поради опремата што се користи, тука се изведуваат „најмеките“ скокови во светот.10 најдобри локации за скокање со банџиrn

    Коринтскиот канал, Грција

    rnКоринтскиот канал ја дели Грција од Пелопонез, а мостот над него е добра можност за изведување возбудлив банџи скок. Во топлите месеци редовно се изведуваат скокови, кои чинат по 60 евра, а дополнително може да се плати уште 10 евра за оние кои сакаат да се пофалат со дивиди од нивниот храбар потфат.10 најдобри локации за скокање со банџиrn

    Пукон, Чиле

    rnОва не е за секој банџи скокач. Оној кој сака да го доживее ова искуство, прво ќе се врзе за хеликоптер, па ќе отпатува до местото од каде што ќе скокне 106 метри надолу кон активен вулкан, доближувајќи се на само 200 метри од врелата лава чувствувајќи ја топлината на себе. Потоа следува враќање назад во базата висејќи на банџи јажето цели 50 километри додека трае патувањето. Сето ова чини 10.000 долари.10 најдобри локации за скокање со банџиrn

    Боте Коси, Непал

    rnАко качувањето на Хималаите не е доволно возбудливо, тогаш банџи скок со глетката на пенливата река Боте Коси под себе и Хималаите околу себе мора да биде доволно. Мостот е изграден специјално за банџи и е висок 160 метри. Скокот е долг 120 метри, така што при скокањето птичјата перспектива бргу се претвора во блискост до тлото. Ова исто така е еден од најдолгите скокови во светот.10 најдобри локации за скокање со банџиrn

    Ројал Горџ, САД

    rnПокрај спектакуларната глетка на карпестата околина карактеристична за Северна Америка и реката Арканзас, она што ги привлекува најекстремните скокачи кај мостот Ројал Горџ е неговата висина. Таму е поставена највисоката платформа на светот со висина од 321 метри.10 најдобри локации за скокање со банџиrn

    Понте Колосус, Италија

    rn„Големиот мост“ е еден од највисоките во светот од кои може да се скокне со банџи, а ги привлекува оние кои покрај храброст да скокнат надолу кон зеленилото под мостот, ќе имаат и челични нерви да ги издржат вечните 4,5 секунди додека паѓаат со неверојатни 100км/ч.10 најдобри локации за скокање со банџи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10-те најекстремни спортови во светот

    10-те најекстремни спортови во светот

    Автор: Ивана ДимитровскаrnrnДали сте се запрашале зошто луѓето воопшто се одлучуваат за екстремни спортови? Екстремните спортови можат да бидат прилично опасни и ризични по здравјето на учесниците, а неретко завршуваат и со фатални последици. Некои велат дека тоа е единствениот начин на кој можат да го покачат нивото на адреналин, да се одвојат од останатите, да демонстрираат решителност, одлучност и храброст или едноставно да направат нешто различно и поинакво.rn

    1. Volcano boarding (Сурфање на вулкан)

    rnБордањето по снег веќе не е во мода. Спуштање по активен вулкан на специјално дизајнирани дрвени бордови со брзина не поголема од 80 км/ч е вистинскиот предизвик. Илјадници љубители на овој спорт се искачуваат на подножјата од планината Сиро Негро во Централна Америка, каде се наоѓаат едни од најубавите вулкански стази за бордање. Оние кои пробале сведочат за неверојатниот адреналински шок кој се јавува кога треба да се помине вулкански наклон од 41 степен во своите најстрмни делови, на релативно млад вулкан кој досега еруптирал преку 20 пати, последен пат во 1999 година. Со своите почетоци во 2005-та година овој тип спорт привлекол повеќе од 10.000 бордери.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    2. Train surfing (Сурфање на воз)

    rnПред сè, станува збор за илегален спорт кој е популаризиран во 80-тите години во Германија, кој опфаќа искачување и сурфање на воз во движење од надворешната страна. Опасноста во спортот, освен можноста да се падне, е и во потенцијалните пречки на патот: тунели, кабли и слично. Иако подземните железници со години водат против-кампања, сурфањето по возови се практикува на големо во Африка и во Индија. Професионалците во овој спорт ги докажуваат своите способности на најбрзите возови во Германија, InterCityExpress. Овие возови постигнуваат максимална брзина од 280 км/ч.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    3. Crocodile bungee (Банџи-скокање над вода со крокодили)

    rnЗа оние за кои висината не е доволен предизвик постои алтернативен вид банџи-скокање и тоа скокање во води полни со крокодили. Ова дополнително зачинување кое го вовеле Австралијците дефинитивно остава без здив, а какво е чувството… за тоа сведочат само најхрабрите (најлудите) авантуристи!rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    4. Slacklining (Екстремно одење по јаже)

    rnНајкратката дефиниција за овој екстремен спорт би била: одење по затегнато јаже на голема висина. Впрочем, јажето воопшто и не е затегнато, а најчесто и се прилагодува според тежината на изведувачот. Целиот концепт е во вештината на одржување телесен баланс во стресни околности: неверојатни висини и отстранување на заштитните придржувачи. Моменталниот рекорд според Гинисовата книга го постигнал Кристијан Шу, преминувајќи процеп на Норвешки фјорд во Кјеранг на висина од 1.000 м, висина еквивалентна на 3 Ајфелови кули.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    5. B.A.S.E. jumping (Скокање од згради, мостови, антени и карпи)

    rnОвој тип спорт е всушност скокање со падобран, но на некое поопасно ниво. Разликата е во тоа што скоковите започнуваат од фиксни објекти, како и кај параглајдерството, но со затворен падобран. Акронимот B.A.S.E. е кратенка од четирите објекти кои најчесто се користат како потенцијални стартни позиции: згради, антени, мостови, карпести рабови. Опасноста на спортот лежи во недостигот на време да се отвори падобранот по скокот.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    6. Limbo skating (Поминување под автомобили со ролшуи)

    rnЗа многумина речиси невозможно, овој тип лизгање под коли е последното лудило во Индија. Сам по себе спортот бара флексибилност, физичка спремност и способност за гимнастички баланс. Неофицијалниот светски рекордер е Аникет Чиндак, индиското чудо од дете, кое досега прошло под 57 коли.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    7. Heli skiing (Скијање по скок од хеликоптер)

    rnОвој пред сè скап спорт, вклучува амбициозен обид за скијање по стрмни и непристапни терени до кои може да се стигне само со хеликоптерски превоз. Освен скијањето, дури и самиот хеликоптерски превоз може да биде опасен. Френк Велс, поранешен претседател на корпорацијата Волт Дизни, загинал во хеликоптерска несреќа при обид за хели-скијање.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    8. Cave Diving (Нуркање во пештера)

    rnЗамислете да се најдете на повеќе од 30 м длабочина во мрачна, ладна и длабока подводна пештера. Нуркачите мора да се добро обучени и спремни за ваков вид експедиција, но и покрај тоа постојат низа опасности кои прават овој спорт да се вброи на листата најекстремни. Можно е да се остане без кислород, да се згреши патеката или да се биде изеден од некое чудно пештерско суштество. Според статистичките извештаи преку 500 нуркачи имаат загинато од првото пештерско подводно спуштање во 1960 година па навака. За љубителите на овој спорт, но и за оние кои сакаат да пробаат, подводните пештери во Матка се доволен предизвик.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    9. BirdMen (Луѓе-птици)

    rnСо специјална опрема: летечки костим и контрола на движењата, луѓето навистина можат да летаат! Брзината која може да се постигне се движи 220 – 240 км/ч. Популарна локација за ваков вид спуст е долината Ромсдал во Норвешка.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    10. Skydiving (Слободен пад од авион)

    rnЕкстремен спорт за сите оние кои се заситиле од „едноставното“ спуштање со прикачен падобран, па одат еден чекор погоре: фрлање од авион без прикачен падобран, за потоа, во текот на паѓањето друг падобранџија да им обезбеди безбеден начин за слетување. Велат дека наједноставен начин да се совлада стравот од висина е доколку се фрлите свесно од целосно функционален и исправен авион. Добар дел од падобраните имаат и висински самоактивирачки систем, односно во случај да заборавите да го ослободите, сам ќе ја заврши работата на одредена висина од земјата, но тоа се разбира, само доколку го имате со вас. Во спротивно довербата во вашиот партнер е единствената сигурна работа која ќе ве спушти на тврдо тло.rnrn10-те најекстремни спортови во светот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.