КАФЕ ПАУЗА

Tag: балсам

  • За здрава и сјајна коса: Направете природни балсами за коса

    За здрава и сјајна коса: Направете природни балсами за коса

    Започнувајќи од кожата, па преку избелувањето на ноктите, па сè до косата, можеме да заклучиме дека јаболковиот оцет е досега незаменлива природна состојка на сите домашни рецепти за нега и убавина. Сега е лето, а ние се почесто сме излезени надвор, одиме на море и уживаме во прекрасното топло време, а забораваме на нашата коса на која не ѝ одговара толку многу сонце и директното изложување на сончевите зраци. Поради тоа, таа станува нежна и сува, па со самото тоа расте побавно и во некои случаи ја менува својата текстура. Затоа, заштитите ја вашата коса навреме и обезбедите ѝ третман каков што заслужува.rnrnrnrnВо продолжение ви претставуваме четири одлични рецепти за балсами кои имаат иста основа, само што се менуваат етеричните масла во зависност од тоа каков е вашиот тип на коса. Принципот на правење е ист, откако ќе се измешаат сите состојки, потребно е добиениот балсам да се чува во стаклен сад со капаче, во фрижидер.rn

    Основа:

    rn

      rn011

    • 800 милилитри вода
    • rn011

    • 30 милилитри сок од алое вера
    • rn011

    • 15 милилитри јаболков оцет
    • rn

    rnСпоред вашиот тип на коса, во основата додадете ги следниве продукти:rn

    За масна коса:

    rn

      rn011

    • 2 капки масло од лаванда
    • rn011

    • 10 капки масло од маточина
    • rn011

    • 13 капки масло од смил
    • rn

    rn

    За побрз раст на косата:

    rn

      rn011

    • 5 капки масло од лаванда
    • rn011

    • 10 капки масло од ела
    • rn011

    • 10 капки масло од нане
    • rn

    rn

    За против опаѓање на косата и првут

    rn

      rn011

    • 5 капки масло од лаванда
    • rn011

    • 10 капки ванила
    • rn011

    • 10 капки масло од лимон
    • rn

    rn

    За испукани краеви

    rn

      rn011

    • 7 капки масло од иланг-иланг
    • rn011

    • 18 капки масло од сандаловина
    • rn

    rnrnrn

    Како се нанесува:

    rnПротресете го шишето или садот во кој што го чувате балсамот и нанесете ја посакуваната количина по должина на целата коса. Овој балсам не мора да се измива, но доколку сакате, можете.

  • Направете сами: Чоколаден балсам за уста

    Направете сами: Чоколаден балсам за уста

    Доколку навистина сакате да уживате во производот за нега на вашите усни, осигурете се дека ги имате неопходните состојки за овој фантастичен чоколаден балсам кој е одличен за заштита во зимските денови.rnrnНаправете сами: Чоколаден балсам за устаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 5 грама масло од какао
    • rn011

    • 2 грама кокосово масло
    • rn011

    • 1 коцка чоколадо за готвење
    • rn

    rnМаслото од какао ја омекнува сувата кожа, ја хидрира и ја зголемува нејзината еластичност. Кокосовото масло има пријатен и нежен мирис, ја прави кожата мазна и ја штити од сушење. Чоколадото е одличен додаток за уште подобар мирис и вкус.rn

    Начин на подготовка:

    rnМаслата растопете ги на пареа, па потоа додајте го чоколадото. Мешајте постојано додека не добиете густа смеса, а потоа пресипете ја мешавината во мало кутиче. Оставете го балсамот да се излади и потоа е подготвен за користење. Рокот на траење му е 2 месеци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку чекори до совршено бричење

    Неколку чекори до совршено бричење

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnrnИако е секојдневна машка работа, бричењето на лицето за многу мажи може да претставува вистинска болка. Секојдневното бричење не секогаш значи подобар изглед, туку може да донесе црвенило и непријатно чешање. Но, тоа не мора да биде така ако се следат следните неколку совети.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Подготовка

    rnТуширање со топла вода е најдобар начин да се подготвите за бричење. Топлата вода и пареата ќе предизвикаат отворање на порите на лицето и во голема мера ќе го олеснат бричењето.rn
    rn

    Измијте го лицето

    rnМиењето на лицето додека се туширате е еден од најважните чекори. Сапунот ќе ја симне нечистотијата од кожата и од влакната на лицето, а тоа ќе го спречи црвенилото и чешањето по бричењето.rn
    rn

    Отстранете ги мртвите клетки

    rnПо миењето убаво истријте го лицето. На тој начин ќе ги исчистите мртвите клетки од кожата, па подоцна тие нема да се закачат на бричот и да го попречат бричењето. Повторувањето на оваа рутина на секои два до три дена многу ќе ви ја олесни работата на подолг рок.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Употребувајте квалитетен гел за бричење

    rnДоколку не сакате да трпите болка, нанесување сапун пред бричење или бричење на суво не доаѓаат предвид. Нанесете квалитетен гел за бричење, кој ќе помогне во отворањето на порите и ќе го спречи црвенилото. На пазарот можат да се најдат повеќе различни брендови, некои поскапи, некои поевтини, но ова не е момент кога треба да штедите пари. Со мала разлика во цената ќе добиете извонреден ефект на вашето лице.rn
    rn

    Употребете квалитетен брич

    rnБричењето ќе биде онолку добро колку што е добар бричот. Слично како и во случајот при изборот на гел за бричење, и при изборот на бричот, со малку поголема инвестиција ќе добиете значително подобар ефект. Оние со три или пет жилети се малку поскапи, но можат да се користат многу повеќе пати, а даваат и одличен резултат.rn
    rn

    Внимавајте на техниката на бричење

    rnБричењето не се состои од едноставно поминување со бричот по лицето. Вратот и долниот дел од брадата бараат бричење од надолу кон нагоре, а горниот дел од брадата обратно.rn
    rn

    Исплакнете го лицето

    rnВеднаш по последното поминување со жилетот исплакнете го лицето со топла вода. Ова е многу едноставен и брз чекор кој многу помага.rn
    rn

    Не употребувајте крпа

    rnНемојте да го бришете лицето со крпа откако ќе го исплакнете, затоа што малите влакненца и конци од крпата ќе се закачат на кожата и ќе ја иритираат. Иако не е многу пријатно да ја оставите водата да ви капе од лицето, со ова може да пропадне целиот претходен труд.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Нанесете балсам за после бричење

    rnСамо соодветен балсам или крем може да го омекне и освежи лицето по бричењето. Многу попопуларната колонска вода можеби мириса убаво, но ги нема состојките што му се потребни на лицето по „тортурата“ со жилетите.rn
    Дури и кога не се бричите може да направите некои работи кои ќе ви помогнат да го спречите црвенилото и чешањето во иднина. Секојдневното миење на лицето со антибактериски сапун му пружа дополнителна заштита, а доброто чување на „опремата“ за бричење гарантира дека таа ќе остане чиста и нема да ја упропасти работата и покрај големиот труд.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да направите домашни производи за капење од алое вера?

    Како да направите домашни производи за капење од алое вера?

    Алое верата е богата со 9 витамини (А, Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б12, Ц, Е), многу минерали како калциум, бакар, хром, железо, магнезиум, шеќери (гликоза и фруктоза) и др. Безбројни се придобивките од ова растение и со векови наназад се користи во медицината и козметиката. Го има во многу разни облици, дури и како сок за пиење, но најпозната форма е гелот од алое вера. Познато е дека ù дава влажност, виталност и свежина на косата и кожата, ги омекнува, а се бори и против првутот. Исто така, алое верата е одличен лек против воспаленија на кожата, изгореници, исекотини, пликови и лупење на кожата предизвикани од јако сонце, а создава и разладувачки ефект, така што е одличен за овој период од годината. Косата и кожата сигурно ви се суви по печењето на плажа, па затоа фатете се за работа – вратете им ја влажноста.Како да направите домашни производи за капење од алое вераrn

    Домашен шампон од алое вера

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 60 мл гел алое вера (купен или уште подобро исцеден од лист од алое вера)
    • rn

    rn

      rn011

    • благ течен сапун (по можност да содржи маслиново масло или други масла)
    • rn

    rn

      rn011

    • ¼ супена лажица сончогледово масло
    • rn

    rn

      rn011

    • 1 супена лажица глицерин
    • rn

    rnНачин на подготовка: Убаво промешајте ги сите состојки и сипете ги во празно шише од шампон. Затворете го шишето со капачето и оставете го приготвениот шампон на собна температура ако не го користите веднаш.rnrnНачин на употреба: Пред секоја употреба, протресете го шишето со домашен шампон од алое вера. На мокра коса нанесете на раката од шампонот, масирајте ја косата и оставете да постои на неа неколку минути. Потоа убаво исплакнете.rnrnПредности: Шампонот од алое вера помага во повраќање на влажноста на оштетената коса. Во летно време косата најмногу се суши од јакото сонце, особено за време на летниот одмор, па ова ви е здрава, одлична и евтина замена за купечките шампони за коса.Како да направите домашни производи за капење од алое вераrn

    Домашен балсам за коса од алое вера

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • половина лимон
    • rn

    rn

      rn011

    • 60 мл гел од алое вера
    • rn

    rn

      rn011

    • етерично масло
    • rn

    rnНачин на подготовка: Исцедете половина лимон на цедалка и сипете го во сад и потоа додадете 60 мл алое вера гел, кој можете да го набавите од аптеките. На крајот додадете 3-5 капки етерично масло со вашиот омилен мирис, за дадете личен печат на вашиот регенератор и убава арома.rnrnНачин на употреба: Измијте ја косата со шампон. Откако убаво ќе го исплакнете шампонот, нанесете од приготвениот балсам од алое вера, фокусирајќи се најмногу на врвовите од косата и скалпот. Оставете го да стои на косата 3-5 минути и потоа убаво исплакнете ја косата.rnrnПредности: Балсамот од алое вера е познат по тоа што длабински ја повраќа влажноста и виталноста на косата, а помага и во борбата против првутот.Како да направите домашни производи за капење од алое вераrnrnДодатни трикови:rn

      rn011

    • Направете одлична маска за коса мешајќи еднакви количини маслиново масло и алое вера гел. Нанесете од смесата на косата, исчешлајте ја убаво од коренот кон врвовите за да се распореди и оставете ја маската така да стои 30 минути. Потоа убаво исплакнете ја косата.
    • rn

    rn

      rn011

    • Нанесете алое вера гел директно на скалпот и оставете така да седи 30 минути, за да се борите против досадниот првут и да го стимулирате растот на вашата коса. Исто така, ако нанесете алое вера гел директно на косата и преспиете со него, тој ефикасно ќе делува на освежување и обновување на влакната на вашата коса.
    • rn

    rn

      rn011

    • Додадете алое вера гел на вашиот шампон. Во шишенце полно со 250 мл шампон, додадете 1 супена лажица алое вера гел.
    • rn

    rnПредупредување: Темелно исплакнете го со млаз вода растворот од вашата коса, по препорачаното време.rn.rn

    Домашен гел за туширање од алое вера

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 1300 мл дестилирана вода
    • rn

    rn

      rn011

    • 1 лажиче сол
    • rn

    rn

      rn011

    • 250 мл густ шампон за коса
    • rn

    rn

      rn011

    • 60 мл алое вера гел
    • rn

    rn

      rn011

    • етерично масло од камилица, невен или лаванда
    • rn

    rn

      rn011

    • прехранбена боја
    • rn

    rnКако да направите домашни производи за капење од алое вераНачин на подготовка: Загревајте 1300 мл дестилирана вода додека да стане иста колку температурата на собата. Дестилирана вода користете ако сакате гелот да има замаглен ефект, какви што се купечките гелови. Истурете го шампонот во сад, додадете ја водата и убаво измешајте. Потоа додадете ги алое вера гелот и солта. Капнете неколку капки етерично масло и прехранбена боја по ваш избор. Убаво мешајте ги сите состојки, додека да се формира цврст гел. Можете да ја прилагодувате количината на прехранбена боја и етерични масла, додека не ги добиете посакуваната боја и мирис. Приготвениот гел за туширање сипете го во шише од шампон или нешто слично и употребувајте го на секое капење. Рок на употреба му е 6 месеци.rnrnПредности: Гелот за туширање од алое вера е природен балсам за тело, кој ќе ја одржува влажноста на вашата кожа и ќе ја направи мека и нежна после секое капење.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.