Од иновативна бизнис идеја до подобро општество за сите

Од иновативна бизнис идеја до подобро општество за сите

Замислете град со подвижна кујна за лицата без дом на неколку локации во градот, место каде што децата со аутизам и родителите работат по современа иновативна програма која ја подобрува нивната терапија, каде туристите користат стари велосипеди наместо јавен превоз во градот, и град во кој оние со хендикеп може да спортуваат заедно со своите пријатели, а лицата со оштетен вид да читаат најнови информации на својот таблет компјутер.

Наградата за Социјално претприемништво беше отворена со кик оф настан на 27 февруари 2015

Наградата за социјално претприемништво беше отворена со кик оф настан на 27 февруари 2015

Вака би изгледал градот во кој истовремено би се примениле повеќе победнички идеи од Наградата за социјално претприемништво. Ова натпреварување се одржува во 10 европски земји и има за цел од иновативните идеи да создаде навистина успешни бизниси кои ќе го подобрат секојдневното живеење и ќе вклучат што повеќе социјални групи. Бизнисот добива нов квалитет и општеството се развива.

Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award) е образовна програма и натпревар, а е иницирана во 2009 година од Институтот за претприемништво и иновација на Универзитетот за бизнис и економија во Виена и од Impact Hub Виена. За прв пaт годинава, наградата се одржува во Македонија, а вакво натпреварување има и во Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Романија, Русија, Србија, Словачка и Швајцарија. Во Македонија, наградата е организирана од Младиинфо Интернационал, со поддршка и партнерство на Шпаркасе Банка Македонија и Њу Менс Бизнис Акселераторот.

Наградена идеја СИА 2014 во Русија

Наградена идеја СИА 2014 во Русија

Студентите и младите може да аплицираат со своја бизнис идеја најдоцна до 22 април 2015 и да се натпреваруваат за една од трите парични награди од 3.000 евра, 2.000 евра или 1.000 евра обезбедени од Шпаркасе Банка Македонија. Покрај тоа, победничките идеи ќе добијат бесплатно патување во Виена, инкубација, менторство и поддршка за успешно реализирање и материјализирање на бизнис идејата. Пријавете се тука.

Доколку имате идејно оригинално решение за некој општествен проблем или размислувате за некаков проект, иницијатива или организација која ќе ѝ помогне на некоја социјална група, аплицирајте и натпреварувајте се за наградата. Идејата може да ја фокусирате на различни тематики: човекови права и еднакви права за сите, намалување на сиромаштијата, подобрување на здравствените услуги, екологија, одржливо трошење на енергијата итн.

Работилници за бизнис план - образовна програма на Наградата за социјално претприемништво

Работилници за бизнис план – образовна програма на Наградата за социјално претприемништво

Индивидуалното натпреварување е отворено за студентите запишани на кој било универзитет во Македонија во тековната академска 2014-2015, додека ако аплицирате како тим, половина од членовите на тимот треба да се студенти.

Досегашните наградени идеи од натпреварувањето може да Ви послужат како инспирација и тие се достапни тука.

Официјална страна на Наградата за социјално претприемништво

od-inovativna-biznis-ideja-do-podobro-opshtestvo-za-site-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар