КАФЕ ПАУЗА

Tag: 4U

  • Поранешните „Славејчиња“ со кроасаните 4U се присетија на заедничките настапи

    Поранешните „Славејчиња“ со кроасаните 4U се присетија на заедничките настапи

    „Еднаш славејче, засекогаш славејче“ е реченицата која ја знаат и повторуваат сите поранешни и сегашни членови на хорчето на еден од најстарите детски фестивали во земјава „Златно славејче“. Четириесет и седмото издание на манифестацијата се одржа од 16 до 18 ноември во салата „Борис Трајковски“ во Скопје и годинава беа изведени 17 нови песнички. Еден ден по завршувањето на фестивалот се случи и интересна дружба – 15-ина поранешни „славејчиња“ се собраа на кафе и вкусни кроасани 4U за да се присетат на деновите кога настапувале, но и кога учеле кои се вистинските вредности во животот.rnrn(1) poraneshnite-slavejchinja-so-kroasanite-4u-se-prisetija-na-zaednichkite-nastapi-www.kafepauza.mkrnrnИницијатор на дружбата беше Татјана Танева од фабриката „Жито пром“ во Гевгелија која веќе втора година по ред е спонзор на „Златно славејче“. Слатка радост за децата кои годинава присуствуваа на фестивалот беа нивните кроасани 4U со вкус на какао, јагода, ванила и кајсија и со мешаните вкусови на какао и ванила и вишна и ванила.rn

    „Иако сме спонзори на фестивалот, мојата врска со ‘Златно славејче’ е повеќе емотивна и приватна отколку професионална. Долг период бев дел од хорот на фестивалот и таму запознав прекрасни луѓе со кои и денес сум во контакт. Научив што е другарство и голема заслуга за тоа каков човек сум денес има периодот што го поминав како ‘славејче’. Сметам дека е важно да се сретнуваме за да се присетиме на тие денови и на сето тоа што значи фестивалот за сите нас. Минатата година направивме прва средба од ваков тип, ова е втор пат и се надевам дека ќе прерасне во традиционална“, појаснува Танева.

    rnНа годинешното издание на фестивалот децата ги забавуваше и новата маскота на вкусните кроасани 4U која засега го носи името господин Кроасан. Но, Татјана најавува дека воплан е да се отвори и натпревар каде деца од цела Македонија ќе даваат предлози за тоа како би требало да се вика маскотата.rnrn(2) poraneshnite-slavejchinja-so-kroasanite-4u-se-prisetija-na-zaednichkite-nastapi-www.kafepauza.mkrn

    „Сакавме да направиме и нешто поинтересно каде ќе ги инволвираме и децата па поставивме голема табла за боење каде секое детенце што присуствуваше на фестивалот можеше да обои дел од нејзе по сопствена инспирација, поточно да остави свој печат. Се уште размислуваме каде би го ставиле ова уметничко дело, но најверојатно тоа ќе биде во просториите на нашата фабрика ‘Жито пром’ во Гевгелија“, посочува Танева.

    rnКроасаните 4U може да се најдат во сите поголеми маркети низ Македонија. Дополнително фабриката има донирано производи за многу манифестации во земјава.rnrn(3) poraneshnite-slavejchinja-so-kroasanite-4u-se-prisetija-na-zaednichkite-nastapi-www.kafepauza.mkrn

    „Сакаме да поддржуваме и да бидеме дел од убави и креативни настани па така бевме дел од конференции на ФЕИТ и БЕСТ, спортски натпревари, хуманитарни акции, студентски мотивациски настани и други активности, така што отворени сме за нови соработки, за нови идеи и акции“, посочува Татјана.

    rnСамиот фестивал „Златно славејче“ има хуманитарна димензија така што секоја година присуствуваат деца од социјално ранливи категории, деца без родители или родителска грижа, деца со пречки во развојот итн.rnrn(4) poraneshnite-slavejchinja-so-kroasanite-4u-se-prisetija-na-zaednichkite-nastapi-www.kafepauza.mkrn

    „Најмалку 1.000 билети се наменети за овие дечиња да дојдат, да присуствуваат и да уживаат на фестивалот. Хуманиот дел ни е на прво место па поради тоа во текот на година многу често настапуваме на различни добротворни настани“, појаснува директорот на „Златно славејче“, Бобан Јосифовски кој исто така присуствуваше на средбата на поранешните „славејчиња“.

    rnПо завршување на 47-то издание на „Златното славејче“, Татјана посочува дека планираат и следната година да застанат зад фестивалот и да им овозможат на децата да се насладуваат во вкусните кроасани 4U. Воедно ветува дека и повторно ќе ги собере поранешните „славејчиња“ да се потсетат на убавите денови, патувања и другарувања.

  • Погледнете ја велосипедската оф-роуд тура низ Мариово прикажана со дрон и GoPro камера

    Погледнете ја велосипедската оф-роуд тура низ Мариово прикажана со дрон и GoPro камера

    Во еден од најубавите предели во Македонија, Мариово, пред една недела се одржа традиционалниот фестивал Мариово оф-роуд, а врв на тридневниот настан беа велосипедските тури. Компанијата „Жито пром“, која ги произведува вкусните кроасани 4U, одлучи да ги однесе сите љубопитни луѓе на најдолгата патека и да ја покаже убавината на Македонија, но и упорноста на овие велосипедски ентузијасти. Најтешката рута беше долга 50 километри и минуваше низ 5 села.rnrnПогледнете ја велосипедската оф-роуд тура низ Мариово прикажана со дрон и GoPro камераrnrnЦелото патешествие на велосипедистите е регистрирано со снимки од дрон и со GoPro камера која ја носи еден од учесниците на настанот, а во тек на целата патека спортските ентузијасти се насладуваа со кроасаните 4U со вкус на какао, јагода, ванила и кајсија како и оние со мешани вкусови на какао и ванила и вишна и ванила. Луѓето кои не се присутни на турата сега може да почувствуваат како е да се вози велосипед по различни подлоги како што се асфалт, широк тампон, премин преку река, крос кантри дел, козји патеки и карпи. Како што се одвива турата, гледачите може да уживаат во живописните мариовски села од кои повеќето се напуштени, како што се: Бешиште, Градешница, Старавина, Зовиќ, Манастир, но и во околната недопрена природа која плени со својата убавина.rnrnНеверојатното искуство на гледачите е надополнето со посета на двата манастира Св. Никола и Св. Илија. Патеката по која се движат учесниците на турата минува покрај манастирот Св. Никола, додека велосипедското патешествие завршува токму кај манастирот Св. Илија во Витолиште, каде што имаше организиран ручек за сите учесници во трпезаријата на манастирот.rnrnВо продолжение погледнете го видеото од велосипедската тура и уживајте во убавините на Мариово, а повеќе за кроасаните 4U може да прочитате и на официјалната Фејсбук страница.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=D_zEBNxd0b8

  • Македонски кроасани освојуваат девет странски пазари

    Македонски кроасани освојуваат девет странски пазари

    Следејќи ја идејата да создадат производ кој ќе го има вкусот и мирисот како да е подготвен дома, македонската фабрика „Жито пром“ ги направи кроасаните 4U кои веќе освоија и девет странските пазари. Тие може да се најдат во Грција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Италија, а достапни се и за домашните консументи низ поголемите маркети во државата.rnrn1-makedonski-kroasani-osvojuvaat-devet-stranski-pazari-kafepauza.mkrnrnПриказната зад фабриката почна пред 19 години во Гевгелија како семеен бизнис, карактеристика што брендот ја поседува и денес. „Жито пром“ сега произведува и брашно, а кроасаните им се главен адут за извоз. Кроасаните се произведуваат во неколку различни вкусови – какао, ванила, јагода и кајсија, но во план е палетата во иднина да се шири.rnrnТие имаат ХАСАП сертификат доделен од една од водечките институции во секторот на безбедност на храната, TUV Austria. Тајната е во италијанската рецептура што се базира на користење на природен квасец наместо комерцијален, купечки.rnrn2-makedonski-kroasani-osvojuvaat-devet-stranski-pazari-kafepauza.mk 3-makedonski-kroasani-osvojuvaat-devet-stranski-pazari-kafepauza.mk 4-makedonski-kroasani-osvojuvaat-devet-stranski-pazari-kafepauza.mkrn

    „Природниот квасец вклучува уникатен процес на бавна ферментација односно растење на тестото, за на крај да се добие свеж, мек и вкусен кроасан без користење на дополнителни хемиски адитиви. Човечки фактор е всушност најважен во целата подготовка што му дава еден уште поголем шарм и вкус на парчето кроасан. Како кога дома, мајките или бабите ќе ни подготвеа на традиционален начин кифлички, не можеш да не ги сакаш“ – вели Татјана Танева дел од менаџерскиот тим на „Жито пром“.

    rnКомпанијата годинава се јавува и како генерален спонзор на еден од најстарите детски фестивали во државата „Златно славејче“ кој ќе се одржува на 17, 18 и 19 ноември.rn

    „Станува збор за еден од најстарите манифестации во земјава која има посебно место во подигањето на македонската музика поради што сакавме да го поддржиме. ‘Златно славејче’ е бренд чија што мисија и приказна кореспондира со онаа на нашата компанија, а под тоа подразбирам приказна на трудољубивост, на работа и на квалитет“ – додава Танева.

    rn5-makedonski-kroasani-osvojuvaat-devet-stranski-pazari-kafepauza.mk 6-makedonski-kroasani-osvojuvaat-devet-stranski-pazari-kafepauza.mkrnrn„Жито пром“ е сместена во близина на Гевгелија и во моментов брои 40 вработени. Долгорочниот план на менаџерскиот тим е насочен кон освојување на странските пазари како и на зацврстување на позицијата на домашниот пазар.