Чиа смуди за здрава кожа

Чиа смуди за здрава кожа

Смуди оброците во чаша се секогаш добра идеја. Тие содржат многу здрави и свежи намирници и затоа лесно се варат, а нивната нутритивна вредност им е толку висока што ги прави одлична храна за појадок или вечера.

chia-smudi-za-zdrava-kozha-kafepauza.mk

Чиа семето пак, нарекувано како „супер храна“, во последно време е вистинска сензација. Тоа е најбогатиот ботанички извор на Омега 3 масни киселини, помага во борбата против слободните радикали, придонесува за блескав изглед на кожата, а што е најважно од сè – дава фасцинантно чувство.

Ова е нашиот предлог за здрав и вкусен чиа оброк во чаша.

Nutra Effects смути со чиа семе, банана и јагоди:
  • 1 банана
  • 2 лажички чиа семе
  • 3-4 свежи јагоди
  • 300 милилитри свежо млеко или јогурт (по желба)

Ова хранливо смуди може да го подготвите сами дома за помалку од 2 минути, а може да го набавите и во баровите за здрава храна и пијалаци „Juicy&Co“ во Skopje City Mall или на Рекорд.

Nutra Effects смуди е поддржано од AVON, а рецептот е инспириран од новата линија за нега на кожа Nutra Effects, базирана на екстракти од семиња со есенцијални антиоксиданси и витамини.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар