По четврти пат Sound of Green во организација на Пакомак

По четврти пат Sound of Green во организација на Пакомак

Во организација на Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“ и продуцентската куќа „Пасворд продукција“ на 20 јуни во 20.00 часот во летниот клуб Хавана (во градскиот парк во Скопје) ќе се одржи четвртиот по ред „Sound of green“. Пред скопската публика ќе настапат едни од најдобрите македонски имиња: Фолтин, Eye Cue, June и неколку познати ДЈ-и.

Фолтин

Фолтин

Влезници за фестивалот, како и секоја година се добиваат во замена за 3 празни пластични шишиња од која било големина, кои треба да се донесат на пултовите на „Пакомак“ пред почеток на концертот и со тоа посетителите си ја обезбедуваат својата влезница за овој несекојдневен музички настан. Заинтересираните ќе можат да си обезбедат билети и неколку денови пред почетокот на фестивалот на промо-пултовите поставени на неколку локации во центарот на Скопје.

„Нè радува фактот што овој фестивал стана репрезентативен настан што многумина со радост го чекаат, важна дата од музичкиот календар во Македонија, збиднување што носи добри впечатоци и шири позитивни практики. Нашата компаниска цел за подигнување на јавната свест, веќе четврта година по ред ја манифестираме и преку поддржување на добрата музика и квалитетното дружење, развивање на пријателство и култивирање на фер однос кон животната средина. Ги повикувам сите да дојдат и да уживаат во музиката, носејќи со себе по три пластични шишиња како влезница за фестивалот, а ние ќе се погрижиме истите да завршат на рециклирање“ – изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

2-po-chetvrti-pat-sound-of-green-vo-organizacija-na-pakomak-kafepauza.mk

Eye Cue

„Пакомак“ минатата година потпиша договор за соработка со „Пасворд продукција“, според кој „Пакомак“ ќе биде еколошки партнер на сите настани и концерти кои ќе бидат во организација на оваа продукциска куќа. Овие две компании со заеднички напори ќе се потрудат добрите еколошки навики да станат дел од музичките збиднувања во Македонија. Само на минатогодишниот „Sound of green“ од 1.800 посетители беа собрани повеќе од 5.300 пластични шишиња што се рециклираа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар