ОНЕ и Каролина со нов договор за соработка – Заедно и во 2014
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ и Авалон Продукција со задоволство информираат дека ја продолжуваат соработката и во следната, 2014 година. Трета година по ред, брендот на ОНЕ застанува зад најголемата македонска музичка поп ѕвезда Каролина.
„Нашата ‘врска’ веќе станува сериозна, три години е период за почит. Веќе добро се познаваме, делиме исти вредности и нижеме заеднички успеси. Ние во ОНЕ сме навистина горди на оваа соработка и сметаме дека два големи бренда како ОНЕ и Каролина несомнено треба да бидат заедно. Од досегашната соработка произлегоа низа успешни проекти, а продолжувањето на договорот е потврда за задоволството на двете страни“ – изјави на прес конференцијата, Главниот извршен директор на ОНЕ, Цирил Кафол.
„Навистина е чест и задоволство да се соработува со компанија како ОНЕ. Во изминативе две години имавме успешна соработка, а на наше огромно задоволство, соработката продолжува и во 2014 година. Плановите со ОНЕ за претстојната година се големи и она што можам да го ветам е дека и оваа година ќе работиме партнерски и посветено, на сите љубители на добрата музика да им понудиме атрактивни музички содржини и настани“ – изјави Каролина.
Во двегодишната соработка, ОНЕ и Каролина реализираа многу заеднички проекти: првиот компилациски албум „Најубави песни“, „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2“, видео записи, низа концерти низ Македонија и рекламни кампањи во кои Каролина имаше носечка улога. Новиот договор ги опфаќа сите концертни случувања на Каролина во 2014, нови рекламни кампањи и други заеднички активности.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.