Audi освои девет вредни награди
Audi е „Најиновативен премиум бренд“
Audi е добитник на три награди за автомобилски иновации. Наградите се доделуваат од страна на институтот за истражување „Центар за автомобилско управување (CAM) и PricewaterhouseCoopers AG (PwC). Audi ја освои главната награда „Најиновативен премиум бренд“, а во исто време ги освои и двете награди за своите иновации во категориите „Поврзан автомобил“ и „Возило концепт/каросерија“.
Двојна победа за Audi – „Најдобар Автомобил во Мексико“
Audi забележа две победи на мексиканската верзија „Автомобили на годината“. Audi А1 е победник во категоријата „Најдобар мал компактен автомобил“, додека пак Audi A3 со неговата лимузинската изведба беше прогласен за „Најдобар компактен седан“. Наградите беа доделени од страна на списанието „Automóvil Panamericano“.
Прво место за Audi А6 на наградите „Најдобри автомобили во Чешка за 2016 година“
Audi А6 е победник во категоријата „Најдобар автомобил од средна големина“ во Чешка. Audi А6 освои најмногу гласови на читателската анкета која беше спроведена од страна на републичките публикации „auto motor a sport“ и „AUTO7“.
Голем успех за Audi на ADAC 2016
Audi импресионира со мал број дефекти во сите класи, што беше потврдено од страна на клубот ADAC кој собира статистички податоци поврзани со дефектите на автомобилите. Информациите се засновани на анализираните податоци за дефектите преку повеќе од 2,4 милиони тестови спроведени на различни возила и различни елементи од страна на клубот ADAC. Одлучувачки фактор е статистиката на дефекти што го покажува бројот на дефекти на возилата според годината на производство.
Маркус 2016: Три победи за Audi во Австрија
Клубот на австриската мобилност ÖAMTC ги награди Audi ТТ Roadster, Audi Q7 и Audi А4 . ТТ Roadster и Audi А4 беа победници во своите класи во категоријата „Опрема и безбедност“, додека Audi Q7 ја освои наградата во категоријата „Економија“ за најниски месечни трошоци во својата класа.
Врвна безбедност: Audi со највисоки оценки на Thatcham тестот
По тестирањето спроведено од страна на Thatcham, Audi R8 Spyder, Audi A5, Audi Q5 и Audi Q2 постигна одличен резултат и ги надминаа пропишаните норми за безбедност. Минатата година Audi R8, Audi А4 и Audi A4 Avant успешно ги завршија овие тестови. Другите модели од портфолиото на Audi ќе бидат оценувани на крајот на годината. Thatcham е британски автомобилски истражувачки центар кој заедно со осигурителните компании ги тестираат актуелните модели преку голем број на сценарија со цел да се проценат механичките и електронските елементи за заштита од кражба.
„Најдобар службен автомобил за 2016 годината“: Audi победи во четири категории
При процесот на селекција за наградите најдобар службен автомобил за 2016 годината, три Audi модели беа оценети како најдобри во своите категории. Audi А3 Sportback 1.6 TDI победи во компактната класа, Audi A4 Avant 2.0 TDI Ultra S tronic е избран како најдобар модел во класата автомобили до средина големина, додека Audi А6 Avant 2.0 TDI Ultra S tronic беше прогласен за апсолутен победник во својата класа. Покрај одличните резултати на своите модели, брендот го освои и првото место во категоријата „Најдобра услуга за флотните клиенти“.
Вкупно 82 модели во 12 категории беа тестирани од страна на 250 флотни менаџери, што е најголемиот компаративен тест во Европа. Критериумите за оценување беа: удобност, возни карактеристики и економичност на тестирани модели. Наградите „Најдобар службен автомобил за 2016 година“ беа доделени од страна на специјализираното списание „Firmenauto“ и организација за технички услуги DEKRA.
Три награди Red Dot за Audi
Audi освои три Red Dot награди за 2016 година. Брендот со четири прстени победи со дизајнот на новите Audi A4, Audi R8 и. Red Dot наградите се потврда за квалитет на производите и стојат зад совршениот дизајн на новите производи.
Флота награда за Audi A4
Британскиот магазин „Fleet News“ го избра Audi А4 за најдобар премиум автомобил за 2016 година. Жирито имаше особени пофалби за дизајн на Audi A4, но и за иновативните карактеристики и опции, а особено ја истакна вредноста на автомобилот.