Фејсбук акција на Пекабеско: Секој твој лајк помага!

Фејсбук акција на Пекабеско: Секој твој лајк помага!

Од компанијата ги повикуваат Фејсбук корисниците да ја поддржат страницата на Пекабеско и со секој нов лајк да донираат по 3 денари наменети за пакети на храна за социјално загрозени семејства.

1-facebook-akcija-na-pekabesko-sekoj-tvoj-lajk-pomaga-kafepauza.mk

Денеска Пекабеско започна со нова Фејсбук акција насловена „Секој твој лајк помага“. За секој нов лајк на страницата на Пекабеско на оваа социјална мрежа, компанијата ќе одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозени семејства. Во моментов, оваа страна брои 41 илјада лајкови, а акцијата ќе се спроведува се до постигнувањето на 100 илјади лајкови на страницата на Пекабеско.

Стратегијата на компанијата на социјалните мрежи е водење на уникатен пристап кој се базира на оригинални фото и видео содржини, како и рецепти преку кои се промовираат производите на Пекабеско. Целта на компанијата е постојано да биде отворена и достапна за мислењата на потрошувачите, користејќи ја предноста на социјалните медиуми во делот на интерактивноста и двонасочната комуникација.

Како што информираат од компанијата, набргу во оваа акција ќе бидат вклучени и Твитер и Инстаграм заедницата, каде Пекабеско има активни профили и страни.

Да помогнеме заедно со лајк на оваа страна: https://www.facebook.com/Pekabesko.

2-facebook-akcija-na-pekabesko-sekoj-tvoj-lajk-pomaga-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар