КАФЕ ПАУЗА

Tag: архитект

  • Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја

    Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја

    Оваа необична куќа се наоѓа во близина на градот Јонаго, Јапонија и на прв поглед изгледа како да е расфрлана без план низ шумата. Но, сепак постои многу добра причина за нејзиниот изглед. Наместо да ја уништува природата и да го менува пределот, архитектот Кеиске Кавагучи од студиото K2 Design решил да го создаде овој модерен дом кој е во целосна хармонија со дрвјата.rnrnМодерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја rnrnЕнтериерот е поврзан преку кратки и мали ходници, додека пак дневниот простор е сместен на вториот кат за да може да се овозможи најголема удобност во текот на сите сезони. Станарите на овој начин ја избегнуваат влажноста и топлината која се подигнува од земјата во текот на летото, но истовремено им е топло и за време на зимата кога надвор има и до 2 метра снег.rnrnМодерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја Модерен дом стратешки поставен помеѓу дрвја
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Би можеле ли да живеете во оваа куќа?

    Би можеле ли да живеете во оваа куќа?

    Архитектката Мејси Милер од Ајдахо, САД долго време посакувала да има свое место за живеење, но не сакала да ги носи на грб трошоците за хипотека, па затоа решила да си изгради свој компактен дом. Откако сонувала еден сон во 2011 година, таа решила да преземе инцијатива и да си го дизајнира нејзиниот мал, но ефикасен дом, познат под името „Tiny House“ (Малечка куќа).rnrnБи можеле ли да живеете во оваа куќа?rnrnСакајќи да стекне искуство во градежништвото и да се пресели во дом кој ќе го направи сама со помали трошоци, Мејси работела на нејзината куќа од 18 метри квадратни, со надеж дека сонот ќе ѝ стане јаве.rnrnБи можеле ли да живеете во оваа куќа?rnrnКуќата е изградена врз приколка со рамна подлога, од рециклирани палети и нови прозорци кои биле донирани. Во внатрешноста на домот е внимавано на сите модерни погодности, а има и светлина, кујнски простор, па дури и функционален тоалет.rnrnБи можеле ли да живеете во оваа куќа?rnrnПостигнувајќи толку многу со толку мал буџет, проектот на Мејси не е тотално завршен, бидејќи таа моментално е во потрага по место на коешто ќе го „паркира“ нејзиното необично живеалиште. Архитектката се надева дека еден ден ќе може да направи целата конструкција да функционира без водовод и струја, со цел да биде сосема еколошка. Можете да го следите прогресот од нејзината работа, на нејзиниот личен блог.rnrnБи можеле ли да живеете во оваа куќа? Би можеле ли да живеете во оваа куќа? Би можеле ли да живеете во оваа куќа?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом

    Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом

    Во текот на својот последен семестар од магистерските студии по архитектура на Универзитетот Минесота, на студентот Хенк Батита му досадило да работи само на концептуални проекти кои постојат само на хартија и решил да внесе живот во својот последен проект. Амбицијата да направи нешто различно, го натерала Хенк импулсивно да купи школски автобус од веб-сервисот „Craigslist“ за 3.000 американски долари, со цел да го редизајнира и да го претвори во подвижен дом.rnrnСтудент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен домrnrnНеговата идеја го привлекла вниманието и поддршката од страна на професионалните архитекта и асистенти, кои го поттикнале младиот амбициозен архитект навистина да го трансформира возилото.rnrnСтудент по архитектура претворил стар автобус во удобен домrnrnПосле 15 напорни седмици поминати во планирање и физички труд, Батита успеал да го редизајнира вообичаениот школски автобус, со помошта од неговиот брат Винс и неговиот другар, фотограф, Џастин Евидон. Редизајнираниот автобус сега се состои од дневна соба, спална соба, тоалет, кујна, работен простор и простор за складирање предмети.rnrnСтудент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен домrnrnОткако го завршил декорирањето на автобусот, тој започнал 8.000-километарско патување околу САД со него. Интересниот архитект секојдневно го документира забавното патување, објаснувајќи ги попатните авантури проследени со фотографии на неговиот веб-сајт, со цел да го следи прогресот на автобусот и евентуалните ограничувања, за да го усоврши неговиот дизајн.rnrnСтудент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми

    Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми

    Неодамна се отвори нов ресторан Мекдоналдс во Грузијскиот град Батуми кој изгледа неверојатно. Објектот бил дизајниран од архитектот Гиорги Кмаладсе. Под заоблените стаклени панели се наоѓа ресторанот за брза храна, бензинска станица и градина. Над самата структурата е поставен стаклен кров кој го исполнува внатрешниот простор со природна светлина. Погледнете ги наредниве неколку фотографии од досега најуникатниот дизајн на Мекдоналдс.Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми Нов футуристички Мекдоналдс во Батуми
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Притиснете едно копче и добијте модерна соба

    Притиснете едно копче и добијте модерна соба

    Со притискање само едно копче, големиот сандак, се претвора во модерен и удобен простор за живеење. Масивниот транспортен контејнер кој магично се претвора во соба за спиење и одморање, е изработен од архитектот Адам Калкин. Во т.н. „Push Button House“ (Куќа на копче) има кревет за спиење, кауч за релаксирање, маса за јадење, простор за бања, мала библиотека и голем број ламби. Притиснете едно копче и добијте модерна собаОваа неверојатна архитектонска инсталација, користи хидраулична моќ, за да ја отвори собата за само 90 секунди. Архитектот во иднина планира уште поамбициозен проект од сличен карактер т.н. „Push Button House 2“, каде што од сличен контејнер сака да „раздипли“ дури 5 соби! Едвај чекаме да го видиме тоа чудо. 🙂Притиснете едно копче и добијте модерна собаПритиснете едно копче и добијте модерна собаПритиснете едно копче и добијте модерна собаКалкин очигледно има неверојатна перцепција за дизајн и способност да ја пронајде убавината во најобичните нешта. Ќе можете некогаш повторно да погледнете во контејнер за транспорт, без да помислите на можните дизајни кои можат да произлезат од него? 🙂Притиснете едно копче и добијте модерна соба
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модерна адвокатска канцеларија во Загреб

    Модерна адвокатска канцеларија во Загреб

    Адвокатските канцеларии обично се полни со здодевен мебел на кој се поставени неколку тони хартија и книги до таванот, а ѕидовите се обложени со дипломи и разни признанија кои ги заработиле оние кои својата работа ја работат таму. За разлика од нив, оваа супермодерна адвокатска канцеларија од Загреб, дизајнирана од архитектот Нино Вираг, многу се издвојува. Просториите се одделени со стаклени ѕидови, исполнети се со многу природна светлина и, се разбира, имаат и многу современ мебел.Модерна адвокатска канцеларија во ЗагребМодерна адвокатска канцеларија во ЗагребМодерна адвокатска канцеларија во ЗагребМодерна адвокатска канцеларија во ЗагребМодерна адвокатска канцеларија во ЗагребМодерна адвокатска канцеларија во ЗагребМодерна адвокатска канцеларија во ЗагребМодерна адвокатска канцеларија во ЗагребМодерна адвокатска канцеларија во ЗагребМодерна адвокатска канцеларија во Загреб
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модерен замок во Мајами

    Модерен замок во Мајами

    Некои модерни домови се толку фасцинантни што едноставно не можат да се најдат зборови за да се опишат. Замокот на архитектот Чарлс Сигер е еден од нив. Тој се наоѓа во Мајами и моментално вреди 10,9 милиони долари. Модерен замок во МајамиАко подобро го погледнете дизајнот, лесно ќе ја забележите најголемата лична опсесија на Сигер. Почнувајќи од очигледното вештачко езеро околу домот, дворот во форма на дијамант, па сè до летниковците од бетон кои се протегаат на двете страни од домот, очигледно станува дека сè е изградено со неверојатна симетрија.Модерен замок во МајамиЗамокот има 8 спални соби, 8 тоалети и дневна просторија која се протега на 2 спрата. Ентериерот на долниот спрат е светол и ведар, но атмосферата на вториот спрат е сосема спротивна – таа предизвикува мрачно, скоро готичко чувство (како и целиот мебел во домот). Во задниот дел има и прекрасна градина со фонтана и мал базен за риби. Целиот дизајн одлично го отсликува талентот на Сигер, како и неговата уникатна перцепција на просторот.Модерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во МајамиМодерен замок во Мајами
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куќи на несоодветни места

    Куќи на несоодветни места

    Овие куќи се неколку светски познати примери за кинескиот неологизам „nail houses“, што означува куќи чии сопственици не сакаат да ги продадат на некој инвеститор за развој на околината.rn.rn

      rn011

    • rn

      Куќата на Едит Мејсфилд, Сиетл, САД

      rn

    • rn

    rnКуќи на несоодветни местаЕдит Мејсфилд се вселила во оваа мала куќичка која се наоѓа во Балард, Сиетл, многу пред градежниот бум во околината т.е. во 1966 година. Од тогаш почнала да добива многу понуди од разни градежни фирми за да го продаде својот имот, кои достигнувале и до 1 милион американски долари, но таа секогаш ги одбивала. Откако увиделе дека поинакво решение не е возможно, архитектите одлучиле да изградат огромен комплекс, притоа заобиколувајќи ја малата куќичка на Едит.rnКуќи на несоодветни места.rn

      rn011

    • rn

      Куќата на Ву Пинг, Чонгкинг, Кина

      rn

    • rn

    rnКуќи на несоодветни местаОваа куќа веќе не постои од април, 2007 година, бидејќи после 3 годишното договарање, газдарицата Ву Пинг, конечно се раздели од нејзе и сега е побогата за 1 милион јуани (околу 107 250 евра). Откако целиот кварт се наоѓал во очајна состојба и наликувал на депонија, во 2004 година една кинеска фирма се договориле со сите станари, на неговото место да изгради голем трговски центар. Госпоѓата Пинг била единствената од 241 станар која одбила да се исели и следните 3 години ги живееше опколена со темелите на идниот трговски центар.rnКуќи на несоодветни места.rn

      rn011

    • rn

      Фармерите на аеродромот Нарита, Токио, Јапонија

      rn

    • rn

    rnКуќи на несоодветни местаВо 1966 година Јапонската Влада ги презентирала плановите за изградба на новиот аеродром во близината на Токио. Во наредните години редовно се одржувале протести кои ја попречувале изградбата на аеродромот, кои понекогаш завршувале дури и фатално. Протестите се одржувале поради спорната трета писта која била планирана за изградба врз имотите на неколку фармери од регионот. До денешен ден, фармерите сѐ уште не прекинуваат со блокадата за третата писта и сѐ уште живеат на своите фарми, иако аеродромот нормално функционира од 1978 година.rnКуќи на несоодветни места.rn

      rn011

    • rn

      Куќата на Остин Спрингс, Вашингтон, САД

      rn

    • rn

    rnКуќи на несоодветни местаВо 2006 година, Остин Спрингс среќно си живеел во куќа која набрзо станала трн во око на едни локални инженери. Куќичката толку им засметала што тие му понудиле 3 милиони американски долари за да отсели од неа, иако нејзината вредност кога тој се вселил била само 200 000 американски долари. Сепак, тој ја одбил понудата и започнал да зема кредит за да ја претвори во пицерија.rnКуќи на несоодветни места.rn

      rn011

    • rn

      Зградата на Чаи Жуксианг и Женг Лианхо, Шенжен, Кина

      rn

    • rn

    rn

    Куќи на несоодветни местаВо 2006 година, на двајцата сопственици на оваа 7-катна зграда, Чаи Жуксианг и Женг Лианхо, им се обратила една градежна фирма чија идеја била да го претворат целиот простор во профитабилен финансиски центар. Двојката не дозволувала рушење на зградата, па така сѐ се претворило во војна на наддавање. На крајот инженерите понудиле сума која била тешка за одбивање, според прогнозите од 10 до 20 милиони јуани (1-2 милиони евра), па така успеале да ги отселат гордите сопственици.rnКуќи на несоодветни места

  • Од црква во ноќен клуб

    Од црква во ноќен клуб

    Спирито-Мартини“ е ноќен клуб во Брисел, Белгија, а она што е интересно за него, е дека истиот објект претходно бил црква.Од црква во ноќен клубБизнисменот Франсеко Раво, ја откупил црквата и најмил тим од архитекти и дизајнери, чија работа била да му дадат нов живот на објектот. Резултатот е фасцинантен спој од класичен Римски стил и модерен мебел, кој го прави елегантно место за незаборавно искуство..Од црква во ноќен клубОд црква во ноќен клубИ покрај тоа што некои ова го сметаат за сквернавење, мора да се признае дека ова е место од кое ќе ви подзастане здивот, особено поради фактот дека е спасена напуштената црква од уривање.Од црква во ноќен клубОд црква во ноќен клуб