Саем за венчавки „Во Бело“ 2014
Оваа година околу 15.000 девојки ќе го кажат најголемото „Да“ во својот живот, 15.000 момчиња ќе клекнат пред својата љубов и ќе побараат да им стане сопруга. Тоа значи дека 30.000 семејства ќе се подготвуваат за големиот ден. Токму за нив и за сите оние кои ќе бидат нивни гости го најавуваме свадбениот викенд „Во Бело“ од 14 до 16 март во хотелот Александар Палас во Скопје.
Организатор на овој, 4ти саем за венчавки е интернет магазинот за култура на венчавките www.vobelo.com. Единствениот македонски саем за венчавки ќе ви овозможи на исто место да најдете се што ви е потребно за вашата свадба.
Преку 40 изложувачи на овој традиционален, 4ти по ред саем ќе ве изненадат со својата креативност. Врвни креатори на венчални фустани, машки костуми, фотографи, декоратери, накит, торти, модни ревии и многу други изненадувања ги очекуваат сите посетители на саемот.
Најдобрите македонски модни креатори ќе ја претстават последната мода на венчални фустани за оваа година,а со свои модели ќе се претстави и светски познатиот бренд Pronovias.
На саемот ќе бидат присутни и веќе светски промовираните продукции за свадбена кинематографија, „Зага Продукција“ од Битола и „Зебра Продукција“ од Охрид, како и една од најдобрите европски производители на свадбени торти „The British Way“.
Со пригоден коктел, модна ревија на која ќе се претстават најдобрите венчаници и машки костуми и музичко шоу на Александар Белов на 14ти март во 20:00 часот ќе се означи свеченото отворање на саемот за венчавки, а следните два дена, 15 и 16 март се отворени за посетители од 09:00 до 20:00 часот.
Во текот на двата саемски денови се закажани повеќе модни ревии и презентации.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.