Пивара Скопје во партнерство со Grouper.mk започнува иницијатива за поддршка на угостителските објекти

Пивара Скопје во партнерство со Grouper.mk започнува иницијатива за поддршка на угостителските објекти

Пивара Скопје стартува со иницијатива за поддршка на угостителството, кое е меѓу најпогодените сектори од глобалната пандемија. Под мотото „Бевте тука за нас, сега ние за вас“ им помагаме на нашите партнери за полесно да се справат со новите промени и услови во кои се најдоа поради мерките за спречување на ширењето на COVID-19.

Пивара Скопје во партнерство со Grouper.mk започнува иницијатива за поддршка на угостителските објекти

За таа цел преку онлајн платформата Grouper.mk, граѓаните на едноставен начин, со купување на ваучери ќе можат да го поддржат својот омилен ресторан, кафеана и кафе бар. Купениот ваучер ќе може да го искористат кога објектите ќе бидат повторно отворени.

Сега е моментот да покажеме дека сме солидарни и преку купувањето ваучери да помогнеме на што поголем број угостителски објекти и да придонесеме за позитивни промени.

Сите кои сакаат да се приклучат кон иницијативата на Пивара Скопје во партнерство со Grouper.mk и да купат ваучер, можат тоа да го направат на следниот линк: https://grouper.mk/tag/razveseli-kafana.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар