Зошто да научите да свирите пијано?

Зошто да научите да свирите пијано?

Автор: Горана Коневска

Свирењето на пијано не само што е интересно и забавно, туку овозможува и одлична вежба за мозокот. Исто како што трчањето или аеробикот имаат влијание врз мускулите на телото, секојдневното вежбање на пијано, па макар и само 20-тина минути, ќе ве држи ментално во форма.

Зошто да научите да свирите пијано?

За многу возрасни личности, свирењето на пијано е одличен начин да се справат со стресот, да го стимулираат мозокот, да ја подобрат координацијата и да се чувствуваат убаво.

Освен тоа што пијаното е прекрасен инструмент со убав изглед и богат звук, постојат и многу други причини зошто да научите на свирите пијано:

  • Музиката има терапевтско и смирувачко својство.
  • Свирењето на пијано има влијание врз развојот на моториката на рацете. Тој е инструмент на кој се свири независно со двете раце со сите 10 прсти, па ова може да ви помогне и во вашите вештини за пишување на тастатура.
  • Некои истражувања покажале дека свирењето на пијано, може да развива дополнителни вештини. Децата од средно училиште кои свиреле на пијано, покажале не само високо развиени уметнички и музички вештини, туку и подобро напредувале во користењето на јазикот и математиката.
  • Пијаното ви овозможува социјализација – замислете си само колку е прекрасно да седите со своето семејство во топла домашна атмосфера, а вие да сте во центарот каде свирите пијано и сите заедно пеете песни.
  • Свирењето на пијано може да се прилагоди на вашите желби и согласно на типот на вашата личност – доколку сакате да бидете сами, може да го користите како соло инструмент, кој секогаш звучи богато и динамично или пак да свирите заедно со вашите пријатели кои свират на друг инструмент, доколку преферирате да бидете во друштво.
  • Пијаното го изострува и умот и телото (концентрација и правилно држење на ‘рбетниот столб).
  • Свирењето на пијано резултира со опуштеност и смиреност, но бара и емоционална ангажираност. Ова може да ви помогне да станете поспретни и посталожени.
  • Свирењето на пијано ги ангажира двете мозочни хемисфери и ја развива способноста за истовремено правење повеќе работи одеднаш.
  • Доколку сакате да ја научите теоријата на музиката, најдобро е да земете часови по пијано. Тоа е инструмент за кој е неизбежно да знаете да ги читате и разбирате нотите. А доколку потоа сакате да свирите и на друг инструмент, благодарение на претходното искуство со пијаното, ова може да ви оди многу полесно.
  • Пијанистите можат да се занимаваат со мноштво професии: да бидат придружба во хор, да свират во цркви, на разни настани, да подучуваат, да создаваат музика за филм или за реклами, да компонираат оркестрални дела, како и да бидат дел од музички групи.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    5 години свирев пиано и се откажав. Сега свирам понекогаш ама незнам многу композиции. Убав инструмент, но тежок. Бара многу амбициозност и вежбање.
    Убава статија.

  2. Marko Reply

    Stvarno deluva mnogu smiruvacki. Mnogu dobra statija.

  3. Стојан Павловски Reply

    каква статија, ПРЕКРАСНА
    конечно некој да се осмели во МКД да ни го приближи овој инструмент на овака оригинален начин.
    Се надевам од авторот ќе имаме уште овакви убави статии во иднина.

  4. Angela Reply

    Мојата НЕостварена животна желба ://

    • Деа Reply

      Ostvari ja. Ti ne znaes kolkavo bogatstvo e da svirish ne samo na pijanu tuku i na bilo koj drug instrument. Jas svirem, no se otkazav od nedostatok na slobodno vreme :(. Zapishi se na kurs prekrasno e! Ti preporacuvam da odis na kurs vo ”Scena” na Vodno kaj Kocho Racin osnovnoto. Prekrasno e da sviris na instrument kakvo sto e pijanoto 🙂

      • anet Reply

        dali imate poveke informacii za Scena? kade mozam da gi kontaktiram mnogu mi e blisku a kerkam mi bas bi sakala da se druzi so pijano.
        balgodaram.
        pozz

    • Смајли Reply

      Верувај, никогаш не е касно 🙂

  5. Marija Reply

    Прекрасна статија, пријатно сум изненадена што имав можност да прочитам нешто убаво во морето глупости низ македонските веб портали.

  6. Tomislav Reply

    Bilo koj instrument vklucuvajki go i pianoto : idealen nacin da izbegas od realnosta, da najdes mir i spokoj, da se opustis… Stvarno ubavo

  7. Bisera Reply

    Prekrasno napisano, bravo! Svirev pijano porano i se cuvstvuvav relaksirano i vozviseno. Sega nemam mnogu vreme, no odvreme navreme me tera da zasviram….

  8. :3 Reply

    Lele kolku e samo tocno,jas od sekogas sum sakala da sviram na pijano i slednive 2/3 godini planiram da ucam na pijano bidejki dosega bev zafatena so uste mnogu obvrski a pijanoto trazi vreme:)

Остави коментар