КАФЕ ПАУЗА

Tag:

  • Ламби кои прават забавни сенки на ѕидот

    Ламби кои прават забавни сенки на ѕидот

    Колку од вас кога биле мали си играле со рацете или разни предмети за да создадете интересна сенка на ѕидовите? Луѓето им се восхитуваат на сенките, особено оние кои се занимаваат со фотографија, бидејќи секогаш мораат да следат под кој агол паѓа светлината и каде ќе се создаде сенка.Ламби кои прават забавни сенки на ѕидотДизајнерите Микаел Росинг и Денис Тиз решиле да ги искористат светлината и сенката, кога ги правеле овие фантастични подни ламби кои ги нарекле „Shining Image “. Овие ламби всушност претставуваат дводимензионални скулптури и кога светлото кое е насочено кон нив е вклучено, се создава интересна сенка на ѕидот.Ламби кои прават забавни сенки на ѕидотЛамби кои прават забавни сенки на ѕидотУбавината кај овие ламби е нивниот минималистички дизајн и тоа што се достапни во разни варијанти, од кои можете да си ја одберете онаа која ви е вам најзабавна. Па, без разлика дали барате нешто прекрасно или оригинално, овие ламби со сигурност ќе ви изнудат насмевка на вашето лице кога ќе го запалите светлото. Нивната цена се движи од 189 евра па нагоре, а можете да ги купите онлајн на Absolut Lighting.Ламби кои прават забавни сенки на ѕидотЛамби кои прават забавни сенки на ѕидотrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кога денот и ноќта стануваат пријатели

    Кога денот и ноќта стануваат пријатели

    Често велиме: „тие се различни како ден и ноќ“, што не е воопшто чудно, нели? Сепак, иако некои повеќе уживаат во денот, други се ноќни птици, денот и ноќта заедно ја прават вистинската комбинација која на сите ни треба.rnrnКога денот и ноќта стануваат пријателиrnrnОваа приказна е производ на студиото Пиксар. Филмот ја имаше својата премиера лани летоска, заедно со познатиот „Приказна за играчките 3“ (Тoy Story 3), а претставува нешто досега невидено од Пиксар, спој на 2Д и 3Д анимација. Уживајте!rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Мислев на тебе“

    „Мислев на тебе“

    „Мислев на тебе“ (Thought of you) е фантастична 2Д анимација, комбинирана со традиционални техники, дело на уметникот Рајан Вудворд.rnrn„Мислев на тебе“rnrnНаместо анимација со јасна приказна, Рајан одлучил да креира дело кое допира до личните чувства на гледачот, притоа секој доживувајќи го на различен начин. Инспирацијата доаѓа од комплексноста на интимните врски.rnrn„Мислев на тебе“rnrnМислев на тебе е дел од личниот проект на авторот, Conte Animated, кој се базира на неколку концепти: цртање на човечки фигури со примена на различни креативни пристапи, 2Д анимација, современ танц и експериментирање.rnrnrnДоколку сакате да го видите начинот и процесот на работа на анимацијата, погледнете го краткиот документарец.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.