Автор: Александра ЧакаровскаrnrnДоколку сакате да сте модерни, да изгледате гламурозно и секогаш да бидете во тренд, чевлите на Балдинини се вистинскиот избор за вас. Италијанскиот бренд Балдинини, кој опстојува на модниот пазар повеќе од 100 години, и овојпат не ги остави рамнодушни своите женски обожаватели. Новата колекција на женски чевли пролет/лето 2012, фасцинира со гламурозност, впечатливи бои и уникатен дизајн.
Иснпирацијата за новата колекција на женските чевли, италијанскиот дизајнер Гими Балдинини ја црпи од времето на диско музиката, кога ултрамодерни биле чевлите со високи потпетици, мини здолништата и жешките панталончиња. Токму новите модели на женски чевли се одликуваат со високи потпетици, впечатливи бои и подигнати платформи.


Вие сте тие кои ќе одлучите кои од чевлите ќе ве красат во наредната сезона.







rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
