КАФЕ ПАУЗА

Tag: автосугестија

  • 6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој живот

    6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој живот

    Без разлика дали станува збор за посакување пари, љубов, здравје или можност за прошетка низ целиот свет, важно е да станеме свесни и будни, дека само ние управуваме со нашиот живот, и никој друг. Можеби немаме моќ врз природните непогоди кои се дело на мајката природа, но дефинитивно имаме моќ да се промениме себеси, во насока којашто позитивно ќе влијае врз сите полиња од нашиот живот.rnrn6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој животrnrnИмајте на ум дека дури и во трусните подрачја како што е на пример Јапонија, и покрај тоа што ужасни земјотреси ја тресат земјата многу често, тамошниот народ е посветен на градење стабилни, отпорни облакодери и инстантно санирање на сите штети после земјотресите, како ништо да не се случило. Тогаш, што останува за секојдневните проблеми со коишто се соочува обичниот човек? Тоа значи дека кога се сака, сè се може, а вие сте тие коишто го управуваат воланот на вашиот живот.rnrnЗа да имате, да речеме, пари во животот, потребно е да имате ЕДНА дефинирана ЖЕЛБА и таа да биде толку конечна, што ниеден човек, карма, судбина и слично, нема да ве обесхрабри до тој степен, вие да решите да се откажете. Ако имате неверојатно силна амбиција, водејќи се по мотото „Направи го или исчезни“, вие ќе успеете не само да живеете пристоен живот, туку ќе можете да станете астронаут, научник, музичка ѕвезда или што и да е тоа за коешто сонувате.rnrnМетодот со чија помош желбата за богатство ќе биде претворена во финансиски еквивалент, се состои од 6 одредени, практични и јасни чекори:rn

    Прв чекор

    rnВо вашиот ум, фиксирајте точен износ на пари коишто сакате да ги заработувате. Секако, тоа не значи дека е доволно само да си речете: „Јас би сакал/а многу пари“, бидејќи е тотално непрецизна и неефикасна автосугестија. Бидете прецизни во износот, бидејќи постои психолошка причина зад оваа јасно дефинирана сума. Пример: „Сакам да заработувам 1.000 евра месечно.“rnrn6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој животrn

    Втор чекор

    rnОдредете која цена сте подготвени да ја платите, за да ги стекнете тие пари што ги посакавте во првиот чекор. Освестете се дека не постои такво нешто како паѓање пари од небо, каде што вие ќе добиете нешто, без да дадете нешто од себе.rn

    Трет чекор

    rnОпределете точен календарски датум, на кој вие планирате да ги имате во рака парите коишто ги посакавте. Овој чекор е подеднакво важен, и покрај тоа што можеби ви звучи нереално да задавате цел со определен датум, којшто треба самите да го измислите, а не знаете дали воопшто би нашле работа или проект којшто ќе носи толку пари, до тогаш. Идејата не е да сфатите зошто е ова важно, туку да му верувате на процесот. Напишете некој датум, толку е едноставно. Пример: 5 март, 2019 година.rn

    Четврти чекор

    rnНаправете прецизен план, којшто ќе ја поддржи вашата желба и веднаш штом ќе го завршите, почнете паралелно да работите на неговото спроведување во акција, без разлика дали сметате дека психички сте подготвени за тие акции или не.rn

    Петти чекор

    rnОвој чекор е во суштина резиме на сите претходни четири чекори, со цел темелно да ви биде јасен нивниот редослед и процес. Прво, запишете на хартија јасна, прецизна реченица којашто ќе го вклучува точниот износ на пари, којшто сакате да го имате. Второ, определете краен датум за реализирање на таа сума. Трето, определете што сте подготвени да дадете или да вложите од себе, како на пример труд, намалено време за други активности, откажување од одредени задоволства и слично, за да ги стекнете тие пари. Четврто, прецизно дефинирајте го планот благодарение на кој ќе ги стекнете тие пари.rnrn6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој животrn

    Шести чекор

    rnЧитајте го напишаното на глас, два пати дневно, еднаш пред да си легнете да спиете и уште еднаш наутро, веднаш откако ќе се разбудите. Како што ќе читате, ЧУВТВУВАЈТЕ, ВЕРУВАЈТЕ и ЗАМИСЛУВАЈТЕ се себеси, како веќе ги поседувате замислените пари.rnrnЗа овие автосугестии да извршат огромно влијание врз вашата потсвест, потребно е внимателно да ги следите првите 5 чекори, а особено е важно на крајот да ги следите инструкциите спомнати во 6-от чекор.rnrnПсихологијата којашто стои зад оваа вежба, е фактот дека доколку навистина жестоко ПОСАКУВАТЕ да имате пари и вашата желба стане практично опсесија, бидете сигурни дека вие нема да имате никаков проблем да го имате посакуваниот износ во вашите раце. Целта што сакате да ја остварите со неа, е да посакувате да имате пари и да бидете толку решителни во идејата дека ќе ги имате, што ќе се УБЕДИТЕ себеси дека ќе ги стекнете.rnrnЧекори се многу едноставни и не бараат некаква ужасна пожртвуваност од вас, ниту бараат да бидете смешни или патетични за да ги реализирате. Напротив, можеби најпаметно да е не зборувате за овој ваш план со никој друг, бидејќи големи се шансите дека ќе бидете исмеани што верувате во такви „имагинарни глупости“. Па, за да не ве обесхрабрат да пробате, подобро е да ја спроведувате методата тивко и за себе.rnrnЗа овој метод, не ви е потребно да имате високо образование или работно искуство. Она што е потребно, е да имате ИМАГИНАЦИЈА, којашто ќе ви овозможи да видите и да разберете дека богатството не треба да биде оставено на ШАНСА, ДОБРА СУДБИНА или СРЕЌА. Она што вие треба да го дадете од себе, е да имате сон, надеж, желба, копнеж, визуализација и план за да може таа сума да заврши во вашите раце, на реален и чесен начин, независен од некаква си „среќа“ или добивка на лото. Реално, кои се шансите да се случи тоа?rnrn6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој животrnrnГолем е бројот на добитници на лото, кои толку се возбудиле што преку ноќ станале богати, што ги изгубиле сите пари до денар, неразмислувајќи за последиците од прекумерното трошење, ниту направиле план за потенцијални инвестиции кои би можеле цел живот да им носат пари. Парите се ливче хартија, коешто доаѓа и си оди. Моќта и изборот дали ќе ги имате или не, лежи во вас. Секој од нас, порано или подоцна добива шанси во животот, кои треба да ги ФИЛТРИРА во хаосот, да ги ПРЕПОЗНАЕ и да ги ИСКОРИСТИ во своја полза.rnrnОвие генијални чекори се извлечени од светскиот бестселер на Наполеон Хил, „Мисли и збогати се“ (Think and Grow Rich), издаден во 1937 година, а се надополнети и образложени од страна на авторката на статијава. Оваа книга не е новела чијашто цел е да ги забавува читателите, туку е ремек-дело за Законот на филозофијата за успех, коешто е пишувано вкупно 25 години. За тој период авторот интервјуирал и го „хакнал“ патот до успехот на 500 мегауспешни луѓе низ историјата, како што се Хенри Форд, Вудро Вилсон, Томас Едисон и многу други, коишто започнале од нула, а успеале само и само благодарение на нивните МИСЛИ, ИДЕИ И ОРГАНИЗИРАНИ ПЛАНОВИ.rnrnСо „среќа“ и вам, но нема да ви треба многу. 🙂rnrnМоже да ве интересира и овој Фенг Шуи трик: „Кутија со богатство“ која ќе ви помогне да ги привлечете посакуваните работи во вашиот живот.

  • 13 факти за автосугестијата што сигурно не сте ги знаеле досега

    13 факти за автосугестијата што сигурно не сте ги знаеле досега

    Благодарение на духовните мудрости, кои земаат сè поголем замав во последно време, многупати сме слушнале за автосугестија. Затоа и познато ни е дека станува за еден вид самопомош, но што точно претставува таа? Во продолжение следуваат 13-те моќи на автосугестијата кои ќе ви помогнат да водите поубав и поисполнет живот.rnrn(1)13-raboti-za-avtosugestijata-koi-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk.jpgrnrn 1. Автосугестијата е инструмент со кој треба да научиме да се служиме, исто како со оружје. И најдоброто оружје кога ќе се најде во неискусни раце, дава слаби резултати. Доколку истите раце стекнат искуство, истото оружје ќе даде многу подобри резултати.rnrn 2. Свесната автосугестија која е применета со верување, како во неа така и во самите себе, се остварува со математичка точност во границите на она што не се противи на здравиот разум.rnrn3. Ако извесна личност не ги постигне очекуваните резултати од автосугестијата, тоа е затоа што не верува во себе, или пак ја применува со многу напор. За автосугестијата да се употреби правилно, многу е важно да не се применува со напор. Напорот го наметнува присуството на желба, а употребата на желбата мора да се избегне, бидејќи сè што треба да користите е вашата фантазија.rnrn4. Голем е бројот на луѓе кои долго и залудно се лечеле со автосугестија мислејќи дека веднаш ќе оздрават. Тоа е голема грешка. Од сугестијата треба да се бара само она што таа може да го даде, односно, постепено оздравување, кое малку по малку се претвора во целосно излекување, ако тоа е воопшто можно.rnrn5. Многу надрилекари употребуваат постапки кои се сведуваат на автосугестија. Без разлика дали е баење, гестикулација, или нешто слично, целта на постапката е кај болниот да предизвика лекување со автосугестија.rnrn6. Спротивно на широко распространетото мислење, физичките заболувања се лекуваат многу полесно од психичките.rnrn7. Бифон рекол: „Стил, тоа е човекот“, но ние велиме: „Човекот е тоа што тој мисли дека е“. Стравот од неуспех води токму кон тоа – неуспех, исто како што и мислите за успех водат до самиот успех.rnrn8. Убедувањето е потребно и за тој што ја применува сугестијата, но и за оној на кого се применува. Тоа убедување, таа вера, прави да се постигнат успеси онаму каде што сè друго било неуспешно.rnrn9. Сопствената сугестија е секогаш посилна од сугестијата на некој друг.rnrn10. Некогаш се верувало дека со хипноза можат да се лечат само психички и нервни заболувања, но нејзиниот домет е многу поголем. Со хипноза се делува преку нервниот систем, а нервниот систем е тој којшто управува со целиот организам. Затоа, преку него може да се делува на сите заболени органи.rnrn11. Трпението и истрајноста ја сочинуваат силата на една личност и затоа треба да ги користите што почесто.rnrn12. Никогаш не го заборавајте основниот принцип на автосугестијата: „Секогаш бидете оптимистични, дури и кога изгледа дека ситуацијата се противи на тоа.“rnrn13. Сугестијата заснована на убедување е огромна сила.

  • Кафето нѐ освестува благодарение на автосугестијата

    Кафето нѐ освестува благодарение на автосугестијата

    Доколку сте едни од оние кои мислат дека не можат да го преживеат денот без да го испијат своето утринско кафе, тогаш се лажете. Научниците открија дека „будењето“ е само резултат на вашата автосугестија.Кафето нѐ освестува благодарение на автосугестијатаГолем број луѓе се чувствуваат забавено во текот на целиот ден, доколку ја прескокнат првата шолја кафе наутро, а доколку не пијат кафе ни попладне, тогаш стануваат нервозни и раздразливи. Иако е научно докажано дека кофеинот го поттикнува лачењето на адреналин во нашиот организам, сепак истражувањето на Универзитетот Ист во Лондон, покажало дека благопријатното влијание на кофеинот врз нашиот организам, е во главно само во нашата глава. Тоа значи дека доколку кафето го пиеме со цел да се разбудиме, нашиот мозок така и ќе реагира.rnrnНаучниците ги поделиле испитаниците на четири групи, при што на првата група им дале да се напијат обично кафе, на втората кафе за кое им било кажано дека е безкофеинско, на третите им дале кафе кое не содржи кофеин, а на четвртата кафе без кофеин, за кое им било кажано дека е обично кафе. Резултатите покажале дека луѓето кои пиеле безкофеинско кафе, мислејќи дека во него има кофеин, ги решиле тестовите кои им биле дадени, подеднакво добро како оние кои пиеле обично кафе.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 5 трикови за паметење на вашите соништа

    5 трикови за паметење на вашите соништа

    Сонувањето претставува серија од слики, идеи, емоции и впечатоци кои се случуваат во потсвесниот дел од мозокот, во текот на одредени фази од спиењето. Кога спиеме, се одмораме и се ослободуваме од нашата будна реалност. Така, соништата се начин на релаксирање и оставање на нашите умови да „заталкаат“ во некои далечни, недостижни светови, каде можеме во нефизичка смисла да разговараме со живи и неживи луѓе, да бидеме на реални и непостоечки места, да правиме работи, кои никогаш не би ни паднале на ум во реалниот живот.rnrn5 трикови за паметење на вашите соништаrnrnЗигмунд Фројд, таткото на психоанализата верувал дека анализата на соништата е силно средство за откривање на несвесните желби и мисли на луѓето, особено сексуалните пориви и скриените стравови. Тој верувал дека нашите свесни умови се гадат од нашите скриени желби и ги потиснуваат тие пориви, затоа што се срамиме или се плашиме од тоа што би го помислиле или рекле другите луѓе. Фројд тврдел дека целта на она што го сонуваме е начин луѓето да ги задоволат во фантазиите, инстинктивните пориви, кои општеството ги смета за неприфатливи.rnrn5 трикови за паметење на вашите соништаrnrnФројд создал метод наречен „слободна асоцијација“ со кој пациентот ги опишува мислите и чувствата како што му доаѓаат во умот. На пример, ако терапевтот рече „сино“, сонувачот би требало да го каже првиот збор кој му доаѓа на ум. Методот бил користен за да се открие вистинската заднина на соништата. Според Фројд, постои потиснат сексуален мотив зад повеќето соништа. Сонувањето чаша за вино, ракавица, пештера или тунел ги претставуваат женските гениталии, додека соништата со змија, молив или птица ги претставуваат машките гениталии. Па така, соништата со паѓање, летање, качување или симнување по скали, сите тие претставуваат секс.rnrnКарл Јунг, друг прочуен теоретичар на сонот, тврдел дека причината поради која сонуваме е да ги компензираме оние делови на психата, кои се недоволно развиени во будниот живот, за да се чувствуваме поцелосно.rnrnДруги теоретичари на сонот велат дека целта на соништата е да понудат некакво решение на проблемите кои не можеме да ги решиме во будниот живот.rnrnСоништата се интересна работа и секој од нас понекогаш размислува или го бара низ соновниците значењето на симболите. Но, соништата се забораваат. Всушност повеќето ги забораваме одошто ги паметиме. Колку пати само ви се случило да сонувате нешто толку јасно, со чисти, дефинирани слики, звуци и емоции, така што не сте сигурни дали сте будни или сонувате и одненадеж: пип, пип, пип, се будите изненадено од вашиот аларм и сфаќате дека е време за започнување нов ден. Додека сте отишле до кујна да си направите кафе, веќе сте го изумиле вашиот интересен сон. Еве неколку трикови како да ги запаметите соништата:rn

    1. Запаметете ја положбата во која сте сонувале

    rnД-р Патриша Гарфилд смета дека позицијата на вашето тело додека сонувате е клучно за паметење на соништата. На пример, доколку најчесто спиете на десна страна, но се разбудите на лева и не можете да се сетите на сонот, свртете го телото на десно и полежете малку. Со оваа техника сонот обично почнува постепено да се враќа во вашите мисли и ќе можете да се присетите на настаните и деталите во него.rnrn5 трикови за паметење на вашите соништаrn

    2. Спокоен старт на денот

    rnЗа повеќето луѓе, паметењето на сонот е многу поедноставно доколку будењето е на природен начин, без звукот од будилникот. Природното будење им овозможува на соништата да се задржат во свесниот дел од мозокот, додека полека излегувате од фазата на спиење РЕМ (брзо движење на окото), во која соништата обично се паметат по будењето.rnrnОние од вас кои не можат да живеат без будилник, а сакаат да ги запаметат соништата, треба да ги користат викендите за кратки дремки, кога може да се максимизираат шансите за будење на природен начин. Во дремките кои траат подолго од 20 минути, мозокот оди во состојбата на спиење РЕМ. Ако успеете да се разбудите без никакво надворешно влијание, ќе можете да се концентрирате и да се сетите на сонот.rnrn5 трикови за паметење на вашите соништаrn

    3. Моќта на автосугестијата

    rnДруг ефикасен начин е да си сугерирате дека можете да ги меморирате вашите соништа. Употребувајте кратка, позитивна фраза во сегашно време како на пример: „ Јас лесно ги паметам моите соништа“ и повторувајте си ја секојдневно по неколку пати. Ставете си потсетник на вашиот мобилен или залепете бележник со кој ќе се присетувате дека треба да ја кажете фразата на глас или во себе.rn

    4.  Опишете го на лист хартија вашето секојдневие

    rnОдберете некој дел од вашето секојдневие во кој особено уживате и преправајте се дека тоа сте го сонувале. На пример, можете да ги запишете деталите од вашиот работен ден или за тоа како сте си поминале за време на паузата за ручек. Започнете со одговарањето на ваков тип прашања:rn

      rn011

    • Во колку часот пристигнувам, а кога си одам дома?
    • rn

    rn

      rn011

    • Каква облека носам?
    • rn

    rn

      rn011

    • Какви се временските услови?
    • rn

    rn

      rn011

    • Кој ден од седмицата е?
    • rn

    rn

      rn011

    • Како сум расположен/а?
    • rn

    rn

      rn011

    • Со кого разговарам?
    • rn

    rn

      rn011

    • Како се чувствувам по пат до саканата дестинација?
    • rn

    rn

      rn011

    • Дали сум сам/а?
    • rn

    rnМожете да го проширите овој тренинг на вашиот мозок колку сакате, а тој  ќе ви помогне преку потсетување на деталите од вашиот буден живот, да ги запаметите и деталите во вашите соништа, кои е многу битно да ги запишувате, водејќи дневник за соништа.rn

    5. Погледот низ вашиот прозорец

    rnЗначењето на вашите соништа лежи во најситните детали, кои постојат во вашето секојдневие, но ретко кој ги забележува. За таа цел, гледајте 5 минути низ прозорец и концентрирајте се на тоа што го гледате.rnrn5 трикови за паметење на вашите соништаrnrnДа речеме дека прозорецот има поглед кон парк. Погледнете во различните бои на небото и различните видови дрвја, тревници, цвеќиња итн. Проучувајте ги клупите, спомениците, корпите за отпадоци. Каков облик имаат? Дали се чисти? Каква боја се? Забележете дали има животинчиња, птици, пеперутки низ паркот. Дали има возрасни луѓе? Пешачат или седат, џогираат или туркаат колички со бебиња? Со што си играат дечињата?rnrnОткако ќе ја проучите целата сцена, земете еден тефтер и запишете сè што сте успеале да забележите. Оваа интересна вежба на мозокот, е ефективен начин да ги забележувате деталите во вашиот буден живот и во вашите соништа.rn

    Можеби ќе ве интересира да прочитате и за петте нешта кои најчесто ги сонуваме.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.