Избегнете ги настинките по природен пат! Рецепти и совети за засилување на имунитетот

Избегнете ги настинките по природен пат! Рецепти и совети за засилување на имунитетот

Не постои човек на кого здравјето не му е важно, но, постојат многубројни причини зошто често забораваме да го поставиме за приоритет. Модерниот начин на живеење од нас бара динамика, брзи одлуки, што само по себе нè носи во ситуации во кои наједноставниот избор е да посегнеме по брза храна и да заборавиме на сите одлуки за здрав живот.

Избегнете ги настинките по природен пат! Рецепти и совети за засилување на имунитетот

Постои ли начин да ги внесеме на менито сите корисни хранливи материи, а тоа да биде квалитетно и да не ни одземе многу време? Секако дека постои.

Една од потребните работи е да внесеме поголем ред во нашиот живот. Убавото планирање значи подобар резултат.

Однапред подготвени оброци, планирање на витамините кои се внесуваат, организацијата е важна, но, потребен е и вистински пријател во кујната. Philips веќе подолго време е бренд кој се бори за развивање на здрави навики и долгорочен, здрав начин на живот. На патот до зима без настинки, наш сојузник се Philips соковникот и блендерите.

Зачувајте до 50% повеќе хранливи влакна во вашето смути, одберете помеѓу погуст и поредок свежо цеден сок, искористете го максимумот од овошјето и зеленчукот. Оваа зима Philips препорачува да се бориме против настинките со природни рецепти.

Во соработка со Сања Ристиќ Пецаковска, Дејан Пецаковски и Ружица Антиќ, Philips го спроведе Philips Healthy Challenge, предизвик во кој се споделуваа здрави рецепти, со развивање на здрави навики и поттикнување на здрав живот. Централно место во овој предизвик заземаа смутињата и цедените сокови, кои покрај тоа што се вкусни и изгледаат убаво, се и многу здрави.

Како да го направите идеалното смути за оваа зима и кои продукти можат да ви помогнат да бидете поздрави и да внесете повеќе витамини и минерали? Ова се неколку наши предлози:

За вашиот мозок:

Семе од тиква – содржи киселини како Омега 3 и Омега 6 кои се смета дека се корисни за кардиоваскуларниот систем, не само за срцето, туку и за вените и мозокот.

За здраво срце:

Јагоди – содржат многу манган кој има антиинфламаторни особини кои помагаат срцето да се одржува здраво.

Црвено грозје – нивната јака боја доаѓа од флавоноидите кои се добри за вашето срце бидејќи превенираат оксидација и ги намалуваат шансите за згрутчување на крвта.

Банани – содржат потасиум кој помага за намалување на високиот крвен притисок.

За здрави коски и зглобови

Зелен чај – извор на соединенија наречени катехини кои превенираат распаѓање на колагенот и ‘рскавицата

Семиња од мандарини – извор на антиинфламаторни флавоноли кои можат да помогнат да се заштити оштетување на ‘рскавицата

За здрава кожа

Спанаќ – полн со антиоксиданси, спанаќот е важен за одржување на нормален развој на кожните честички и здрав тон

Авокадо – со високо ниво на витамин Е, авокадото може да помогне да ја заштитите кожа од оксидативно оштетување на клетките и овозможува одржување на здрава кожа

Како најдобро да ги споите овие состојки? Сања Ристиќ Пецаковска, еден од амбасадорите на Philips за здрав живот, во следното видео ви ги открива своите совети за супер зимски рецепти.

Пригответе ги омилените рецепти на Сања и во вашиот дом.

За здрав, цеден сок ви се потребни:
  • 2 портокали
  • Половина лимон
  • Малку ѓумбир
  • 1 чаша вода

Одберете ја опцијата за погуст сок од Philips Avance соковникот и задржете до 50% повеќе хранливи влакна. Или пак, подгответе вкусно смути со следните состојки, користејќи го Philips Avance блендерот кој ќе ви помогне да ги исечкате и најтврдите состојки брзо и лесно.

За вкусно смути одберете:
  • 1 целер
  • 1 морков
  • 1 јаболко
  • Малку мед за посладок вкус
  • 1 чаша вода

На здравје!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар