Вкусот на свежата музика

Вкусот на свежата музика

Некои свират на пијано, други пак на виолина. Најважно е тоа што овие музиканти не треба да ги наштимаат своите инструменти. Нив им е битно само тие да бидат свежи. Па нели музиката не познава граници?

Вкусот на свежата музикаThe Vegetable Orchestra или Оркестарот на зеленчуци, буквално ја сфати оваа реченица и сега тие прават музика од морков, пиперки, краставици, зрнести продукти и модри патлиџани.Вкусот на свежата музикаОркестарот е основан 1988 година во Виена и брои 11 членови чии професии се најразлични – од професионални музичари до архитекти, поети и дизајнери – сите ентузијасти и луѓе кои вистински ја сакаат музиката.Вкусот на свежата музикаНастапуваат секаде низ светот во Америка, Англија, Франција, Германија, Австрија, Шпанија, Русија.
Погледнете го клипот кој покажува како ги подготвуваат зеленчуците за настап и слушнете како живо и свежо звучи нивната музика.

Оркестарот на зеленчуци на својот репертоар има музика од повеќе музички жанрови: џез, електорнска експериментална музика, ориентална хаус музика, па дури и компонираат своја. Интересно за овој оркестар е тоа што после секој нивни настап, на публиката им нудат да ги вкусат нивните „инструменти“.Вкусот на свежата музика


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар