Со MaxTV на Светското првенство во Бразил
Извлечени тројцата добитници на главната награда: 4 дневен престој во престолнината на Бразил и билет за финалниот натпревар на легендарната Маракана
Денес Македонски Телеком официјално ги додели главните награди од наградната игра „Со MaxTV на светското првенство во Бразил“ на тројцата среќни добитници кои ќе имаат можност да патуваат во Бразил на финалето од Светското првенство во фудбал.
Тројцата добитници: Диме Поповски, Радомир Димитриевиќ и Катерина Јованоска покрај повратен авионски билет добиваат и платено сместување за четири дена во хотел со 4 ѕвезди, платени трошоци за патната виза и билет за финалниот натпревар кој ќе се одигра на 13. јули на легендарниот стадион Маракана во Рио де Женеиро.
Наградите ги додели Густав Малер – Главен оперативен директор за приватни корисници во Македонски Телеком и Т-Мобиле, кој на добитниците им честита и им посака среќен пат.
Право на учество имаа сите постојни корисници на еден од пакетите 3Max или 3Max Optic, како и сите нови корисници кои се одлучија за овој пакет. Влечењето се реализираше по случаен избор, со компјутерска програма, од базата на корисници.
Покрај главната награда, исто така беа извлечени и добитници на 20 Sony LCD телевизори, кои беа доделувани секој петок, од започнувањето на наградната игра, 25 април, 2014 година па се до нејзиното завршување.
MaxTV е најдобрата дигиталната телевизија која на своите корисници им нуди едно поинакво телевизиско доживување, ексклузивни ТВ содржини, супериорен квалитет на ТВ сигналот, но и опции кои стандардната телевизија не е во можност да ги понуди.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.