КАФЕ ПАУЗА

Tag: 2015

  • 10-те најпопуларни видеа на Јутјуб од 2015 година

    10-те најпопуларни видеа на Јутјуб од 2015 година

    Доволно е само да ги погледнете статистиките на Јутјуб и веднаш ќе сфатите зошто нашите социјални мрежи се преполни со видеа со слатки животни, забавни дечиња, компилации, кавери, различни видови глупости, епски запросувања и слично. Јутјуб моментално има над 1 милијарда корисници, секојдневно добива по 4 милијарди прегледувања и вклучува 6 милијарди часови видеа секој месец.rnrn10-те најпопуларни видеа на Јутјуб од 2015 годинаrnrnПа, што гледаат луѓето на Јутјуб? Според статистиките, следниве 10 видеа биле најпопуларни во 2015 година. Тие биле избрани според прегледувањата, лајковите, споделувањата, пребарувањата, пародиите, ремиксите и одговорите…rn

    10. Злобни твитови – Издание со претседателот Обама

    rnrn

    9. Полицаец фатен на дело како ужива во песната „Shake It Off“ од Тејлор Свифт

    rnrn

    8. Златното момче Калум Скот воодушевува со својата аудиција на шоуто „Британија има талент“

    rnrn

    7. Забавено видео: Човек со висина од 180 метри во огромен воден балон со големина од 180 метри

    rnrn

    6. Караоке во автомобил со Џастин Бибер

    rnrn

    5. Битка во синхронизирање со усни помеѓу Вил Фарел, Кевин Харт и Џими Фалон

    rnrn

    4. Реклама која допре до целиот свет – Љубовта нема етикети

    rnrn

    3. Луд пренк со пластични топки

    rnrn

    2. Судир на кланови: Одмазда (Официјална ТВ реклама за Супер Боул)

    rnrn

    1. Дечиња одлично танцуваат на песната „Watch Me (Whip/Nae Nae)“ од Силенто

    rn

  • Астролошки секс трикови: Како да го освоите во јули 2015?

    Астролошки секс трикови: Како да го освоите во јули 2015?

    Летото, особено месецот јули, е совршеното време да ја зацврстите вашата врска или да го освоите неговото срце. Токму затоа пронајдете го неговиот знак и погледнете ги следниве совети како да успеете во вашата цел.rnrnАстролошки секс трикови: Како да го освоите во јули 2015?rn

    Овен

    rnБлагодарение на влијанието од Меркур кој патува, нему овој месец му е потребна промена. Планирајте мини излет со автомобил околу 11-ти со цел максимално да го искористите времето. Промената на околината ќе го освежи и ќе ви овозможи нов простор за игра.rnrnПотег по кој копнее: Утрински орел. Разбудете го со вашите усни.rn

    Бик

    rnМрзливата Венера ќе му донесе чудно расположение околу 19-ти, па токму затоа оставете му малку простор додека не ја врати контролата над своето расположение.rnrnПотег по кој копнее: Игри со градите. Нанесете лубрикант и предложете му да се повлече меѓу нив.rn

    Близнаци

    rnТој ќе биде исклучително дарежлив поради влијанието на несебичниот Јупитер. Токму затоа и сосема е во ред да му дозволите да плати за вашата префинета вечера.rnrnПотег по кој копнее: Поглед од позади. Пробајте со обратната каубојка која ќе ги оствари неговите диви соништа.rn

    Рак

    rnБлагиот Уран го поттикнува неговото добро расположение овој месец, па токму затоа и ќе ве одушеви со неговата ведрина.rnrnПотег по кој копнее: Забава со храна. Земете чоколаден прелив со вас во кревет.rn

    Лав

    rnВредниот Меркур ќе го поттикне да се посвети на работата во неделата околу 20-ти. Изненадете го така што на работа ќе му го однесете неговиот омилен ручек од ресторан.rnrnПотег по кој копнее: Журка во када. Уживајте заедно во пенлива бања пред да преминете на главното.rn

    Девица

    rnВо средината на месецот тој ќе ја промени фризурата и ќе биде несигурен во однос на тоа. Токму затоа доколку му упатите комплимент ќе се почувствува многу подобро.rnrnПотег по кој копнее: Експлицитни зборови. Опишете му точно како се чувствувате за време на сексот.rnrnrnrn

    Вага

    rnЕротичниот Марс ќе ја наполни неговата глава со диви мисли пред 18-ти. Токму затоа и тој ќе посака да испробува нови играчки, па ајде, опуштете се и зачинете ја вашата врска.rnrnПотег по кој копнее: Контакт со поглед. Гледајте го во очи додека доживувате оргазам.rn

    Скорпија

    rnПод влијание на хаотичниот Сатурн, неговиот распоред ќе биде пренатрупан до 27-ми. Бидете трпеливи, бидејќи и покрај сè тој сепак ќе најде време за вас.rnrnПотег по кој копнее: Сензуален секс. Пред да преминете на главното, запалете свеќи.rn

    Стрелец

    rnБлагодарение на лежерниот Меркур тој ќе биде многу опуштен во попладневните часови. Искористете ја оваа можност, отворете вино и уживајте во неговите прегратки.rnrnПотег по кој копнее: Секси изливи на нежност на јавно место. Чешкајте ги неговите бутини под столот додека вечерате во ресторан.rn

    Јарец

    rnИнтензивниот Плуто ќе го инспирира да се исцрпи до лудило во теретана. Масирајте ги неговите болни мускули и веднаш ќе му станете најомилената личност на сите времиња.rnrnПотег по кој копнее: Секси порака. Пратете му жешка говорна порака со секси глас.rn

    Водолија

    rnБлагодарение на влијанието на Марс кој многу мечтае, тој ќе се чувствува креативно во почетокот на овој месец. Токму затоа и очекувајте кул непланиран состанок.rnrnПотег по кој копнее: Не ја соблекувајте целата облека од вас. Оставете ги и штиклите и полудете го.rn

    Риби

    rnБлагодарение на неуредниот Нептун тој ќе има проблеми на работа, па ќе го побара вашиот совет околу 14-ти.rnrnПотег по кој копнее: Груб секс. Грицкајте го неговиот врат за време на сексот.

  • Невестинска модна недела: Прекрасни идеи за младите невести

    Невестинска модна недела: Прекрасни идеи за младите невести

    Оваа година на невестинската модна недела во Њујорк доминираа цветните детали, започнувајќи од огромни и диви букети, па сè до цветни дизајни на венчаниците. Исто така можеа да се забележат и дводелни модели, кои се самите по себе уникатни, како и интересни црни акценти. Сите модели се едноставни, со моќни детали, па токму тоа е она што ги издвојува новите колекции. Доколку планирате да правите свадба во текот на годинава, тогаш со сигурност овие фотографии ќе ве инспирираат за дизајнирање на вашата совршена венчаница…rnrn(1) Невестинска модна недела: Прекрасни идеи за младите невеститеrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасен почеток на пролетта со неверојатно затемнување на сонцето

    Прекрасен почеток на пролетта со неверојатно затемнување на сонцето

    Оваа година на првиот ден од пролетта, рамноденица, кога месечината беше на својата најблиска точка до Земјата, имавме и уште едно изненадување од природата – затемнување на сонцето. Во однос на градот во кој се наоѓаа, луѓето имаа можност да видат од 50 до 99% соларна еклипса. Најпогодно за набљудување беше на Фарските острови, каде што во еден момент месечината целосно го прекри сонцето.rnrn

    Фотографија направена од европски вселенски сателит
    Фотографија направена од европски вселенски сателит
    rnrnЛуѓето како и секогаш најдобро ја покажуваат својата креативност кога има настани како овој. Токму затоа издвоивме дел од најкреативните и најпрекрасните фотографии од затемнувањето на сонцето кои се појавија на интернет. Погледнете како тоа изгледаше ширум светот…rnrn
    Скопје, Македонија (фотографијата е направена од Златко Пармаковски)
    Скопје, Македонија (фотографијата е направена од Златко Пармаковски)
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Греми 2015: Модата на црвениот тепих

    Греми 2015: Модата на црвениот тепих

    Вчера беше доделувањето на престижните награди Греми и како и секогаш можевме да видиме навистина интересни и уникатни модни комбинации. Започнувајќи од неверојатниот фустан на Тејлор Свифт, сè до лошиот избор на Ријана, погледнете дел од модата на црвениот тепих…rnrn

    Греми 2015: Модата на црвениот тепих
    Тејлор Свифт
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каде го чека среќата вашиот хороскопски знак во 2015?

    Каде го чека среќата вашиот хороскопски знак во 2015?

    Скорпиите имаат најповолен хороскоп за 2015 година. Каде ги чека среќата останатите знаци во зодијакот?rnrnНапомена: Читајте и за вашиот подзнак!rnrn(1) Kade-go-cheka-srekjata-vashiot-horoskopski-znak-vo-2015-godina-www.kafepauza.mkrn

    Овен

    rnАко Овен е вашиот сончев знак и сте родени на почетокот на овој знак, тогаш периодот од 20 до 27 март ќе биде доста поволен за вас доколку ги прифатите можностите да напредувате и вложите повеќе труд од вообичаено. Знаењата кои ќе ги добиете од јануари до март ќе ви овозможат да создадете темел за својата иднина или конечно да остварите некоја цел за која подолго време мечтаете.rnrnБидете активни и грабнете ги приликите кои ќе ви се укажат, затоа што тоа е она што ќе ви донесе напредок на повеќе сфери во животот. За оние кои се родени на почетокот на април важно е да завршат нешто што им останало недовршено и да остават некој или нешто да излезе од нивниот живот. Тоа нема да биде лесно, но е неопходно за да продолжат понатаму, затоа што Овенот е таков – презема иницијатива, храбар е и тоа му овозможува да ги оствари своите цели и да биде лидер. За повеќето Овни 2015 ќе биде полесна од претходната година. Таа дава можност за оние што ќе се борат и да успеат. Особено поволен е периодот од 20 февруари до 31 март, а особено од 8 до 12 март, кога поставеноста на планетите укажува на тоа дека некои работи ќе бидат нешто полесно остварливи.rnrnАко вашиот подзнак е Овен, во 2015 можете да очекувате напредок во работата доколку подзнакот ви е во првата декада. Ако е во втората, тогаш ќе имате среќа во љубовта, или преку децата како родител, или преку некое задоволство или нешто што ви предизвикува задоволство.rnrnАко сè уште не сте родител, ова е добра година за тоа. Личностите со подзнак Овен ги очекува среќа и низ креативните процеси, во јавниот живот или игрите на среќа. Промените кои почнале да ви се случуваат претходната година ќе продолжат да се случуваат и оваа. Бидете отворени за нив, така во вашиот живот ќе доминираат убави наспроти лоши работи. Прифатете ги промените како добредојдени и потребни и тие ќе бидат такви.rnrn rn

    Бик

    rnЗа оваа година да ви биде среќна , неопходна ви е стабилност на емоционален и на финансиски план. Планетите тоа ќе ви го овозможат во првата половина на 2015 година. Ако вашиот подзнак е Бик, истиот период е добра можност да си создадете свое мирно прибежиште од домот и семејството. Биковите ќе си ги подобрат семејните односи во 2015 година и домот ќе го направат поудобно и попријатно место за живеење.rnrnВтората половина од годината е поволна за среќа во љубовта, остварување како родител или доживување на голема среќа преку децата. Поставеноста на планетите во текот на летото, особено од 25 јули до 6 септември дава одлична можност за нова љубов или обновување на некоја поранешна врска. Сепак, истото не важи и за оние кои веќе се во врска. Истиот тој период не е поволен за да направат веридба или свадба. Промените поврзани со децата се можни во втората половина на септември и во октомври, но треба да бидете внимателни со тоа.rnrnАко сте невработени, шансите тоа да се смени ќе бидат најголеми во последните три месеци од 2015 година. Ќе ви се отворат можности и да разрешите некои конфликти од брачниот живот кои се таложеле во последните две години, за потоа да се посветите на благосостојбата на другите. Треба да преземете одговорност во овој дел, особено ако се занимавате со нешто што е поврзано со банкарство или осигурување.rnrnБиковите родени на крајот на април ќе доживеат позитивни промени во текот на годинава. Ова за нив ќе биде среќна година. Ако ги искористите поволните можности во август и септември, ова за вас може да се претвори во најдобрата година во животот. Бидете отворени за сите нови искуства, целосно внесете се во нив. Некои од вас ќе вложат во своите знаења и ќе напредуваат професионално и на финансиски план, други само ќе стекнат вештини и важни животни искуства, но секој кој е роден на крајот на април ќе добие можност да направи нешто убаво во 2015 година.rnrnОние родени на почетокот на мај може да се надеваат на остварување на долгогодишните цели, било да работат сами на тоа или да имаат некаква помош. Како и да е, за ова да биде добра година за вас, битно е да работите на својата стабилност и да ги зграпчите сите шанси кои ќе ви се укажат. Тие ќе ви овозможат повеќе успех годинава и можат да ја направат една од вашите најуспешни.rnrn rn

    Близнаци

    rnАко вашиот подзнак е Близанци, очекувајте зголемен обем на обврски на почетокот на годината. Фатете се за решавање на проблемите на начин кој вам ви е најприфатлив, низ комуникација, така што ќе сфатите што е тоа што го вознемирува вашиот партнер и како да му/ѝ помогнете за да не си оди од вас. Поставеноста на планетите овозможува во првата половина на годината проблемите да ги решите со долги разговори, кратко патување или некое заедничко учење.rnrnОние чиј сончев знак е Близнаци можат во втората половина на годината да очекуваат можност да ги уредат семејните односи и така да постигнат поголема среќа во животот. Вие сте личност која знае како добро да се информира и да стекне знаења и потоа тие знаења да ги искористи за унапредување на семејната благосостојба. Тоа може годинава да ве направи среќни и затоа треба да вложувате во оваа сфера. Промените можат да се случат и ако сретнете нови пријатели или низ тимска работа. А што се однесува до љубовта, ова е поволно време за да вложите во остварување на оние работи во љубовта по кои тежнеете.rnrnВие сакате промени, но тие најмногу ќе им се случуваат на оние родени кон крајот на мај, особено 20-21 и 25-26 мај, но тие ќе треба да прифатат и одредени ограничувања и препреки кои ќе ги научат што е она што треба да го променат во животот. Направете подлабоки преиспитувања, променете нешто во досегашното однесување, затоа што вака како што е тешко можете да се надевате на позитивни промени. Ако почнете да менувате нешто, ќе ви биде полесно понатаму. Бидете подготвени да научите нешто ново, без разлика колку тоа изгледа тешко на почетокот. Август е период кога треба да бидете умерени, особено во покажувањето на интелектуална надменост.rnrnСепак, 2015 година ќе биде најсреќна за Близнаците родени на 3, 4 и 20 јуни. За нив доста поволни ќе бидат првите шест месеци. Во нив се отвораат бројни можности за животот да им приреди убави изненадувања. И оние родени меѓу 2 и 8 јуни нека очекуваат убави промени, особено ако бидат отворени за нови вести кои можат да бидат многу добри за нив.rnrnВие сте приспособливи и отворени за промени, па затоа имате добри шанси да напредувате во бизнисот и комуникацијата, да остварите некое кратко патување, многу да учите, а во втората половина домот и семејството ќе бидат работите кои најмногу ќе ве усреќат.rnrn

  • Водич за набљудување на ноќното небо во 2015 година

    Водич за набљудување на ноќното небо во 2015 година

    Оваа година ветете си дека повеќе време ќе излегувате надвор и ќе погледнувате кон ноќното небо. Без разлика дали сте астроном или пак, само љубител на небесните настани, оваа година навистина ќе има што да се види. Сите овие настани можат да се гледаат со голо око, но секако подобро би можеле да ги доживеете со телескоп или добар двоглед. Погледнете што нè очекува оваа година на ноќното небо на Северната хемисфера…rnrnВодич за набљудување на ноќното небо во 2015 годинаrn

    Јануари

    rnДожд од метеори „Quadrantids“ – Овој настан трае од 1-ви до 5-ти (со најголем интензитет од 3-ти до 4-ти) и е првиот видлив метеорски дожд за годината. Тој ќе биде видлив ширум целото небо, со по околу 40 метеори во еден час, но поради полната Месечина ќе можете да ги видите само оние кои се најсјајни.rn

    Февруари

    rnЈупитер во опозиција – 6-ти февруари е најдобриот ден за набљудување на Јупитер, бидејќи тогаш тој е најблиску до Земјата и целосно ќе ја одбива светлината од Сонцето. Со помош на двоглед или телескоп, лесно ќе можете да ги видите неговите најголеми месечини: Ио, Европа, Ганимед и Калисто.rnrnСпојување на Венера и Марс – Веднаш по зајдисонцето, на 22-ри февруари, Венера и Марс ќе изгледаат многу блиску еден до друг на западното небо.rn

    Март

    rnЗатемнување на Сонцето – На 20-ти март ќе има тотална соларна еклипса каде што короната на Сонцето ќе биде видлива околу Месечината. Најдобриот начин да се следи овој настан е од Атлантскиот океан во близина на Гренланд, како и од северните делови на Сибир, но и оние кои живеат во Европа, Северна Африка и Западна Азија ќе можат да проследат делумна еклипса.rn

    Април

    rnДожд од метеори „Lyrids“ – Овој метеорски дожд ќе биде видлив помеѓу 16-ти и 25-ти (во најголем интензитет помеѓу 22-ри и 23-ти), со по 20-тина метеори на час. Најдоброто време за набљудување е веднаш по полноќ, откако ќе зајде Месечината.rn

    Мај

    rnДожд од метеори „Eta Aquarids“ – Овој дожд е составен од остатоците од познатата Халеева комета. Долготрајниот дожд ќе биде видлив од 19-ти април до 28-ми мај, но најмногу ќе се забележува на 5-ти мај, со по 30-тина метеори на час. За жал, полната Месечина ќе ги прикрие сите оние метеори кои не се доволно сјајни.rnrnСатурн во опозиција – 23-ти мај е најдобрата ноќ за набљудување на Сатурн кој ќе биде во својата најблиска точка до Земјата. Со среден телескоп (13-20 сантиметри) ќе можете да уживате во Сатурновите прстени како и во дел од неговите најсветли месечини.rn

    Јули

    rnДожд од метеори „Delta Aquarids“ – И покрај тоа што овој настан трае од 12-ти јули до 23-ти август, сепак најдобро време за набљудување е од 28-ми до 29-ти јули. Обично се забележуваат околу 20-тина метеори на час, но повторно ќе се вмеша полната Месечина која ќе ги „избрише“ сите метеори кои не се доволно сјајни.rn

    Август

    rnДожд од метеори „Perseids“ – Персеидите се едни од најомилените настани за љубителите на ноќното небо. Тие се видливи од 17-ти јули до 24-ти август, но во својот врв, на 12-ти август се забележуваат и до 60 метеори на час. Оваа година се очекува да ни приредат прекрасно шоу бидејќи Месечината нема да го осветлува небото.rn

    Септември

    rnНептун во опозиција – 1-ви септември е најдобриот ден за набљудување на Нептун бидејќи тогаш тој ќе се наоѓа најблизу до Земјата. Искусните астрономи со моќни телескопи ќе имаат можност детално да ја набљудуваат 8-тата планета, додека пак аматерите ќе можат да ја забележат само како сина точка на ноќното небото.rnrnЗатемнување на Сонцето – На 28-ми септември ќе заврши тетрадата од тотални лунарни еклипси во 2014/2015 година. Ова затемнување на Сонцето ќе трае повеќе од половина час и ќе биде видливо за оние кои живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Африка и дел од Азија. Еклипсата нема да биде видлива од Австралија.rn

    Октомври

    rnДожд од метеори „Draconids“ – Со траење од 6-ти до 10-ти октомври, со најголем интензитет на 8-ми, Драконидите ни нудат само 10-тина метеори во текот на еден час. Нивната видливост дополнително се намалува и со влијанието на Месечината, па оваа година нема да бидат многу забележливи.rnrnУран во опозиција – 11-ти октомври е најдобрата ноќ за набљудување на Уран бидејќи тој ќе биде во својата најблиска точка до Земјата. Само оние со моќна опрема ќе можат да ги набљудуваат неговите детали, додека пак останатите ќе го гледаат само како мала тиркизна точка.rnrnДожд од метеори „Orionids“ – И овој дожд е составен од остатоците на Халеевата комета. Тој на ноќното небо ќе се протега од 2-ри октомври до 7-ти ноември, но најмногу ќе се забележува на 22-ри со по 20 метеори на час. Месечината ќе зајде пред полноќ, па небото ќе биде одлично за набљудување дури и на најситните метеори.rnrnСпојување на Венера и Јуптер – Овие две планети се најсјајните планети на нашето небо. Тие на 26-ти октомври ќе се најдат многу блиску еднА до друга, а тоа најдобро можете да го проследите пред изгрејсонцето, гледајќи го источното небо.rnrnСпојување на Венера, Марс и Јупитер – Како дополнување на претходниот настан, на 28-ми на овие две планети ќе им се придружи и Марс, притоа создавајќи планетарен триаголник. Најдоброто време за набљудување е исто така пред изгрејсонцето, гледајќи во источното небо.rn

    Ноември

    rnДожд од метеори „Taurids“ – Овој настан трае екстремно долго, започнувајќи од 7-ми септември, па сè до 10-ти декември. Тој не е многу забележлив, па токму затоа за време на својот најголем интензитет на 5-ти ноември, ќе се одликува со само 5-10 метеори на час. Неговата сјајност дополнително ќе биде отежната од Месечината.rnrnДожд од метеори „Leonids“– Леонидите траат од 6-ти до 30-ти ноември, со најголем интензитет на 17-ти кога во утринските часови ќе бидат видливи околу 15-тина метеори во текот на еден час. Најдоброто време за набљудување е веднаш по полноќ, по заоѓањето на Месечината. Во 2001 година Леонидите направија спектакуларно шоу на небото, со илјадници метеори на час, но следниот ваков интензивен настан би требало да се случи повторно во 2034 година.rn

    Декември

    rnСпојување на Месечината и Венера – Нашата Месечина и Венера ќе изгледаат скоро како да се допрени вечерта на 7-ми декември. Набљудувајте го источното небо, пред изгрејсонце…rnrnДожд од метеори „Geminids“ – Геминидите се едни од најомилените дождови од метеори на љубителите на ноќното небо. Тие се видливи од 7-ми до 17-ти декември, но нивниот највисок интензитет ќе биде вечерта на 13-ти и раните утрински часови на 14-ти со околу 120 метеори на час. Метеорите ќе изгледаат во различни бои, па токму тоа ќе биде дополнителен бонус за овој прекрасен небесен спектакл. Најдоброто време за набљудување е по полноќ, веднаш по заоѓањето на Месечината.rnrnДожд од метеори „Ursids“ – Последниот дожд од метеори за оваа година трае од 17-ти до 25-ти декември, со најголем интензитет на 22-ри (10-тина метеори на час). За жал, Месечината ќе ги скрие сите оние метеори кои не се доволно сјајни…rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Предизвик за читање книги во 2015 година

    Предизвик за читање книги во 2015 година

    Новата година со себе носи и нови предизвици, па токму затоа сме сигурни дека овој предизвик многу ќе им се допадне на љубителите на книгите. Почнувајќи од 1-ви јануари, имате точно 365 дена во годината со цел да ги завршите овие мали мисии. Подготвени сте?rnrnПредизвик за читање книги во 2015 годинаrn

      rn011

    1. Книга која има повеќе од 500 страници
    2. rn011

    3. Класична романса
    4. rn011

    5. Книга според која направиле филм
    6. rn011

    7. Книга која е објавена оваа година
    8. rn011

    9. Книга која има бројка во насловот
    10. rn011

    11. Книга која е напишана од автор помлад од 30 години
    12. rn011

    13. Книга со ликови кои не се луѓе
    14. rn011

    15. Смешна книга
    16. rn011

    17. Книга од женски автор
    18. rn011

    19. Мистерија или трилер
    20. rn011

    21. Книга која има наслов со еден збор
    22. rn011

    23. Книга со неколку кратки раскази
    24. rn011

    25. Книга чие дејство се одвива во друга држава
    26. rn011

    27. Книга која не е фикција
    28. rn011

    29. Популарна книга која била прво дело на авторот
    30. rn011

    31. Книга од автор кој го обожавате, но која никогаш досега не сте ја прочитале
    32. rn011

    33. Книга која ви ја предложил пријател
    34. rn011

    35. Книга која освоила Пулицерова награда
    36. rn011

    37. Книга која е базирана на вистинска приказна
    38. rn011

    39. Книгата која се наоѓа на дното на вашата листа за читање
    40. rn011

    41. Книга која ја обожава вашата мајка rn
    42. rn011

    43. Книга која ве плаши
    44. rn011

    45. Книга која е постара од 100 години
    46. rn011

    47. Книга која е базирана целосно врз насловната
    48. rn011

    49. Книга која сте требале да ја прочитате во училиште, но не сте го направиле тоа
    50. rn011

    51. Мемоар
    52. rn011

    53. Книга која можете да ја прочитате за еден ден
    54. rn011

    55. Книга со антоними во насловот
    56. rn011

    57. Книга чие дејство се одвива онаму каде што отсекогаш сте сакале да одите
    58. rn011

    59. Книга која излегла годината кога сте се родиле
    60. rn011

    61. Книга со лоши критики
    62. rn011

    63. Трилогија
    64. rn011

    65. Книга од вашето детство
    66. rn011

    67. Книга со љубовен триаголник
    68. rn011

    69. Книга чие дејство се одвива во иднината
    70. rn011

    71. Книга чие дејство се одвива се одвива во средно училиште
    72. rn011

    73. Книга која вклучува боја во насловот
    74. rn011

    75. Книга која ќе ве расплаче
    76. rn011

    77. Книга со магија
    78. rn011

    79. Графички роман
    80. rn011

    81. Книга од автор кој никогаш претходно не сте го читале
    82. rn011

    83. Книга која сте ја купиле, но досега не сте ја прочитале
    84. rn011

    85. Книга која оригинално била напишана на друг јазик
    86. rn011

    87. Книга чие дејство се одвива за време на Божиќ
    88. rn011

    89. Книга напишана од автор кој ги има вашите иницијали
    90. rn011

    91. Драма
    92. rn011

    93. Книга која била забранета
    94. rn011

    95. Книга според која е направена ТВ серија
    96. rn011

    97. Книга која сте ја почнале, но која никогаш не сте ја завршиле
    98. rn011

    99. Книга која е напишана на вашиот мајчин јазик
    100. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ви порачуваат бројките за 2015 година?

    Што ви порачуваат бројките за 2015 година?

    Освен планетите, судбината ни ја одредуваат и бројките. Не е сеедно кога сте родени и кои броеви ви се одредени. За да дознаете што нумерологијата ви има запишано во вашата судбина за 2015, треба да го пресметате вашиот биоритамски број. Тоа е број кој се добива со собирање на сите поединечни цифри од вашиот датум на раѓање, сведен на едноцифрен број. На пример, родените на 27 март имаат биоритамски број 2+7+3=1+2=3.rn

    shto-vi-porachuvaat-brojkite-za-2015-godina-kafepauza.mkrn1

    rnБи требало да ги завршите сите незавршени работи и да ги реализирате целите кои одамна си ги имате зацртано. Ќе имате многу енергија, мотивација и сила, особено ако се занимавате со работа која подразбира социјално ангажирање, а тоа најмногу се однесува на оние „единици“ кои се занимаваат со спорт.rn

    2

    rnОва е година во која ќе можете да започнете многу нешта за кои сте размислувале и фантазирале претходните 9, без разлика дали се работи за вашиот љубовен или финансиски аспект од животот. Бидете упорни и не откажувајте се од своите цели. Раководете се според инстинктите, не според логиката. Треба да имате резервен финансиски фонд.rn

    3

    rnВлегувате во година во која вашиот талент и креативниот потенцијал можат да дојдат до потполн израз. На многу „тројки“ ќе им се укажат прилики за патување, нови љубовни авантури и дружење со пријателите. Годината е посебно наклонета на „тројките“ кои се занимаваат со уметност или спорт.rn

    4

    rnВо новата година би требало да се посветите на образованието и на стручно усовршување, особено ако сте млади, а ве очекуваат и чести патувања надвор од земјата. Бидете реални и проценувајте ги сопствените можности според потенцијалот и правете план за работа. Рекреацијата и промената во начинот на исхрана ќе бидат многу значајни за вашиот личен напредок.rn

    5

    rnВо оваа година многу напорно ќе работите за да постигнете некои важни цели. Покрај препреките и ограничувањата, ќе бидете во ситуација да пробате нешто потполно ново, што може да ви донесе и некои посакувани промени на работа. Пазете си ги зглобовите, ќе бидете повеќе подложни на повреди.rn

    6

    rnПред вас е година на љубовта, романтичните средби и познанствата, дружењето со млади луѓе, патувањето и учењето. Ако сте во зрели години, веројатно ќе посакате да внесете некакви промени во вашиот станбен простор, да го адаптирате или проширите местото на живеење. Односите со членовите на семејството ќе бидат од пресудно значење за вас.rn

    7

    rnДојде време да го унапредите своето знаење, посебно ако се занимавате со некоја креативна работа. Новата година ви носи и можности за заљубување или стапување во брак или макар заеднички живот со партнерот. Со оглед на тоа дека сте љубители на ризикувањето, ќе бидете во ситуација брзо да донесувате важни одлуки.rn

    8

    rnВе очекува професионална и финансиска сатисфакција. Имате 8, број кој симболизира моќ, пари и јака волја. Би требало да бидете повнимателни во сообраќајот, бидејќи следната година носи зголемен ризик од повреди.rn

    9

    rnВо наредната година би требало да се посветите на финансиите, посебно ако планирате да инвестирате во некоја самостојна дејност. Ако се занимавате со уметност или медицина, годината ќе ви биде погодна за усовршување и проширување на активностите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.