Оваа сезона се истражува влијанието на африканската култура на летен начин, со егзотични отпечатоци и тропски коктел од аксесоари.rnrn
rnrnСе чини дека дизајнерите ова лето својата инспирација ја пронашле толку во Африка. Бујната флора и фауна од тропските џунгли, пустини и савани, се извор на боите и дезените во колекциите на многу познати модни куќи.rnrn
rnrnКога ќе ги погледнеме моделите од најновите колекции забележуваме многу сочни нијанси споени во едно коишто изгледаат спектакуларно! Дефинитивно од жените во Африка треба да ја научиме способноста да комбинираме неколку дизајни во еден.rnrn
rnrnМоже да ја носите вашата етно облека, но доколку сакате африкански стил користете одвоени елементи – густи природни ткаенини, слободни кроеви, каиши, коноп и дрвени бројаници (колку подебели и посветли толку подобро).rnrn
Tag: африкански
-

Тропски и раскошно: Африкански стил – најжешкиот тренд за ова лето
-

Заз – пејачка поради која ќе посакате да го научите францускиот јазик
Автор: Александра ЧакаровскаrnrnЗаз е вистинско откровение на музичката сцена, која со својата харизма и талентираниот глас за неполни 2 години се стекна со милион обожаватели. Со своите песни веднаш ќе ве маѓепса и ќе посакате да ја слушате со часови, иако можеби не знаете ни еден француски збор. Преку песните, кои наликуваат на стилот на француските шансони, а изведени на еден поинаков мелодраматичен начин, Заз ви нуди единствена можност да ја запознаете француската музика од сосем поинаков агол.
Вистинското име на Заз е Изабел Жофруа (Isabelle Geffroy). Родена е на 1 мај, 1980 година во Тур, Франција. Љубовта кон музиката ја покажува уште од мали години, кога со своите сестра и брат посетува часови по музика. Подоцна студира музичка теорија, а се фокусира повеќе на виолината, пијаното, гитарата и хорското пеење.rnrnОсвен музиката, се занимавала со спорт и професионално учела кунг фу. Во 1995 година посетува часови за пеење, а во 2000 година добива стипендија и се запишува во училиштето за модерна музика во Бордо, Франција.
Својата музичка кариера Заз ја започнува во 2001 година, пеејќи во бендот „Fifty fingers“. Подоцна пеела и во други бендови, а своите вокални способности ги усовршувала и како хорист, настапувајќи со многу пејачи како Маесо, Арт Менго, Владимир Макс. Во 2006 година се преселува во Париз.
Многумина ја нарекуваат музичкиот феномен од парискиот Монмартр, поради тоа што заработувала токму од пеењето на улиците на Монмартр. Сепак, среќата и се насмевнува во 2007 година, кога почнува да соработува со продуцентот и текстописец Кередин Солтани. Токму Кередин се јавува како композитор и автор на најголемиот хит на Заз – „Je Veux“.
Својата слава Заз ја доживува во 2010 година, издавајќи го својот прв албум Zaz. Песните, на кои многу од нив се јавува како автор, се интересен спој на џез со примеси на циганската музика. Мелодични и лесно певливи се запаметуваат уште од првото слушање. Текстовите на песните се вистинското нешто по што ја препознаваат Заз. Тие се едноставни, лесни за паметење и пренесуваат универзални пораки. Во своите песни („Je veux“, „Ni oui ni non“, „Le Long de la route“, „Trop sensible“, „Les Passants“ ) Заз не сака накит од Шанел, лимузина, ниту ја сака Ајфеловата кула. Единствено што сака е љубовта, радоста, слободата…rnrnНејзината песна „Je Veux“, со над 10 милиони прегледи на YouTube, е вистински мегахит. Годината во која Заз го издава својот прв албум, 2010, достигнува огромна популарност со над пола милион продадени копии, со што се сертифицира како платиниумско издание. Истата година, Заз ги освои наградите за најдобра француска пејачка во 2010, како и најдобра француска пејачка во странство во 2010 година.rn
rnГлавна инспирација за нејзините песни се „Четирите годишни времиња“ на познатиот композитор Вивалди, како и џез музичарите како Ела Фицџералд, Енрико Масијас, Боби Мекферин и Ричард Бона. Исто така, африканските, латино и кубанските ритми имале големо влијание врз создавањето на песните. Поради бојата на гласот и стилот на песните, многумина ја нарекуваат новата Едит Пјаф.rnrnОваа година, Заз планира да одржи концерти во многу земји, како Јапонија, Канада, Германија, Хрватска, Србија, Бугарија. Во Македонија, концертот е официјално закажан за 28 мај.rn
rn
rn
rn
rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Топ 10 факти за слоновите
Прочитајте неколку факти за овој загрозен вид интелигентни животни…rnrn1. Дали сте знаеле дека денес живеат само три вида слонови? Тоа се саванскиот (африкански), шумскиот (африкански) и азискиот, кој е исто така познат и како индиски слон. Сите останати видови се изумрени. Некои заради климатските промени и вегетацијата, а некои како резултат на ловот. Во минатото постоеле околу 170 видови слонови.
2. Слоновите се најголемите копнени животни во светот. Најголемиот слон регистриран досега, бил застрелан во Ангола, во 1956 година. Тој бил мажјак, тежел 11 тони и бил висок 3,96 метри, што е за еден метар повеќе од просечната висина на машкиот африкански слон.
3. Бременоста кај слоновите трае 22 месеци, подолго одошто кај кое било друго животно на земјата. Новородените слончиња тежат околу 120 килограми. Просечниот животен век на овие животни е од 50 до 70 години. Најстариот слон живеел 82 години. За здравите и возрасни слонови нема природни предатори, иако лавовите можат да совладаат помлади и послаби поединци. Може да се каже дека единствениот непријател им е човекот.
4. Слоновите имаат и најголем мозок од сите копнени животински видови. Тој тежи над 5 килограми. На овие животни им се припишува широка палета чувства и интелигентни однесувања. Такви се: тагата, сочувството, самосвеста, уметничките способности, реагирање на музика, алтруизам, игра, можност за користење алатки конструирани од човекот…
5. Машките и женските слонови драстично се разликуваат. Женките целиот свој живот го поминуваат во тесна врска со семејството, живеат во групи составени од нивните мајки, ќерки и други женки-роднини… Предводени се од најстарата женка, односно матријарх. Возрасните мажјаци пак, главно живеат осамен живот.
6. Извиените коски кај возрасните мажјаци растат по околу 18 сантиметри годишно. Ги користат за да го расчистат патот пред нив, но и за да ископаат храна, вода, сол или корења. Со нив ја лупат и кората од дрвјата, со која се хранат. Ги користат и за да ја означат нивната територија, а повремено и како оружје.
7. Сурлата е најважниот дел кај слонот. Африканските слонови имаат две ноздри на сурлата, а азиските само една. Таа е толку чувствителна што може да подигне дури и најмала тревка, но, сепак, доволно силна за да ги искрши гранките од дрвјата кои им го попречуваат патот. Сурлата исто така, се користи и за пиење вода. Слоновите со едно вшмукување, можат да соберат 14 литри вода. Сурлата им служи и за бањање. Прво се мијат со вода, а после вшмукуваат кал и се прскаат со него. На ваков начин прават заштитен слој на кожата, кој ги штити од сонцето.
8. Африканските слонови живеат во 37 земји во Африка. Тие во неколку работи се разликуваат од азиските. Значително се поголеми и имаат вдлабнатина на грбот. Најзабележителни се нивните големи уши. Тие се долги 1,5 метри и широки 1,2 метри. Сите африкански слонови имаат коскени израстоци. За разлика од нив, кај азиските слонови тоа е карактеристика само за мажјаците. Африканските слонови се и помалку влакнести од нивните азиски роднини. Женките пак, од азискиот вид имаат слабо развиена сурла.
9. Слоновите се добри пливачи, но не можат да скокаат или да галопираат. Имаат два начина на движење, нормално одење и брзо одење, кое наликува на трчање.
10. Слоновите се тревопасни животни и знаат да потрошат околу 16 часа дневно за јадење растенија. Нивната исхрана е многу променлива, како сезонски, така и по региони. Се хранат со листови, кора и плодови од дрвјата и грмушките, но исто така пасат и трева и билки.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.








