Катерина Павлевска, јуниор менаџер во AVON: AVON ме направи успешна и амбициозна девојка
„Да бидам искрена, првата работа која ме мотивираше да станам дел од компанијата е заработката. Но сега сум сигурна дека ова е мојата работа од соништата“, вели Катерина.
Катерина Павлевска од Битола, дипломирала на Економскиот факултет, но својата вистинска амбиција ја пронашла откако станала дел од тимот на козметичката компанија AVON. Моментално е на позицијата Јуниор менаџер и ориентирана е кон успех и финансиска заработка која доаѓа како резултат на нејзините сериозни и секојдневни залагања. Вели дека да се биде AVON дама е привилегија и чест и во основата на работата се наоѓа задоволството, убавината и хуманоста.
„Да бидам искрена, првата работа која ме мотивираше да станам дел од компанијата е заработката која зависи од тоа колку ние ќе се вложиме во работата. Но кога подобро го запознавав АVON, бев сигурна дека тоа е мојата работа од соништата“ – објаснува 25-годишната Катерина.
Признанија, подароци и нови пријатели
Компанијата ја сака поради тоа што нуди квалитетни производи чија палета постојано се надградува и збогатува.
„Особено ми значи начинот на кој AVON ја искажува почитта и им оддава признание на своите претставници за она што го работат и за успесите кои ги постигнуваат. Компанијата е дел од моето секојдневие, дел од мојот живот и мој долгорочен план за во иднина“ – вели таа.
Работата со АVON ѝ донела нови пријатели и познаници, присуството на годишните гала конференции, признанија, награди и подароци.
„AVON на исклучително позитивен начин влијаеше пред сѐ на мене како личност. Станав поотворена, покомуникативна и почнав повеќе да верувам во самата себеси и во моите деловни способности“ – посочува Катерина.
Нејзиниот досегашен успех се должи на добрата мотивација и комуникација со луѓето, добрите продажни резултати и нејзините големи амбиции да чекори кон врвот.
Станав успешна и среќна девојка
Катерина посочува дека секој ден се труди да биде подобра во работата и да се гордее со самата себе.
„Мојата постојана заложба е да ја споделувам мисијата да го направиме светот поубав и побезбеден за сите жени во светот, но и да поканам што повеќе нови претставници да се придружат на нашето големо АVON семејство“ – дополнува таа.
Павлевска се смета за успешна девојка и благодарна е на компанијата што ѝ овозможила да се надградува и да израсне во тој правец.
„АVON ме поттикна да станам сама свој шеф со флексибилно работно време и да менаџирам со тим кој самата си го формирам, да имам сопствена канцеларија, добра репутација и голема заработка“ – вели таа.
Во линија со мотото на AVON, „Убавина со цел“, Катерина истакнува дека за неа убавина е добро негувана жена која знае што сака од себеси и од животот и чекори цврсто по патот да ги оствари своите соништа.
„Комплетната жена е инспирација за останатите жени и ако таа се чувствува убаво, истовремено ќе гледа и шири убавина околу себе“ – завршува Павлевска.
wowwww