Одлични југословенски преработки на американски музички хитови што веројатно не сте ги чуле досега
Многу често младите се шегуваат со американските хитови и ги преведуваат на македонски јазик, со цел да покажат колку смешно би звучел текстот на нашиот јазик. Меѓутоа, кога преводот ќе се остави во рацете на врвни преведувачи и продуценти во комбинација со најдобрите југословенски музичари, резултатот е повеќе од неверојатен.
Имено, во 1950-тите и 1960-тите некои југословенски продукциски куќи, претежно Југотон, ги откупиле големите американски музички хитови и ги преработиле на југословенските јазици. Пред да донесете избрзан заклучок дека преработките сигурно звучат глупаво, чујте ги популарните американски хитови во југословенски дух на кои нѐ потсети веб-сајтот slavorum.org и од кои ние ги издвоивме најдобрите 8…