Иако искуствата не се од нашите судници, сепак е интересно да се види што сè кажано во една ваква сериозна институција.rnrn
rnrnАдвокатот: Што беше првото нешто што ви го кажа сопругот тоа утро?rnСведокот: Рече: Каде сум Кејти?rnАдвокатот: И зошто тоа ве вознемири?rnСведокот: Моето име е Сузан!rnrnАдвокатот: Дали сте сексуално активни?rnСведокот: Не, само лежам.rnrnСледново оди оригинално на англиски:rnrnАдвокатот: Do you now if your daughter has ever been involved in voodoo?rnСведокот: We both do.rnАдвокатот: Voodoo?rnСведокот: We do.rnАдвокатот: You do?rnСведокот: Yes, voodoo.rnrnАдвокатот: Најмалиот син, 20-годишниот, колку години има?rnСведокот: Ах, па има 20.rnrnАдвокатот: Бевте ли присутни кога беше направена вашата фотографија?rnСведокот: Сериозно?rnrnАдвокатот: Значи датумот кога било зачнато бебето е 8 август?rnСведокот: Да.rnАдвокатот: И што правевте вие во тој период?rnСведокот: Aaa… Имав секс.rnrnАдвокатот: Како прекина вашиот прв брак?rnСведокот: Со смрт.rnАдвокатот: Со чија смрт беше прекинат?rnСведокот: А чија смрт претпоставувате дека го прекинала?rnrnАдвокатот: Можете да ја опишете личноста?rnСведокот: Личноста беше средно висока и имаше брада.rnАдвокатот: Беше машко или женско?rnСведокот: Погодете.rnrnАдвокатот: Сите ваши одговори треба да бидат орални, OK? Во кое училиште одевте?rnСведокот: Орални.rnrnАдвокатот: Докторе, пред да ја направите аутопсијата, дали го проверивте пулсот?rnСведокот: Не.rnАдвокатот: Дали го проверивте крвниот притисок?rnСведокот: Не.rnАдвокатот: Дали го проверивте дишењето?rnСведокот: Не.rnАдвокатот: Значи возможно е пациентот да бил жив пред да почнете со аутопсијата?rnСведокот: Не.rnАдвокатот: Како можете да бидете сигурни докторе?rnСведокот: Бидејќи неговиот мозок седеше на моето биро во тегла.rnАдвокатот: Сфаќам. Но дали и покрај тоа пациентот можел да биде жив?rnСведокот: Да, можеби бил жив и се занимавал со право.rnrnАдвокатот: Таа имаше три деца, така?rnСведокот: Да.rnАдвокатот: Колку беа машки?rnСведокот: Ниедно.rnАдвокатот: Имаше девојчиња?rnСведокот: Ме зезаш. Судијо, мислам дека ми треба нов адвокат. Може ли да добијам нов адвокат?rnrnАдвокатот: Таа болест, Мијастенија гравис, дали воопшто влијае на вашето помнење?rnСведокот: Да.rnАдвокатот: На кој начин влијае на вашето помнење?rnСведокот: Заборавам.rnАдвокатот: Можете да ни дадете пример од нешто што сте заборавиле?rnrnАдвокатот: Докторе, нели е вистина дека кога личноста ќе умре во сон не знае за тоа дури до наредното утро?rnСведокот: Дали вие воопшто имате положено правосуден?rnrnАдвокатот: Дали се сеќавате во кое време го испитувавте телото?rnСведокот: Аутопсијата започна во 8.30 вечер.rnАдвокатот: И г. Дентон беше мртов во тоа време?rnСведокот: Не, лежеше на масата и се прашуваше зошто изведувам аутопсија на него!rnrnАдвокатот: Докторе, колку аутопсии досега имате извршено на мртви луѓе?rnСведокот: Сите моите аутопсии се извршени на мртви луѓе. Би сакале да го преформулирате прашањето?
Tag: аутопсија
-

15 работи кои адвокати навистина ги имаат кажано во судница
-

Зараза (Contagion)
Филм за кршливоста на човековиот живот, но и за нашата битка „целта ги оправдува средствата“ за да го задржиме… Сепак, што ако смртта ни ја носи едно обично пријателско ракување или вечера во ресторан?rnrn
Режија: Стивен СоденбергrnrnУлоги: Мет Дејмон, Кејт Винслет, Гвинет Палтроу, Лоренс Фишбурн, Џуд Лоу, Маријон КотиарrnrnВреметраење: 106 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 3 септември 2011rnrnЖанр: трилер, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnОткако светот реално ја почувствува паниката поради САРС-от и свинскиот грип, а голем дел од луѓето сè уште се сеќаваат на тој страв, најдобро е да направиш трилер за нов вирус, за нова закана. Ако режисерот Стивен Соденберг го снимeше овој филм пред некоја година, во очите на јавноста ќе беше осуден како суров бескрупулозен филмаџија кој гази по трупови за да заработи. Но сега, поминато е доволно време за да може дистанцирано да гледаме на работите, а од друга страна, сепак, сè е доволно блиску за да почувствуваме емотивна поврзаност. rnrnА, иако во Македонија целата ситуација со вирусите мина помирно, низ целиот свет луѓето подлабоко ги преживеаја паниката и стравот за сопствениот живот. Можеби поради овие мали наговестувања за сценариото, ви наликува дека филмот е копија на „Епидемија“ со Дастин Хофман, но факт е дека Соденберг создава малку потемна и помачна приказна во која нема некои особени љубовни стории или пак слепо трчање по магичниот противотров кој за 24 часа ќе реши сè.rn————————————————————————————————————————————————- rnrnПриказна: Уште во првите 10 минути од филмот, Бет (Гвинет Палтроу) се враќа од бизнис патување во Хонг Конг, по што има напад и умира, а сличното му се случува и на нејзиниот малечок син, Кларк. Единствено сопругот Мич е имун. Како во епицентар на една огромна пајакова мрежа, филмски се регистрираат сите страни во кои тргнува заразата и колку таа излегува од контрола. Веднаш се алармираат надлежните органи и почнува истрага. На истражувачката страна се: Лоренс Фишбурн, Кејт Винслент и Марион Котијард и сметам дека поголемо навлегување во деталите е непотребно.
Соденберг, како режисер кој има потпишано култни филмови како „Ерин Брокович“ или „Секс, лаги и видеоленти”, работи (најверојатно) со огромен буџет, па е слободен да си прави што сака. Така што, ако вообичаено во филмовите знаете дека најголемата ѕвезда нема да умре или пак тоа ќе ù се случи на пет минути пред крајот, тука тоа воопшто не е случај. Палтроу ја има, сè на сè, 15 минути и… добро не откривам што сè понатаму се случува. Интересно е што и во споредните улоги се јавуваат оние актери на кои можеби не им го знаете името, но знаете дека сте ги виделе некаде.
Режија: И покрај сите атрибути, чувството е дека Соденберг прави филм кој на крајот не те задоволува комплетно. Од една страна е приказната за трката по лек, но и бирократските шаховски игри кој ја кочат. Низ ликот на Ален (Џуд Лоу) се разгледува и граѓанското новинарство, односно сè поприсутните блогери, твитерџии, кои иако во одредени моменти може да придонесат многу за да излезат некои информации на виделина, се случува и во таа слепа потрага по нешто, да направат повеќе штета отколку корист.rnrnСе разгледува и прашањето кој ќе биде прв спасен – ти или јас, кој е поважен. Соденберг наметнува толку многу потприказни што е просто невозможно целосно да се разработат само во еден филм. Тој почнува да ги поставува, но некаде попатно во целата таа конфузија се губи и ги остава некако магливи, недоречени, без некој особено силен импакт врз гледачите.
Кога и како да го гледате: На моменти има кратки сцени кои може да ги вознемират почувствителните гледачи, како сликите од аутопсија. Сепак, според мој вкус, генерално филмот и не е нешто трауматичен. Ако му текне на некого да го донесе во кино, тоа е вистинското место да се гледа „Зараза“ и дефинитивно подобро „легнува“ ноќно време.
———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.