23-от Голден Драм фестивал го објавува 13 септември како последен рок за пријавување

23-от Голден Драм фестивал го објавува 13 септември како последен рок за пријавување

23-иот Голден Драм Интернационален фестивал на креативноста, кој ќе се одржи од 18 до 21 октомври 2016 година во Љубљана, Словенија, го објави својот финален рок за пријавување: 13 септември 2016. Годинешните кандидати, се едни од највисоко рангираните натпреварувачи за креативни награди, кои ќе бидат оценувани од страна на двајца членови на жири комисија кои се дел од топ 22 интернационално признаени експерти во креативната индустрија.

(1) 23-иот Голден Драм фестивал го објавува 13 септември како последен рок за пријавување

“Имам многу големи очекувања. Работата од овој регион е секогаш екстремно прониклива и вешто изработена. Ќе бидам во потрага по револуционерни идеи, идеи кои иницираат конверзација и се егзекутирани со извонредно мајсторство“, изјави Грахам Ланг, Главен креативен директор, Y&R Advertising, за Јужна Африка и Африка, Претседател на жирито за „Најдобро поединечно дело“ на Голден Драм.

(3) 23-иот Голден Драм фестивал го објавува 13 септември како последен рок за пријавување

Оваа година 23-иот Голден Драм објави голем број на новитети во својата компетиција и тоа во двата натпреварувачки дела „Најдобро поединечно дело“ и Најдобра кампања“ кои комплетно се реорганизирани и ја воведе новата натпреварувачка група „Уловете го локалниот дух“ која беше претставена на кандидатите чии креативни решенија се базирани на локалниот дух од каде потекнуваат. Специјален новитет на годинешниот натпревар е регионалниот Golden Drum Adriatic Awards, отворена за кандидатите од Јадранскиот регион.

Едвардо Маркез, Главен креативен директор, 180LA, California, Претседател на жирито за Најдобра кампања, во прилог на важноста на фестивалот изјави „Наградата е признание на одлично завршена работа. Тоа е официјално признание. Таа е меморија на агенцијата. Тоа е причината поради која дишеме“.

(2) 23-иот Голден Драм фестивал го објавува 13 септември како последен рок за пријавување

Голден Драм натпреварот и наградите се отворени за сите агенции, огласувачи, дизајнерски и продукциски куќи, медијски компании и други инволвирани во креација и продукција на маркетинг комуникации, регистрирани во следниве земји: Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Беларусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Кипар, Естонија, Финска, Грузија, Грчка, Унгарија, Израел, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвиа, Либан, Литванија, Македонија, Малта, Молдова, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Таџикистан, Турција, Туркменистан, Украина и Узбекистан.

Влез и регистрација за делегати: Oтворена

Краен рок за пријавување: 13 септември 2016

Ран краен рок за делегати: 20 септември 2016

Повеќе за Голден Драм на: www.goldendrum.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар