Признанија и награди за Audi во периодот од јули до октомври 2016 година

Признанија и награди за Audi во периодот од јули до октомври 2016 година

Audi – ѕвезда на вечерта на „Sport auto Award“

Признанија и награди за Audi во периодот од јули до октомври 2016 година

Audi однесе две победи на презентацијата „Sport auto Award“. Моделот Audi S1 победи во категоријата „мали автомобили“ а перформансите на моделот RS 6 Avant беа прогласени за најдобри во категоријата „седани над 100.000 евра“. Читателите на магазинот „Sport auto“ ги избираа најдобрите спортски автомобили за тековната година во 25 различни категории, вклучувајќи ги и моделите од селектираното производство и тјунинг моделите.

Audi е „Семеен автомобил на годината“

Признанија и награди за Audi во периодот од јули до октомври 2016 година

Audi постигна двојна победа во анкетата спроведена меѓу читателите на магазините „AutoStraßenverkehr“ и „Eltern“. Audi ja доби наградата „Семеен автомобил на годината“ за Audi Q5 и за Audi A6 Avant. Повеќе од 23.000 читатели учествуваа во анкетата на гореспоменатите магазини.

Четири победи за Audi на Car Connectivity Award

Признанија и награди за Audi во периодот од јули до октомври 2016 година

Четири први места за Audi на Car Connectivity Award. Во анкетата спроведена меѓу читателите на „Аuto motor und sport“ и на „CHIP“, Audi ги освои првите места во категориите систем за асистенција, контролен дисплеј, звучен систем и забавно-мултимедијален систем. Повеќе од 32.000 читатели гласаа во анкетата.

Успех на Audi на Car Connect Award 2016

Признанија и награди за Audi во периодот од јули до октомври 2016 година

Асоцијацијата на инженери од Германија (VDI) и магазинот „Connect“ му доделија награди на Audi во четири различни категории на „Car Connect Award“. Брендот ги доби највисоките признанија во категориите „Најдобар фабрички вграден систем за навигација“, „Најдобра телефонска интеграција“, „Најдобра асистенција во сообраќаен метеж“ (адаптивен темпомат кој вклучува асистенција во сообраќаен метеж) и „Најдобар мултимедијален звучен систем“ (Bang & Olufsen звучен систем со 3D звук).

Медија центарот на Audi рангиран на врвот

Признанија и награди за Audi во периодот од јули до октомври 2016 година

Агенцијата „Net Federation“ го прогласи медија центарот на Audi (Audi Media Center) за најдобра новинарска база на податоци. Оваа компанија ги анализираше прес-сајтовите на 75 различни компании, при што доделуваше најмногу по 1.000 поени по интернет страница. Audi освои 884 поени, со што го обезбеди првото место во анализата.

Кина: Audi е водечки премиум бренд за задоволство на клиентите

Признанија и награди за Audi во периодот од јули до октомври 2016 година

Audi останува бенчмарк за задоволство на купувачите на кинескиот премиум пазар. Брендот со четири прстени го зазеде првото место на J.D. Power Index (SSI) седма година по ред и го освојува врвот на China Customer Service Index (CSI) четврта година по ред. Двете студии се базираат на големи анкети спроведени врз потрошувачите во Кина во периодот од октомври 2015 година до мај 2016 година.

САД: Награда за Audi Q7

Признанија и награди за Audi во периодот од јули до октомври 2016 година

Audi Q7 беше ставен на листата на најдобри кориснички искуства на магазинот „WardsAuto“ („Wards 10 Best User Experiences“). Уредниците на „WardsAuto“ го оценуваа виртуелниот дел за возачот (кокпит), звучниот систем и адаптивниот систем за управување (ACC) во новиот Audi Q7.

Сингапур: Audi A6 е „Најдобар елитен автомобил“

Магазинот „Престиж“ го прогласи Audi A6 за „Најдобар елитен автомобил“. Жирито особено ги нагласи неговиот одличен ентериер, Wi-Fi хотспот и природниот јазик на гласовна контрола.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар