КАФЕ ПАУЗА

Tag: багаж

  • Проблематично детство, болно раскинување: Ослободете се од непотребниот емотивен багаж!

    Проблематично детство, болно раскинување: Ослободете се од непотребниот емотивен багаж!

    Колекцијата на сликички од основно училиште, љубовните писма од првото момче, зајчето кое од многубројните преселувања го загубило едното око, искинатиот џемпер во кој толку добро се чувствувате… Што би бил животот без овие наши мали богатства? Но исто така, вистина е и дека покрај интересните колекции од сè и сешто, со текот на годините собираме и уште нешто – сите трауми, неправди, лоши искуства и стравови. А, доколку се чувствувате дека овој непријатен „багаж“ ве влече надолу или наназад, време е да се „распакувате“ и сето она што е непотребно да го оставите зад себе!rnrn1-problematichno-detstvo-bolno-raskinuvanje-oslobodete-se-od-nepotrebniot-bagazh-www.kafapauza.mk_rn

    Багаж бр. 1: Проблематично детство

    rnШто прво ви паѓа напамет кога ќе се сетите на вашето детство? Игралиште, кукли, изгребани колена, ластик? Или пак се чувствувате загрозено, уплашено и ранливо?rn

    „Како дете многу повеќе бев заинтересирана за животните и билките отколку за моите врсници. Останатите деца ме малтретираа, бидејќи мислеа дека сум поразлична од нив. Денес, како возрасна, мислам дека можам да се справам со агресивните луѓе, но во некој дел од мојот мозок остана страв дека луѓето ќе дознаат дека во детството сум била слаба и ранлива“, вели Марина, активист во организацијата за заштита на животните.

    rnРаните искуства, кои вклучуваат отфрлање од околината и каков било вид на насилство, може да имаат моќно психолошко влијание, а на многу луѓе траумите продолжуваат да ги прогонуваат и во нивните зрели години. Доколку сте заглавени во стапицата наречена „јас не го можам тоа“, мора да се потсетите себеси дека сте возрасни и доволно силни да ги совладате лошите искуства од минатото. Па, каде е решението на овој проблем? Тоа може да биде едноставно баш како потсмев, и тоа на себе. rnrnЕдна неодамна објавена американска студија покажала дека луѓето кои умеат да се насмеат на своја сметка, тогаш кога ќе се најдат во некоја непријатна ситуација, подоцна немаат никакво чувство на непријатност, за разлика од оние кои не го умеат тоа. Докажано е и тоа дека чувството на срам може да се поништи доколку отворено го споделите со другите. Затоа откријте им ги на своите родители, најдобрите пријатели или партнерот сите ваши чувства поврзани со несигурноста поттикната од детството. Ништо не го убива и уништува сомнежот во себе колку кога некој друг ќе го направи тоа за вас. Доколку пак, сте доживеале нешто посериозно, како психичко и физичко злоупотребување, не го закопувајте тоа. Неопходно е да побарате професионална помош пред проблемот да завладее со вашиот живот.rn

    „Секој во себе крие мудрост и никој не е попаметен од вас самите кога е вашиот живот во прашање. Дозволете си себеси да ги затворите очите, да допрете до своето внатрешно јас, да го поставите прашањето кое ве мачи и ќе го пронајдете бараниот одговор“, вели Деби Форд.

    rn2-problematichno-detstvo-bolno-raskinuvanje-oslobodete-se-od-nepotrebniot-bagazh-www.kafapauza.mk_rn

    Багаж бр. 2: Се чувствувате недопадливо и грдо

    rnКога последен пат сте виделе некој модел или девојка од насловните страни и сте посакале да изгледате како неа? Утрово додека гледавте FashionTV? Стоење пред огледалото, жалење за својот стомак и бутови, постојано мерење и премерување… Изгледа дека опседнатоста со тежината денес стана главна опсесија, што се чини дека не правиме ништо друго освен водење сметка колку скалата на вагата се подместила нанапред или наназад.rnrnНо, дали сè уште не сфативте дека не мора да бидете девојката која наоколу шета во тесни фармерки (за кои, патем, се надева дека еден ден добро ќе ѝ прилегаат) и да им завидува на оние девојки чија задница е половина од нејзината. Сетете се дека скоро никој не може да се пофали со совршени пропорции, но на некои жени поголемиот задник или неколку килограми повеќе не им стојат на патот за да се чувствуваат и да се однесуваат диво.rn

    Багаж бр. 3: Фобијата позната како „Никој не ме сака“

    rnГи грицкате ноктите, бидејќи мислите дека вашиот шеф не ве сака само поради тоа што изгледате како вашата колешка? Мислите дека насмевката на вашиот комшија е само фацијален грч? Добро дојдовте во клубот! Потценувањето себеси е главен метод за самоизмачување во кое ние жените сме вистински мајстори. Стравот дека никој не нè сака е еден од нашите најголеми „диверзанти“.rn

    „Не сакаме кој било да дознае дека се чувствуваме недостојни за нечија љубов, ниту дека сме доволно добри, па така го поминуваме целиот наш живот обидувајќи се да го потиснеме ова верување“, објаснуваат психолозите.

    rnОва деструктивно приоѓање кон себе и сопствените вредности нема да ве одведе никаде, а може да создадете блокада, која ќе ги спречи сите позитивни работи и мислење да допрат до вашиот живот. Затоа, кога ќе почувствувате дека вашето размислување оди во правец на сомневање, дека вашата личност е вредна колку онаа на грофот Дракула, одлучно отфрлете ги овие мисли. Пронајдете мирно катче и направете листа на сите фантастични работи кои сте ги направиле во животот – наградите, пофалбите, напредокот во кариерата и сите оние позитивни работи кои не би се случиле доколку ве немало вас. Дајте си поттик со тоа што ќе ги забележите сите добри работи во вашиот живот или пак водете дневник за своите убави случувања и искуства. rnrnДоколку не можете да се сетите на ништо, прашајте некој од вашите најблиски што сакаат најмногу кај вас и никако немојте да ги прекинувате со вашите антиреклами. После бројните пофалби, сигурно ќе се запрашате каков би бил светот ако ве немало вас во него. Која е најдобрата работа што можете да ја направите за себеси? Авторот Гери Зукав дава еден краток одговор: „Сфатете дека го заслужувате вашиот живот и живејте го согласно со тоа.“rnrn3-problematichno-detstvo-bolno-raskinuvanje-oslobodete-se-od-nepotrebniot-bagazh-www.kafapauza.mk_rn

    Багаж бр. 4: Не се обидувате нешто да промените

    rnДали некогаш сте се запрашале зошто новогодишните одлуки скоро никогаш не се реализираат? Доколку се водите со реченицата: „Јас сум најмрзливата личност на светот и никогаш не успевам да го реализирам она што сум го зацртала“, тогаш направете пауза и „премотајте ја лентата“. Што и да е во прашање, не можете веднаш да се прогласувате за „неуспешни“ доколку не сте се обиделе да ја реализирате идејата/планот/одлуката. rnrnПред сè, поставете си го прашањето дали тие цели се навистина ваши? Бидејќи, ако работите по планот кој некој друг го зацртал за вашиот живот, секако, дека ќе немате еднаков ентузијазам и волја какви што би имале кога би биле во прашање вашите желби. Дали вас навистина ве мачи тоа што сте сингл или повеќе ве мачи тоа што другите мислат дека кончено би требало да пронајдете некого? Лесно е да паднете под влијание на оние луѓе кои се обидуваат да ве убедат дека во обичните појави се крие некоја опасност. Затоа, ако уживате во тоа што сте сингл, така останете сè додека не посакате (вие, а не некој друг) да најдете соодветен партнер. Чекор два: Не размислувајте „на коцка“. rnrnШто прават поголемиот број девојки кога ќе се соочат со некој проблем? Ја повикуваат својата најдобра другарка, секако. Но, забавете го својот рефлекс за бирање на нејзиниот број – барањето на совет од само една личност со која се дружите, претставува само едно гледиште за прашањето што ве мачи. Наместо тоа, кога ќе се соочите со некоја навистина деликатна тема и дилема, обидете се да побарате совет од некој на кој никогаш не би помислиле. Обратете се на пример, на вашиот брат за да ви даде од машка точка на гледиште, совет за љубовните маки или консултирајте се со жената со која заедно одите на фитнес, а знаете дека води сериозен бизнис, како да ги унапредите своите работни вештини. Понатаму, мислете на проблемите дека се како сложувалка, а не како препреки на патот и претставете си ги себеси како позитивен предизвик кој ќе ви покаже колку сте упорни, спремни и способни да го поминете.rn

    Багаж бр. 5: Ги намалувате сопствените амбиции

    rnИзраснавте со идејата дека еден ден ќе станете светски познат сликар, а сте завршиле работејќи како графички дизајнер. Како се случило тоа? Секако дека нереалните цели може да нè обесхрабрат кога не сме во состојба да ги реализираме. Но, да се биде реален често може да нè ограничи. Реалните цели водат до едно – реални резултати. А, умереност не е нешто што би сакале да го препишеме на сопственото име, зар не? Главното прашање гласи – дали избираме да бидеме нешто помалку од она што навистина би можеле да бидеме? rnrnУспехот подразбира тешка работа, но доколку се стремите – само напред. Тоа што сте можеби единствени во вашето опкружување и семејство што не сака да работи од 9 до 17 часот, не мора задолжително да биде лоша работа. Држете се до она што навистина го сакате. Покрај тоа, секогаш можете да започнете одново, доколку претходното не успеало. И она што е најважно, а што треба да го запомнете – животната среќа и забава многу повеќе ќе ја пронајдете во „текот на патувањето“ отколку на „крајната дестинација“!rnrn4-problematichno-detstvo-bolno-raskinuvanje-oslobodete-se-od-nepotrebniot-bagazh-www.kafapauza.mk_rn

    Багаж бр. 6: Го доживувате животот како натпревар

    rnБез разлика што правите, секогаш ќе има некој попаметен, поубав, посекси или поуспешен од вас. Ослободете се од љубомората. Отидете во кафуле, фатени рака по рака со вашата згодна другарка, наместо да гледате да бидете што подалеку од неа, за да не се забележи дека нејзините гради се поголеми од вашите. Патем, зарем има нешто поубаво за машко око, од тоа кога пред себе ќе здогледа не една, туку две згодни девојки? rnrnА, девојките кои постигнале некој успех на кој им завидувате се обично и оние кои останувале и работеле прекувремено, го жртвувале својот приватен живот поради работата и вложувале двоен труд за да го постигнат она што го постигнале. Доколку ова не ве теши, анализирајте што имате вие, а тие не. Повеќе пријатели, прекрасно момче и слободни викенди? Размислете за ова, скокнете од среќа и удрете си шамар самите себеси секојпат кога ќе посакате да се најдете во туѓа кожа.

  • Непотребен багаж: Поучна приказна која може да ви го промени животот

    Непотребен багаж: Поучна приказна која може да ви го промени животот

    Мудроста не е поврзана со годините. Вие можете да бидете мудри и на 30 и на 60 години. Искуството и различните животни околности влијаат многу врз начинот на кој еден човек размислува. Токму затоа прочитајте ја оваа инспиративна приказна за непотребниот багаж која има моќ да го промени целосно вашиот живот.rnrnНепотребен багаж: Поучна приказна која може да ви го промени живототrnrnЕден ученик го прашал својот учител: „Вие сте толку мудри, секогаш добро расположени и никогаш не се лутите. Помогнете ми и на мене да станам ваква личност.“rnrnУчителот се согласил да му помогне на ученикот и го замолил да донесе еден компир и проѕирна кеса. „Кога некому ќе се налутиш и ќе ја скриеш својата лутина, земи еден компир, па од едната страна напиши го твоето име, а од другата името на личноста со која сте расправале и потоа стави го компирот во кесата“, му рекол учителот. „И тоа не е сè. Потребно е секогаш со себе да ја носиш оваа кеса и секој пат кога ќе се почувствуваш така да ставиш во неа еден компир“, додал тој.rnrnУченикот се согласил. Како што поминувало времето, така кесата се повеќе се полнела со компири и станувала потешка. На ученикот почнало да му станува многу непријатно да ја носи со себе, бидејќи покрај тоа што била многу тешка, компирите кои биле први ставени во кесата, почнале да се расипуваат, притоа ширејќи непријатен мирис. Токму затоа ученикот му пристапил на учителот и му рекол: „Невозможно е ова да се носи со себе. Прво, кесата е премногу тешка, а второ компирите се расипуваат. Предложи ми нешто друго.“rnrnНа тоа учителот одговорил: „Истото тоа се случува и со твојата душа. Кога некому ќе се налутиш или ќе го навредиш, во твојата душа се создава тежок камен кој не се забележува веднаш. Потоа каменот станува сè поголем и овие постапки се претвораат во навики, навиките во карактер, а потоа од карактерот настануваат лоши пороци. И целиот тој товар го носиш со себе, па со тек на време ќе станува потежок, па дури и невозможен за носење. Јас ти дадов можност да го набљудуваш целиот тој процес од страна. Токму затоа, следен пат кога ќе одлучиш да се налутиш или некого да навредиш, размисли дали тој камен ти е навистина потребен.“

  • Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светот

    Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светот

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnЗамислете си „бекпекер“. Сигурно веднаш помислувате на млади луѓе со износени фармерки и неверојатна издржливост. Но, „бекпекингот“ е многу повеќе од студенти кои прават пауза од студиите престојувајќи во некојси дотраен хостел. „Бекпекингот“ е симбол за авантурата и независноста, а покрај тоа е и еден од најевтините начини да се пропатува светот. Затоа постарите патници, оние со ограничен буџет, па дури и оние кои претпочитаат приватна бања и елитна храна не треба да го одбиваат начинот на патување на еден итар „бекпекер“.rnrnПрисвојте го начинот на размислување на еден „бекпекер“ и подобрете ги вашите тактики за патување. Во денешното неизвесно економско опкружување, лекциите за евтино патување што може да се добијат од „бекпекерите“ се бесценети. Од пакување со ултра лесна торба до пронаоѓање достапна храна и сместување, „бекпекерите“ навистина знаат како да патуваат.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотrn

    Лекција бр. 1 – Размислете за престој во хостел

    rnКако зрела возрасна личност, можеби се плашите дека вашето присуство во хостел може да биде налик на присуството на сува слива во кошница полна со свежи јаболка. Меѓутоа, хостелите не се наменети само за младите. Како што растат цените на хотелските услуги, сè повеќе постари патници престојуваат во хостели, каде што, покрај другото, можат да се најдат и приватни соби со бања и чисти кревети, а за нив не е потребна ниту претходна резервација.rnrnПо дефиниција, хостелот нуди сместување слично како во студентските домови – заедничка спална со повеќе кревети. Но, како што со текот на годините хостелите добија на популарност, трендовските хостел-оператори ја проширија дефиницијата неговата дефиниција со вклучување на приватни апартмани, луксузна храна, модерен декор, базени, па дури и собна услуга. Во овој пример може да се вклучи хостелот „Oasis Backpackers’ Mansion“ во Лисабон, кој нуди сервис за перење и сушење алишта, бесплатен интернет и гастрономски вечери, како и хостелот „Oops!“ во Париз, кој има модерен стилски ентериер дизајниран од страна на реномиран графички декоратер.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотТрикот за пронаоѓање добар хостел е да го откриете пред да тргнете на пат. Проверете на  TripAdvisor.com, Hostels.com, HostelBookers.com или на некој друг реномиран сајт за преглед на хотели, чисто да се информирате подетално за вашиот потенцијален хостел. Додека некои хостели личат на трендовски „бутик хотели“ кои изобилуваат со приватност, другите се традиционални младински хостели, со по 10 луѓе во спална и преполни заеднички бањи.rn

    Лекција бр. 2 – Пешачете

    rn„Бекпекингот“ обично бара голема доза на сила и издржливост. Но, ако не сте тип кој сака планинарење или пак маратонско пливање низ реки и канали, тогаш воведувањето на рути за пешачење додека патувате е прифатлив начин да се предизвикате себеси. Како и со која било друга физичка активност, откако ќе ги поместите вашите граници и ќе стигнете на саканото одредиште, ќе доживеете голем налет на самодоверба.rnrnСтавете го на една страна патувањето со воз или со автомобил, а на друга пешачењето до местото што сакате да го посетите. Се разбира дека долгата прошетка ќе ви овозможи близок и личен контакт со вашата локација. Националните паркови, средновековните градови и живописните крајбрежја најдобро ќе ги искусите ако одите пеш. Уште подобро, пешачењето е бесплатно (исто така и трчањето е доста пристапно, но зошто да се брза? :))Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотАко планирањето не е вашата силна страна, тогаш резервирајте си одмор кој вклучува тури со пешачење. Road Scholar е реномирана компанија која нуди пакет одмори за постари лица. На нивниот сајт  ќе најдете многу активни пакети кои вклучуваат доста пешачење и велосипедизам.rnrnНо пред да го пропешачите целиот свет, бидете сигурни дека сте во форма. Почнете со пешачење неколку месеци пред патувањето за да се навикнете на подолги дестинации и ако имате некакви здравствени проблеми, консултирајте се со вашиот лекар пред да се впуштите во патување кое може да биде доста напорно. Обезбедете си добар пар удобни чевли и не прескокнувајте ја нашата следна лекција…rn

    Лекција бр. 3 –  Не носете многу багаж

    rnЗа да патувате како „бекпекер“, ќе треба да се спакувате како „бекпекер“. Речиси е невозможно да се пешачи на долги релации со куфер на тркалање или со гломазна рачна торба. Со намалување на багажот ќе ги избегнете и оние здодевни такси за носење екстра багаж што ги наплаќаат многу авиокомпании само затоа што ви го провериле багажот.rnrnПа како бекпекерите патуваат со месеци по светот со само неколку килограми на нивниот грб? Едноставно – со пакување на мултифункциски предмети како што се пантолони кои се претвораат во шорц и комбинирано пакување на шампон и балсам заедно. Носат лесни ранци специјално направени да собираат повеќе, а да тежат помалку и пакуваат лесна, памучна облека во која телото може да дише. Набавете си квалитетна опрема за патување. Една од светски познатите продавници што се занимава исклучиво со продажба на опрема за патување е Magellan’s.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотАко сте во посета на некој голем град, информирајте се каде има градски перални за облека. Исто така, многу хостели и хотели имаат сопствени пералници. Уште поевтина алтернатива ви е да си носите мини пакување на детергент, да си ги исперете алиштата во мијалник и да ги оставите да се сушат преку ноќ :).rn

    Лекција бр. 4 – Купувајте од самопослуга

    rnНосењето лесен багаж не е добро само за да ги избегнете таксите, туку и затоа што ослободувате место во вашата торба за храна. „Бекпекерите“ имаат навика да ги бараат штандовите со разновидна храна, пазарите каде што се продаваат свежи продукти и локалните пекарници.rnrnОва е добро особено ако патувате низ Европа, каде што многу пристојни ресторани знаат да бидат и тоа како скапи. Затоа, купувањето автентична локална храна со пристапна цена од локална колонијална продавница е одлична идеја. На пример, купете си свеж багет и некое сирење во Париз, појдете во градината Tuileries за да ручате на отворено и добивате автентичен, а сепак пристапен париски оброк надополнет со еден од најдобрите погледи на градот.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотrn

    Лекција бр. 5 – Направете промена во вашата маршрута

    rnПроменете ја вашата маршрута малку. Или пак многу. Токму во тоа е спонтаноста на „бекпекингот“ – дава можност за долги и флексибилни одмори. Замислете си да имате резервација на повратна карта без назначен датум за враќање – ќе можете да ја истражувате вашата дестинација тогаш кога вам ви одговара и да се вратите тогаш кога ќе сметате дека треба. Иако повеќето од нас го немаат тој луксуз на неограничено време за патување, сепак може да си приграбите малку спонтаност. „Бекпекерите“ обично не се придржуваат кон некоја одредена маршрута во која е испланирана секоја минута од денот и обожаваат да ги менуваат плановите во последната минута. Но, тоа не значи дека тие се против внимателното планирање.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотПред да решите да патувате, испланирајте си ја вашата флексибилност. Послушајте ги препораките што ви ги дава локалното население или пак некои други патници и бидете подготвени да го промените вашиот распоред на патување. Резервирајте соба во хостел, но информирајте се и за другите области каде што има хостели, како и за местата кои нудат ноќевање со појадок. Ако планирате да одите во некој одреден град, истражете каде се наоѓаат некои места што сакате да ги посетите, а потоа направете си белешка за сместувањето, храната и превозот во близина. Кога на својот грб носите сè  што ви е потребно и сте подготвени да одите онаму каде што ќе ве однесе ветрот, тогаш зошто да не оставите простор за малку спонтано разгледување?rn

    Лекција бр. 6 – Патувајте сами

    rnВистинските фанатици за патување обично патуваат сами и немаат придружник со кој би ги споделиле авантурите со кои ќе се сретнат по пат. Токму тоа е и сржта на „бекпекингот“ – тој е за слободата и личното истражување, тоа е начин на размислување за кој не ви е потребен придружник за поддршка кој се држи за вашата рака.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотЗагрижени сте дека нема да имате со кого да ги споделите авантурите кои ќе ги доживеете?  Размислете повторно – „бекпекерите“ знаат дека лесно може да се поврзат со другите патници или со локалните жители. Патувајте сами како „бекпекер“ и можеби ќе создадете нови пријателства кои нема да ги имате доколку патувате со друштво.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотЛесно можете да се запознаете со други патници во хостелите и местата кои нудат ноќевање со појадок. Таквите места често ги поттикнуваат активностите и интеракцијата помеѓу своите гости. На пример, „Hostel Inn“, ланец на хостели лоциран во Јужна Америка, нуди лекции за танго, часови по шпански јазик, градски тури и други активности на одредени локации. За разлика од повеќето хотели, хостелите обично имаат заеднички места каде што се игра шах, пинг понг и други друштвени игри и каде што се одвиваат долги разговори со другите патници. Дури и да се случи да сте највозрасните во собата, не гледајте на вашите сопатници како на незрели лица со кои немате ништо заедничко. Напротив, имате многу заеднички нешта – вклучувајќи ја желбата да заштедите пари, чувството за авантура, способноста за прераскажување на доживувањата и се разбира, она најважното – љубовта кон патувањето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Продавница за загубен багаж

    Продавница за загубен багаж

    Дали некогаш сте се запрашале што се случува со загубените авионски багажи кои никогаш не се побарани од нивните сопственици? Епа во САД тие завршуваат во продавницата за загубен багаж во Скотсборо, Алабама.rnПродавница за загубен багажВо оваа продавница би можеле да си купите фустан од Версаче чија вредност е 1.000 долари, за само 55 долари, Адидас јакна за 15 долари, нараквица со сафири и дијаманти за 7.500 долари (чија вредност е 15.000 долари). Секоја година центарот е посетуван од преку милион луѓе кои ја имаат шансата да одберат некој од многуте ствари, на кои секојдневно се додаваат по 7.000 нови. 60% од продадената стока е облека. Пред да се стави во продажба, таа поминува на хемиско чистење и на пеглање. На полиците можат да се најдат и книги, техника, накит, чевли и што ли уште не.rnПродавница за загубен багажПродавница за загубен багажСе започнало во 1970 година, кога агентот за осигурување Дојл Овенс позајмил 300 долари и пикап камионче и од автобуската станица „Greyhound“ донел стотина загубени торби. Бидејќи Скотсборо имал популација од 15.000 жители, торбите ги донел со намера да ги продаде во неколку недели. Сепак, останал вчудоневиден кога сите предмети ги продал за само еден ден. За него ова бил втор бизнис се до 1978 година. Денеска центарот е распослан на површина од 4.650 квадратни метри и во него работат 110 луѓе.rnПродавница за загубен багаж.rn

    „Овде е Божиќ секој ден. Луѓето доаѓаат повторно и повторно. Овде можете да најдете навистина многу практични работи. Мислам дека луѓето овде уживаат да пребаруваат низ работите и да бараат нови богатства. Секој ден имаме толку многу нови ствари, така што купувачите никогаш не знаат на што можат да наидат“ – Брајан Овенс, синот на Дојл кој го преземал бизнисот во 1995 година.

    rnПродавница за загубен багажПродавница за загубен багажrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Совети за прв успешен состанок

    Совети за прв успешен состанок

    Првиот состанок е полн со очекувања и прашања – дали ќе му се допаднам, дали е тој/таа вистинскиот, дали ќе направам или кажам нешто погрешно и ќе се посрамотам, дали ќе има хемија меѓу нас, дали ќе испаднам смешен/на во разговорот, како ќе помине целата вечер?rnrnСовети за прв успешен состанокrnrnНормално е да ви се мотаат овие прашања низ главата, но не се грижете многу. Клучната работа е да бидете релаксирани, да уживате во вечерта и да не се анализирате себеси многу. Без оглед како ќе помине првиот состанок, најдобро е и двајцата да заклучите дека сепак и тоа е некое добро и вредно искуство. Еве некои мали совети кои ќе ви посочат што треба, а што не треба да правите на првиот состанок.rn.rn

      rn011

    • rn

      Треба да:

      rn

    • rn

    rn

    Изберете соодветно место за прв состанок

    rnСовети за прв успешен состанокrnrnАко вие треба да го одберете местото, тогаш одберете некој кафе-бар, ресторан или некое место кое знаете дека му се допаѓа на вашиот партнер. Пијачка во бар или фин ручек во интимен ресторан е одлично место за прв состанок. Предноста на првиот состанок е тоа што тој може да биде краток, бидејќи може да се случи да не си се допаѓате еден со друг. Па затоа, мали ресторани и барови се одличен избор. Но, ако има хемија меѓу вас, можете да го продолжите состанокот така што ќе отидете на некое друго место или ќе испланирате следен состанок. Обидете се да избегнете бучни места каде што нема да можете да се слушнете еден со друг. Избегнувајте  кино сали, спортски настани или состаноци дома (освен ако не го знаете партнерот многу добро).rn.rn

    Дадете свој придонес

    rnСовети за прв успешен состанокrnrnОблечете се соодветно како според местото каде што ќе одите, така и според тоа како вие се облекувате и кој е вашиот стил. Тоа ќе покаже дека се грижите за себе и за тоа како изгледате и така ќе оставите добар впечаток. Неизмиена коса, лош здив, извалкани алишта нема да освојат никого. Важно: Не претерувајте со алкохолот, освен ако не ви е во план да станете груби, лоши, смешни, насилни и здодевни.rn.rn

    Бидете љубезни

    rnБез оглед дали помеѓу вас има хемија или не, бидете љубезни спрема другиот. Тоа не ве чини ништо, а сепак ќе предизвика огромно задоволство во неговите очи. Љубезноста не значи дека треба да лажете или да давате лажна надеж. Не му кажувајте на другиот дека ќе му се јавите наредниот ден ако навистина не го мислите тоа.rn.rn

    Го оставите емоционалниот багаж дома

    rnМногу исповеди за вашето минато, лоши навики и поранешни љубовни врски не оставаат добар впечаток, ниту пак го интересираат партнерот. Првиот состанок е како интервју за работа – треба да ги истакнете најдобрите ваши особини, а не да се осврнувате кон слабостите. Секако, ако партнерот ве праша директно прашање како: „Дали сте во врска?“, добро е да му одговорите искрено.rn.rn

    Бидете свои

    rnСовети за прв успешен состанокrnrnНаправете партнерот да ве види во вистинското светло. Не се обидувајте да бидете тоа што не сте, туку покажете се токму такви какви што навистина сте. Не сакате другиот да се вљуби во некој што вие не сте навистина. Направете партнерот да ве засака и цени такви какви што сте.rn.rn

      rn011

    • rn

      Не треба да:

      rn

    • rn

    rn

    Доминирате во разговорот

    rnСовети за прв успешен состанокrnrnАко во целиот разговор вие сте тој кој зборува, особено ако зборувате за вас, давате лош впечаток дека не сте заинтересирани за другата страна. Партнерот ќе се чувствува убаво ако види дека го слушате и му поставувате прашања. Обидете се колку што зборувате толку и да слушате.rn.rn

    Ги заборавате убавите манири

    rnИгнорирањето на убавите манири иритира и не е воопшто привлечно. Еве некои на кои не треба да заборавите:rn

      rn011

    • Не доцнете, а ако доцните известете го партнерот;
    • rn011

    • Исклучете го мобилниот телефон или ставете го на Silent;
    • rn011

    • Заблагодарете се ако партнерот ја плати сметката.
    • rn

    rnМоже да дознаете многу работи за една личност ако го  набљудувате начинот на кој истата се однесува со келнерот, како реагира ако нешто излезе надвор од контрола, како се однесува во сообраќајна гужва и слично. Не е доволно да бидете љубезни само кон вашиот партнер, туку и кон сите останати луѓе. Тоа добро ќе се одрази и на вас.rn.rn

    Избрзувате со заклучоци

    rnМногу од нас донесуваат брзи заклучоци за некого со само неколку минути поминати заедно. Првиот впечаток во повеќе случаи е погрешен. Потрудете се да не донесувате заклучоци веднаш. Поминете повеќе време со партнерот за да го запознаете подобро. Два до три состаноци треба да се доволни за да оформите прилично добар впечаток за личноста.rn.rn

    Ги избрзувате работите

    rnНе се внесувајте емоционално многу рано, пред да го запознаете партнерот доволно. Сексот е моќна алатка, но ако спиете заедно уште на првиот состанок, многу е голема веројатноста тоа подоцна да доведе до фундаментални проблеми меѓу вас. Кинење алишта и копчиња од кошула, секси деколте, интимни допирања…сето тоа оставете го за малку подоцна.