RED Cat е новата козметичка линија за коса која треба да ја запомните

RED Cat е новата козметичка линија за коса која треба да ја запомните

Професионалниот словенечки бренд RED Cat e новата козметичка линија која ќе биде достапна во поголемиот дел фризерски салони низ Македонија.

(2) RED Cat е новата козметичка линија за коса која треба да ја запомните

Се чини дека беспрекорната нега на косата не била никогаш толку на дофат на рацете како денес.  Новите усовршени формули ја прават постапката за нега на косата поедноставена, а ефектите се неизбежни и неверојатни. Од неодамна во поголемиот дел од фризерските салони низ Македонија за корисниците е достапен нов бренд кој се базира на врвна козметичка технологија наменета за коса. Станува збор за словенечката професионална козметика „RED CAT“ која нуди палета на производи за нега на коса, фарби, шампони, балсами за коса кои се создадени од професионални и долгогодишни фризери, базирана на нивните искуства со клиентите. Производите се достапни и можат да се купат само во фризерските салони. Овој бренд е веќе присутен на десетина пазари во Европа и на реномираните саеми, во Данска, Русија, Италија, доби одлични коментари и оцени. Овие производи ги препорачуваат фризерите, бидејќи се со одличен квалитет, а со прифатлива цена.

(3) RED Cat е новата козметичка линија за коса која треба да ја запомните

Фарбите за коса на оваа козметичка линија може да се пофалат со значаен изум во изработката на формулата која прво ја отстранува бојата пред да се нанесе посакуваната нијанса притоа оставајќи ја косата во совршена состојба. Постигнувањето на живите тонови повеќе не се доволни, она што денес е многу важно и на што се посветува големо внимание е косата и покрај тоа што е третирана со фарба, потребно е да го задржи природниот сјај, живоста и хидратацијата. RED Cat го постигнува токму тој ефект па затоа и толку брзо го освои пазарот.

Пред нас се летните одмори за време на кои не смееме да заборавиме да ја негуваме и заштитиме косата без разлика дали таа е бојадисана или не, а оваа колекција може да ви ги понуди неопходните продукти кои совршено ќе го измазнат влакното.

(4) RED Cat е новата козметичка линија за коса која треба да ја запомните

Во рамките на оваа козметичка линија може да се најдат и производи кои служат за обликување на косата и постигнување на посакуваната  фризура, како и козметика за секојдневна нега и хигиена.

Квалитетната и добра нега на косата може да ви послужат како одлична инспирација за да го подобрите вашиот личен стил. Заедно со вашиот фризер одберете ги производите кои најмногу ви прилегаат од оваа нова линија и ослободете ја фантазијата во креирањето на вашиот нов летен  имиџ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар